Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Условите на примирјето меѓу Соединетите Американски Држави и Иран се многу јасни и САД мора да изберат дали сакаат прекин на огнот или не, изјави денес иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи. „Иранско-американските услови се јасни и експлицитни. САД мора да изберат, или ќе има прекин на огнот или продолжување на војната преку Израел. Тие не можат да ги имаат и двете“, напиша Аракчи на својот профил на мрежата Икс. Тој истакна ...
Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад Багер Галибаф, вечерва изјави дека три клучни клаузули од мировниот предлог во десет точки се веќе прекршени пред почетокот на преговорите. Галибаф преку социјалната мрежа „Икс“ појасни дека прекршувањата вклучуваат непочитување на прекинот на огнот во Иран, навлегување на дрон во иранскиот воздушен простор и негирање на правото на Техеран да збогатува ураниум. Според него, во ваква ситуација, ...
– Бахреин го отвори својот воздушен простор неколку часа по објавувањето на прекинот на огнот меѓу САД, Израел и Иран, следејќи ги сличните чекори на Сирија и Ирак. Управата за цивилно воздухопловство на Бахреин соопшти дека повторното отворање доаѓа по привременото затворање кое беше спроведено како мерка на претпазливост поради неодамнешните случувања во регионот. Од таму ја нагласија посветеноста за обезбедување непречен и безбеден ...
Четири лица загинаа во израелски воздушни напади во Појасот Газа вечерва, а меѓу нив е и новинарот на катарската телевизија „Ал Џезира“, Мухамед Вашах, соопштија локалните власти и катарскиот медиум. Нападот во кој загина новинарот и уште еден Палестинец бил насочен кон неговиот автомобил додека се движел по крајбрежниот пат во градот Газа. Израелските власти во февруари 2024 година го обвинија Вашах дека е член на вооруженото крило на ...
Со 61 гласа „за“, ниту еден против или воздржан, Собранието вечерва го усвои Законот за средно полициско училиште по скратена постапка. Средното полициско училиште ќе почне да функционира од 13 мај 2026 година, во рамки на сегашниот Центар за обука во Идризово, односно согласно новиот Закон за внатрешни работи – Полициска академија. Ќе работи по наставни планови и програми утврдени од министерот за образование и наука во согласност со ...
Поранешниот градоначалник на Струмица и поранеше пратеник Костадин Костадинов стапи во брак со неговата избраничка. На својот Инстаграм профил Костадинов објави фотографии од свеченоста која минала во интимна атмосфера. Претходно, Костадинов објави дека тој и неговата сопруга чекаат и машко дете кое ќе го носи името Никола. Поранешниот градоначалник на Струмица и поранеше пратеник Костадин Костадинов стапи во брак со неговата ...
Израелското Министерство за надворешни работи ги оправда денешните масовни напади врз позициите на Хезболах во Либан како неопходност, упатувајќи остри критики до либанската влада. Од министерството наведуваат дека либанските власти „немаат срам што го напаѓаат Израел затоа што го прави токму тоа што тие самите требаше да го направат: да дејствуваат против Хезболах“. И покрај прекинот на огнот во војната со Иран, израелските воздухопловни ...
Иран ја разгледува можноста за повлекување од договореното двонеделно примирје со САД поради континуираните израелски напади во Либан, објави новинската агенција „Фарс“, истакнувајќи дека во знак на протест сообраќајот низ Ормуската Теснина е повторно запрен. Според агенцијата, само два нафтени танкери поминале низ теснината пред сообраќајот повторно да биде суспендиран. Повикувајќи се на информиран извор, „Фарс“ наведува дека Техеран ќе се ...
Здружението на граѓани „16 март 2025“ објави дека Советот на етика во медиумите на Македонија (СЕММ) официјално утврдил дека е основана жалбата на Здружението за објавениот новинарски текст со наслов: „Родителите на настраданите во Кочани бараат парично обесштетување од Владата, сметаат Заев подобро се справил со „Дурмо турс“ и Модуларната во Тетово”, објавен на 09.12.2025 год. на Република.мк, како и дека текстот грубо ги прекршил ...
