Србија се соочува со загуба до 1,5 милијарда евра од фондовите на Европската Унија, додека Европската комисија ја разгледува можноста за суспендирање на финансирањето поради демократското назадување на земјата и блиските врски со Русија, пишува Нова.рс. Како што пренесува српскиот медиум повикувајќи се на текст на бриселски „Политико“, иако Србија не е членка на ЕУ, од почетокот на преговорите за пристапување во 2014 година, земјата има ...

Вработените во Белата куќа биле предупредени минатиот месец да не користат привилегирани информации за да имаат финансиски добивки од обложување на таканаречените пазари за предвидување. Е-маил бил испратена на 24 март, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави петдневно одложување на неговата закана за напад врз енергетските објекти и инфраструктурата на Иран. Во мејлот се споменуваат медиумски извештаи кои изразија ...

Иранската државна телевизија објави писмена порака која му се препишува на новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, во која вели дека управувањето со Ормускиот Теснец влегува во нова фаза и дека Техеран ќе бара надомест за сите воени штети. Во пораката објавена по повод 40 дена од смртта на неговиот татко и претходник ајатолахот Али Хамнеи, тој вели дека Иран не сака војна, но дека нема да се откажат од своите права и дека ги ...

Иранска делегација пристигна во Исламабад на посредни разговори со САД, предводена од министерот за надворешни работи Абас Аракчи и претседателот на парламентот Мохамед Бакер Калибаф, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Сепак, полуофицијалната иранска новинска агенција „Тасним“ соопшти дека веста за пристигнувањето на ирански претставници во Исламабад на разговори со САД е „целосно лажна“. Слични ...

Балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) по подолг период повторно е фотографиран во Националниот парк „Шебеник” од страна на вработените во Управата за заштитени подрачја во Елбасан. Националната агенција за заштитени подрачја објави дека преку поставените камери, идентификација на траги на терен и континуирани набљудувања од страна на специјалисти, било можно да се фотографира и документира, со што се потврдува неговото присуство во ...

Нападите врз енергетските постројки во Саудиска Арабија го намалија капацитетот за производство на нафта за околу 600.000 барели дневно, а пропусниот капацитет на гасоводот Исток-Запад за околу 700.000 барели дневно, објавија државните саудиски медиуми, повикувајќи се на официјален извор во саудиското Министерство за енергетика. Од почетокот на американско-израелската војна со Иран, Саудиска Арабија беше нападната од стотици ирански ракети и ...

Системот за влез во Европската унија (EES – Entry/Exit System) од денеска треба да стане целосно оперативен и да ги регистрира сите странски државјани што ќе ги преминуваат надворешните граница на ЕУ преку кој било копнен премин, пристаниште или аеродром. Со системот што почна да се применува делумно од 12 октомври лани, на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјаните ...

Цените на горивата низ Европа нагло пораснаа по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток, што доведе до тоа цената на суровата нафта Брент да надмине 100 долари за барел. Заедничкиот напад на САД и Израел врз Иран кон крајот на февруари предизвика пораст што директно се одрази на малопродажните цени. Оттогаш, цените на бензинот во Европската Унија скокнаа за околу 15 проценти, додека дизелот се зголеми за дури 30 проценти, објавува Euronews. ...

Јавниот автобуски превоз во Скопје за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје. -По повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 10 до 13 април, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Во сабота, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време: билетарите што работат во една смена ќе бидат достапни од 08:00 до 13:00 ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја искажа својата фрустрација кон сојузниците од НАТО за време на бурната средба со генералниот секретар Марк Руте во среда и посочи дека размислува за одмазда за недостатокот на поддршка во војната со Иран. Долго планираната посета на Руте на Белата куќа се претвори во кризна мисија откако Трамп постојано се закануваше дека ќе ја напушти алијансата затоа што земји како Шпанија и Франција одбија да го ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 3 до 7, а максималните ќе достигнат од 12 до 19 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 2, а максималните ќе достигнат до 17 степени. Следува период на ...

Не може да има една комисија за кандидати Македонци и друга за кандидати Албанци. Тоа е невозможно. Компаративните искуства покажуваат дека тоа може да доведе до опасност“, рече Сиљановска-Давкова Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека иницијативата правосудниот испит да се полага и на албански јазик отвора сериозни прашања за функционирањето на правниот систем. Во гостување во емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21, таа рече ...

