Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во ...
На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, додека пак на преминот „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ укажува дека на грчката страна од премините времето на чекање постојано варира и ...
Иако Светското првенство е натпреварување на репрезентации, клубовите можат да се пофалат со придонесот на своите фудбалери. На Мундијалот во 2026 година најуспешен во таа категорија е Реал Мадрид, чии играчи заедно постигнаа дури 22 гола за своите национални селекции. Најголем придонес даде Килијан Мбапе со 10 погодоци, со што стана најдобар стрелец на турнирот. Џуд Белингам додаде седум, Винисиус Жуниор четири, а Арда Ѓулер еден гол. На ...
Килијан Мбапе го заврши Светското првенство во 2026 година како најдобар стрелец со десет постигнати гола и стана првиот фудбалер во историјата што ја освоил „Златната копачка“ на два последователни мундијали. Иако Франција не успеа да стигне до финалето, 27-годишниот напаѓач остави длабока трага на турнирот во САД, Мексико и Канада. Мбапе пред финалето имаше два гола повеќе од Лионел Меси. Аргентинскиот капитен не успеа да ја затресе мрежата ...
Со поразот од 1:0 против Шпанија во финалето на Светското првенство во 2026 година, Аргентина го запиша четвртиот пораз во седум мундијалски финалиња и се израмни со Германија како репрезентација со најмногу втори места во историјата. Германија одигра осум финалиња и загуби четири, додека Аргентина стигна до седум натпревари за светската титула и исто така четири пати остана без трофејот. Двете репрезентации заедно имаат осум порази во ...
Иако Шпанија со победата над Аргентина ја освои титулата светски шампион, тензиите не стивнаа ниту по последниот судиски свиреж. Веднаш по завршувањето на натпреварот дојде до жесток судир меѓу фудбалерите на двете репрезентации, а во центарот на инцидентот се најдоа Ерик Гарсија, Гави и Леандро Паредес. Вербалната расправија брзо прерасна во физичка пресметка. Фудбалерите разменуваа навреди и обвинувања, по што на теренот настана голема ...
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, не го криеше разочарувањето по поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство, но истовремено истакна дека е неизмерно горд на своите фудбалери. По поразот од 1:0 по продолженијата, Скалони им честиташе на новите светски шампиони и порача дека неговата репрезентација нема од што да се срами. „Чувствувам тага, но дадовме сè од себе. Имам многу работи да кажам за патот што го поминавме до ...
Фудбалската репрезентација на Шпанија заслужено ја освои светската титула, а до трофејот стигна со историски одбранбен учинок. Шпанците примија само еден гол во текот на целиот турнир, што претставува рекорд на светските првенства. Ниту еден претходен шампион не го завршил Мундијалот со помалку примени погодоци. Единствената репрезентација што успеа да ја затресе мрежата на Шпанија беше Белгија во четвртфиналето, во кое избраниците на Луис де ...
Фудбалската репрезентација на Шпанија по вторпат во историјата на Светските првенства ја освои шампионската титула. Планетарниот првак од 2010 година со голот на Феран Торес во 106 минута ја совлада Аргентина во големото финале на „Мет Лајф“ стадионот во Њујорк. Аргентина во двете продолженија по 15 минути, играше без исклучениот Енцо Фернандез кој за 11 минути заработи два жолти картони. Ова беше последниот натпревар на Лионел Меси на ...
Мундијалската химна и ова Светско првенство ја изведува Шакира. „Даи, Даи“ ги сруши рекордите на музичките платформи, очекувано особено ако се земе во предвид дека сите химни на Светските првенства кои биле направени и изведени од колумбиската пејачка се вистински хит. Шакира помина 12 години во врска со поранешниот репрезентативец на Шпанија, Жерар Пике, во која тие ги добија двата сина Милан и Саша. Нивниот однос заврши пред четири години, ...
Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието на финалето на Светското првенство, уште пред почетокот на натпреварот. Американскиот претседател во свечената ложа го прими оригиналниот трофеј на Светското првенство, кој лично му го донесе бразилската фудбалска легенда Роналдо Назарио. Во тој момент покрај нив беше и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Снимките брзо се проширија на социјалните мрежи, а особено внимание предизвика ...