– По постигнатиот договор за прекин на огнот, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува Вашингтон и Техеран да започнат директни преговори во многу блиска иднина. „Тоа ќе се случи многу скоро“, пренесе „Њујорк пост“ изјава на Трамп од денешното телефонско интервју. Трамп појасни дека од американска страна во преговорите ќе учествуваат неговиот зет Џаред Кушнер и специјалниот пратеник Стив Виткоф, а можно е да се приклучи и ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во хотелот „Хилтон“ приреди ручек по повод претстојниот верски празник Велигден, а на кој, меѓу другите, присуствуваа претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова , поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан, поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Шаќир Фетаи, министри во Владата, пратеници, градоначалници и претставници на медиумите. ...
На денешната собраниска седница, на која беше избран новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, реагираше на партизацијата на клучното тело кое директно одлучува за цената на струјата, горивата и животниот стандард на граѓаните. Ацо Ристов е поранешен градоначалник на Радовиш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека неговата сопруг Данка Ристова е членка на Судскиот совет. Мециновиќ ...
Скопското Основно јавно обвинителство поведе постапка и бара притвор за таткото и неговите двајца синови кои вчера на гробиштата во Бутел нападнаа двајца вработени во погребното претпријатие. Зградата на Јавното обвинителство на РСМ, во кое се наоѓаат и просториите на Основното јавно обвинителство Скопје / Фото: „360 степени“ (Архива) Како што соопшти попладнево од Јавното обвинителство на РС Македонија, тие ќе се гонат за кривичното дело ...
Македонската женска ракометна репрезентација загуби вечерва на домашен терен од Германија со 35-27 во рамки на петтото коло од групата 3 во квалификациите за пласман на Европското првенство. За македонските ракометарки ова беше четврти пораз во квалификациската група во која се третопласирани пред вечерашниот дуел меѓу Белгија и Словенија. Во случај на победа на гостинската репрезентација, Македонија ќе ја чека разврската од последното коло ...
Демонстранти во Ирска, незадоволни од високите цени на горивата, со камиони и трактори денеска блокираа главни патишта и автопати низ земјата. Протестите започнаа вчера, кога возачи се собраа во центарот на Даблин и во други градови, оценувајќи дека владината мерка од 250 милиони евра за привремено намалување на акцизите не е доволна по растот на цените на нафтата предизвикан од конфликтите на Блискиот Исток. – Со овие цени на горивото, ...
Британската компанија „Шел“ очекува значително зголемување на профитот од тргување со енергенси во првиот квартал од 2026 година, поттикнато од силните пазарни осцилации поради војната меѓу САД и Иран. Компанијата соопшти дека приходите од трговскиот сегмент, особено во хемискиот и нафтениот бизнис, ќе бидат „значително повисоки“ поради растот на цените и зголемената волатилност на пазарите, пренесува „Гардијан“. Се очекува особено ...
Американскиот претседател Доналд Трамп за телевизијата Пи-Би-Ес изјави дека договорот за прекин на огнот меѓу САД и Иран не се однесува на израелските воени операции во Либан. Поради Хезболах, Либан „не е вклучен во договорот“, рече Трамп, нагласувајќи дека тоа е „одвоен конфликт“. Во меѓувреме, Израел денеска изврши најжестоки бомбардирања врз Либан од почетокот на војната. Според Министерството за здравство, загинале 112 лица, а 722 се ...
Близу половина од земјите во светот ги зголемиле воените буџети во последните години, но таквите трошоци немаат цврста основа за долгорочен економски раст, се наведува во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд. Според анализата, зголемувањето на воените расходи може краткорочно да ја поттикне приватната потрошувачка и инвестициите и да донесе умерен раст на среден рок, главно поради акумулација на капитал и повисока ...
Односите со Албанија се одлични и ќе останат такви. Но дали вашиот претседател Таравари со скандалот “Ѓока” барал помош од премиерот Еди Рама, па бил упатен да бара помош од Али Ахмети и со тоа Ве паркираа во коалиција со ДУИ, тоа е прашањето на кое треба Вие да одговорите, му порача вицепремиерот Николоски, на пратеникот Халил Снопче, на седницата за пратенички прашања. Вицепремиерот Николоски, од собраниската говорница потенцира дека ...
