Културата и туризмот повторно се меѓу приоритетите на Владата, а тоа се потврдува преку рекордните буџетски издвојувања и зголемените инвестиции во овие области, истакна денеска на прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска. Таа посочи дека средствата за Годишната програма во културата се зголемени од 768 милиони денари во 2023 година на 1 милијарда и 71 милион денари во 2026 година, што претставува раст од ...

Цели три дена по забраната на АХВ за пиење на гостиварската вода и илјадници заболени од нејзино конзумирање, Валбон Лимани, градоначалникот на општината најави дека за состојбата во изминативе денови во Гостивар ќе се дискутира на вонредна седница на Советот на Општина Гостивар. Ова доаѓа 72 часа по стартот на водоводната хаварија која зарази илјадници луѓе. Тој додаде дека наскоро, не кажа кога, ќе се состанел и кризниот штаб, за да се ...

Претседателката на Индија Драупади Мурму денеска пристигнува во официјална посета на Република Македонија, во рамки на нејзината европска турнеја која ги опфаќа и Молдавија и Романија. Посетата има историско значење, бидејќи станува збор за прва официјална посета на индиски претседател на Македонија од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. За време на престојот во Скопје, се очекува Мурму да се сретне со државниот врв, ...

Филипче нема легитимитет и кредибилитет да говори за здравствениот систем. Кога Филипче зборува за здравство, граѓаните се сеќаваат на модуларната болница во Тетово и на 14-те живо изгорени граѓани, кои наместо да им се продолжи животот, на истите прерано им заврши поради немање на минимум технички спецификации, кои Филипче не ги испорачал, посочи пратеникот Бране Петрушевски. Кога Филипче зборува за здравство, на граѓаните им текнува на ...

-Би сакал да изразам задоволство за сите овие проекти коишто се во фаза на реализација и проекти коишто ќе се реализираат во периодот којшто следи. Би сакал кратко само да го дополнам тоа што го спомена градоначалникот во делот на цевководот којшто треба да го поврзе хидросистемот Лисиче со езерото Младост, посочи премеирот Христијан Мицкоски при работната посета на Велес. -Се направија напори со пренамена од министерството за животна ...

Во чувствително време кога Украинците протестираат поради разрешувањето на популарниот министер за одбрана, откриен е нов голем корупциски скандал. Братот на првиот човек на Државното биро за истраги купувал десетици станови и имоти по цена на мобилен телефон. Не за квадрат, за цел стан. Суд им забрани на медиумите да пишуваат за случајот. Во центарот на скандалот се Олексиј Сухачев, шефот на Државното биро за истраги (ДБР) и неговиот брат ...

Општина Битола објавува јавен повик за избор на лиценцирани обучувачи за спроведување на Обука на негователи за помош и нега во домот на стари лица, согласно Програмата за социјална заштита. Право на учество имаат сите правни и физички лица кои ги исполнуваат следниве услови: • Поседуваат соодветна лиценца за спроведување на обуки за негователи за помош и нега во домот на стари лица. • Имаат искуство во областа на социјалната заштита и ...

Предизвикот да се матираат докажаните шаховски мајстори денеска ги привлече љубителите на оваа игра во Паркот на шахот во Кисела Вода. Со шаховска симултанка на отворено, во организација на Шаховската Академија „Данчевски“, граѓаните го одбележаа 20 Јули – Меѓународниот ден на шахот. Присутните имаа уникатна можност да ги одмерат силите со врвните млади шахисти од Академијата: Олег Русевски, Кристијан Јордановски, Даниел Стефаноски и Дамјан ...

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција обвини дека СДС, Левица и ДУИ повторно ги ставиле партиските интереси пред државните, оценувајќи дека нивното однесување придонело да не биде усвоен новиот Изборен законик. Манасиевски истакна дека Владата успешно реализирала девет од десетте реформи од Реформската агенда, но дека последната не била исполнета поради, како што рече, блокадата од страна на трите ...

Премиерот Христијан Мицкоски, при денешната посета на Велес, порача дека Владата продолжува со реализацијата на капиталните проекти во општината, нагласувајќи дека со ребалансот на Буџетот ќе бидат обезбедени средства за изградба на недостасувачкиот цевковод што ќе го поврзе хидросистемот „Лисиче“ со езерото „Младост“. Според Мицкоски, со поврзувањето на двата система ќе се реши уште едно важно инфраструктурно прашање за Велес, додавајќи дека ...

