Белград
8ᴼ /
7ᴼ
По затворањето на избирачките места, првите преброени гласачки ливчиња од Општина Центар покажуваат водство за актуелниот градоначалник Горан Герасимовски пред противкандидатот Мирослав Лабудовиќ. Трендот доаѓа од раните записници и неофицијални пресекови од дел од избирачките места и може да се менува со напредокот на обработката. Штабовите внимателно ги следат урбаните пунктови кои традиционално „тежат“ во финалниот биланс. Во првиот круг ...
Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 45,35% од гласовите, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во 19 општини. СДСМ води во 4, исто како и Коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН). Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во две општини, а Унијата на Роми има предност во Шуто Оризари. ВМРО-ДПМНЕ води во Град Скопје, Аеродром, Валандово, Виница, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Долнени, Карпош, Кичево, Кочани, ...
ДИК информира дека точно во 19:00 часот, согласно Изборниот закон, навреме се затворени сите избирачки места каде што имаше гласање во вториот круг на Локалните избори 2025 година. Гласањето помина без никакви проблеми и потешкотии, изборите беа спроведени согласно Изборниот закон и на сите граѓани им беше овозможено правото на глас, информира претседателот на ДИК Борис Кондарко. Од вкупно 97,60 проценти обработени избирачки места, излезеноста ...
Јавното обвинителство информира дека изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес, а до нив во текот на денешниот ден е доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче. -Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес во текот на денешниот ден го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори, а во ...
Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до затворањето на гласачките места во вториот круг од локалните избори 2025, своето право на глас го оствариле 325.691 гласач, што претставува 45,71% излезност на ниво на цела држава. Членот на ДИК, Оливер Кондрако, ги објави процентите по општини, при што најголема излезност е забележана во Демир Капија и Дојран (по 72%), како и во Крушево (68%) и Долнени (65%), додека најниска ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска го оствари своето граѓанско право, гласајќи на вториот круг на локалните избори 2025 година Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска го оствари своето граѓанско право / Фото: Фејсбук Во објава на социјалната мрежа Фејсбук посочи дека гласот е најважниот инструмент преку кој граѓаните го определеуваат правецот на развојот и нивното претставување. „Ги охрабрувам сите граѓани да ја искористат ...
Денеска го исполнивме нашето демократско право, правото на глас, обврската што секој граѓанин ја носи со себе како дел од оваа татковина, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по гласањето. „Гласот е тивок, но моќен инструмент, и токму затоа ве повикувам сите искрено и масовно да излезете, да застанете зад она во што верувате и да го направите вистинскиот избор! Ова е ден кога народот зборува. Ден кога секој од нас има ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник, Горан Герасимовски, денеска заедно со сопругата Елена го искористи своето право на глас во Дебар Маало. Тој, повика на фер и мирни избори, нагласувајќи дека секој глас е темел на демократските процеси и на идниот развој на општината. „Денеска, со сопругата Елена го остваривме нашето право на глас во Дебар Маало. Ги повикувам сите граѓани да учествуваат во изборниот процес, ...
Прес-конференција на ВЛЕН: Процесот на гласање во вториот круг од локалните избори во целина се одвиваше во мирна и демократска атмосфера во сите општини во кои денес се одржа гласањето, вклучително и во општините каде што учествуваше коалицијата ВЛЕН. Според информациите од теренот, процесот на гласање се одвиваше без некои неправилности и во духот на граѓанска одговорност. ВЛЕН изразува благодарност до сите граѓани кои денес го остварија ...
Берлинската полиција уапси 22-годишен Сириец за планирање терористички напади во германската престолнина, објави денеска Канцеларијата на државниот обвинител. Повикувајќи се на извори во безбедносните служби, весникот „Билд“ објавува дека 22-годишниот Абдала Р. планирал самоубиствен напад со експлозивна направа на засега непознат објект во Берлин. Тој дошол во Германија во 2023 година и побарал азил, кој му бил одбиен, но имал дозвола за ...
Портпаролката на Државната изборна комисија пред малку во јавувањето на тв Телма соопшти дека излезеноста на гласачите до 17 часот изнесува на ниво на држава е 24,62% што е значително помалку од излезеноста во првиот круг..Пониска е и излезеноста во Скопје односно до 17 часот е 28,52 проценти односно дури 11 проценти помала излезеност во споредба со првиот круг. Од Комисијата информираа дека гласањето се одвива мирно и без поголеми ...
