Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, го повикуваше Венко Филипче, членството на СДС во Гостивар да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на минатите локални избори. Но, неспособноста на ваквите кадри поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по животот и здравјето на македонските граѓани, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Потврда за ова е и последниот ...
Возачот во Формула 1 Ландо Норис, ќе стартува 10 места пониско од неговиот квалификациски резултат за Големата награда на Белгија, објавија британските медиуми. Норис бил казнет откако неговиот тим инсталирал четврта електронска единица на погонскиот склоп, надминувајќи го бројот на компоненти дозволени за оваа сезона. Мекларен процени дека патеката Спа-Франкоршан е најдоброто место за да се изрече казната, бидејќи престигнувањето таму не е ...
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, пред финалето на СП против Аргентина изјави дека неговиот тим мора да остане доследен на својот стил на игра, бидејќи токму тоа ќе ги доближи до освојување на титулата. Финалниот натпревар ќе се игра во недела во 21:00 часот. „Многу сум смирен и убеден дека ако останеме доследни на идејата што нè доведе овде, ќе бидеме поблиску до остварување на нашата цел. Имаме голем ...
Повеќе од 12.000 пораки со навредлива содржина биле испратени до тенисерки на социјалните медиуми минатата година, објавија ВТА и Светскиот тенис во својот заеднички годишен извештај за онлајн злоупотреба и закани. Во 2025 година биле анализирани повеќе од 1,2 милиони објави и коментари на социјалните мрежи. Повеќе од 12.000 објави на платформите биле категоризирани како навредливи, а 3.726 објави како сериозни злоупотреби, вклучувајќи ...
Младинска ракометна репрезентација на Македонија денес го одигра претпоследниот натпревар на ЕП во Романија, каде забележа пораз од селекцијата на Полска по изведување пенали, откако во регуларното време мечот заврши со конечни 28-28. Најдобар поединец во победничкиот состав беше Јакуб Тжасковски со шест голови, а во редовите на нашата репрезентација, ист учинок имаше Христијан Гурмешевиќ, додека Марин Крстевски беше најефикасен на ...
Осум млади Македонци од дијаспората денеска успешно го завршија своето тринеделно патување низ Македонија како дел од програмата „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) 2026, со што беше заокружено јубилејното десетто издание на оваа единствена програма од ваков вид. Организирана од Обединета македонска дијаспора (ОМД), програмата „Родум од Македонија“ и понатаму им овозможува на младите со македонско потекло да ја зајакнат врската со ...
Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј изјави дека неговата влада „секој ден е сè поблиску“ до враќање на суверенитетот над Фолкландските Острови продлабочувајќи го дипломатскиот спор предизвикан од политичката прослава на аргентинската репрезентација по победата над Англија на Светското првенство претходно оваа недела – пишува бриселскиот портал „Политико“. Милеј на „Икс“ се потсмеваше со реакцијата на Велика Британија на прославата на ...
Вршителот на должноста претседател на Косово, Албулена Хаџију, објави дека ќе ја закаже конститутивната седница на Собранието на Косово за почетокот на август. -Констутитивната седница ќе се одржи во првата недела од август. Ви ветувам дека ќе ви го соопштиме датумот и времето следната недела, изјави Хаџију. Претходно, од нејзиниот кабинет беше објавено дека таа одлучила да закаже конститутивна седница пред крајот на законскиот рок, кој ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре (18 јули, сабота) со почеток во 13:00 часот ќе ја посети општина Дебарца. Во рамки на посетата, премиерот ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција на локалниот пат од селото Мешеишта до селото Волино, како и во реконструкцијата на улица во селото Волино, на делницата кон манастирот „Св. Петка“. По увидот во градежните работи, предвидено е премиерот ...
Техеран денеска објави дека неговите сили ја нападнале американската воздухопловна база Ал Удеид во Катар во 15-тиот бран напади – јавува агенцијата ИРИБ. Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во соопштението соопшти дека во нападот биле уништени радар со долг дострел и неколку американски стратешки авиони за полнење гориво, јавува „Ал џезира“. -Американскиот непријател и земјите што ги примаат неговите бази во регионот треба да ...