Владата продолжува со конкретни активности за справување со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар. Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Велес, соопшти дека Владата денеска ќе испорача дополнителни 60.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар. Мицкоски нагласи дека водоснабдувањето е во надлежност на локалната самоуправа, но дека Владата не дозволила граѓаните да ...

Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул денеска отпатува за Африка, при што ќе ги посети Мавританија, Нигерија и Република Јужна Африка. Тоа е трета посета на Вадефул на Африка оваа година. Тој е придружуван од бизнис делегација. Посетата е дел од напорите на Германија и Европа за зајакнување на политичките и економските врски со африканските земји. Пред патувањето, портпаролката на германското Министерство за надворешни работи изјави ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 13.07.2026 до 17.07.2026 зема 197 примероци за физичко-хемиска и 197 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје. ...

Во рамките на фестивалот „Скопско лето“, вечерва, 20 јули, со почеток во 20:30 часот, во Музејот на град Скопје ќе се одржи камерен концерт на Марко Поп Ристов на виолина и Исак Харачиќ на виолончело. Двајцата музичари ќе се претстават со програма што ги поврзува современите музички изрази со традицијата на камерната музика. На концертот ќе биде изведено делото „In the Web“ од Беата Содерберг, а публиката премиерно ќе има можност да слушне и ...

Водечката фабрика на Џонсон Мети го прослави производството на својот 170-милионити производ во Скопје, важно достигнување што ја покажува континуираната извонредност на фабриката во текот на 17 години во производството и реалното влијание што го има врз почистиот воздух низ целиот свет. Ова достигнување е одраз на години континуирано подобрување, тимска работа и усовршување на техничките вештини во најголемата глобална производствена ...

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против вработен на Меѓународниот универзитет во Тетово, поради сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување исправа“. Според Управата, пријавениот А.З., кој работел како административен службеник – виш соработник за логистика и теренско работење, во периодот од март 2020 до февруари 2023 ...

Нивото на водата во реката Дунав во Романија викедов падна на најниско ниво од 1996 година, што резултираше со ограничувања при наводнувањето на земјоделските површини и делумно нарушување на бродскиот сообраќај. Речните водните патишта низ Европа се засегнати од продолжените топлотни бранови и сушата, а климатските податоци покажуваат дека просечната максимална температура во Западна Европа во понеделник се очекува да достигне 26,2 степени ...

По повод Меѓународниот ден на шахот, денес на платото „Млечен“ се одржа „Шаховско утро“ – настан што обедини љубители на шахот од различни генерации. Учесниците имаа можност да одиграат пријателски партии, да разменат искуства и да уживаат во пријатна атмосфера. Интересот и играта на присутните уште еднаш потврдија дека шахот е игра која развива стратегија, концентрација и меѓусебна почит. На настанот присуствуваше и градоначалникот на ...

Најмалку две лица загинаа, а 42 се повредени во руски воздушен напад врз украинскиот град Запорожје, соопштија украинските служби за итни случаи. Во исто време, Украина во текот на ноќта лансирала околу 400 дронови кон Московскиот регион, соопштија руските власти. Според украинските служби, меѓу повредените во нападот врз Запорожје има и осум деца. Украинските медиуми јавија дека руските сили го нападнале градот со наведувани бомби, при што ...

ТППЕ Струмица и денеска продолжи со непрекинатото гаснење на пожарот на депонијата кај село Добрашинци и предупредуваат дека ваквите пожари создаваат густ чад и опасни гасови кои можат негативно да влијаат врз здравјето, особено врз децата, постарите лица и лицата со хронични заболувања, објавија денеска пожарникарите ТППЕ Струмица и денеска продолжи со непрекинатото гаснење на пожарот на депонијата кај село Добрашинци и предупредуваат дека ...

Општина Битола објавува јавен повик за избор на лиценцирани обучувачи за спроведување на обука на лични асистенти за лица со попреченост, согласно Програмата за социјална заштита. Право на учество имаат сите правни и физички лица кои ги исполнуваат следниве услови: • Поседуваат соодветна лиценца за спроведување на обуки за лични асистенти за лица со попреченост / верифицирана програма. • Имаат искуство во областа на социјалната заштита и ...

За прв пат собрав сили и одгледав, подобро речено, одслушав, неколку минути од интервјуто на Радмила Шеќеринска, заменик генералниот секретар на, според нејзините зборови, “Алијансата на демократии“, во народот позната како НАТО. Во име на вистината, ќе се обидам само да констатирам неколку точки од кажаното и, да поставам неколку логични прашања: “Русија е клучниот противник и ја загрозува евроатлантската стабилност…“ “И даваме енергија и ...

