Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека оваа година ќе биде политички тешка бидејќи е изборна година и дека вонредни парламентарни избори ќе бидат организирани во октомври, ноември или декември. Тој за ТВ Информер изјави дека датумот на изборите зависи од договорот на политичките актери, доколку, како што нагласи, сакаат да се договорат. Студентите во блокада веќе долго време бараат распишување вонредни парламентарни ...
Претседателството на Босна и Херцеговина, кое е Врховен командант на вооружените сили, даде принципиелна согласност за ангажирање припадници на вооружените сили во мисијата на Меѓународните сили за стабилизација на палестинската територија – Појасот Газа. „Министерот за одбрана на БиХ е задолжен да го спроведе процесот на номинирање на воен претставник на Босна и Херцеговина во мисијата на Меѓународните сили за стабилизација во Газа и да ...
По обилните дождови во делови од земјата се пријавени поплави и одрони на патиштата. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поплави се пријавени во Кичево, каде се евакуираат жители од повеќе станбени објекти на улицата „Прилепска“ и во Охрид, додека одрони има на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче, при што сообраќајот се одвива со повремени отежнувања и на патниот правец с. Татеши – с. Мислодежда – струшко. Како ...
Блокадата на САД врз санкционираните венецуелски танкери за нафта останува „насекаде во светот“, изјави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет. Претседателот на САД, Доналд Трамп, нареди „блокирање“ на сите танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела на 16 декември. Шпанската влада соопшти дека компаниите на земјата што работат во Венецуела, вклучувајќи го и нафтениот гигант Репсол, работат нормално и имаат владина ...
Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека се сомнева дека „НАТО ќе биде тука за нас ако навистина ни требаат“, критикувајќи го трансатлантскиот безбедносен сојуз во објава на неговата платформа Truth Social. „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“, напиша тој, еден ден откако Белата куќа објави дека не исклучува воената интервенција за преземање на Гренланд од сојузникот на НАТО, Данска. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не добил „недвосмислен одговор“ од европските сојузници за тоа како ќе ја бранат Украина во случај Русија повторно да нападне по завршување на војната. „Јас лично многу сакам да добијам многу едноставен одговор: да, ако повторно има агресија, сите партнери ќе им дадат силен одговор на Русите. И токму тоа прашање им го поставив на сите наши партнери. И досега не добив јасен, недвосмислен ...
Мајк Мењон ќе остане на голот на Милан и ќе потпише нов договор со екипата. Французинот е во последната година од актуелниот договор. И кога се очекуваше од први јануари да почне преговори со други екипи, се случи промена. Управата на Милан во последен момент успеа да го убеди Мењон да остане во клубот и според новиот договор ќе добива 7 милиони евра годишно и со Леао ќе биде најплатен играч во клубот. Според „Газета дело спорт“ клучната ...
Поранешниот англиски репрезентативец и играч на Ливерпул и на Манчестер Јунајтед Мајкл Овен има решение за клупата на „црвените ѓаволи“ по отказот на Рубен Аморим. Тој смета дека екс играчот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик би бил опција за клубот до крајот на сезоната. Овен притоа се осврна и на отказот на Португалецот Аморим. – Тоа е резултат на тоа што се случувало надвор од теренот и слично со тоа што му се случи на Мареска. Клубот ...
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, денеска објави дека ситуацијата предизвикана од поплавите во Косово моментално е под контрола и дека надлежните служби се континуирано ангажирани на терен. „Вчера, во текот на целиот ден, вечер и ноќеска, екипи од агенциите на Министерството за внатрешни работи и Министерството за животна средина, просторно планирање и инфраструктура, беа на терен за да ја следат состојбата влошена од ...
САД се обидуваат да запленат танкер поврзан со Венецуела по повеќедневна потера преку Атлантикот, изјавија за британски медиуми двајца американски функционери. Со евентуално запленување, според британските медиуми, може да се разгорат тензиите на САД со Русија, и тоа се случува откако танкерот, првично познат како Бела-1, помина низ американската поморска „блокада“ на танкери под санкции и ги одби обидите на американската крајбрежна стража ...
