До петок, под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно со повремени поројни дождови и грмежи. На повеќе места се очекува нестабилност, а локално процесите ќе прераснат во краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, до петок ќе има пообилни врнежи од дожд, а поради продор на постудена воздушна маса од ...

На 20.07.2026 во 18:00 часот, на улицата „Иван Трпески“ во Кичево, патничко возило „сеат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 26-годишната И.И. од Кичево, излетало од коловозот и удрило во бетонски столб. -Во несреќата, И.И. и сопатникот А.И.(20) од Кичево, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница во Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево. ...

Тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на водата за пиење во Гостивар денеска се изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар откога Основното јавно обвинителство отвори истрага против нив за кривичното дело тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејства на загадување на водата за пиење. Пред судија на претходна постапка беа изведени вршителката на должност директорка на ЈП ...

Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, упати жестоки критики кон ФИФА и нејзиниот прв човек Џани Инфантино, обвинувајќи ја светската фудбалска организација дека носи самоволни одлуки, го оптоварува календарот и постепено ја уништува фудбалската индустрија. Во интервју за италијанскиот весник „Ла Газета дело Спорт“, Тебас зборуваше за успехот на шпанскиот фудбал, триумфот на репрезентацијата на Светското првенство, но и за спорните ...

Многу корисници на мобилни телефони избираат едноставен пин за својот уред. Најновите анализи на случаи со масовно протекување на податоци покажуваат дека лесната комбинација на бројки значително им ја олеснува работата на кибер-криминалците при обидите за хакерски напад. – Промената на пин-кодот е едноставен, но исклучително важен чекор за подобра заштита на личните податоци и банкарските сметки, предупредуваат експертите. Анализите на ...

Новиот селектор на португалската фудбалска репрезентација, Жорж Жезус, најави дека во неговиот прв список нема да има големи промени и дека ќе повика само двајца или тројца нови фудбалери. Во интервју за „Канал 11“, 71-годишниот тренер истакна дека Светското првенство во 2030 година е главната цел на новиот проект, но дека во овој момент нема време за целосна реконструкција на репрезентацијата. Жезус сè уште не почнал да разговара со ...

Додека температурите во Јапонија достигнуваат и до 38 степени Целзиусови, а властите предупредуваат на опасност од топлотен удар, две јапонски компании претставија необично решение за справување со екстремните горештини – „фрижидер за луѓе“. Уредот, наречен „Do Hiemon“, односно „лична кутија за ладење“, е развиен во соработка меѓу производител на автомати за продажба и компанија специјализирана за производство на челични кутии за алати. ...

Пченицата и јачменот кои деновиве интензивно се жнеат во битолскиот дел на Пелагонија се со подобар квалитет од лани, информираа од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ). Од АПРЗ со седиште во Битола нагласуваат дека годинава освен подобар квалитет има и поголеми приноси на пелагониската житница. – Жетвата во Пелагонија е во полн ек. Јачменот е ожнеан со над 90 проценти од вкупните површини и има приноси од над пет ...

Она што беше најавувано уште од ноември, сега доби и официјална потврда – Зинедин Зидан е нов селектор на француската фудбалска репрезентација. Веста ја објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, со што и официјално заврши долгата неизвесност околу наследникот на Дидие Дешам, кој претходно најави дека ќе ја напушти селекторската функција по завршувањето на Светското првенство во 2026 година. Легендарниот француски фудбалер и ...

Албанскиот министер за внатрешни работи Бесфорт Ламалари информираше дека полициски дронови ќе бидат употребени за да регистрираат сообраќајни прекршоци во Албанија, со што според албански медиуми, се очекува намален број на смртни случаи на патиштата за 45 отсто. Секој прекршок регистриран од дрон ќе биде пријавен кај најблиската полициска патрола, која ќе го запре возачот за да му ја даде казната. Ламалари додаде дека наскоро ќе бидат ...

Сите услови се исполнети за вакво тврдење. Софија и Скопје се во замрзнат конфликт. Несреќата е поголема затоа што за ваквата состојба голем дел од вината ја има токму Европската комисија. Во период на големи неизвесности, кога се засилуваат воените конфликти не толку далеку од нас, алатката што може да ги извлече двете земји од ваквата опасна состојба е дипломатијата. И тоа во засилена дипломатија со силен кредибилен посредник. Кипарскиот ...