Бројот на ученици и студенти што се сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во 2025/2026 година изнесува 5.232, што претставува зголемување за 7 проценти во однос на претходната 2024/2025 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во 2025/2026 година во државава имало 9 студентски и 19 домови за ученици во основните, средните и средните верски училишта. Во нив е обезбедено сместување за ...
Идниот британски премиер Енди Барнам денеска беше официјално прогласен за нов лидер на Лабуристичката партија откако беше единствен кандидат што ги исполни условите за избор и ја доби поддршката од пратениците и придружните организации на партијата – објави „Скај њуз“. Претседателката на Националниот извршен комитет на лабуристите, Шабана Махмуд, рече дека Барнам е легитимно избран лидер на партијата. Тој доби 379 номинации од пратениците на ...
Шведската модна компанија „Ејч енд ем“ (H&M) објави во својот полугодишен извештај дека ќе затвори 170 продавници ширум целиот свет оваа година за да го приспособи своето работење на моментните пазарни услови. „Ејч енд ем“ во извештајот наведе дека во годината до 31 мај веќе го намалила бројот на своите продавници за 128 малопродажни објекти, од 4.166 на 4.038 продавници. Тоа претставува намалување од три отсто, а брендот истовремено ...
На 16.07.2026 во 08:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Благоја Стефковски“ и ул. „Петре Филиповски-Гарката“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(71) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.Р.(22) од с.Инџиково, скопско. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се ...
На 16.07.2026 околу 04:00 часот во СВР Велес, од Ургентен центар при ЈЗУ „Општа болница“- Велес е пријавено дека кај нив со телесна повреда бил донесен Т.Р.(27) од Велес. -Според пријавеното, околу 03:00 часот пред Железничката станица Велес, при премостување на влечните локомотиви од еден на друг колосек, една локомотива удрила во друга паркирана локомотива, во која бил машиновозачот Т.Р., кој при тоа се здобил со телесна повреда, информира ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, преку објава на социјалните мрежи ги отфрли обвинувањата на СДС во врска со Реформската агенда и Изборниот законик, оценувајќи дека станува збор за „лаги и манипулации“. Манасиевски наведува дека еврокомесарката за проширување Марта Кос, при посетата на Македонија, ја пофалила работата на Владата и истакнала дека државата успешно реализирала девет од десетте клучни реформи од Реформската ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го пречека познатиот албански пејач Или Лимани, со кого го посетија новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“, каде одблизу се запознаа со текот на изградбата на еден од најголемите инвестициони проекти во високото образование на албански јазик во државата. За време на посетата се разговараше за значењето на вложувањето во образованието, создавањето можности за младите и улогата што уметноста, ...
На 16.07.2026 во 20:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор, претходно управуван од М.Т.(54) од с.Канатларци. Според информациите од полицијата, од здобиените повреди, М.Т. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп. На ...
Регистрирани се вкупно три пожари на отворен простор во текот на денов до 13 часот, од кои еден е сѐ уште активен, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Активниот пожар е во регионот на село Врапчиште, каде гори ниска вегетација. Ниска вегетација и ѓубре гореле и во село Добрејци во општина Струмица. Имало пожар и на депонија во подрачјето на село Железница, општина Кратово. Регистрирани се вкупно три пожари на отворен ...
„И покрај нашиот обид и четири месеци преговори, договори, состаноци на коишто аргументирано се дебатираше во врска со Изборниот законик, на крајот причините за недонесување на Изборниот законик се очигледната неспремност од страна на опозицијата да прифатат дека ќе направиме уште еден голем успех со носење на овој Изборен законик, со тоа што, така, ќе исполневме 10 од 10 од условите за Реформската агенда и ќе добиевме многу повеќе пари, што ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска им додели признанија на најдобрите ученици на генерацијата од основните училишта во Општина Аеродром за учебната 2025/2026 година. Покрај признанијата, секој од нив добива и еднократна парична награда во износ од 10.000 денари, како симбол на почит и благодарност за нивниот труд, знаење и посветеност. Со особена гордост им честитаме на: – Павел Ангелов – ООУ „Александар Македонски“ – ...
