Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Во рамките на 47. издание на фестивалот „Скопско лето“, а во соработка и организација на Амбасадата на Република Казахстан, во Паркот на франкофонијата на 17 јули, во 20.30 часот, ќе се одржи настан „Звуците на Големата Степа”. Настанот претставува уникатна вечер посветена на богатото културно наследство на Казахстан преку настапите на етногрупата „Тарланс“ и кореографскиот ансамбл „Ајала“. Публиката ќе има можност да ужива во автентичните ...
Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека синоќа во 19:50 часот евидентирале пријава за напад на ресенчанец од мечка. Од СВР Битола посочуваат дека во ресенското село Курбиново, Н.И.(41) жител на истото село, додека собирал печурки, бил нападнат од мечка. Веднаш по нападот Н.И. бил однесен во Битола по што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница. Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека ...
Инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, вчера попладне постапувајќи по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, презедоа итни мерки и активности на терен во село Вруток, поради сомневање за загадување на водата со која се снабдува градот Гостивар. -Постојат основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на ...
По минхенската ждрепка, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе се натпреваруваат во групата „Ф“, заедно со селекциите на Австрија и Кипар. „Ја започнуваме втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот во месец август. Австрија и Кипар се добри репрезентации, доаѓаат од квалификациите за Светското првенство и ќе видиме што ќе ни донесат овие натпревари. Имаме шест недели до почетокот на подготовките, кои ќе бидат многу важни ...
Додека соларните фарми во кинеските пустини веќе станаа симбол на енергетската транзиција, сега роботите влегуваат во нова мисија: да го претворат песокот во шума. Кина се впушти во нова, футуристичка битка против пустините на северот од земјата со помош на флота автономни роботи на сончева енергија. Ширењето на песокот сè повеќе им се заканува на обработливото земјиште и на локалните заедници, па затоа се бараат решенија што можат да работат ...
Англија од април идната година ќе забрани продажба на енергетски пијалаци со висока содржина на кофеин на лица помлади од 16 години. Со забраната ќе бидат опфатени сите пијалаци што содржат повеќе од 150 милиграми кофеин по литар. Дозволеното количество е еквивалентно на кофеинот во две кафиња или четири кока-коли. Мерката ќе важи за продажба во барови, продавници, преку автомати и онлајн. Некои големи супермаркети на сопствена иницијатива ...
ВМРО-ДПМНЕ денеска побара Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да отвори предмет по допрен глас за работењето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), повикувајќи се на наодите од ревизорскиот извештај за 2024 година. На прес-конференција, потпретседателот на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ, Лазар Банов, изјави дека според Државниот завод за ревизија, во текот на 2024 година биле отпишани повеќе од три милиони денари ...
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека на 15 јули до Европската Унија е доставен документ со целосно исполнети и означени обврски, со што, како што вели, уште еднаш покажавме дека реформскиот процес го водиме одговорно, транспарентно и со јасна посветеност кон исполнување на европската агенда. – Уверен сум дека во динамиката на реализацијата ќе бидеме далеку пред многу други и покрај обидите процесот да биде забавен преку блокирањето на ...
Македонскиот ракометен тим денеска ги дознаа противниците во групната фаза во која ќе бидат дел од „Г“ групата. Во неа за противници ќе ги имаат германскиот Гумерсбах, шпанската Ла Риоха од Шпанија и тимот на Вибжеже Гдањск од Полска. Натпреварите ќе почнат на 29/30 септември и ќе играат шест кола. Од вкупно 32 екипи, пласман во „нокау“ фазата ќе обезбедат двете првопласирани од секоја група. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА Е.ПЕЛИСТЕР 1 коло, ...
Летото е време кога комарците стануваат еден од најголемите проблеми во дворовите и на терасите. Многу луѓе мислат дека тие се размножуваат исклучиво во бари или езера, но експертите предупредуваат дека им треба само малку отстоена вода за да напредуваат. Затоа еден многу обичен предмет што многу луѓе го имаат во својата градина може да стане идеално место за положување јајца. Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC) ...