Невидена тортура цела недела ни прави полицијата и мене и на моите активисти што го поддржуваме Венко Крстевски, вели во изјава за Инфомакс советникот во Советот на Општина Кочани, Аки Акиов. – Уште кога бев кандидат за советник притисокот не престана во ромското маало, полициска кола пред куќа, пред штаб, ставаа лисици на моите активисти. Јас не знам како на сила може да не натераат да гласаме за некој, тоа си е мое демократско право, за кој ...
Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат во вториот круг од oсмите локални избори, за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Денеска не се гласаше за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово, и таму постапката ќе се повтори во рок од 60 дена по завршување на Локалните избори. Во вториот изборен круг за ...
Кинеската влада ќе ги укине ограничувањата за извоз на критични минерали, ќе го запре извозот на хемикалии во Северна Америка потребни за производство на фентанил и ќе го продолжи протокот на полупроводници за автомобили, објави Белата куќа, детално опишувајќи го договорот постигнат од кинеските и американските преговарачи во четврток во Јужна Кореја, објавува Политико денес. Како што изјави американскиот министер за финансии Скот Бесант, ...
На (не)културен план, изминатава седмица, ни исфрли две “гачки” за кои, и од кои, да не знаеш “дал да плачеш, ил, да се смееш!? Нивниот лик не ни кажува”!!! Првата ни ја приреди Златко Ориѓански, што туку вратен од културната дипломатија, или, мисијата за култура, која, тој требаше да ја шири по белиот свет, во конкретнит случај во Тирана, каде го водеше Културно информативниот центар. Втората “гачка” ни дојде од Велес, единствената поголема ...
МВР информира дека вчера попладне во 16:35 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица, на место викано „Слобода“, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.В.(46) од с. Сушево, струмичко, се превртело на коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ...
Со јавни и државнички почести денеска му беше оддадена последна почит на поранешниот албански премиер и историски лидер на Социјалистичката партија, Фатос Нано, кој ќе почива на гробиштата Шара, во Тирана. Гoлем број граѓани, албанскиот државен врв, претставници на политичкиот живот, поглаварите на верските заедници, делегации од соседните земји, меѓу кои и на ДУИ, предводена од лидерот Али Ахмети, од Косово, предводена од Албин Курти, почит му ...
Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој е еден од 16-те загинати лани при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, штрајкува со глад од утрово. Имено, таму попладнево пристигна полициско засилување – полициска бригада за разбивање демонстрации. Тензиите растат пред Домот на Народното собрание во Белград и откако полицијата не ѝ дозволи на Дијана Хрка да се приближи до ...
Инфомакс ексклузивно дознава дека на 5 гласачки места во општина Карпош е направен обид да се прави т.н. бугарски воз. Имено на 5 избирачки места биле скинати по две гласачки ливчиња од кочанот, но биле спречени од страна на набљудувачите да бидат изнесени надвор од гласачкото место. За овие инциденти кои сериозно може да го нарушат демократскиот процес е направен записник и се известени соодветните институции. Бугарскиот воз, во Бугарија ...
-Околу 150.000 лица синоќа се собраа во Тел Авив да му оддадат почит на Јицак Рабин, поранешниот израелски премиер, добитник на Нобелова награда за мир, кој беше убиен пред триесет години. -Тоа беа различни времиња, кога лидерите сè уште преземаа одговорност – со зборови и дела. Одговорност – токму за тоа Израел копнее денеска, изјави поранешниот началник на Генералштабот Гади Ајзенкот пред толпата на централниот плоштад во Тел Авив, местото на ...
Британскиот крал Чарлс III денеска изјави дека е „шокиран“ од нападот со нож во воз во источна Англија, во кој беа повредени најмалку десет лица. „Мојата сопруга и јас сме апсолутно згрозени и шокирани од овој ужасен напад со нож. Нашите најдлабоки сочувства се упатуваат кон сите погодени и нивните најблиски“, рече кралот во соопштение на социјалните медиуми. Британската полиција денеска соопшти дека во оваа фаза го исклучува тероризмот како ...
