Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Рамбин (36) сподели на своите социјални мрежи дека отишла во болница на лапароскопска операција за да ѝ биде дијагностицирана ендометриоза и да се отстранат сите адхезии. Таа рекла дека има силни болки и сака да го реши проблемот, но и да ги зголеми шансите за бременост, со оглед на тоа што ендометриозата може да влијае на неплодноста кај жените. Сè се случило минатата недела. За време на таа рутинска процедура, лекарите случајно ѝ ја ...
„ЗНАМ влезе во власта со јасна цел, да биде реформатор, но и коректор кога е потребно. Нашата одговорност е да работиме за државните и националните интереси, а секогаш кога ќе сметаме дека некои процеси не се движат во вистинска насока, гласно ќе ги браниме принципите на кои стоиме“ рече претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, на панел-дискусијата во рамки на караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска ...
Демократски сојуз ги повикува институциите на локално и на државно ниво да дејствуваат координирано за да се спречи натамошно ширење на инфекција и да се санира состојбата со водоснабдување на граѓаните во Гостивар. – Паралелно со здравствените мерки, неопходна е темелна и поширока истрага за да се откријат сите кои неодговорно и волонтерски се однесувале и придонеле на неколку илјади граѓани да им биде загрозено здравјето, со можни тешки ...
Натпреварување World Cup Фаза Финале Шпанија 2.25 Нерешено 3.00 Аргентина 3.60 Коефициентите се информативни и може да се менуваат. 18+ Тек на натпреварот Настаните сè уште не се достапни. Очекувани состави Составите се проекција врз основа на последните натпревари и достапните податоци. Официјалните состави ќе бидат објавени непосредно пред почетокот на натпреварот. Очекуван состав Шпанија Формација: 4-2-3-1 Очекуван состав Аргентина ...
СДС мора да понесе одговорност за скандалот во Гостивар, затоа што функционери поддржани од нив денес се сомничат дека ја загадија водата во градот и околината, со што илјадници граѓани завршија во болниците, велат во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче и СДС немаат кредибилитет да говорат за здравствени политики од неколку причини: – КОВИД криза министер за здравство Филипче, трета земја во светот по процент на смртност; – КОВИД криза ...
ФИФА подготви богата забавна програма за полувремето на финалето на Светското првенство, која тешко може да се замисли дека ќе заврши во предвидените 15 минути. По задолжителните паузи за освежување, со кои натпреварите практично беа поделени на четвртини без оглед на временските услови, светската фудбалска организација сега воведува и спектакл на полувремето по примерот на Супербоулот. На стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси се најавени настапи ...
Лионел Меси и Аргентина имаа исклучително драматичен пат до финалето на Светското првенство 2026. Аргентинската репрезентација на два натпревари од нокаут-фазата мораше да брка негатива и во двата случаи успеа да направи пресврт. Првиот пресврт – против Египет Првата голема драма се случи во осминафиналето против Египет. Аргентина во второто полувреме губеше со 0:2, но успеа целосно да го сврти натпреварот и да победи со 3:2. Тоа беше еден од ...
Вистинското лице на коалицијата СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар излезе на површина. Додека ги лажеа Гостиварчани пред изборите дека ќе донесат подобар живот, денес истите не оставија без елементарната потреба од вода, вели Мартин Андоновски, претседател на ОК Гостивар. „СДС, ДУИ и Таравари додека славеа и се радуваа на победата се беше добро, а денес кога треба реакција и одговорност никаде ги нема. Зошто доцни реакцијата ? Зошто немавме брза ...
Н’Голо Канте го заврши своето последно поглавје на светските првенства на начин што малкумина го очекуваа – без ниту една минута помината на теренот. Триесет и петгодишниот француски играч за врска беше дел од составот на Дидие Дешам на Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, но селекторот не му укажа доверба на ниту еден натпревар. Најмногу се очекуваше Канте да добие шанса во дуелот за третото место против ...
