Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA. Во разговорот, министерот Муцунски упати искрени честитки по повод резултатите на парламентарните избори. -Соговорниците ги реафирмираа одличните билатерални односи и високото ниво на политичка соработка, изразувајќи подготвеност за нивно ...
Министерството за правда информира дека за Никола Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција на 20.11.2018 година, како и дополнување на барањето во јуни 2019 година. Екстрадицијата беше побарана за сите предмети за кои постоеја сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи, односно за сите случаи за кои е распишана потерница. Од Правда појаснуваат дека Унгарија го одбила барањето за екстрадиција на ...
Судот во Кавадарци определи по 30 дена притвор за двајцата грабнувачи од демиркаписко Корешница, потврдија попладнево од кавадаречкиот суд за МИА. Оттаму појаснија дека по предлог на Обвинителството, постапувал дежурен судија по претходна постапка и определил притвор од по 30 дена за грабнување. Претходно, од Обвинителството информираа дека побаран е притвор за двајца од Корешница, осомничени за грабнување. Оттаму појаснија дека Основното ...
Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници реагираат по денешната јавна изјава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упатена кон новинар од ТВ Алфа. -Сметаме дека е недозволиво и непримерно за претседател на политичка партија јавно да упатува тешки обвинувања за корупција проследена со реторика на дискредитирање кон новинари и медиуми. Oва не е изолиран случај, туку загрижувачка пракса ...
Министерството за економија и труд, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, изготви компаративна анализа на движењето на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи, согласно заклучокот донесен на 162-та седница на Владата. Анализата ги опфаќа цените на 55 најпродавани производи, следени во четири трговски синџири со различно ценовно позиционирање, во периодот од 1 февруари до 1 април 2026 година. -Резултатите покажуваат ...
Поради континуирани сериозни закани, навреди, клевети, политички притисок, загрозување на слободата на говорот и создавање непријателска атмосфера, заклучно и потенцирано со денешниот прес на Венко Филипче, претседател на СДСМ, кон сите професионални медиуми што не се под контрола на СДСМ, особено кон телевизијата „Алфа“, Македонската асоцијација на новинарите (МАН) го повикува Јавното обвинителство веднаш и неодложно да преземе мерки против ...
Средното медицинско училиште во Битола за време на велигденските празници беше мета на вандалски чин. Имено, од училиштето известуваат дека на 11 април во 1 часот и 30 минути по полноќ бил извршен вандалски чин со палење на контејнерите во дворот на училиштето, при што пожарот се проширил и предизвикал оштетување на фасадата на задниот дел на објектот. -Благодарение на навремената интервенција на надлежните служби од противпожарната единица и ...
Пратеничката Иванка Василевска, претседателка на Секцијата на Собранието во Парламентарното собрание на Франкофонијата, учествуваше во работата на конференцијата на претседатели на секциите на националните парламенти на Регионот Европа на ПС на франкофонијата, што се одржа вчера во Варшава. На конференцијата, соопшти собраниската прес-служба, учествуваа делегации на Албанија, Андора, Белгија/француската заедница Валонија-Брисел, кантонот ...
Во тишината на Вселената, далеку од секојдневните грижи и бучавата на планетата, еден древен патник неуморно кружи околу Сонцето. Неговото име е Бену и со години го привлекува вниманието на научниците ширум светот. Причината е едноставна, но истовремено и загрижувачка: постои мала, но реална можност тој еден ден да се судри со Земјата. „Според процените на експертите од НАСА, астероидот Бену поминува во близина на нашата планета приближно на ...
Претседателот на Франција и британскиот премиер, Кир Стармер и Емануел Макрон на 17 април во Париз ќе бидат домаќини на самитот на кој ќе се разговара за план со кој би се осигурало дека Ормуска Теснина ќе остане отворена за пловидба по завршување на војната на Блиски Исток. – Самитот ќе ја унапреди работата на координиран, независен и мултинационален план за заштита на меѓународниот превоз по завршувањето на конфликтот, истакна портпаролот ...