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостување на 24 Анализа, обвини дека владата не презела навремени мерки за заштита на економијата и стандардот на граѓаните, а сега нема капацитет да се справи со ценовните шокови и кризата. „Она што ме чуди е како една демохристијанска партија како ВМРО-ДПМНЕ пред Велигден им вика на своите граѓани: ’Ај да видиме, ај да ве ставиме во искушение, дали ќе издржите и овој Велигден со ценовен шок, па после ...

Поранешниот премиер и екс-лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ, упати остра критика до актуелната власт во однос на справувањето со ценовните шокови. Според него, граѓаните веќе се соочуваат со „европски цени“ на велигденската трпеза, додека инфлацијата директно го јаде семејниот буџет. Како што вели мерките донесени од Владата се задоцнети и недоволни за да го спречат растот на цените. Тој посочи дека ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е „прилично оптимистичен“ во пресрет на клучните преговори со Иран што викендов треба да се одржат во Пакистан. – На состаноците тие зборуваат многу поинаку отколку пред медиумите. Се однесуваат многу поразумно – изјави Трамп во телефонски разговор за Ен-Би-Си Њуз, мислејќи на иранските претставници. – Тие прифаќаат сè што треба да прифатат. Не заборавајте дека беа поразени – додаде ...

Британската полиција планира, во рамки на истрагата против поранешниот британски амбасадор во САД, лорд Питер Манделсон поради неговите врски со Џефри Епстин, да испита како сведоци повеќе истакнати личности од британската политичка сцена, пишува денеска „Политико“, повикувајќи се на свои извори. Според неименуван извор, сослушувањата на сведоците би можеле да почнат во рок од неколку недели. Лондонската Метрополитен полиција е подготвена да ...

Идејата за приклучување на Украина кон НАТО во моментов не е на дневен ред, но западните сојузници ќе настојуваат на Киев да му обезбедат сигурни безбедносни гаранции, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте. Според него, во рамки на потенцијалниот мировен аранжман не се води расправа за формално членство на Украина во Северноатлантската алијанса, туку фокусот е ставен на моделите кои би обезбедиле долгорочна безбедност на ...

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, денеска изјави дека тој претставува горда нација која тежи кон одржување на глобалниот поредок и му порача на американскиот претседател Доналд Трамп дека таа земја „не е некое парче мраз“. – Ние не сме некое парче мраз. Ние сме горда популација од 57.000 луѓе кои секој ден работат како примерни граѓани на светот со целосно почитување кон сите наши сојузници – рече Нилсен по повод изјавата на Трамп ...

Пратеник на Хезболах изјави дека движењето категорично ги отфрла сите директни преговори меѓу Либан и Израел, по најавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за отворање разговори со Бејрут. „Повторуваме дека ги отфрламе сите преговори меѓу Либан и израелскиот непријател, како и потребата да се почитуваат националните принципи, пред сè повлекувањето на Израел, прекинот на непријателствата и враќањето на жителите во нивните села и ...

Првата дама на САД Меланија Трамп денеска негираше каква било поврзаност со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин и какво било знаење за неговите кривични дела, оценувајќи дека обвинувањата се „целосно невистинити“. Во изјава од Белата куќа, таа ги отфрли тврдењата на интернет дека на некаков начин била поврзана со Епстин, нарекувајќи ги „клевети“. – Лагите што ме поврзуваат со посрамотениот Џефри Епстин мора да завршат денеска. Луѓето ...

Изградбата на автопатската делница Кичево – Охрид веќе не се финансира со пари од заемот на кинеската банка „Ексим“ и инфраструктурниот проект кој се гради речиси деценија и половина ќе биде финализиран со пари од домашните банки. Панорамски поглед од изградбата на автопатот Кичево – Охрид / Фото: Архива Ова денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на Струга во врска со ...

Го намаливме ДДВ-то на горивата најмногу во целиот регион, а потоа интервениравме и со акцизата што позитивно влијаеше, имајќи предвид дека целокупната инфлација споредено март годинава, со март минатата година е само 0,7 проценти, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, најавувајќи дека во вторник на седница на Влада ќе се разгледуваат мерки за, како што рече „одредени шпекулативни однесувања кај прехранбените ...

