Градоначалникот на Тузла Зијад Лугавиќ претпладнево потврди дека во пожарот во Домот за пензионери загинале 11 луѓе. Голем број повредени се превезени во Универзитетскиот клинички центар Тузла, каде им се укажува итна медицинска помош. Тројца полицајци и петмина пожарникари се задржани на лекување, сите се надвор од животна опасност. Меѓу повредените се и медицински работници, како и вработени во Домот за пензионери Тузла. Директорот на Домот ...

Во рамките на Меморандумот за соработка со Управата за извршување на санкции, денес започна првиот заеднички ангажман на лица од КПУ Затвор – Битола, кои активно учествуваат во чистење и уредување на просторите покрај магистралниот пат. „Ова претставува значаен чекор кон подигање на јавната свест, одржување на чиста животна средина, како и кон унапредување на соработката меѓу институциите. Во наредниот период, планираме во активностите да бидат ...

Јапонското министерство за одбрана испрати војници на север од земјата за да помогнат во спречувањето на бранот напади од мечки. Во северната префектура Акита, мечки се појавија во близина на училишта, железнички станици, супермаркети, па дури и спа-центар, а Јапонците низ целата земја пријавуваат дневни напади. Според податоците од јапонското Министерство за заштита на животната средина, мечките повредиле повеќе од 100 луѓе од април, претежно ...

Настапот на српската пејачка Светлана Ражнатовиќ во Велес се уште предизвикува вистинска бура во јавноста. Покрај реакциите во Македонија за веењето на бугарското знаме, на големо се зборува и на српската сцена. Во интервју за српските медиуми, фолк пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ дообјасни дека обожавателка од публиката ѝ го фрли бугарското знаме на концертот во Велес, а рече дека фанови во различни земји го практикуваат истото. -Огромна ...

Го „сретнав“ Златко Ориѓански случајно пред неколку години, поточно, за време на пандемијата, кога меѓу единствените светли зраци во таа општа тага беа токму неговите радосни објави и неговото физичко присуство во Тирана, мојот град, од кој никогаш не можам целосно да се одвојам духовно, и кој, како што изгледаше, веќе го посвоил и длабоко го завел овој уметник во неговото дело, дела и формирање, кого судбината го донесе токму во Тирана, во ...

Тековното затворање на владата на САД стана најдолго во историјата на САД, достигнувајќи го својот 36-ти ден денеска, бидејќи Конгресот останува без одобрен федерален буџет. Претходно, најдолгото затворање на владата во историјата на САД се случи за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп, оставајќи многу федерални операции во голема мера запрени повеќе од пет недели во периодот на крајот од годината 2018-2019. Колку долго ќе трае ...

МВР соопшти детали за страшната сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи кај прилепското село Радобил, а во која има две жртви и тројца тешко повредени. „На 04.11.2025 во 16:40 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај с. Радобил, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од О.О.(31) од с. Тополница, радовишко и патничко возило ...

До денеска претпладне до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени 16 приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори, што се одржа во неделата на 2 ноември. Рокот за поднесување на приговори завршува денеска во 16:30 часот односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати од изборите. Приговори поднеле Хаким Рамадани поддржан од ВРЕДИ за постапката за сумирање и утврдување на ...

Менуваме и адаптираме законско решение за решавање на проблеми со тумор маркери за онколошки пациенти, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиуми, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со поплаки дека недостигаат тумор маркери. Тој потсети дека тумор маркери освен на Oнкологија, има и на Биохемија и другите клиники во нашиот здравствен систем. – За жал, исто така заради законски пречки знаете дека ако една ...

Денко Малески „Ќе направиме се што е потребно за конечно да седнеме како рамноправни на масата на ЕУ“ , му порача вчера на Брисел премиерот на Албанија Еди Рама. Пред тоа, во една офанзива на шарм, падна на колена пред премиерката на Италија Мелони. Тоа така се прави во меѓународната политика. Кога претседателката Сијановска-Давкова и премиерот Мицковски ќе ја испратат истата порака, и кога ќе се обидат да ги шармираат соговорниците, а не ...