Државната изборна комисија (ДИК) на последната прес-конференција ја соопшти излезеноста на локалните избори по општини до 15 часот, а она што може да се забележи, споредено со излезеноста во првиот круг до 15 часот, е дека голема е разликата во Општина Брвеница. Тука, во првиот круг од локалните избори до 15 часот на гласање излегле 30,55% од гласачите, а во вториот круг до 15 часот излегле 40,83%. Поголема е излезеноста и во Кичево. Во оваа ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на почетокот на неделниот состанок на израелската Влада изјави дека ќе бидат уништени и двете преостанати упоришта на Хамас во Газа, едното во Рафа и другото во Кан Јунис. „Тие ќе бидат елиминирани“, рече Нетанјаху, нагласувајќи дека обидите на Хамас да ги измами Израел, САД и светот не биле успешни, објави „Тајмс оф Израел“. Нетанјаху, исто така, нагласи дека заштитата на израелските сили во Газа е ...
Српскиот фудбалски прволигаш Партизан му врачи денеска отказ на тренерот Срѓан Благојевиќ, по двата последователни порази. „Фудбалскиот клуб Партизан му се заблагодарува на Благојевиќ за неговата досегашна работа и му посакува многу успех во продолжението на кариерата“, се вели во соопштението на црно-белите. Партизан загуби на последните два натпревари, откако сензационално беа елиминирани во осминафиналето од Купот на Србија од Мачва (0:2) во ...
Излезноста на гласачите во вториот круг од локалните избори до 15 часот е 27,19 отсто, според податоците објавени од Државната изборна комисија (ДИК). Според обработените податоци, до 15 часот гласале 275.034 граѓани. Ова претставува помал одѕив во споредба со првиот изборен круг, кога до 15 часот излезноста беше 31,16 проценти. Најголема излезност е забележана во Крушево, каде гласале 50,22 отсто од запишаните избирачи. Потоа следуваат ...
– На поранешниот војвода од Јорк, Ендрју, ќе му биде одземена почесната поморска титула вицеадмирал, една недела откако му беше одземена титулата принц, објави денеска британскиот министер за одбрана Џон Хили. Овој потег доаѓа во време кога кралот Чарлс се обидува да го заврши скандалот околу врската на неговиот брат со осудениот сексуален предатор Џефри Епштајн, објави „Гардијан“. Титулата вицеадмирал му беше доделена на Ендрју во 2015 година ...
Синоќа во Каиро се одржа свеченост на која егиептскиот претседател Абдел Фатај ал-Сиси го отвори Големиот египетски музеј (ГЕМ). На церемонијата присуствуваа 40 државници и високи функционери, вклучувајќи кралеви, претседатели и премиери од целиот свет. На отворањето, за првпат беше изведена симфонија од египетскиот композитор Хешам Незих, компонирана за отворањето на ГЕМ, која содржи и пеење на староегипетски јазик. Изградбата на музејот, што ...
Мајка на 16-годишно момче кое загина во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад лани, почна денеска штрајк со глад пред Собранието на Србија. Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, еден од жртвите изјави дека „останува во штрајк со глад и нејзините бањара се јасни“ „Сите одговорни за падот на бетонската настрешница мора да бидат гонети и сослушани. Обвинителството и полицијата треба да си ја работат својата работа, а ...
Државната изборна комисија денеска во рамки на 151. седница расправаше по два приговори за остварување на право на глас, при што во двата случаи утврди дека лицата се запишани во Избирачкиот список и до 19 часот можат да го остварат своето право и донесе одлука за одземање на акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради постапување спротивно на Изборниот законик и на Кодексот за набљудување. Едниот приговор беше поднесен од лицето ...
Во Кочани врие од полиција и полициски возила, реагираат граѓани на социјалните мрежи., пренесува инфомакс.мк. Кочани мислеш ратна зона е, заштитени комбиња на секаде. Цел автобус засилување стаса пред кратко. Од кој се плашете, партизанска група на луѓе шо воде кампања без пари и има сериозни шанси да победи или го заплашувате вашето население? pic.twitter.com/xAltwyR6EL — Кенгур (@kengurMKD) November 2, 2025 Граѓани испратија и фотографии до ...