На 16.07.2026 на место викано „Мрзенско поле“, во атар на село Мрзенци, гевгелиско, бил пронајден починат мигрант А.М.. -Според пријавеното, околу 11:52 часот, мигранти од Пакистан преку мобилен телефон побарале помош, а по пристигнувањето на местото, полициските службеници затекнале тројца мигранти кои не поседувале лични документи, но кажале дека се од Пакистан и едно починато лице, за кое изјавиле дека е на возраст од 36 години и било ...
На 17 јули 2026 година, осум млади Македонци од дијаспората успешно го завршија своето тринеделно патување низ Македонија како дел од програмата „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) 2026, со што беше заокружено јубилејното десетто издание на оваа единствена програма од ваков вид. Организирана од Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), програмата „Родум од Македонија“ и понатаму им овозможува на младите со македонско потекло да ја ...
Македонската мисица и манекенка Моника Црнокрак, која неодамна освои внимание со учеството и успехот на изборот „Мис на Европа 2026“ во Бејрут, повторно се најде во центарот на вниманието. Овој пат не поради модната писта, туку поради нејзините нови провокативни објави од социјалните мрежи кои буквално го „запалија“ Инстаграм. Моника реши да побегне од градскиот метеж и летните горештини, па заедно со своето момче заминале на едно планинско ...
По 70 години за првпат се реконструира салата во ООУ “Панајот Гиновски” – се поставува нов под, се врши реконструкција на санитарните јазли и се градат нови соблекувални. Локалната самоуправа обезбедува квалитетни услови за практикување на училишните спортови и непречено одвивање на наставата по физичко и здравствено образование. Овој значаен проект се реализира со поддршка на Министерството за образование и наука. Во ООУ “Панајот Гиновски” ...
По повод Меѓународниот ден на шахот, Општина Карпош организира „Шаховско утро“, кое ќе се одржи на 20 јули 2026 година (понеделник), со почеток во 09:00 часот, на платото „Млечен“. Настанот има за цел да го промовира шахот како интелектуална игра која ги развива логичкото размислување, концентрацијата, стратегиското планирање и спортскиот дух, како и да поттикне дружење и меѓугенерациско поврзување. На настанот ќе присуствува и ...
Полициски службеници од СВР Велес ноќеска лишиле од слобода 23-годишен велешанец, откако управувал мотоцикл без регистарски ознаки на игралиште во Велес. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен во полиција, а за него било објавено и видео на социјалните мрежи. По преземените мерки и проверки, било утврдено дека станува збор за С.Ќ. (23) од Велес. Полицијата констатирала дека младиот велешанец го управувал ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе времена забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека таа е загадена и небезбедна за употреба. Одлуката следува по вонреден инспекциски надзор спроведен во пречистителната станица во селото Вруток, по известување од Основното јавно обвинителство Гостивар, поплаки од граѓани и пријава од Министерството за внатрешни работи. Во контролата, ...
Околу 1.200 граѓани побарале помош во Гостиварската болница, поради симптоми од загадената вода во градот, објави „Фокус“. -Во врска со епидемијата која се шири во Гостивар овие 3-4 дена заради која имаме голем број на пациенти на кои им е дадена медицинска помош во нашата установа, заради која сме направиле и зајакнување на медицинскиот персонал во одделенијата каде има голем број на пациенти. Ве известуваме дека поголемиот број на ...
Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откога ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение – изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески. Одговарајќи на новинарско прашање дали Обвинителството ќе поднесе жалба, Савески рече дека како и во секој друг предмет, најнапред ќе биде разгледано целокупното образложение на судската одлука. – Не ...