Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Трката за ГН на Белгија донесе возбудувања не само на патеката, туку и во боксот на Ферари, каде што за малку беше избегната сериозна несреќа. Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон при влегувањето во боксот за промена на пневматиците удри еден од механичарите на тимот. Инцидентот се случил во моментите кога болидот пристигнувал на сервисирање. Во услови на огромен временски притисок, дошло до контакт меѓу болидот и механичарот, кој ја ...
Македонскиот ракометен шампион Вардар покрај обврските во домашното првенство и Куп, како и настап во Лигата на шампионите, Вардар ќе игра и во регионалната ракометна лига. Тренерот Иван Чупиќ првата прозивка ќе ја направи за седум дена (27 јули) за кога е најавен првиот тренинг и средбата со медиумите. Физичката подготвеност ќе се спрема во Маврово, а потоа следува и првиот настап и проверка на сработеното каде вардарци го потврдија своето ...
Поранешниот британски премиер Кир Стармер оставката му ја предаде на кралот Чарлс III, кој потоа го именува новиот лидер на лабуристите Ендру Барнам за премиер. Како што соопшти Бакингемската палата, кралот Чарлс III побара од Барнам да формира нова влада. На Барнам за неговото именување му честитаа претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, ирскиот премиер Михаел Мартин и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Поранешниот британски ...
Во рамките на процесот на лиценцирање за натпреварувачката сезона 2026/2027, Кошаркарската федерација на Македонија за првпат воведе систем на лиценцирање кој, покрај организациските и техничките критериуми, предвидува и задолжително исполнување на критериумите за финансиска дисциплина. Сите клубови беа навремено и писмено информирани за условите, роковите и обврските кои произлегуваат од Правилникот за лиценцирање. Дополнително, федерацијата ...
Освојувањето на светската титула донесе голема промена и на најновата ФИФА ранг-листа откако новиот светски шампион Шпанија е и нов број еден откако ја презеде лидерската позиција од Аргентина. Шпанија сега е првопласирана со 1.995 бодови, додека актуелниот вицешампион Аргентина падна на второто место со 1.970 бодови. Франција ја задржа третата позиција, пред Англија која останува четврта на светот. Бразил се искачи на петтото место и го ...
Македонските фудбалски клубови Вардар и Шкендија ги добија своите можни противнници во третото коло од квалификациите во Конференциската лига каде оваа фаза ќе се игра на 6 и на 13 август. ФК Вардар го игра првиот меч со Рига од второто квалификациско коло, ако го елиминира летонскиот тим во третото коло ќе игра со победникот помеѓу Атерт Бисен од Луксембург или ЕТО Ѓер од Унгарија. ФК Шкендија, која во второто коло игра со Браво од ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и неговата сопруга Уша Венс четвртипат станаа родители. Алек нил Венс е роден вчера. – Уша и бебето се среќни и здрави, а нашите деца се пресреќни што ќе го запознаат својот мал брат, објави Ди Венс на платформата Икс, упатувајќи благодарност до лекарите. Двојката се во брак од 2014 година. Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и неговата сопруга Уша Венс четвртипат станаа родители. Алек нил Венс е ...
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, по повод 52-годишнината од турската инвазија врз Кипар во 1974 година, изјави дека Анкара ќе продолжи да ги поддржува кипарските Турци и да им оддава почит на паднатите турски војници. – На 52-годишнината од мировната операција на Кипар, им оддавам почит со љубов на нашите херојски маченици и со благодарност на нашите ветерани. Им упатувам искрени честитки на кипарските Турци за нивниот Ден на ...
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Чешката Република во земјава Јарослав Лудва, чиј мандат наскоро завршува. Претседателот Гаши, во името на пратениците и во свое име, му се заблагодари на амбасадорот Лудва за посветеноста и ангажманот за унапредување на односите меѓу Македонија и Чешката Република и за продлабочување на меѓусебното пријателство и соработка. Тој ...