Намалување на цената на струјата на 8,5 центи за киловатчас до 2028 година; поврат на посебниот данок на потрошувачка на нафта; 100 отсто покриеност на обесштетувањето при елементарни непогоди, специјален баркод за потеклото на производите, се дел од мерките што денеска ги соопштија вицепремиерот на Грција и надлежните министри во грчката Влада за поддршка на земјоделците, јави дописничката на МИА од Атина. Вицепремиерот Костис Хаѕидакис ...
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека какво било распоредување британски сили според декларацијата потпишана со Франција и Украина ќе биде предмет на парламентарно гласање. Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера потпишаа декларација за намери во која се нагласува распоредување трупи во случај на мировен договор. „Ќе го информирам парламентот за развојот на настаните и доколку ...
Студентите од факултетите во Нови Сад најавија протестен митинг во Нови Сад за 17 јануари, нагласувајќи во видео објавено на социјални мрежи дека нивната борба ќе биде конкретизирана. Под слоганот „Што значи победа?“, студентите велат: „На 17 јануари, се гледаме во Нови Сад“. Наведувајќи дека не знаеле што ги чека кога ја започнале таа борба, студентите истакнаа дека од тој момент градат заедништво – во блокади, во среќни моменти, во ...
Снегот кој од изминатата ноќ и претпладнево паѓа во Белгија и Холандија создаде снежна покривка со дебелина од неколку сантиметри и предизвика сериозен застој на патните правци и во авиосообраќајот, како и прекини во работата на повеќе институции. Како што јавија белгиските медиуми, на патните правци ширум Белгија се формирани колони возила во должина од над 1.100 километри, кои се движат бавно прилагодувајќи ја брзината на условите на ...
Најмалку пет нафтени танкери кои се наоѓале во близина на брегот на Венецуела ги промениле своите знамиња и се регистрирале под руско знаме, објави „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на поморски и безбедносни извори. Според весникот, овој потег е одговор на засилените активности на американската морнарица, која спроведува поморска блокада на Венецуела и започна акција за „лов на бродови од таканаречената флота во сенка“, кои превезуваат нафта ...
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а едно со телесни повреди во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на булеварот „Србија“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, на 6 јануари 2026 година околу 21:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Србија“ се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „даихатсу“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ч. (63) од ...
Времето денеска е претежно облачно, а наместа и магловито со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни односно над 25 l/m², особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец што ќе достигнува над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ...
Заменик-претседателот на Владата – Арбен Фетаи ги осуди тешките и неприфатливи дела на сексуална злоупотреба и уцена врз малолетничка во селото Слупчане, Општина Липково, како што беше објавено во медиумите. „Како држава, имаме нулта толеранција кон секоја форма на сексуално насилство, особено кога тоа е насочено кон малолетници. Овие кривични дела не само што го уништуваат животот на жртвата и нејзиното семејство, туку и сериозно ја ...
И покрај постоечките тензии во трансатлантските односи, Европа и САД на вчерашниот состанок на Коалицијата на подготвените во Париз презентираа „редок обединет фронт за Украина“, што ќе им овозможи на францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен да тврдат дека е постигнат дипломатски напредок во усогласувањето на повоените безбедносни гаранции за Киев, ...
Нам постарите, сеуште, во ушите, ни одзвонуваат “тешките” зборови на нашиот професор од Филолошкиот факултет, Димитар Митрев, од големиот протестен митинг, на градскиот плоштад во Скопје, а, по повод убиството на тогашниот црнечки лидер, Мартин Лутер Кинг: “Америка, црна во мислите, уште поцрна во делата”! Чудни се патиштата божји. Многу години подоцна, неговата ќерка, Бог да и душа прости, во својство на шеф на македонската дипломатија, од ...
