Селото Варена во Италија воведува казни од 50 до 200 евра за туристите кои се движат без маица или во костими за капење. Целта на ваквата одлука е да се намалат негативните последици од масовниот туризам, а со тоа да се зачува угледот и мирот на ова историско место. Според статистиката на локалната власт, постојаниот пораст на туристи сè повеќе влијае врз секојдневниот живот на мештаните. Со воведување на новите мерки надлежните сакаат да ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ќе преземе соодветни контрамерки доколку нуклеарно оружје биде распоредено во балтичките земји. „Спротивно на очекувањата на земјите што донесуваат такви одлуки, тоа нема да им донесе поголема безбедност“, рече Песков на прес-конференција, коментирајќи ја одлуката на Литванија да покрене постапка што би можела да овозможи распоредување нуклеарно оружје на нејзина територија, ...

Либерално-демократската партија (ЛДП) со гордост ја информира јавноста за историскиот меѓународен успех. Претседателката на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, е избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ. На 33-тата годишна сесија на ПС на ОБСЕ во Хаг, Холандија, кандидатурата на Зајкова доби силна поддршка од парламентарните делегации на 57 земји од Европа, Северна Америка и Централна Азија. ...

Министерството за внатрешни работи денеска информира дека СВР Скопје целосно го расчистил случајот од 30.06.2026 во 21:40 часот во парк во општина Аеродром, кога 12-годишно девојче, било физички нападнато од малолетнички, а други присутни малолетници снимале со мобилни телефони. – Од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело ...

Бактеријата салмонела е причинител на труењето со храна на 44 вработени во прилепската компанија „Микросам“ кои конзумирале оброк приготвен од прилепскаta кетеринг фирма „Рустика“. Оброкот бил конзумиран во понеделникот, на 29 јуни, и станувало збор за макарони со изварка и јајца, констатираат од прилепскиот Центар за јавно здравје по извршените анализи. Според епидемиологот Татијана Станимировиќ, од досегашното истражување се покажа дека ...

„Нетретираната отпадна вода и испустите од поголемите градови и понатаму остануваат примарни извори на загадување на водите, особено на реките“, стои во ланскиот извештај на ЕУ за напредокот на Македонија, пренесува nota Квалитетот на речните води во Македонија треба да се подобри со изградба на пречистителни станици. Таа, којашто треба да пречистува вода од скоро третина од популацијата во земјата, се реализира низ годините со бавно темпо. ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Доналд Трамп е целосно посветен на Алијансата, и покрај тоа што американскиот претседател повторно го отвори прашањето за Гренланд и ги критикуваше сојузниците што не застанаа на негова страна во војната против Иран. „САД се целосно посветени на НАТО, но постојат и очекувања од американската страна, а тоа е дека Европејците и Канаѓаните подеднакво ги сносат трошоците, што е сосема фер“, ...

Бројот на вработените лица во земјава во 2025 година биле 614 334, од кои 330 240 маќи, а 284 094 жени, објави Државниот завод за статистика. Во 2025 година, во однос на 2024 година, вкупниот број на вработените е речиси непроменет, односно бележи намалување од 0.1 %. Тоа е резултат, пред сѐ, на намалувањето на бројот на вработените во секторот Преработувачка индустрија за 5.2 %. Од друга страна, пак, зголемување на бројот на вработените е ...

Повеќе од 200.000 кондоми од Кина, лажно декларирани како играчки, ги заобиколија барањата за контрола на квалитетот на Европската Унија, изложувајќи ги потрошувачите на опасност и ризик од сексуално преносливи инфекции, несакани бремености и опасни хемикалии и материјали, објави „Евроњуз“ (Euronews). Во ЕУ, кондомите се класифицирани како медицински помагала и мора да ги исполнуваат строгите здравствени и безбедносни стандарди, вклучувајќи ...

Германскиот автопроизводител „Бе-ем-ве“ (BMW) развива систем што ја менува бојата на каросеријата со притискање копче. Компанијата првпат го претстави овој концепт на „ЦЕС 2022“, кога демонстрираше возило што самото може да се менува од црна во бела боја, а потоа следеа подоцнежни верзии со повеќе бои и различни шари. Најновата верзија на технологијата, наречена „Е Инк“ (E Ink), беше прикажана на моделот „И-икс-3“. На хаубата на автомобилот ...