Државната каса во 2026 година ќе биде потешка, но и подлабоко задолжена. Според проекциите на новиот буџет, идната година ќе се слеат вкупно 6 милијарди евра приходи, додека расходите ќе достигнат 6,7 милијарди евра, што значи буџетски дефицит од 638 милиони евра – или околу 3,5% од планираниот БДП. Главниот акцент е ставен на зголемување на платите и пензиите, но и на ново задолжување во висина од 1,96 милијарди евра. Дел од средствата ќе ...

Во вчерашната емисија Директно Марјан Ѓорчев, поранешниот пратеник зборуваше за Извештајот на Европската комисија за Македонија. Тој посочи дека извештајот е умерен, се поздравуваат умерениот прогрес во делот на усвојување на патоказот за владеење на правото, започнување на реформите во јавната администрација, унапредување на работењето на граѓанските институции, формирањето на советот за соработка меѓу Владата и граѓанството. Ѓорчев смета дека ...

Голем скандал со истекување на лични податоци од околу 200.000 корисници на апликацијата „Вилаг“ (Világ) на опозициската партија Тиса (Tisza Party) ја тресе унгарската политичка сцена. Скандалот предизвика веднаш да се вклучи и Владата на премиерот Виктор Орбан, кој наложи итна истрага поради сомнежи за вмешаност на украински лица. Истекувањето на личните податоци, кое се случи минатиот викенд, опфаќа имиња, кориснички имиња, е-пошта, домашни ...

Демократот Зоран Мамдани, кој се опиша себеси како „најлошиот кошмар на Трамп“, е избран за нов градоначалник на Њујорк. Мамдани е првиот муслиман, првиот јужноазиец и најмладиот човек во последните 100 години избран за градоначалник на Њујорк. Според Изборниот одбор на градот Њујорк, на овогодинешните избори гласале повеќе од два милиони луѓе. Пред четири години, излегоа помалку од 1,15 милиони гласачи. Резултати од изборите во Њујорк ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ го бранеше своето лидерство од критиките изнесени во новиот извештај на ЕУ за земјите-аспирантки за членство во блокот. Зборувајќи на Самитот за проширување на ЕУ на „Еуроњуз“, популистичкиот лидер ги отфрлаше опомените од Брисел – како и протестите во сопствената земја – со тоа што ги нагласуваше економските резултати на Србија. „Се соочував со протести откако станав премиер во 2014 година“, рече Вучиќ. ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција на Европската Унија, без оглед каде ќе заврши подоцна. „Последното нешто што го сакаме е оружјето и муницијата произведени во нашата братска Србија да се користат против нашите војници. Тоа е последното нешто што сакаме да го видиме“, им рече Песков на новинарите кои го прашаа за изјавата на Вучиќ. ...

Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи четворицата во група, со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице. На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил и ...

Македонските власти продолжија да работат на насоките за владеење на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата. Сепак, од клучно значење е државата да напредува и да ги заврши сите подготвителни активности поврзани со критериумите за отворање на Кластерот „Основни вредности“. Ова се наведува во Извештајот на Европската комисија за македонскиот ...

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 11 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон во Бозна и Херцеговина. Пожар од поголеми размери го зафатил седмиот кат од зградата на Домот за пензионери во Тузла околу 20:45 часот. Според првичните информации на ...

Најмалку 66 лица загинаа, а повеќе од 430.000 се раселени по ударот на тајфунот Калмаеги нa Филипините, соопшти денеска националната агенција за управување со катастрофи. Десет лица се повредени во поплави и несреќи предизвикани од силниот ветер и обилните врнежи, кои зафатија 24 провинции во регионите Лузон, Висајас и Минданао. Тајфунот имал ветрови со јачина до 130 километри на час, со налети и до 180 км/ч, додека се оддалечувал од западниот ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа „Truth Social“ изјави дека поразите на неговата Републиканска партија на изборите се должат на тоа што неговото име не е на гласачкото ливче, како и на парализа на буџетот. „Трамп не беше на гласачкото ливче и затворањето на владата се двете причини зошто републиканците ги загубија вечервашните избори, велат анкетарите“, напиша претседателот. Во Вирџинија, дом на многу федерални ...