Општина Илинден продолжува со инвестициите за развој на комуналната инфраструктура, во чии рамки се започнати активности за изградба на препумпен уред за фекална канализација во населеното место Кадино. Станува збор за проект кој е дел од пошироката изградба на фекалната канализациона мрежа во н.м Кадино, при што препумпниот уред ќе биде поврзан со веќе реализираниот крак К4, долг околу 2.500 метри, на кој се изградени 50 шахти и со кој се ...
Дваесет и еден комерцијален аеродром во поранешна Југославија со редовен патнички сообраќај опслужија 13.105.289 патници во периодот јануари-мај годинава. Оваа бројка претставува зголемување од 1.074.294 патници во истиот период минатата година, а Македонија беше најбрзорастечкиот пазар во поранешна Југославија, со додадени 375.766 патници во текот на првите пет месеци од годината – пишува порталот „Екс-ју авиејшн“. Како што посочуваат, ...
„Фолксваген“ и „Кванта енерџи“ развиваат агроволтаичен проект во Полска кој комбинира производство на енергија, сточарство и научни истражувања. Стадо од 100 овци се користи за управување со вегетацијата во голема соларна централа, додека истражувачите од Универзитетот во Познањ го проучуваат влијанието на животните врз биодиверзитетот, квалитетот на почвата, микроклиматските услови и благосостојбата на животните. Иницијативата доаѓа во исто ...
Основниот суд во Гевгелија му изрече доживотна казна затвор на Петар Станковски (40) од Богданци за убиството на неговата мајка, случај кој ја потресе јавноста. Од Судот информираат дека Станковски е прогласен за виновен за кривично дело „убиство на свиреп начин при семејно насилство“. Обвинетиот на судењето признал вина, а притворот му е продолжен до правосилноста на пресудата, која е првостепена. Настанот се случил на 11 јануари 2026 ...
До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде во деновите од викендов кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени – соопшти УХМР. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени. До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена ...
Израелскиот парламент во вторник вечерта го усвои конечното читање на законот за финансирање на партиите и сопственото распуштање, со што го заврши својот четиригодишен мандат, објавија француските медиуми. Шеесет и двајца од 120 пратеници го поддржаа законот, со што официјално заврши мандатот на сегашниот парламент. Изборите се закажани за 27 октомври. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој се бори за нов мандат, учествуваше во ...
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека образованието повторно е еден од главните приоритети на Владата, посочувајќи дека во изминатиот период се реализирани повеќе мерки насочени кон подобрување на условите за учениците и наставниците. На денешната прес-конференција, пратеничката Емилија Ангелова истакна дека втора година по ред учебниците за сите одделенија се обезбедени уште на првиот училишен ден. Според неа, набавени се повеќе од еден милион примероци ...
Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе. Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може да гласа на полесен начин. Токму ова, коалицијата на СДС, Левица и ДУИ ...
По пријава за незаконска интервенција во водоводната мрежа на подрачјето на општина Гостивар, полицијата спроведува истражни мерки. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, потврди дека по наредба на јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. – Поради сомнение за сторено кривично дело „загадување на вода за пиење“, предвидено и казниво по член 219 од Кривичниот законик во расчистувањето на овој случај вклучена е ...
Мик Џегер ја гледа вештачката интелигенција како само уште една алатка за создавање музика, ако се користи за создавање нешто оригинално. Фронтменот на „Ролинг Стоунс“ не сака вештачката интелигенција да го имитира, ниту пак сака луѓето да создаваат нешто што звучи точно како „Ролинг Стоунс“. Тој го смета тоа за очигледно погрешно. Но, тој не е против користењето на вештачката интелигенција во процесот на создавање музика, сè додека таа ...