Американската „кралица на поп-музиката“, Мадона го откажа својот музички настап на лондонската „Парада на гордоста“ поради безбедносни причини. Иако таа со нетрпение очекуваше да биде дел од настанот, организаторите и нејзиниот тим проценија дека нејзиното доаѓање во британската престолнина може да предизвика хаос поради големиот број луѓе. Дивата, која во мигов го промовира својот нов албум „Confessions on a Dance Floor: Part II (Исповеди на ...

Пораката дека Алијансата се темели на добрососедски односи и дека треба да се земе предвид чувствителноста на сите членки на НАТО, ја истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис при пристигнувањето на НАТО Самитот во Анкара, посочувајќи дека Грција се соочува со закана за војна („casus belli“) од Турција, доколку ги прошири територијалните води, јави дописничката на МИА од Атина. Одговарајќи на новинарско прашање за влијанието на Турција во ...

Два хектара нива засеана со пченица изгореле во пожар што избувнал во атарот на општина Новаци, информира СВР Битола. Според полицијата, на 7 јули околу 15:00 часот, во СВР Битола било пријавено дека на месноста „Трансформатор“, во атарот на село Новаци, биле опожарени два хектара земјоделска површина со пченица, сопственост на А.П. (53) од селото Горно Агларци. Пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица Битола, а во ...

Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија изутрината во 06:48 часот на автопатот А1, кај село Милетково, Гевгелиско, го привеле турскиот државјанин К.Ј.(25), кој возел со брзина од 210 километри на час, соопштија денеска од СВР Струмица. – При контрола на патниот сообраќај со радар полициските службеници констатирале дека К.Ј. управувал патничко возило „ауди“ со турски регистарски ознаки со брзина од 210 километри на час на место ...

Пратеничката од Албанската лига, Илире Даути, ги обвини ВЛЕН и ДУИ дека со поддршката на предложените измени на Изборниот законик работат во корист на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека со нив се ограничува правото на глас на дијаспората на локалните избори. Во објава на социјалните мрежи, Даути наведе дека предложениот Изборен законик, според неа, предвидува албанските иселеници да немаат можност да гласаат електронски или по пошта на локалните ...

Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека времето утре ќе биде променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи во попладневните часови. Потоа следува период на претежно стабилно и потопло време. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во недела кога ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец. Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека времето ...

Судскиот совет на денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на Годишната програма за работа за 2026 година, при што како една од клучните цели е утврдено зајакнувањето на довербата на јавноста и судството во непристрасноста и професионалноста на Советот. На седницата беше избрана и новата претседателка на Основниот кривичен суд Скопје. По спроведена постапка по јавен оглас и усвоен извештај на Комисијата за избор, за претседателка ...

Седумкратниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ избори пласман во уште едно полуфинале откако доцна синоќа го совлада Феликс Оже-Алиасиме со 3-2 во сетови за 5 часа и 14 минути игра. Негов противник во полуфиналето ќе му биде ланскиот освојувач на Вимблдон Јаник Синер. – Возбудливо е да се биде дел од епски меч. Мислам, не се сеќавам дека играв толку долго, можеби финалето на Роџер (Федерер) во 2019 година е блиску, но во однос на времето и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека меморандумот за разбирање потпишан со Иран за крај на конфликтот е „завршен“. „Многу интересно прашање за мене. Мислам дека е завршено“, рече Трамп на маргините на самитот на НАТО во турскиот главен град Анкара, кога беше прашан дали меморандумот за разбирање е мртов. „Не сакам повеќе да се занимавам со нив. Тие се ѓубре“, додаде тој. Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ...

Народната банка ги објави официјалните податоци за девизните резерви. Според јавно достапните податоци, на крајот на јуни, девизните резерви биле на ниво од 4.936 милиони евра. Најголем дел од нив се пласирани во хартии од вредност или 73,8 проценти, по што следуваат монетарното злато со 15,8 проценти и валутите и депозитите со 10,4 проценти. Народната банка ги објави официјалните податоци за девизните резерви. Според јавно достапните ...

Патолошки причини (дека лицето починало поради болест или природен процес во организмот) се првичните наоди за смртта на 24-годишната девојка од Македонија, која беше пронајдена мртва во стан во областа Сикиес во Солун, покажуваат првите резултати од форензичката обдукција, објави грчкиот медиум Thestival. Gr. -Според досегашните информации, при обдукцијата не биле пронајдени знаци кои би укажале на криминално дело. Надлежните органи ги ...