Финалето на Светското првенство 2026 меѓу Аргентина и Шпанија не донесе возбуда само на теренот. На полувремето од натпреварот на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси беше одржано првото големо музичко шоу во историјата на едно мундијалско финале. Настапот започна во 22:03 часот со Мадона, придружувана од светлосни ефекти во виолетови нијанси. Во нејзиниот дел се појавија и фудбалските легенди Роналдињо и Роналдо, кои на теренот влегоа со картинг. ...
Финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија ќе биде решено во продолженијата, откако по 90 минути резултатот остана 0:0. Шпанија имаше поголема контрола врз играта и создаде повеќе опасни ситуации, додека Аргентина главно се бранеше и сè уште немаше упатено удар во рамките на голот. Најзаслужен што аргентинската мрежа остана недопрена беше Емилијано „Дибу“ Мартинез. Аргентинскиот голман повторно реагираше во клучен момент, ...
Новак Ѓоковиќ е меѓу бројните познати личности што присуствуваат на финалето на Светското првенство во фудбал. Српскиот тенисер пристигна на стадионот во Њу Џерси во придружба на својот пријател и соработник Карлос Гомес Ерера. По неговото пристигнување, навивачите веднаш се обидоа да му пријдат и да се фотографираат со него. Ѓоковиќ, со помош на обезбедувањето, насмеан продолжи кон влезот на стадионот. Novak Djokovic has arrived at the World ...
Лионел Меси ги собра и ги охрабри своите соиграчи во тунелот пред почетокот на второто полувреме од финалето против Шпанија. Додека аргентинските фудбалери го чекаа моментот повторно да излезат на теренот, капитенот им упати кратка, но силна порака: „Ајде да ја одиграме, ајде да ја одиграме! Напред!“ Неговите зборови беа проследени со аплауз од останатите репрезентативци. Пораката на Меси имаше цел да ја подигне енергијата во тимот, кој во ...
Финалето на Светското првенство 2026 меѓу Аргентина и Шпанија не донесе возбуда само на теренот. На полувремето од натпреварот на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси беше одржано првото големо музичко шоу во историјата на едно мундијалско финале. Настапот започна во 17:03 часот со Мадона, придружувана од светлосни ефекти во виолетови нијанси. Во нејзиниот дел се појавија и фудбалските легенди Роналдињо и Роналдо Назарио, кои на теренот влегоа со ...
Доколку не сакате да пиете обична вода, добрата вест е дека постојат и други пијалоци кои можат да им помогнат на вашето тело и кожа да останат хидрирани, особено во текот на жешките летни денови. Нутриционистката Беки Хокинс сподели три едноставни рецепти кои се одлични алтернативи на водата, а исто така содржат корисни минерали и хранливи материи. Сок од целер Првиот предлог е сок од целер со малку квалитетна морска сол. Иако на многу луѓе ...
Тимоти Шаламет и Кајли Џенер го привлекоа вниманието со појавување на финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија. Двојката го следи натпреварот од трибините, а фотографите ги фатија како се бакнуваат. View this post on Instagram A post shared by Ria & Fran (@chicksintheoffice) Шаламет носи сина маица со долги ракави од „Адидас“, додека Џенер носи црна облека и очила за сонце. Актерот и ријалити ѕвездата долго време ја ...
Шпанија и Аргентина одиграа 0:0 во првото полувреме од финалето на Светското првенство 2026. Ова е полувреме кое брзо ќе се заборави. Шпанците беа поконкретни, имаа поголем посед на топката и иницијатива со три обиди да го загрозат противничкиот гол. Аргентина буквално не покажа ништо и немаше ниту еден обид да постигне гол. Натпреварот се игра на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, Њу Џерси, САД. (МИА) Шпанија и Аргентина одиграа 0:0 во ...
Во шумските пожари што избувнаа претходно оваа недела на околу 100 километри северно од Мадрид беа зафатени повеќе од 13.000 хектари, соопштија денеска локалните власти. Пожар во регионот Гвадалахара уништи 13.000 хектари земјиште и загрози повеќе од 700 луѓе, соопшти противпожарната служба надлежна за централниот регион на Шпанија. Околу 350 пожарникари и припадници на единицата за вонредни ситуации на шпанската војска, поддржани од 25 ...