За шест месеци од оваа година, полската полиција доби 180 пријави за вербални и физички напади врз Украинците што живеат во Полска, што е за 30 проценти повеќе отколку во истиот период во 2025 година, објавија денеска полските медиуми. Вицепремиерот и министер за надворешни работи Радослав Шикорски апелираше до Полјаците, а пред сè до опозицијата, да разберат дека говорот на омраза секогаш се претвора во физичко насилство. Зголемените тензии ...
Кина денеска ги отфрли како „чисти измислици“ изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во своето последно обраќање до нацијата повторно ги покрена обвинувањата за мешање во претседателските избори во САД во 2020 година. Трамп синоќа го обвини Пекинг за нелегално добивање на 220 милиони записи од гласачи во САД, вклучувајќи имиња, адреси и други информации што се користат за регистрација за гласање, и за обид за „местење“ на ...
Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. -Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во ...
Исправноста на водата за пиење во градскиот водовод во Гостивар се проверува со вонредни контроли за да утврди дали има поврзаност со зголемениот број на пациенти со дигестивни проблеми. Во меѓувреме, од ОЈО на новинарско прашање одговорија дека за незаконска интервенција во водоводната мрежа, по наредба на јавен обвинител се преземаат дејствија по поднесена пријава во однос на квалитетот на водата за пиење. По појавата на зголемен број на ...
Финалето на Светското првенство во фудбал меѓу селекциите на Шпанија и Аргентина се игра во недела на 19.јули во Њујорк со почеток во 21 часот. Стадионот во Њу Џерси е со капацитет од 82.566 седишта. На стадионот се прават последните подготовки за се’ да биде совршено за големата завршница на Мундијалот. Средување на теренот, означување на соблекувалните во боите на двете репрезентации, како и на целиот стадион, се одвиваат со полна пареа. ...
Најмалку 13 лица загинале во руски и украински напади врз цивилни подрачја во градови и населени места, соопштија локални власти на двете држави. Во руски напад со наведувани бомби врз југоисточниот украински град Запорожје загинале три лица, а 15 биле повредени, изјави регионалниот гувернер Иван Федоров. Објавени се снимки што покажуваат пожарникари како ги гаснат последиците од нападот и спасувачки екипи кои пребаруваат урнатини од оштетени ...
Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, предложи мировната мисија на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) чиј мандат наскоро истекува, да биде заменета со сили на Европската унија, со цел да се спречи создавање безбедносен вакуум. „Би требало во рамки на Европската унија да ја разгледаме дали можеме со европски мандат да спречиме настанување безбедносен вакуум по завршувањето на мисијата УНИФИЛ“, изјави Вадефул во интервју за ...
Турското обвинителство побара доживотни и и дополнителни казни затвор во времетраење до 37 години за 14 лица обвинети за априлскиот оружен напад пред Израелскиот конзулат во Истанбул. Според вчера објавеното обвинение, учесниците во инцидентот се товарат за извршени кривични дела обид за убиство, обид за уривање на уставниот поредок, членство во вооружена терористичка организација и нелегално поседување огнено оружје и муниција. ...
На 38. Поетска ноќ во Велестово ќе настапат дваесетина поети, музичари и уметници од шест земји (Ирска, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија). Програмата ќе започне на 21 август во 21 часот во Велестово со поетскиот портрет на Јовица Ивановски, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што ќе следува „Имаго“ ‒ интернационално поетско читање, на кое ќе настапат поетите од странство. Истата вечер, од 22:30 ...
Финалето на Светското фудбалско првенство во кое в недела во Њу Џерси ќе играат Аргентина и Шпанија ќе биде само втор официјален натпревар меѓу двете репрезентации во историјата. Единствениот натпревар досега беше одигран во Бирмингем во групната фаза на Светското првенство во 1966 година, кога Аргентина победи со 2-1. Аргентинците и Шпанците одиграа 13 пријателски натпревари, на кои Аргентина победи шест пати, Шпанија пет пати, а два ...