Голема концентрација на прашина од Африка повторно се очекува денеска во Грција, а појавата ќе трае до четврток – јавуваат грчките медиуми повикувајќи се на метеоролошки прогнози. Според електронското издание на весникот „Ефимерида тон синдактон“, облаци прашина од Сахара ќе ја зафатат земјата уште во текот на денот. Прашината од пустината Сахара, која често стигнува до Грција поради географската близина со Африка, претставува значаен фактор ...
Експертот за Ф1 ТВ и поранешен возач на Формула 1, Џолион Палмер, се осврна на ситуацијата во Ред Бул по најавеното заминувањето во 2027 на Џанпјеро Ламбиазе, тркачкиот инженер во тимот. – Целата куќа се промени. Зградата е иста, но мебелот е различен. Верстапен сè уште доаѓа на работа во Милтон Кинс, но се збогува со различни луѓе од различни области. И не само тоа, тој не се бори за титулата и не ужива во возењето на сегашните болиди. ...
Полицаец во ПС ОН Струмица К.Ш. е осомничен за кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување“ и од судија за претходна постапка му се одредени мерки на претпазливост. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава по брза постапка против К.Ш., ќе поднесе и предлог за поведување постапка ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 18 април 2026 престојува во САД, Вашингтон каде што ќе учествува на Пролетните средби на ММФ и Светска банка. За време на престојот министерката ќе оствари средби со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, ќе оствари средби во Трезорот на САД, како и со претставници на повеќе меѓународни финансиски институции и инвеститори. Димитриеска Кочоска ќе ...
По повод отпочнувањето на активностите за вежбата „БЛЕСОК 26“ (Б-26), која ќе се изведува на повеќе локации во државата во периодот од 19 до 27 април 2026 година, денес во Генералштабот на Армијата се одржа брифинг за претставниците на медиумите. На брифингот присуствуваа: началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, командантот на Командата за операции (КО) бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, директорот на вежбата ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, не очекува промена во односите меѓу нашата земја и Унгарија по тамошните неделни избори и победата на Тиса и Петер Маѓар. – Доколку ме прашувате дали очекувам промена на односите – не, апсолутно не очекувам – изјави денеска премиерот Мицкоски по настанот за одбележување на Денот на Царинската управа. Претседателот на Владата му честита на новоизбраниот унгарски премиер Петар Маѓар, од кој, рече, ...
Општина Карпош е првата локална самоуправа во Македонија, која во соработка со Асоцијацијата на советници за развој на кариера (АСК), ќе започне со реализација на проектот „Кариерен избор без ограничување“, кој е насочен кон зајакнување на институционалните капацитети во основните училишта на своја територија. Целта на оваа иницијатива е системско интегрирање на родово-сензитивното кариерно советување, во наставата и воннаставните активности. ...
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан во телефонскиот разговор со францускиот колега Емануел Макрон истакна дека Техеран е подготвен да ги продолжи мировните преговори. Пезешкијан наведе дека Иран ја преферира дипломатијата за решавање на споровите. Според него, заканите, притисокот и воената акција се бескорисни и само „ќе ги влошат проблемите што САД сами ги создадоа“. Тој додаде дека Европа треба да ги поттикнат САД да се придржуваат до ...
Денес на терен, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означи почетокот на работите за реконструкција и трансформација на Старата чаршија, една од најзначајните инфраструктурни интервенции во ова историско подрачје во последните децении. Проектот опфаќа површина од 1.567 м² и предвидува реставрација на калдрмата со травертински камен, со што се зачувува историската автентичност на Чаршијата, како и целосна модернизација на ...
Бугарската етнократија сериозно се закотвува на меѓународната мапа на држави кои ги дискриминираат малцинствата, откако уште едно меѓународно тело се вклучи во гонење на бугарскиот апартхејд. Комитетот за човекови права на Обединетите нации е последен во редот кој побара официјална Софија да ја преиспита одлуката со која е одбиена регистрација на македонска организација и да му исплати оштета на етнички Македонец. Комитетот на светската ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73% во однос на одлуката од 6.4.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,703%, кај дизелот за 3,251%, кај екстра ...