Зелен Хуман Град реагира на информацијата дека во рамките на стратешкиот дијалог со САД е договорена помош за ископување на антимон. „ВМРО повторно во рударска мисија. Малку е што сме втора најзагадена земја во Европа па Мицкоски поданички сака да дозволи ново труење во име на ,,стратешки дијалог”. Мицкоски сака да дозволи на американска компанија да ископува антимон во стариот рудник Крстов Дол, каде што во 60-тите и 70-тите години од ...

– Судскиот процес против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по обвиненијата за корупција ќе продолжи в недела, на 12 април, соопшти портпаролот на судската власт. Оваа одлука доаѓа само неколку часа по укинувањето на вонредната состојба во Израел, воведена поради војната против Иран. „Со укинувањето на вонредната состојба и продолжувањето на работата на правосудството, рочиштата ќе продолжат според вообичаената процедура“, се наведува во ...

Ново, современо и функционално катче за сите жители на Аеродром – вистинска урбана оаза, вака ја најави пренамената на просторот каде до пред некое време имаше полузаградена игротека во Општина Аеродорм, до „Капитол мол“, градоначалникот Дејан Митески. Денеска тој, заедно со сопственикот на Трговскиот центар „Капитол Мол“, Ајдован Адемоски, извршија увид во градежните активности за уредување на просторот во непосредна близина на трговскиот ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц остро ги критикуваше израелските напади врз Либан, оценувајќи дека тие го загрозуваат постигнатото примирје меѓу САД и Иран. Германскиот лидер изјави дека Берлин со голема загриженост ја следи ситуацијата на Блискиот Исток, откако САД и Иран претходно неделава се договорија за двонеделно примирје, јави ДПА. – Интензитетот со кој Израел ја води војната [во Либан] може да доведе до пропаѓање на целиот мировен ...

Во рамки на договорот за прекин на огнот, Иран ќе дозволи премин на најмногу 15 пловни објекти дневно низ Ормуската Теснина, изјави висок ирански претставник пред почетокот на преговорите меѓу САД и Иран во пакистанската престолнина Исламабад. „Во услови на актуелниот режим на договорот за прекин на огнот, ќе биде дозволено минување на не повеќе од 15 пловни објекти дневно низ Ормуската Теснина. Оваа мерка строго зависи од согласноста на ...

Отвореното писмо од минатата недела, во кое ја истакна важноста на Охридскиот договор и изрази загриженост за последните случувања во земјава меѓу кои и укинувањето на „балансерот“, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го испрати до низа меѓународни лидери и до сите амбасадори на земји членки на ЕУ во земјава. Преку писмото испратено до меѓународниот фактор, како што велат од неговата матична партија, Ахмети бара континуиран ангажман и поддршка од ...

Инцидентот се случил околу 01:30 часот, кога дошло до меѓусебна физичка пресметка меѓу повеќе лица, при што биле употребени ножеви и дрвени предмети. Полицијата привела деветмина учесници во масовната тепачка – млади лица од Прилеп, Битола и Кичево. Тие биле лишени од слобода неколку часа подоцна, околу 03:40 часот, од страна на полициски службеници од ОВР Кичево. По целосно расчистување на случајот против вмешаните во инцидентот ќе ...

Секоја промена во европскиот консензус ќе ѝ даде на Бугарија право да стави вето на членството на Северна Македонија во Европската Унија. Томас Вајц е целосно под туторство на Мицкоски и Муцунски и работи под нивен диктат, изјави бугарскиот европратеник Илија Лазаров, пратеник на ГЕРБ, сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ во коалицијата Европска народна партија во Европскиот парламент. „Вајц во моментов едноставно се преправа дека е интересен ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
66%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 15ᴼ
2.57
72%
1012
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
72%
1016
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.16
78%
1014
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
64%
1013
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
2.24
48%
1018
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
42%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
63%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
46%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
84%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
0.51
59%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.8942

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Сребро

2534.46

Рутениум

51376.89

Калај

52.70

Цинк

0.00

Паладиум

49351.40

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.53

Платина

66744.95

Злато

152465.86

Бакар

12.46

Родиум

319899.93