Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
ОВЕН Денот ќе биде исполнет со интересни искуства од кои можете да стекнете едно полезно. Нема да бидете задоволни од дневната рутина и ќе барате авантури. За да имате полза од позитивното влијание, не останувајте дома, туку излезете надвор и видете што ви нуди денот. БИК Денешниот ќе биде успешен ден за вас, но под еден услов – треба да бидете внимателни на темпото со кое се развиваат настаните. Доколку работите почнат да се случуваат побрзо ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното одделение за Трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” – Скопје. Од владината прес-служба информираат дека предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното одделение за ...
Кошаркарскиот клуб Кожув уште еднаш испрати порака дека во следната сезона ќе има промени кои ветуваат дека нивото на квалитет ќе биде подигнато. „КК „Кожув“ со особено задоволство го претставува Перо Блажевски како нов младински координатор и тренер на младинската школа. Со своето искуство, знаење и посветеност, Блажевски ќе има значајна улога во развојот на младинските категории. Во тек е изработка на долгорочен план, насочен кон ...
Евролигашкиот кошаркарски клуб Хапоел Тел Авив ќе работи и од Бугарија и од Израел, а ситуацијата ќе биде повторно оценета доколку се подобрат безбедносните услови, Хапоел Тел Авив официјално објави дека ќе ја започне сезоната 2026-27 во Софија поради влошената безбедносна ситуација во Израел. Клубот од Евролигата потврди дека ќе работи од две бази – Софија и Израел – со цел да се обезбеди најдобра можна подготовка за претстојната сезона и да ...
Реал Мадрид не би требало да има проблем при договорот за личните услови со Родри. Триесетгодишниот шпански репрезентативец е подготвен и на финансиски отстапки за да помогне трансферот да се реализира од Манчестер Сити во Реал Мадрид. Манчестер Сити нема намера да му прави пречки на еден од своите најважни играчи. Во клубот се благодарни за сè што Родри придонесе во изминатите години и се подготвени да ја почитуваат неговата желба да се ...
Светиот свештеномаченик Панкратиј, епископ Тавромениски Овој Светител беше роден во Антиохија во времето кога Господ Исус одеше како човек меѓу луѓето на земјата. Штом слушнаа за чудата Христови, родителите на Панкратиј посакаа да Го видат чудотворецот Господ. И заедно со Панкратиј дојдоа во Ерусалим, каде што Го видоа Исус, ги слушнаа Неговите зборови и ги видоа чудата Негови. Панкратиј овде се запозна со Светиот апостол Петар. По ...
Украина извршила нови напади врз логистички центри на „Вајлдберис“, најголемата руска компанија за онлајн-трговија, при што се повредени неколку лица, пренесуваат светските агенции повикувајќи се на соопштение на директорката и коосновачка на компанијата, Татјана Ким. Според Ким, погодени биле магацини на компанијата во Краснодар и Невиномиск, во Краснодарскиот и Ставрополскиот крај. Таа преку „Телеграм“ соопшти дека компанијата, во соработка ...
-Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 22.07.2026 година (среда) поради изведување на водоводен приклучок Ф 80“ на улица Златко Шнајдер бр.9, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на истата улица од 10:00 часот до завршување.(општина Центар) -Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 22.07.2026 година ( среда ) поради уличен дефект на ул.Маца Карбева бр.24/42, општина ...
Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди. По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, вчера се обрати на Македонско-индискиот бизнис-форум, кој се одржа во рамки на официјалната посета на претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, на Македонија. „Официјалната посета на претседателката Драупади Мурму претставува силен поттик политичкото пријателство меѓу нашите земји да го претвориме во конкретна економска соработка, нови инвестиции и ...
Македонскиот шампион Вардар по елиминацијата од Лигата на шампионите се насочува кон Конференциската лига на УЕФА. Во второто коло ќе игра со Рига од Летонија, а пред мечот зборуваше тренерот Кристијан Фабијани. „Со голема желба и емоција го докчекуваме мечот утре. Со полн ентузијазам по победата во Финска, се надеваме на успех и утре. На домашен терен пред нашите навивачи. Мотивирани сме многу за да докажеме дека можеме многу подобро од она ...
Челси ја доби битката на трансфер пазарот и официјално го потврди потписот на англискиот репрезентативец Морган Роџерс од Астон Вила за кој плати рекордни 117 милиони фунти, рушејќи го сопствениот клупски рекорд. Роџерс стави потпис на шестгодишен договор со опција за продолжување на уште една година точно до 2033 година. „Многу сум возбуден. За мене, Челси е најголемиот клуб во Лондон и тим на кој секогаш сум му се восхитувал уште од дете. ...
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициските службеници се на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од силното невреме, во координација со останатите надлежни институции. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и нормализирање на сообраќајот и јавните функции. Според податоците на МВР, најголеми штети се регистрирани на подрачјето на СВР Скопје. До 22 ...
Дваесет и деветгодишната Кристијан Фејт Медисон, мајка на малолетен син, изврши самоубиство по постојана комуникација со „Чет-ГПТ“, поврзана со религијата. Таа во јуни, минатата година си го одзема животот фрлајќи се пред автомобил во утринските часови. Тужбата против компанијата „Опен-АИ“ е поднесена минатата година во јуни, од страна на нејзините родители. Во неа се наведува дека ВИ ги поддржувала нејзините религиозни заблуди, со што ја ...
Дождот и силниот ветар кој носеше се пред себе направи штети и во општините Свети Николе и Пробиштип. Поржарникарите од ТППЕ-Свети Николе информираат дека имале неколку интервенции за време на невремето. -По силното невреме кое го зафати Свети Николе и Овчеполието во 17.46 часот интервенирано е со едно противпожарно возило на запалена трева и ниска вегетација во село Црнилиште, Свети Николе, а со три противпожарни возила на запалена трева, ...