„Не гледам дека во блиска иднина ќе има промени во политиките за проширување на ЕУ“, изјави поранешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски. Во обраќање на дебатата „Навигација на европскиот пат: можности и предизвици“, Пендаровски порача дека војната во Украина е катализатор за европската безбедност и за нејзината надворешна политика, вклучително и проширувањето, но дека ЕУ не успеа да постави нови стандарди на тој план. Кристоф ...
Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, остро го критикуваше претседателот Доналд Трамп, обвинувајќи го за неодговорна политика и предупредувајќи дека неговите потези би можеле да доведат до воени злосторства и дополнително да ги загрозат американските војници. Во серија објави на социјалната мрежа Threads, Харис рече дека Трамп се заканува дека ќе „уништи цела цивилизација“, нарекувајќи го неговото однесување „гнасно“ и без јасен ...
Инцидентот со македонскиот амбасадор во Русија, Ненад Колев, кој во алкохолизирана состојба управувал дипломатско возило и направил судар, се случил пред 2 години, неофицијално дознава „Фокус“. Како што велат добро упатени извори од Министерството за надворешни работи, симптоматично е тоа што информациите за овој случај излегуваат токму сега, во време кога, како што посочуваат, Македонија води стратешки дијалог со САД во Вашингтон. Според ...
Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања од опозицијата, постави прашање до министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во однос на потфрлувањето на реализацијата на проектите во општините, за што владата најави 250 милиони евра од унгарскиот кредит. Бочварски посочи дека откако завршија локалните избори, интензитетот на овие проекти опаѓа, и а владата со намален интензитет работи ...
Скопје е во шок по грозоморниот инцидент што се случил во семеен дом, каде што малолетно момче станало жртва на брутално насилство од страна на партнерот на неговата мајка. Наместо сигурност и заштита, детето се соочило со неконтролиран гнев и физички напад извршен со дрвен предмет, што резултирало со видливи повреди. Она што дополнително ја вознемирува јавноста е фактот дека мајката била присутна за време на овој морничав чин, но според ...
Уставниот суд денеска донесе одлука со која го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите, кој беше усвоен во февруари годинава, објави 4news.mk Судот ја образложи одлуката со нагласување на значењето на финансиската независност и самостојност на судската власт како клучен елемент на уставно загарантираната независност на судството. „При конечното одлучување за поништување на Законот, како решавачки аргументи беа утврдени ...
Со боксови, нож и гасен пиштол, татко и неговите два сина вчера физички нападнале две лица на нивното работно место во „АД Гробишта Бутел“, при што на оштетените им биле нанесени повеќе телесни повреди и во јавноста било предизвикано чувство на страв и несигурност. Како што соопштија од Основното јавно обвинителство Скопје, против тројцата поведена е постапка поради основано сомнение за сторено кривично дело насилство. Според наводите, ...
Во денешните израелски напади врз Либан загинаа неколку десетици луѓе, а неколку стотици се повредени, соопшти либанското Министерство за здравство. Во соопштението се наведува дека тоа било најинтензивно израелско бомбардирање на Либан од почетокот на војната. Израелската армија соопшти дека го извршила „најголемиот координиран напад“ врз Хезболах од почетокот на март. За десет минути биле погодени над 100 мети на Хезболах во Бејрут, во ...
На предлог на гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка, коишто ќе ја извршуваат оваа функција во наредните седум години. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по монетарна економија и искусен професионалец во централнобанкарското работење со ...
Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, обвини дека изборот на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, кој го предлага власта, претставува уште еден јасен пример на партизација на институциите и воведување на ВМРО-ДПМНЕ кадар во важни државни тела, што го загрозува интересот на граѓаните. „Денеска повторно сме сведоци како една клучна институција во државата, наместо да биде независна и да работи за интересите на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Иран веќе прифатил голем број услови од неговиот план за примирје во 15 точки,подготвен пред неколку недели. – САД блиски ќе соработуваат со Иран, за кој утврдивме дека помина низ она што ќе биде многу продуктивна промена на режимот! Нема да има збогатување на ураниум, а САД во соработка со Иран ќе ја ископаат и отстранат целата длабоко закопана нуклеарна прашина – објави Трамп на сопствената ...