Мајкл Олисе влезе во историјата на светските првенства откако го собори рекордот на Пеле по бројот на асистенции на еден Мундијал. Францускиот фудбалер за врска ја искористи голеадата во натпреварот за третото место против Англија и со вкупно седум асистенции го надмина легендарниот Бразилец, чиј рекорд траеше од 1970 година. Пеле на Мундијалот во Мексико забележа шест асистенции, додека по пет имаа Полјакот Роберт Гадоха во 1974 година, ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска изрази жалење што не беа усвоени измените на Изборниот законик со кои, како што рече, требало да се овозможи полесно гласање на македонската дијаспора, оценувајќи дека на тој начин практично се ограничува едно од основните уставни права на иселениците. Според министерот Андоновски, граѓаните кои живеат во странство имаат законско и уставно право да гласаат, но постојниот систем ...
Претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, изјави дека до крајот на јули ќе биде познато името на наследникот на Дидие Дешам на селекторската функција. Дешам последен пат ја предводеше Франција во натпреварот за третото место на Светското првенство, во кој неговата репрезентација загуби од Англија со 6:4. По 14 години на клупата и светската титула освоена во 2018 година, 57-годишниот Дешам заминува од селекторската ...
Селекторот на Англија, Томас Тухел, изјави дека се надева оти неговите фудбалери со текот на времето ќе бидат горди на бронзениот медал освоен на Светското првенство, по победата над Франција со 6:4 во натпреварот за третото место. Англија во саботата вечерта на стадионот во Мајами стекна убедлива предност уште во првото полувреме, кога поведе со четири гола разлика. Во продолжението Франција се обиде да се врати, но англиската репрезентација ...
Со цел културата и туризмот повторно да станат стратешки двигатели во развојот на државата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја стабилизира состојбата, да спроведе клучни системски реформи и да реализира значајни инвестиции, вели Велика Стојкова Серафимовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо краткорочни и непромислени решенија, во изминативе две години Владата на ВМРО-ДПМНЕ се фокусираше на воспоставување системски пристап во ...
Министерството за здравство соопшти дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Во тек се теренски увиди, епидемиолошки анкети и консолидација на пристигнатите пријави, по што Центарот за јавно здравје од Тетово како надлежен треба да донесе соодветна одлука, наведуваат до МЗ. -Во периодот од 18 јули во 08:00 часот ...
Во последното деноноќие во гостиварската болница биле примени 220 жители со симптоми на затруеност изјави за весникот „Вечер“ директорот на болницата Емри Бајрами. Пациентите со симптоми на повраќање и дијареа, некои со температура, истретирани се во дневна болница со инфузија, и засега нема хоспитализиран случај“, вели Бајрами. Директорот на болницата каде последниве денови има наплив од затруени жители, над 1200, вели дека се екипирани и ...
Крушево доби Центар за услуги преку кој граѓаните ќе можат полесно да пристапуваат до електронските услуги и да добијат поддршка при нивното користење, соопшти денеска Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, денеска го промовираа новиот Центар за услуги во Крушево, кој е шеснаесетти ваков центар во мрежата на Министерството. Според ...
Недонесувањето на новиот Изборен законик ја разобличи вистинската политика на СДС, Левица и ДУИ. Проблемот на ова трио е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можност, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Иако беа прифатени сите нивни барања кои беа се, само не суштински, тие договорот не го прифатија затоа што не можеа да прифатат дека ...
Европската Унија во 2024 година имала 15,7 професионални судии на 100 000 луѓе, што е намалување во споредба со 17,7 во 2014 година. Македонија, според податоците на Евростат, во 2024 година имала 20,1 судии на 100 илјади жители. И кај нас, исто како во ЕУ, бројот на професионални судии има тренд на намалување, и е намален за повеќе од четири споредено со 2019 кога имало 24,3 судии на 100 илјади жители. Меѓу земјите на ЕУ, Хрватска и ...
Иран извезол околу 70 милиони барели нафта, во вредност од пет до шест милијарди американски долари, за време на привременото олеснување на американските санкции, објави угледниот економски весник „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на најновите податоци на невладината организација „Обединети против нуклеарен Иран“. Според анализата на оваа организација, во периодот од средината на јуни до средината на јули годинава околу 20 ирански танкери ...
