Денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор до 18 часот, од кои еден е активен, два се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во Општина Старо Нагоричане, на атарот меѓу селата Степанце и Добрача, каде што гори сува трева и ниска шума. Под контрола се два пожара и тоа во Општина Василево, кај селото Доброшинци, каде што ...

Денеска (20.07.2026) во 08:40 часот на автопат Велес-Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишен од слобода е возач на товарно возило “волво” со прилепски регистарски ознаки, кој вршел вонгабаритен превоз на работна машина (дигалка со ширина 275 см) без одобрение за вонреден превоз а при извршен алкотест утврдено е присуство на алкохол ...

Министерот за правда Јетон Шасивари и заменик на министерот за правда, Ален Деребан остварија работна средба со претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, како и со судиите-поротници, на која се разговараше за нивните барања и предизвиците со кои се соочуваат во вршењето на својата функција, со посебен акцент на висината на надоместоците. На средбата беше истакнато дека судиите-поротници имаат значајна улога во ...

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец, тренер и селектор Кевин Киген почина на 75-годишна возраст, по тешко боледување, јавија денеска британските медиуми. Во јануари оваа година на Киген му беше дијагностициран рак, а во јуни беше обелоденето дека болеста е во четвртиот стадиум. „Со огромна тага објавуваме дека Кевин Киген почина на 75-годишна возраст. Поранешниот фудбалер и селектор на Англија се бореше со рак и беше опкружен со ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,88% во однос на одлуката од 13.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 9,003%, кај дизелот за ...

Владата, на денешната седница, донесе Одлука со која се определува видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата. Намалувањето на акцизите на бензинот и дизелот, како навремена мерка е насочена кон ублажување на последиците од растот на цените на светските берзи и заштита на животниот стандард на граѓаните. Во изминатиот период е евидентен висок просек на котациите на суровата нафта и нафтените деривати на ...

Бројот на случаи во кои интернет-предатори ги принудуваат децата и тинејџерите да создаваат експлицитни фотографии и видеоснимки, како и да се самоповредуваат или да повредуваат други лица, нагло се зголеми низ светот во текот на изминатата година, предупредуваат експерти за заштита на децата и претставници на полициските служби. Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца на САД соопшти дека во текот на 2025 година примил повеќе од ...

Владата на денешната вонредна седница донесе Одлука за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, со што се овозможува намалување на акцизата на нафтените деривати, а со тоа и намалување на цените на бензинот и дизелот, информираше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на својот Фејсбук-профил, посочувајќи дека Владата продолжува со проактивен пристап во ...

Продолжуваат активностите за асфалтирање улици и патишта во Општина Битола. Денеска градежната оператива го асфалтираше коловозот на локалниот пат во селото Раштани. Се работи за три краци со вкупна должина од околу 500 метри. Увид во асфалтирањето изврши градоначалникот на Битола Тони Коњановски со одговорните лица за проектот. Вредноста на договорот е 9.807.930 денари, а се средства од вториот владин повик преку Министерството за транспорт ...

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.М.(41) и Ј.Р.(34), двајцатa од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“ по член 186 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека на 17.07.2026 околу 21:45 часот покрај патот Горно Лисиче- Долно Лисиче со употреба на ...

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на Република Македонија, Жаклина Пешевска и пратеничката и членка на Комисијата Лидија Петкоска, на покана на претседателката на Одборот за рамноправност на Парламентот на Црна Гора, Јеленка Андриќ, учествувале на деветнаесеттата седница на Женскиот парламент, што се одржа во Подгорица по повод одбележувањето на 25-годишнината од основањето на Одборот за ...

По повод престојната посета на претседателката на Индија на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните на Охрид дека од денеска до 22 јули 2026 година кога индиската претседателка ќе престојува во Охрид, ќе се преземаат засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај. -Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците и други објекти за што се веќе остварени контакти со службите ...

Македонската риболовна федерација го објави промо видеото како организатор на 26. Светско првенство во крапски риболов, кое ќе се одржи од 2 до 5 септември 2026 година на прекрасното Мавровско Езеро, во срцето на мавровско-гостиварскиот регион. Настанот се организира во партнерство со Националниот парк Маврово и Општина Маврово и Ростуше, а ќе собере повеќе од 30 држави и најдобрите светски натпреварувачи во крапски риболов. „Македонската ...

Без вода за пиење во текот на утрешниот ден ќе останат корисниците од улиците „Аминта Трети“, „Антоние Грубишиќ“, „Пиринска“ и „Чедомир Миндеровиќ“, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по информации добиени од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе било прекинато од девет часот, а како причина е наведен уличен дефект. Без вода за пиење во текот на утрешниот ден ќе останат ...

ц континуирано ја следи епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар и согласно последните податоци од јавните здравствени установи информираме дека од вчерашниот ден се забележува почетно намалување на бројот на новопрегледани пациенти со симптоми на гастроентероколит, односно пациенти кои првпат побарале лекарска помош. Кумулативно, во Општа болница Гостивар досега се евидентирани 1.554 пациенти, а во Здравствен дом Гостивар 1.392 ...

Наместо спортски поздрав од Аргентинците, на теренот настана хаос, откако неколку играчи на оваа селекција влегоа во физички конфликти со фудбалерите на новиот светски шампион. Во метежот беа вклучени голем број играчи од двете селекции, како и членови на стручните штабови. ФИФА веќе потврди дека ги разгледува случувањата и собира докази за да започне официјална дисциплинска постапка. Според најавите, дел од аргентинските претставници би ...