На крајот, по долго, тензично и на моменти хаотично финале, фудбалската логика ја победи фудбалската лудост. Шпанија, со својата препознатлива игра заснована на додавања, висок пресинг, постојано движење и прецизно позиционирање, ја совлада Аргентина со 1:0 по продолженијата и по вторпат во својата историја стана светски шампион. Човек на одлука беше Феран Торес. Напаѓачот на Барселона во 106. минута ја заврши прекрасната колективна акција на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека последните американски напади извршени „во чест“ на тројцата загинати американски војници, „жестоко“ го погодија Иран. Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) потврди дека деветта ноќ по ред нападнати се ирански воени објекти и комуникациски мрежи, со цел дополнително да се ослаби способноста на Техеран да напаѓа бродови во Ормуска Теснина. Иранската новинска агенција Тасним јави дека во ...
Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на Мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена силната и континуирана соработка меѓу Министерството за правда и САД како стратешки партнер во спроведувањето на реформите во правосудството. На средбата се разговараше за клучните приоритети на Министерството за правда, со акцент на реформите во ...
Според информации до кои дојдове КУРИР, во тек е координирана акција на надлежните институции во врска со случајот со загадувањето на водата за пиење во Гостивар. Како што дознаваме, приведени се по итна постапка на три лица од ЈП „Комуналец“ – Гостивар: вршителот на должност директорот Аратана Асани, раководителот на Одделението за водовод Вадедин Дервиши и техничкиот директор Леон Нуредини. Според истите информации, активностите се ...
Во 15 часот попладнево ќе почне средбата со производителите, трговците и дистрибутерите во Министерство за економија. Како што изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески, на средбата уште еднаш ќе биде испратена пораката дека не смее да се профитира на грбот на граѓаните. Нема да се толерира некоректно однесување во однос на цените. Ако се констатира непазарно однесување и енормно зголемувања на цените, не е исклучено да се ...
Постапувањето на Јавното обвинителство во следниот период треба да биде брзо и експидитивно. Колку што е важно навременото постапување од страна на надлежните институции, толку е важно и утврдувањето на одговорност со цел никогаш повеќе да не се случуваат вакви состојби, изјави денеска владината портпаролка Марија Митева во однос на случувањата во Гостивар каде е прогласена епидемија по зголемениот број на пациенти со стимачни тегоби. Митева ...
Резултатите за водата во Гостивар направени од Институтот за јавно здравје во текот на денот ќе бидат испратени до Јавното обвинителство, соопшти директорката на ИЈЗ Марија Андоновска на прес-конференцијата во Владата. – Не е важно само да се одреди причината, туку што е најважно да се утврди одговорноста. Никој не смее да го загрозува здравјето на граѓаните. Како Институт продолжуваме да ја следиме епидемиолошката ситуација, рече Андоновска. ...
Собраниската комисија за еднакви можности на жените и мажите го одржа второто продолжение на надзорната расправа на тема: „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт.“ Свои искази дадоа сведоците: Верица ...
Според информации до кои дојдове КУРИР, во тек е координирана акција на надлежните институции во врска со случајот со загадувањето на водата за пиење во Гостивар. Како што дознаваме, приведени се по итна постапка на три лица од ЈП „Комуналец“ – Гостивар: вршителот на должност директорот Аратана Асани, раководителот на Одделението за водовод Вадедин Дервиши и техничкиот директор Леон Нуредини. Според истите информации, активностите се ...
Градоначалничката на јапонскиот град Јавате, Шоко Кавата е прва жена, која извршува локална функција, а користи породилно отсуство. Согласно јапонските закони, на вработените жени во градската управа им се загарантирани 16 недели породилно отсуство, но не постоеше протокол за градоначалничките. – Се изненадив кога дознав дека сум прва градоначалничка. која користи породилно отсуство. Тоа покажува дека досега немало многу млади жени, па ни ...