45- годишен стружанец е приведен откако, управувајќи автомобил под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода на регионалниот пат кај струшкото село Калишта. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 18 јули во 21:12 часот. Н.Б. (45) од Струга управувал „тојота“ со струшки регистарски ознаки, а при увидот полициските службеници констатирале дека имал 2,56 промили алкохол во крвта. По налог на јавен ...
Лишени од слобода се крадци во Стар Дојран, кои одзеле пари од каса на маркет, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – На 18.07.2026 во 17:15 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија ги лишија од слобода Х.М.(21) и 17-годишен малолетник од Скопје. Тие истиот ден од каса на маркет во Стар Дојран одзеле пари, кои се пронајдени кај нив и одземени, информира полицијата. Известени се јавен ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска заедно со градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, ќе означат почеток со работа на новата канцеларија за административни услуги во Општина Крушево – „Центар за услуги – ЕТУ Крушево“. Како што соопштија од Министерството за дигитална трансформација, предвидени се изјави за медиумите од страна на министерот Андоновски и градоначалникот Чонески. Министерот за дигитална ...
Приведени три лица во текот на вчерашниот ден по претреси на скопската територија и пронајдени дрога, пиштол и куршуми, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – На подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР – Скопје ги лишија од слобода С.Б. и Е.А., на возраст од 21 и 33 години, двајцата од Скопје, затоа што при извршен претрес од страна на полициски службеници од Единицата за ...
Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализи и испитувања на квалитетот на примероците од водата од гостиварскиот водовод, а резултатите се очекува да бидат готови утре за да се утврди натамошниот тек на постапката, информираат од Обвинителството. -Според најавите, резултатите треба да бидат доставени до надлежното обвинителство утре, по ...
Шпанија и Аргентина вечерва на стадионот во Њу Џерси ќе играат за титулата светски шампион во финалето на Светското првенство 2026. Шпанија до финалето стигна со шест последователни победи по ремито со Зеленортските Острови и постави рекорд со шест натпревари без примен гол на едно Светско првенство. Во полуфиналето ја совлада Франција со 2:0. Аргентина, актуелниот светски шампион, во полуфиналето со пресврт ја победи Англија со 2:1. Шпанија ...
Силното невреме проследено со обилни дождови и со бурен ветер, кое вчера зафати делови од Словенија, предизвика значителна материјална штета, а до утрово регистрирани се 33 интервенции само на подрачјето на Крањ. Обилните врнежи поплави куќи и подруми на станбени згради, додека силниот ветер оштети покриви и урна голем број дрвја. Во текот на доцните вечерни часови невремето се премести кон Горно Посочје, откако над Италија се формирал ...
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, им се обрати на своите соиграчи, тренери и персонал. – Најубавото нешто во текот на сите овие години никогаш не биле само титулите, туку целото патување. Споделувањето на секој ден со овој тим, натпреварувањето заедно, издигнувањето на висината на пригодата и уживањето во секој чекор. Благодарам на секој од моите соиграчи, тренерскиот персонал и на сите што работат секој ден за да го направат овој тим ...
Геофизичкиот институт на Перу соопшти дека земјотресот бил со магнитуда од 5,1 степен, додека Американскиот геолошки институт (УСГС) ја процени јачината на 5,6 степени според Рихтеровата скала. Според перуанскиот Геофизички институт, потресот се случил околу 21:24 часот по локално време, на длабочина од 24 километри, јужно од градот Чупака во регионот Хунин. Првичните информации од локалните медиуми укажуваат дека во погоденото подрачје се ...
Посветеноста на една влада за подобрување на состојбите во образование, може да се види по реализираните инвестиции и висината на одвоени средства од Буџетот. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ тоа го покажува на дело и во изминатите две години реализираше најголеми инвестиции во науката и во основното, средното и високо образование, каде Буџетот во 2026 година достигна рекордни 40 милијарди денари. Ова е значително зголемување споредено со ...