Поранешниот европски комесар за правда и министер во неколку белгиски влади, Дидие Рејндерс е официјално обвинет за перење пари, откако бил сослушан од истражните органи на 16 октомври, објавија синоќа бриселските медиуми. Обвинението против Рејдерс е покренато поради сомнежи дека „перел“ пари со сомнително потекло, на тој начини што најчесто со готовина купувал т.н. „е-билети“ за игри на среќа, чија вредност е помеѓу едно и 100 евра и може да ...

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, од 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново, информира АМСМ. Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...

Левичарскиот демократ Зоран Мамдани победи на изборите за градоначалник на Њујорк, според проекциите на американските медиуми објавени доцна синоќа. Со преброени над 97 отсто од гласовите, 34-годишниот кандидат обезбеди недостижна предност, објавија неколку американски медиуми, повикувајќи се на податоци од Изборната комисија на Њујорк. Неофицијалните резултати на веб-страницата на Комисијата покажуваат дека Мамдани освоил 50,4 отсто од ...

Новоизбраниот градоначалник на американската метропола Њујорк – Зохран Мамдани, изјави дека ќе стави крај на „културата на корупција“ од која имаат корист милијардери како американскиот претседател Доналд Трамп. Триесет и четиригодишниот кандидат на прогресивното крило на Демократската партија ја доби трката против поранешниот гувернер Ендру Куомо и претставникот на Републиканската партија на Трамп – Кертис Слива. -Ќе ставам крај на „културата ...

Демократите победија во три клучни прелиминарни трки во вторникот на првите големи избори откако Доналд Трамп повторно ја презеде функцијата, давајќи ѝ на партијата многу потребен импулс пред среднорочните избори за Конгресот следната година. Мамдани првиот муслимански градоначалник на Њујорк Во Њујорк, 34-годишниот демократски социјалист Зохран Мамдани ја освои градоначалничката трка, завршувајќи го метеорскиот и неочекуван подем од малку ...

Биткоинот падна под клучното психолошко ниво од 100.000 долари за прв пат по повеќе од четири месеци. Падот беше поттикнат од повлекувањето од поризични средства поради растечките загрижености за одржливоста на акциите поврзани со вештачката интелигенција, објави CNBC. Најпознатата криптовалута во светот падна на 99.966 долари во еден момент, пред да го заврши денот со пад од 5 проценти на 100.893 долари. Ова беше прв пат од 23 јуни биткоинот ...

Во пожарот што вечерва зафати еден кат од Пензионерскиот дом во Тузла, има загинати, пренесуваат босанските медиуми. Од оваа институција не можеа да прецизираат колку лица загинаа, поради тековната вонредна состојба. Според неофицијални информации, загинаа 7 лица. Според полициската управа на Министерството за внатрешни работи на ТК, пожарот е локализиран во 22 часот. Претходно, од Универзитетската болница во Тузла беше кажано дека пет ...

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска изјави дека актуелната влада на Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на Европската Унија. Ова го изјави коментирајќи го новиот извештај на Европската комисија за проширувањето на ЕУ и намерата на Брисел да почне преговори со Киев за членство до крајот на 2025 година. – Унгарскиот народ јасно стави до знаење дека не сака Украина да биде членка на Европската Унија. А ...

Денеска околу 17:00 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп – Росоман во близина на село Радобил. Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица, информираа вечерва од МВР. Оттаму соопштија дека од 18:00 часот сообраќајот се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
70%
1014
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
91%
1014
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
71%
1015
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
3.86
91%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
90%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.13
67%
1006
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
67%
1007
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
67%
1009
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
9.77
86%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
79%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
6.69
48%
1008
weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1011
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Цинк

3.23

Сребро

1878.05

Никел

473339.37

Рутениум

29192.88

Платина

52952.77

Калај

40.48

Злато

135056.24

Бакар

10.95

Паладиум

46425.68

Родиум

255598.44

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42