Лионел Меси продолжува да испишува нови страници во историјата на светските првенства. На Мундијалот 2026, кој веројатно е последен во неговата кариера, капитенот ја предводеше Аргентина до финалето против Шпанија и собори низа индивидуални рекорди. Иако не постигна гол во полуфиналната победа над Англија од 2:1, Меси асистираше за двата погодоци и стана најдобар асистент во историјата на светските првенства. Пред финалето има 21 мундијалски ...
Според календарот на МПЦ, утре, понеделник, на 20 јули е Света великомаченица Недела. Света Недела (името е превод на грчкото Кириакиа) се роди во Мала Азија и живееше за време на царувањето на Диоклецијан. Се роди како дете измолено од Бога, бидејќи нејзините родители Дорортеј и Евсевија долго време немаа деца. Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа ...
Неколку минути пред почетокот на големото финале на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, на стадионот беше приреден спектакл во американски стил. Холивудската ѕвезда Том Круз излезе на теренот и им се обрати на гледачите со инспиративен говор, дополнително подигнувајќи ја атмосферата пред најважниот натпревар на турнирот. Веднаш потоа, трофејот на Светското првенство беше внесен на теренот во луксузна кутија на „Луј Витон“, по што ...
Американскиот претседател Доналд Трамп е присутен на стадионот „МетЛајф“, каде се одржува финалето помеѓу Шпанија и Аргентина од Светското фудбалско првенство. Се појавија снимки од хеликоптерите со кои Трамп пристигна во Њујорк да го следи од трибините мундијалското финале. 🚨 JUST NOW: Marine One spotted landing at Metlife Stadium in New Jersey for the FIFA World Cup Final President Trump is IN THE HOUSE! 🔥 Should be an epic game. ...
Владата будно ја следи состојбата со водоснабдувањето и проблемот што се случува во Гостивар изминативе денови, при што утврдивме дека на граѓаните на Гостивар им е потребна питка вода за пиење и заклучно од денеска и во наредните денови, колку што е потребно, во Гостивар ќе се доставуваат околу 50 илјади литри вода за граѓаните, изјави денеска директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски од Гостивар. Тој информира дека ...
Првите количини на пакувана вода што ги обезбеди Владата, од вечерва се делат на определени пунктови во Гостивар. Вечерва се испорачани првите 50 илјади литри вода во пластични шишиња кои делат на повеќе пунктови. Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, кој дојде во Гостивар со првата пратка на вода, посочи дека во зависност од потребите може да се зголеми бојот на пунктови и да се отвораат и други. – ...
Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина ќе привлече можеби најголем број познати личности на едно место во поновата фудбалска историја. Њу Џерси е дом на огромен број ѕвезди. Пред почетокот на натпреварот, пред стадионот се појавија Андриј Шевченко, Купер Флег, Јоаким Ноа, Возиња, Џејк Пол, Хабиб и многу други. Сепак, најголемата ѕвезда беше Роналдињо. Опкружен од обезбедување, Роналдињо се приближи кон стадионот „Метлајф“, ...
Познатиот италијански судија Пјерлуиџи Колина одлучи финалето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада да го суди Славко Винчиќ од Словенија, а колку добар бил тој избор ќе биде познато дури по вечервашниот натпревар во Њујорк. Досега, судењето не ја задоволи јавноста и имаше многу контроверзни прашања, пред сè поради „чипот во топката“. Ситуациите на натпреварите Португалија-Хрватска беа контроверзни, кога беше откриено дека Матановиќ ...
Трендот на новопријавени граѓани со стомачни тегоби во Гостивар не опаѓа и во последните 24 часа имаме нови пријавени. Бројката се движи околу 250 до 300 случаи дневно. Вчера имаше сто на детското одделение и 160 на Инфективниот оддел. Денеска имаме слична бројка на детското одделение и околу 200 на Инфективниот оддел, изјави министерот за здравство Сашко Клековски. Тој рече и дека анализите на водата ќе бидат готови утре, но и важни се ...
Познатиот италијански судија Пјерлуиџи Колина одлучи финалето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада да го суди Славко Винчиќ од Словенија, а колку добар бил тој избор ќе биде познато дури по вечервашниот натпревар во Њујорк. Досега, судењето не ја задоволи јавноста и имаше многу контроверзни прашања, пред сè поради „чипот во топката“. Ситуациите на натпреварите Португалија-Хрватска беа контроверзни, кога беше откриено дека Матановиќ ...