Нашата улога не е само да контролираме, туку да заштитиме, да спречиме и да покажеме дека законот важи еднакво за сите. Компаниите што работат законски мора да имаат сигурност и предвидливост. Нашата улога е да обезбедиме услови во кои чесното работење е предност, а за нелојалната конкуренција нема простор. За криминалот нема да има место онаму каде што од петни жили секој ден се трудиме да градиме силна институција. Промените во системот ...
По повеќе од 10 години без ниту една трага, редок вид јагуар повторно е забележан во планинскиот венец Сиера дел Мерендон во Хондурас, предизвикувајќи возбуда и внимание меѓу заштитниците на природата ширум светот. Според најновите податоци, присуството на големата мачка е потврдено благодарение на фотостапици поставени длабоко во планините, каде што човечкиот пристап е речиси никаков. Снимката е прв доказ за присуството на јагуарот во ...
Онаму каде што го започнаа своето возобноивено музичко патешествие кон крајот на минатата 2025 година со нивното ново првенче „Каде ти, таму јас“, македонскот поп рок дуо „Коктел“ сега продолжува со нова песна. Стевче Грозданов и Блаже Темелков, добро познатите музички имиња на македонската музичка јавност својот камбек одново го зачинија со тема која јасно го детерминира нивниот стил. „Само ти“ е уште едно спакувано поп рок бонбонче во ...
Со детски џагор, радост и многу насмевки, а најмногу со детска песничка и годинава започнува 23-тото издание на фестивалот „Поточиња“. На 18-ти и 19-ти април во Македонската опера и балет по 23-ти пат на големата сцена ќе блеснат единствените „Поточиња“ и ќе ја донесат омилената детска музичка приказна на сите генерации. Најискрената публика – детската, со нетрпение очекува да дојде викендот во кој песна ги обединува, фестивалот кој еднаш го ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп за нов амбасадор во Албанија го предложил поранешниот американски генерал, Ерик Вендт од Калифорнија. Изборот на Венд треба да биде потврден од Сенатот. Тој доаѓа на местото на амбасадорката Јури Ким, која ја напушти Албанија во 2023 година. Пред две години, номинацијата на дипломатот Дејвид Џ. Костеланчик за функцијата амбасадор на САД во Албанија „не успеа“ откако неколку републикански сенатори гласаа ...
Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ упати остри критики кон опозициската Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), обвинувајќи ја за внатрешна дезорганизација и недостиг на фокус кон сопствените партиски проблеми. На прес-конференција, пратеникот Бране Петрушевски изјави дека СДСМ, наместо да се занимава со состојбите во сопствените редови, „ликува на изборни резултати во други држави“, додека партијата, според него, се соочува со сериозен ...
Во денешното телевизиско интервју за емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24, градоначалникот на Битола Тони Коњановски зборуваше и за градежната офанзива со која се решаваат проблемите на граѓаните. „Битола е град со старо градско јадро, една од специфичните карактеристики на градот е Широк сокак и неговата околина по која е и препознаена, се работи за стара архитектура, се работи за улички кои што се заштитени со закон, така што да се ...
На најниско ниво досега, во ултра-мизерен стил на мал диктатор искомбиниран со селски маалски мангуп недостоен за еден партиски челник и пратеник, измеќарот на Заев познат како Заев Трети (Таче е Заев Втори) денеска повторно удри по критичките медиуми. Буквално, како да посака затворање на ТВ Алфа и и останување без работа на над стоте вработени во неа. Индиректно, токму тоа и беше неговата инсинуација со унгарските газди на телевизијата. Во ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од селото Корешница, општина Демир Капија, за кои постои основано сомнение дека биле соизвршители во кривично дело – Грабнување согласно член 141 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени, на 12 април, заедно извршиле грабнување на лице со намера да го присилат да сними изјава со признание ...