Министерот за здравство Роберт Кенеди Јуниор има нов рецепт како Американците да бидат повторно здрави. Владата ќе им понуди иницијативи за да ги научи како самите да готват, ќе организира курсеви и едукативни кујни и ќе им нуди рецепти за брзо подготвување оброци со здрави состојки наместо да се дебелат со ултрапреработена брза храна. Според најавите на Кенеди, студентите по медицина ќе посетуваат часови по готвење, а потоа ќе излегуваат на ...
Десет луѓе загинаа во вчерашниот руски напад врз товарен брод во близина на Одеса, во Црно Море. Товарниот брод, што превезувал пченка, пловел под знамето на Гвинеја Бисао. – Потрагата и спасувачката мисија траеја цела ноќ, а пожарот на бродот е ставен под контрола. Осум членови на екипажот се спасени. За жал загинаа десет луѓе меѓу кои и пилот на Управата за украински морски пристаништа, соопшти Управата. Украинските власти наведоа дека ...
До петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти УХМР. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне. Во Скопје, до петок ќе биде променливо ...
Во ниту еден момент немало криење на информации од Министерството за здравство за состојбата во Гостивар, изјави денеска миинистерот за здравство Сашо Клековски. – Јас бев првиот што во саботата информирав дека првите случаи се регистрирани на 13 јули. Министерството за здравство и јас ќе продолжиме транспаретно да ги соопштуваме податоците бидјеќи немаме што да криеме, рече Клековски на денешната прес-конференција во Владата. Првата службена ...
На новинарско прашање околу преземањето на одговорност за настаната состојба, градоначалникот Баљбон Лимани напомна дека не чувствува морална одговорност и дека како мерка ја суспендирал директорката на ЈП Комуналец и дел од раководството што е одговорно за водоводот. – Сум во контакт со директорката на ЈП „Комуналец“ и раководството. Тие моментално се суспендирани од тие функции. Денес ги очекуваме резултатите и врз основа на тоа ќе ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со украинската амбасадорка во Република Македонија, Лариса Дир. На средбата беше потврдена традиционално добрата и пријателска соработка меѓу двете држави и подготвеноста за нејзино понатамошно продлабочување. Разговорот беше посветен на состојбата во Украина, парламентарната соработка и можностите за натамошно зајакнување на билатералните односи. Претседателот Гаши ја потврди ...
Извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за анализите на водата во Гостивар, според неофицијални информации до кои дојде КУРИР, покажува дека во два од четирите испитани примероци се пронајдени фекални колиформни бактерии, додека во еден примерок е утврдено и зголемено присуство на хлор. Доколку овие информации бидат официјално потврдени од надлежните институции, тие би можеле да укажуваат на сериозни пропусти во управувањето со ...
Владата, преку Министерството за транспорт инвестира околу 9 милиони евра во инфраструктурниот развој на Велес, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски престојуваше во работна посета на општина Велес, каде со градоначалникот Марко Колев направија увид на бројни проекти што се реализираат со поддршка на Владата и Министерството. „Со гордост ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ја посети Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, каде изврши увид во градежните активности за целосно внатрешно реновирање на еден од објектите за сместување на припадниците на Армијата. Според Мисајловски, станува збор за инвестиција вредна околу 11 милиони денари, со која значително ќе се подобрат условите за работа и престој на припадниците на ...
На Армискиот полигон „Криволак“, денес ќе се реализираат активности од вежбата „Neptune Strike 26-03“ каде ќе учествуваат воздухоплови на земји-членки на НАТО, кои ќе бидат наведувани од два тима за наведување на борбена авијација (JTAC) од вооружените сили на Обединетото Кралство и македонската армија. Вежбата „Neptune Strike 26-3“ се реализира од 17 до 23 јули 2026 година и обединува сојузнички поморски, воздушни, копнени и мултинационални ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува солиден раст на БДП, реализација на капиталните инвестиции и начинот на кој, и покрај предизвиците и надворешните фактори, ја консолидираат македонската економија. Верува дека доаѓа времето кога граѓаните ќе ги почувствуваат резултатите од целата работа. Вели дека повторно има воени дејства од големи размери во Персискиот Залив и повторен раст на цените на нафтата и нафтените деривати на светските берзи, ...