Репрезентацијата на Швајцарија оствари резултат достоен за почит – пласман во четвртфиналето за прв пат по 1954 година. Швајцарија во осминафиналето по изведувањето на пенали ја победи Колумбија со 4:3 откако беше 0:0. Голманот на Швајцарија, Грегор Кобел успеа во четвртата серија да го одбрани пеналот на Кучо Хернандез, што се покажа и како решавачко. – Веќе им кажав (на соиграчите), навистина сум лош во зборувањето за моите емоции веднаш ...

– „Гугл стрит вју“ (Google Street View) се враќа во Македонија за обемно обновување на сликите од со поширока покриеност низ целата земја, носејќи нови панорамски погледи на „Гугл мапс“ (Google Maps). Од живите градски плоштади и историските улици на Скопје до спокојните брегови на Охридското Езеро и планинските патишта што ги поврзуваат градовите низ целата земја, „Стрит вју“ повторно ќе го долови еволутивниот пејзаж на Македонија и ќе го ...

Припадник на американската Служба за имиграција и царина (ICE) застрелал мексикански државјанин при инцидент во кој биле вклучени федерални агенти, соопшти синоќа американското Министерство за внатрешна безбедност. Лицето за кое се тврди дека илегално престојувал во Соединетите Американски Држави, одбило да ги следи наредбите на службениците додека се наоѓало во своето возило, соопшти Министерството во објава на платформата „Икс“. Според ...

Руската армија треба да заземе уште два важни града – Краматорск и Славјанск по што, според Москва, целата територија на Донбас ќе биде „ослободена“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Песков во интервју дадено за западни медиуми истакна дека руските војници пред неколку дена соопштиле дека ја зазеле Константиновка, нарекувајќи го притоа „многу важниот град во Донбас“. „Сега останува да се заземат уште два важни града ...

Судијката Даниела Димовска е избрана за претседател на Основниот кривичен суд Скопје на денешната седница на Судскиот совет. Одлуката е донесена по спроведена постапка по јавен оглас, на кој апликации доставиле двајца кандидати – Даниела Димовска, судија и вршител на должност претседател на Основниот кривичен суд Скопје, и Ивица Стефановски, судија во истиот суд. Претседателот на Комисијата за избор, Ивица Николовски, информираше дека двете ...

Со неверојатен пресврт светскиот првак Аргентина успеа да ја надополни негативата од 0:2 против Египет и да дојде до победа од 3:2 и со тоа пласман во четвртфиналето. Аргентина втор натпревар по ред го победува со 3:2, откако претходно ги совладаа Зелено ’ртските острови – Против Зелено ’ртските острови беше полошо, навистина бевме во проблеми. Денес, дури и кога беше 0-2, чувството беше дека во одреден момент ќе добиеме шанса и ќе можеме да ...

Цените на нафтата скокнаа за речиси три проценти откако САД започнаа нови напади врз Иран по објавата дека Техеран нападна три брода во Ормуската Теснина. Цената на суровата нафта од типот Брент, која се смета за меѓународен стандард, рано утрово скокна за 2,6 проценти на 76,09 долари за барел, додека цената на американската референтна сурова нафта исто така се зголеми за 2,6 проценти на 72,25 долари за барел, објавија американските медиуми ...

Во моменти кога илјадници луѓе останаа затрупани под урнатините по силните земјотреси што ја погодија Венецуела, еден необичен херој го привлече вниманието на светската јавност. Кучето – спасувач Цунами, осумгодишен мешанец со гени од бордер коли, стана симбол на надежта благодарение на својата исклучителна улога во потрагата по преживеани. За време на последната спасувачка мисија, Цунами успеал да помогне во пронаоѓањето на 25 преживеани ...

Врз основа на одговори од повеќе од 24.000 жители за квалитетот на живот, заедницата и секојдневното задоволство, списанието „Тајмаут“ (TimeOut) објави листа од 20 најсреќни градови во светот за 2026 година. Прага, Чешка Само највисоко рангираниот град од секоја земја се наоѓа на конечната ранг-листа, така што списокот би имал глобален карактер. На тој начин, Бат во Обединетото Кралство (поточно југоисточна Англија) се најде на првото ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
41%
1021
weather icon

Белград

18ᴼ / 18ᴼ
7.4
56%
1022
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
55%
1024
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
60%
1022
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
51%
1020
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.39
81%
1024
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
4.02
46%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
41%
1015
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
5.66
28%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
7.72
52%
1024
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
2.57
45%
1025
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
6.69
94%
1016
Currency

61.525

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Бакар

13.39

Злато

141562.95

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.36

Цинк

0.00

Родиум

278907.73

Иридиум

252383.36

Платина

56263.81

Кобалт

56.29

Паладиум

43596.41

Калај

55.56

Сребро

2099.49