Авиокомпанијата Виз ер во нивната база на скопскиот аеродром додаде уште еден, седми авион. На денешниот настан по овој повод, присуствуваа заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, Неџат Курт – Генерален директор на ТАВ Македонија и Андраш Сабо, Офицер за развој на авиолинии во Виз ер. -Често знам да кажам дека Виз ер практично стана национален авиопревозник на Македонија. Бројките и дестинациите го ...

Во Општата болница во Гостивар во изминатото деноноќие биле прегледани вкупно 198 пациенти, а еден пациент поради здравствената состојба бил упатен на лекување на Инфективната клиника во Скопје, информира директорот на Општата болница во Гостивар Емри Бајрами. Според Бајрами, на Инфективното одделение биле прегледани 111 пациенти, на Одделението за педијатрија 75, а во Ургентниот центар 12 пациенти. Бајрами изјави дека нема промени во ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава. По свеченета церемонија, Сиљановска-Давкова и Мурму заминаа на тет-а-тет средба, по што ќе биде одржан пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на двете претседателки. Индиската ...

Најпознатиот мачор во Велика Британија, Лери вчера го пречека својот седми „цимер“ на „Даунинг стрит“ 10, откако почна да талка по ходниците на домот на британскиот премиер пред повеќе од 15 години. „Политичарите доаѓаат и си одат, мачето останува“, се вели во објавата на профилот на Лери – @Number10cat, на „Икс“, додека го чекаше доаѓањето на новиот британски премиер, Енди Бурнам, кој го наследи Кир Стармер. Мачорот веќе ги даде своите ...

На 21.07.2026 во 03:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода М.Д.(45) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во 01:00 часот, по кратка расправија, физички ја нападнал неговата 42-годишна сопруга и 21-годишниот син, при што употребил остар предмет, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. По целосно документирање на случајот, против М.Д. ќе бидат ...

Дивиот приклучок поставен на гостиварскиот водоснабдителен систем не се наоѓал во заштитните санитарни зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата што ја имал Комуналец – Гостивар. За овој приклучок што е предмет на истрагата за загадувањето на водата во Гостивар, не е доставено барање до Министерството за животна средина и прострона планирање (МЖСПП). -Овој див приклучок воопшто не е во рамки на дозволата, ...

Белата куќа објави воведување нови царини од 50 проценти за голем број производи од Канада, со што дополнително се заострува трговскиот спор меѓу САД и еден од нивните најголеми трговски партнери. Според американскиот трговски претставник, Џејмисон Грир, новите царини ќе опфатат канадски увоз во вредност од околу 20 милијарди американски долари. Мерката треба да стапи во сила на 19 август, односно 30 дена по потпишувањето на указот од страна ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски упати искрена благодарност до амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој, и до одбранбеното аташе, полковникот Реџаи Јилмаз, за нивниот професионализам, посветеност и значаен личен придонес во унапредувањето на партнерството и пријателството меѓу нашите две земји, со што успешно го заокружија својот мандат. -Во изминатиот период заеднички работевме на продлабочување на билатералната одбранбена ...

Проектот за филтер-станицата во рамки на изворот Вруток, кој се однесува на гостиварскиот водовод, е завршен во 2014 година и е предаден на стопанисување на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа на прес-конференција посветена на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар. Одговарајќи на новинарско прашање за проектот реализиран со поддршка на ...

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Родри, сака да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, објави новинарот Рамон Алварез. Според Алварез, 30-годишниот Шпанец ги отфрла понудите за продолжување на договорот со Манчестер сити, надевајќи се дека ќе се приклучи на Реал Мадрид. Родри претходно ја освои Златната топка на Светското првенство во 2026 година, наградата што му се доделува на најдобриот играч на турнирот. Шпанија ја победи ...

Полициски службеници од ОВР Делчево вчера околу 15:05 часот го лишија од слобода А.Т.(26) од с.Митрашинци, беровско. -При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски ознаки, при што било констатирано дека А.Т. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 4,35 промили алкохол во крвта, велат од МВР. Тој бил задржан во полициска ...