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со директорот на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), Алберт Хани, на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на соработката во борбата против корупцијата и за унапредување на реформските процеси. Во разговорите беше истакната важноста од активното учество на Република Северна Македонија во работата на РАИ и од натамошно зајакнување на регионалната ...

Археолошкото одделение при НУ Музеј Куманово успешно ги заврши годинашните археолошки истражувања на локалитетот „Градиште“ во Младо Нагоричане. Истражувањата беа реализирани под раководство на Дејан Ѓеорѓиевски, кустос советник – археолог и раководител на проектот, а беа насочени кон секторот „Долна тераса“, каде што во претходните години беа откриени конструкции од 4 век пр.н.е., всечени во карпа, како и камени тумулоидни конструкции ...

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денеска престојуваше во работна посета на Општина Кочани, каде со градоначалникот Владко Грозданов разговараше за реализацијата на инфраструктурните проекти, регионалниот развој, прекуграничната соработка и идните инвестиции. На средбата беше направен преглед на реализацијата на најзначајните капитални проекти. Во изјавата по средбата, градоначалникот Грозданов соопшти дека изградбата на ...

Шпанскиот фудбалер Алехандро Баена Родригез, попознат како Алекс Баена, оствари единствено достигнување во историјата на фудбалот. Баена стана првиот играч што во кариерата ги освоил титулите на Светското првенство, Европското првенство и Олимписките игри. „Светски шампион. Европски шампион. Освојувач на олимписки златен медал. Единствениот во целата историја на фудбалот. Алехандро Баена Родригез“, објави неговиот клуб Атлетико Мадрид. ...

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски денеска одржаа работен состанок со претставници на производителите и дистрибутерите, на кој беа презентирани резултатите од најновата анализа на движењето на набавните и продажните цени и бруто-профитните маржи кај најмалку 700 производи. На состанокот беше упатено јасно предупредување до сите економски оператори дека Министерството за ...

По повеќегодишен застој предизвикан од нерешени имотно-правни односи, изградбата на клучката „Момин Поток“ денес се одвива со засилена динамика. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека веднаш по преземањето на функцијата биле преземени конкретни чекори за надминување на долгогодишните пречки и за продолжување на реализацијата на овој исклучително значаен инфраструктурен проект. „Уште од првиот ден силно се заложивме да ги ...

Дресот што Пеле го носеше во финалето на Светското првенство во 1958 година е продаден за 4,9 милиони долари на аукција на куќата „Сотбис“ во Њујорк. Станува збор за вториот најскап фудбалски дрес продаден на аукција. Пред него е само дресот што Диего Марадона го носеше против Англија на Мундијалот во 1986 година, кога го постигна прочуениот гол со „Божјата рака“. Тој дрес во 2022 година беше продаден за околу 9,3 милиони долари. За дресот на ...

Со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“, Собранието денеска ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври. Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Македонија. Со донесената ...

Никола Василевски е нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром. Станува збор за 23-годишен бек, висок 190 сантиметри, кој зад себе веќе има и настапи за сениорската репрезентација на Македонија. Минатата сезона ги бранеше боите на Кожув, а претходно настапуваше за ТФТ и за босанскиот Промо. Пред пет години беше дел и од вторит тим на МЗТ Скопје Уни Банка. Никола Василевски е нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром. Станува збор за 23-годишен бек, ...

За населението во Гостивар каде што е прогласена епидемија денеска ќе бидат обезбедени три шлепери со 76 илјади литри вода, во наредните денови количината ќе се зголемува зависно од потребите, а ако треба ќе бидат вклучени и цистерни со вода, информира денеска на прес-конференција Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, кој ги презентраше и локациите каде ќе се дистрибуира водата. Томовски уверува дека од ...

За надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, каде што е прогласена локална епидемија, Владата од денеска обезбедува по 50.000 литри вода за пиење дневно за населението, а Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги заврши анализите, кои во текот на денот ќе ги предаде на Јавното обвинителство. Дистрибуцијата на водата се реализира преку Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР). Директорот на институцијата, Ивица ...

Аргентина не успеа да ја одбрани титулата светски шампион бидејќи загуби од Шпанија со 1:0 во финалето. Натпреварот беше проследен со церемонија на доделување медали, а видео кое стана вирално го покажува Ромеро како се ракува со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум. Двајцата стоеја до Доналд Трамп, но аргентинскиот одбранбен играч само помина покрај американскиот претседател, гледајќи право ...

Во просториите на Министерството за социјална политика, демографија и млади, денес се одржа состанок на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска конвенција). Со состанокот претседаваше министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, а присуствуваше и министерот за внатрешни работи, Панче ...

На покана на организацијата Занаетчиската комора – Скопје, заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денес во комората ги презентираше активните мерки од Оперативниот план за вработување за 2026 година. Во моментов активни се два јавни повици од Оперативниот план, првиот е за подмерката „Вработување и раст на правни субјекти“, додека втората е „Обука на работно место кај конкретен работодавач“. – Мерката „Обука на работно место ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
7.2
32%
1019
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
6.7
37%
1022
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
38%
1023
weather icon

Софија

26ᴼ / 24ᴼ
1.03
38%
1020
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
6.3
37%
1018
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
0.5
64%
1024
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
5.66
35%
1014
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
1.03
21%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
5.26
32%
1018
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
5.14
44%
1022
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
1.34
35%
1024
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.69
93%
1017
Currency

61.5217

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Иридиум

252383.36

Сребро

2099.49

Паладиум

43596.41

Кобалт

56.29

Калај

55.56

Злато

141562.95

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Платина

56263.81

Бакар

13.39

Алуминиум

3.36

Родиум

278907.73