Активни се четири од 14 регистрирани пожари на отворен простор денеска до 18:00 часот. Два пожари се под контрола, а осум се изгаснати – информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има на депонија во штипското село Пенуш, прилепското село Локвени, каде е зафатена ниска вегетација и шума, како и во крушевските села Јакреново и Пресил каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Под контрола се пожарите на депонија во ...
Казахстан денеска го заприра испорачувањето сурова нафта до терминалот на Каспискиот конзорциум за нафтоводи (ЦПЦ), во близина на руското пристаниште Новоросијск, поради нападите врз танкери што ги одвраќаат бродските сопственици од користење на пристаништето, јави „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Доколку блокадата потрае до крајот на неделата, казахстанските производители би можеле да бидат принудени да го ...
Силно невреме го зафати Кочани и регионот денеска во доцните попладневни часови. Ветерот и водената стихија петнаесетина минути носеа се пред себе. Првичните информации велат дека повеќе сообраќајници во градот се непроодни поради искршени стебла од дрворедот, неколку куќи се останати без кров, во селото Бање, според изјавата на градоначалникот Владко Грозданов, има пожар во куќа. Грозданов е на терен со припадниците на ТППЕ и на ДПД Кочани. ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека градските служби веднаш реагирале по силното невреме со бурни налети на ветер што денеска го зафати главниот град и дека расчистувањето на последиците се одвива непречено. Според него, екипите на градските јавни претпријатија веднаш излегле на терен, при што булеварите се проодни, а интензивно се отстрануваат паднатите дрвја и гранки. „Природата не можеме да ја спречиме, но ...
Припадниците на Армијата се вклучија во расчистувањето на последиците од силното невреме што го зафати Скопје, соопштија од Армијата. Во објавата се наведува дека војниците без одлагање излегле на терен за да им помогнат на надлежните служби во справувањето со последиците од невремето, кое предизвика паднати дрвја, искршени гранки и отежнато движење на повеќе локации во главниот град. Од Армијата истакнуваат дека брзата реакција, ...
Златан Ибрахимовиќ не остана рамнодушен на, како што оцени, уличарското однесување на аргентинските фудбалери во финалето на Светското првенство против Шпанија. Легендарниот шведски напаѓач, кој заедно со Тјери Анри беше стручен аналитичар на телевизијата „Фокс“, по завршувањето на натпреварот го сумираше впечатокот од финалето, кое покрај целосната доминација на Шпанија, беше обележано и со бројни груби стартови и неспортски потези на ...
Силниот урагански ветар однесе дел од кровната конструкција на штипската Клиничка болница. Поради паднатиот лим од кровната конструкција дел од пациентите од одделението за ортопедија се преместени на другите одделенија во болницата. Билјана Ефтимова заменик директор на Клиничка болница-Штип вели дека одделенијата ортопедија и единицата за интензивна нега сега функционираат со намален интензитет. -Пациентите се сместени во делот каде што е ...
Петнаесет повредени лица се примени во две клиники по невремето што попладнето го зафати Скопје, од кои девет на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), а шест на Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски”. Директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Игор Мерџаноски за МИА изјави дека од деветте повредени, две се со ...
Растојанието меѓу Македонија и Индија да не го мериме во километри, туку преку силата на нашата соработка и резултатите што заеднички ги постигнуваме, порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во обраќањето од Македонско-индискиот бизнис форум што се одржа денеска во Скопје, во присуство на претседателките Гордана Сиљановска-Давкова и Друпади Мурму. -Дигитализацијата ги намалува растојанијата, ги намалува трошоците, ја ...
Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика огромен број повици до Единствениот број за итни случаи 112. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека во периодот од 17:00 до 21:00 часот биле примени повеќе од 8.300 повици од граѓани. Како што соопшти директорот на ЦУК, Мухамед Али, операторите на бројот 112 работат со полн капацитет, а поради наглиот пораст на повици уште во првиот час биле ангажирани и ...
Девет повредени лица во невремето во Скопје се примени во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје, изјави за МИА директорот на Клиниката, проф. д-р Игор Мерџаноски. Од нив две се со потешки повреди – една жена со повреда на глава е на Неврохирургија, а друга е со скршена рака, додаде д-р Мерџаноски за МИА. (МИА) Девет повредени лица во ...
Невреме со дожд и силен ветар го зафати и Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов за МИА вели дека досега се пристигнат околу десет пријави од страна на граѓани за паднати дрвја, сообраќајни знаци и лимови од кровни конструкции. Јорданов информира и дека екипите на штипските Јавни претпријатија и пожарникарите од ТППЕ-Штип се на терен и ги санираат штетите од невремето со дожд и силниот ветар. Пријави за паднати дрвја, како и на ...
Силното невреме што во попладневните часови ја зафати Општина Карпош предизвика паднати дрва, искршени гранки и оштетувања на кровови од станбени згради. Сите расположливи општински екипи се испратени на терен, а според досегашните информации, нема повредени лица. Од Општина Карпош информираат дека непрекинато добиваат пријави од граѓаните за штетите предизвикани од невремето. Како најчести проблеми се посочуваат паднати дрва и гранки, ...
Во Црна Гора има големо невреме кое во моментов се движи кон Македонија, информира вечерва Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица зафати повеќе делови од државава попладне по 17 часот, предизвикувајќи штети во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Струмичко. (МИА) Во Црна Гора има големо невреме кое во моментов се движи кон Македонија, информира вечерва Управата за ...