Ребалансот на Буџетот за 2026 година не е последица на проблеми со јавните финансии, туку претставува развоен документ со кој се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции, поддршка на граѓаните и натамошен економски раст во услови на зголемена неизвесност на светските пазари, геополитички ризици и ценовни притисоци, посочува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Владата преку ребалансот на Буџетот за 2026 ...

По повод претстојната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, во Охрид денеска и утре на сила ќе бидат засилени безбедносни мерки и ќе биде воведен посебен режим на сообраќај. Станува збор за активности насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците, објектите и локациите опфатени со протоколот за посетата. Од СВР – Охрид информираат дека за реализација на активностите веќе се воспоставени контакти и ...

Силното невреме проследено со поројни дождови, грмежи, силен ветер и град предизвика повеќе пожари, материјална штета и прекини во снабдувањето со електрична енергија во Куманово, Старо Нагоричане и Липково. Кумановските пожарникари вчера интервенирале во селата Челопек и Руѓинце, каде гаснеле опожарена куќа и пожар на житни површини. Дополнително, тие отстраниле паднато дрво врз возило на булеварот Октомвриска револуција, а интервенирале и ...

Донесената забрана за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и за подготвување храна, останува во сила се додека со лабораториски анализи не се потврди нејзината безбедност. Продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да преземаме соодветни законски мерки за целосно расчистување на случајот и за отстранување на причините кои довеле до оваа состојба и го загрозиле здравјето на граѓаните. Ја уверуваме јавноста дека нема да ...

Случајот со загадувањето на водоводната мрежа во Гостивар е сериозен инцидент кој директно го загрози здравјето на илјадници граѓани. Сакам јасно да кажам дека очекувам целосно да се утврдат сите факти и околности, како и да се утврди и кривична и морална одговорност за сите кои со своето постапување или непостапување придонеле за оваа состојба. Кога е загрозено здравјето на граѓаните, не смее да има компромиси, ниту прикривање на ...

Скопје го гради својот најголем еколошки штит, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Проектот кој со децении беше само неопходност и надеж, денес забрзано се гради и станува реалност. -Пречистителната станица за Скопје е најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија, комплексен зафат кој опфаќа изградба на околу 60 објекти кој ќе донесе историска промена во заштитата на Вардар, животната средина и здравјето на ...

Ти благодарам стара моја“(Грацијас виеја) Алфредо ди Стефано Овој есеј за фудбалот е инспириран од еден авторски текст на Зоран С. Ивановиќ, од изреката на Алфредо ди Стефано “Ти благодарам стара моја“ напишана на Споменикот на топката во дворот од неговиот дом и од генијалните игри на ова светско првенство од страна на Лионел Меси и дружината “гаучоси“, тимскиот дух на шпанската репрезентација, фудбалот што го покажаа репрезентативците на ...

ОВЕН Колку и да сакате да избегате од нешто што не ви одговара, денеска во тоа нема да успеете. Затоа ќе биде подобро доколку ги прифатите фактите и не се лутите за работи што не можете да ги промените. Концентрирајте се на тековните задачи и не претерувајте со работата, бидејќи постои ризик да се преоптоварите. БИК Денеска може да се чувствувате понервозно, особено попладне и навечер. Не грижете се, таквото влијание брзо ќе помине, но за да ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
5.71
30%
1017
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
6.5
33%
1021
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
2.52
37%
1021
weather icon

Софија

28ᴼ / 27ᴼ
3.09
36%
1019
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
4.56
37%
1017
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
3.09
38%
1022
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
3.13
32%
1013
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
3.6
23%
1013
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
5.66
23%
1015
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
6.17
43%
1020
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
0.45
28%
1023
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
7.2
100%
1016
Currency

61.5217

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Калај

55.56

Родиум

278907.73

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Злато

141562.95

Рутениум

53852.50

Паладиум

43596.41

Бакар

13.39

Алуминиум

3.36

Сребро

2099.49

Иридиум

252383.36

Платина

56263.81