Македонските ракометари ги завршија подготовките и тренинзите во Скопје, до почетокот на Европското првенство ќе одиграат три натпревари на турнир во Швајцарија, а потоа патуваат за Данска. Во земјата домаќин на шампионатот се планира одигрување на уште еден контролен дуел, против екипа од данските лиги. – Турнирот во Швајцарија е најважен во овие подготовки. На овие три дуели треба да видиме и да имаме реална слика до каде сме и колку ќе ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки и активности за целосно утврдување на околностите поврзани со фотографиите на кои се гледа верски обред врз службени полициски возила во кругот на Министерството. Од МВР за порталот „Скопје1“ уверуваат дека јавноста ќе биде информирана за резултатите од истрагата за контроверзниот случај што покрена ...
Намалување на трошоците за производство, укинување на паушалниот начин на оданочување, итно повлекување на дополнителниот данок, се дел од барањата на продавачите и производителите на пазарите низ цела Грција, кои од денеска започнаа штрајк на неодредено време, по заедничка одлука на нивните федерации, јави дописничката на МИА од Атина. Од федерациите велат дека немале друг избор освен да започнат штрајк, објаснувајќи дека иако ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп замрзна повеќе од 10 милијарди долари наменети за грижа за деца и помош на семејствата во сојузните држави Калифорнија, Колорадо, Илиноис, Минесота и Њујорк. Како причина за ваквиот чекор, американското Министерство за здравство наведе сомнежи за измами и злоупотреби. Од стапувањето на должност, администрацијата на Трамп неколкупати се закани со кратење на федералното финансирање на ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ноќеска остварија победа на гостувањето кај Њу Орлеанс со 111:103. Триумфот е позначаен бидејќи беше остварен со неверојатен пресврт во последниот период, кои „езерџиите“ го добија со 32:17. Претходно домаќинот имаше водство од средината на вториот период, до последната четвртина. Клучен играч во победата беше Лука Дончиќ, кој постигна тројка за 105:96, а дуелот го заврши со 30 поени и 10 асистенции. Ист ...
Машката македонска ракометна репрезентација во раните утрински часови отпатува за Швајцарија, каде од утре до сабота ќе учествува на „52.то издание на Јелоу куп“ во Винтертур. Со ова почнува нова фаза од подготовките на македонските ракометари за настапот на претстојното Европско првенство. Турнирот ќе се игра во швајцарскиот град Винтертур, а покрај домаќинот Швајцарија ривали на нашите ракометари сè уште селекциите на Украина и на Бахреин. ...
Американската влада испрати противречни пораки во врска со плановите за стекнување контрола врз Гренланд. Додека Белата куќа не ја исклучува употребата на воена сила, државниот секретар на САД Марко Рубио зборува за потенцијално купување на оваа данска територија. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, вчера изјави дека претседателот Доналд Трамп и неговиот тим разгледуваат низа опции за постигнување на оваа „важна надворешнополитичка ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа учествувал на телефонска конференциска средба со министрите за надворешни работи на земјите од Г-7, организирана од Франција, на која се разговарало за Венецуела и Украина. Разговорите биле насочени кон значењето на ослободувањето на политичките затвореници во Венецуела, како и создавање услови за демократија и планирање избори во таа земја, соопшти во изјава канадската министерка за ...
Снегот кој од изминатата ноќ паѓа во Белгија и Холандија создаде снежна покривка со дебелина од неколку сантиметри и предизвика сериозен застој на патните правци во текот на утринскиот шпиц, како и прекини во авиосообраќајот. Како што јавија белгиските медиуми, на патните правци ширум Белгија се формирани колони возила во должина од околу 800 километри, кои се движат бавно прилагодувајќи ја брзината на условите на патиштата, кои се прекриени ...
Ставот дека Грција нема да учествува во европска воена сила во Украина, го повторил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на состанокот на „Коалиција на подготвените“, но паралелно ја оставил отворена можноста Атина да придонесе на други начини, вон Украина, вклучително и во прашања поврзани со поморски надзор, јави дописничката на МИА од Атина. Грчки владини извори брифираат дека Мицотакис на состанокот ја повторил и потребата од дополнително ...