Илјадници поддржувачи на младинското индиско движење „Бубашваби“ денеска се собраа во Њу Делхи со намера да маршираат кон индискиот Парламент за да побараат оставка од министерот за образование Дармендра Прадхан, иако полицијата не го одобри протестниот марш. Десетици полицајци го опколија и блокираа просторот кај протестната зона Џантар Мантар во центарот на главниот град, поради опасност од судири доколку демонстрантите се упатат кон ...

Во Улцињ е убаво да се живее. Под услов да си портокал. Во Скопје е идеално за живот. Под услов да си гуштер. Одамна сум предложил со закон и устав да се забранат летото и зимата. Знакот е различен, а резултатот е ист. Се страда и на плус и на минус. Уште пред да бидат измислени „духовни коучи“, ние ја користевме древната македонска мудрост: „Мечка страв – мене не страв“. Така охрабрен излегов од дома како од енциклопедија и купив основни ...

Во Гостивар се очекуваат резултатите од анализите на надлежните институции за причината и појавата на зголемен број на заболени со стомачни тегоби. Од синоќа преку владините служби почна дистрибуција на вода за пиење, а кон акцијата се приклучуваат и поединци и компании. Според Ивица Томовски, директор на СОЗР, на дневно ниво во Гостивар ќе се делат по 50 илјади литри пакувана вода. Епидемиолозите вчера пријавија епидемија поради зголемениот ...

Состојки: 2 модри патлиџани 2 црвени домати 1/2 кг пиперки( црвени или зелени) масло 3 чешниња лук магдонос сол Подготовка: Распоредете ги доматите, модриот патлиџан и пиперките во плех за печење, ставете ги во загреана рерна и печете додека не омекнат. Излупете го зеленчукот и исецкајте го на коцки.Ставете ги исецканите чешниња лук ,магдоносот и солта во соодветен сад, па изгмечете ги со толчник. Додадете го исечканиот зеленчук и уште малку ...

Експлозии повторно се слушаат во главниот град на Бахреин, Манама, при што повторно се огласија сирените за воздушна опасност. „Сирените за тревога се активирани. Граѓаните и жителите треба да останат смирени и да се упатат кон најблиското безбедно место“, се посочува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Бахреин објавено преку социјалната мрежа „Икс“. И во соседен Кувајт армијата соопшти дека нејзината противвоздушна ...

Во еден поширок општествено-политички контекст вжештените „расправи“ за буџетот или изборниот закон се само политикантска смешка, т.н. „Талир 2“ па и „Талир 100“ или актуелното семејно или врсничко насилство се или ќе бидат само детска игра во милјето на меѓупартиското односно политичкото силеџиство и појавата на монструозни идеи. Објективно тие се ултимативната кочница на државата и општествениот развој во сите насоки. ...

Гледав Аргентина-Англија. Последниве години некако слабо го разбирам фудбалот. Се помалку ми е јасно зошто 100 000 луѓе се на трибините и уште милиони надвор од трибините. Покрај екраните очајуваат или се радуваат. Што е различно од порано кога фудбалот ми беше во срцето. Посебно како дете. И додека тие мисли ми кружат низ главата, Меси успева да им избега на двајца, нафрла и Аргентина го дава вториот гол. И камерата ни доловува еден возрасен ...

Францускиот кошаркар Тимоти Луваву-Кабаро потпиша за Реал, соопшти шпанскиот клуб. Како што беше објавено, досегашниот играч на Басконија потпиша договор со раководството на Реал до јуни 2028 година. Луваву минатата сезона имаше просек од 18,3 поени, 3,4 скока и 1,9 асистенции за 25 минути игра по натпревар. Францускиот кошаркар Тимоти Луваву-Кабаро потпиша за Реал, соопшти шпанскиот клуб. Како што беше објавено, досегашниот играч на ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
7.2
32%
1019
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
6.7
37%
1022
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
38%
1023
weather icon

Софија

26ᴼ / 24ᴼ
1.03
38%
1020
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
6.3
37%
1018
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
0.5
64%
1024
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
5.66
35%
1014
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
1.03
21%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
5.26
32%
1018
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
5.14
44%
1022
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
1.34
35%
1024
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.69
93%
1017
Currency

61.5217

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Бакар

13.39

Алуминиум

3.36

Калај

55.56

Кобалт

56.29

Родиум

278907.73

Сребро

2099.49

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Злато

141562.95

Паладиум

43596.41

Платина

56263.81