Митровиќ најавува спектакуларни open air настани – Aura Dominion подготвува ново поглавје на електронската сцена Македонската електронска сцена наскоро би можела да добие нова димензија. Според информации до кои дојдовме, Митровиќ, заедно со Баже Колев, подготвуваат серија спектакуларни open air настани кои ќе бидат посветени на љубителите на техно и хаус музиката. Иако првичните планови беа првиот голем настан да се одржи порано, поради ...

На денешното рочиште во судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани беа презентирани листинзи од телефонските комуникации на првообвинетиот Дејан Јованов и неговиот син Михајло Јованов, кој е третообвинет во предметот. Од презентираните докази, добиени од вештачењето на нивните мобилни телефони, произлегува дека Михајло Јованов во една од пораките го известил својот татко за полициска контрола во дискотеката, насочена кон ...

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе биде транспарентно во врска со целата постапка за обнова на цементарицата „Титан УСЈЕ“ во Скопје, потенцираше на денешната прес-конференција министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, кој одговараше на новинарско прашање по кој Закон ќе биде обновена А интегрираната дозвола за овој индустриски капацитет. -Барањето, како што знаете е објавено, расправата се ...

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, вели дека денешното потпишување на договорот со ЕБОР за доградба на автопатот Скопје – Блаце, докажало дека власта залудно потрошила две години. Според него, иако изминатиов период се тврдело дека се менува трасата, сепак, не е променет ниту милиметар. „Две години ни велеа дека автопатот Скопје – Блаце е блокиран затоа што се менува трасата. Ова беше изговор за секое ...

– Распоредувањето на ракетниот систем „Орешник“ и тактичкото нуклеарно оружје во Белорусија стана фактор способен да ги смири дури и најжешките глави, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко. „Распоредувањето на мобилниот ракетен систем „Орешник“ и тактичкото нуклеарно оружје во Белорусија стана значајно стратешко одвраќање, способно да ги смири дури и најжешките глави. Ова оружје значително го зголемува нашето ниво на ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши ја поддржува идејата за електронско гласање, доколку се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето. Ги повика координаторите на пратеничките групи да се обидат да ги надминат различните ставови и да постигнат компромис за Изборниот законик. На брифинг со новинарите претседателот на Собранието Гаши денеска рече дека електронското гласање било и во програмата на неговата политичка партија ...

– Операционализирање на идејата секој ден во текот на летото, за време на сезоната на пожари, преку тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување да се на располагање најмалку 120 доброволни пожарникари, е договорено на денешната средба на директорот за Дирекцијата (ДЗС) Стојанче Ангелов со претставници на доброволни противпожарни друштва. -Постигнавме договор секое Доброволно противпожарно друштво однапред да декларира ...

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, и директорот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Македонија, Фатих Туркменоглу, денеска потпишаа договор за инвестициски грант за доградба на преостанатите 10,5 километри од автопатот Скопје – Блаце. Парите за грантот се од рамката за инвестиции на Европската Унија за Западен Балкан. Грантот е 30,8 милиони евра, а заемот е 167,6 милиони евра. Со ова ...

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, говорејќи на седницата на Комисијата за финансирање и буџет, оцени дека предложениот ребаланс на Буџетот претставува признание за, како што рече, погрешното планирање и неуспешните економски политики на Владата, обвинувајќи дека со него повторно се зголемуваат дефицитот и задолжувањето. Говорејќи на седницата на Комисијата за финансирање и буџет, Трајчулески истакна дека Владата не може истовремено да ...

Центарот за управување со кризи информира дека денеска до 13 часот во земјава биле регистрирани вкупно шест пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а пет пожари се изгаснати. Активен пожар е пожарот во м.в. Пармакови Ниви, во Општина Куманово каде гори сува трева. Изгаснати се пожарите во с. Прждево (2 куќи, помошен објект, сува трева и нискостеблеста шума), во Демир Капија, на депонијата кај Лепенец, с. Волково, Општина Ѓорче ...

Полицијата уапси две лица поради сомнение дека вчера предизвикале пожар во Скопје. Според информациите на МВР, вчера во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тие се осомничени дека истиот ден околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен ...

Државниот пазарен инспекторат утврди дека одредени синџири маркети ги зголемиле бруто-маржите за 2 до 5 процентни поени за само една година. Наодот, по Законот за инспекциски надзор и Законот за трговија, повлекува јасна постапка: решение, мерка, казна! Наместо тоа, премиерот Мицкоски најавува дека имињата на компаниите ќе се кријат во анонимност и дека она што има да го каже, „ќе го каже директно, во разговор со нив“, се наведува во ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе нова одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47 отсто во однос на претходната одлука од 29 јуни. Според новата одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 87,50 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) поскапува за 2,50 денари и новата цена изнесува 82,50 денари за литар. Екстра лесното ...

Американски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при слетување со параглајдер во близина на индустриската зона Жабени, во атарот на битолското село Породин. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен вчера во 15:52 часот во СВР Битола, дека при слетувањето со параглајдер во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б. (59) од САД се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката ...

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска се извини откако во интервју за еден хумористичен поткаст даде груба забелешка за пејачката Кајли Миног, што предизвика негодување кај групите за правата на жените и кај опозициските пратеници. Водителката на поткастот, Ники Озборн, го праша Албанезе со која од трите австралиски познати личности би се оженил, со која би излегувал или би „спиел“, на што премиерот првично одби да одговори, велејќи ...

Анексија на Гренланд од страна на САД во моментов е единствениот начин за справување со долгорочните безбедносни ризици околу овој остров покриен со мраз, кој му припаѓа на Кралството Данска, изјави висок американски функционер. – Сè уште сметаме на тоа како на најдобар начин да се задоволат одбранбените потреби на НАТО во однос на Гренланд – им изјави тој на новинарите пред самитот на НАТО кој утре и задутре ќе се одржи во Турција. Сепак, ...

Катерина Блажевска Отсуството на суштински дијалог внатре, а не надвор од партијата, се доживува како причина за долгогодишно губење контакт со членството, со граѓаните и социјалдемократијата. „Ништо не е црно-бело. Ниту раководството на СДСМ е 100 % право, ниту учесниците во платформата „Разговори за иднината во 12:05“. Вистината е дека актуелното раководство на СДСМ, кое е предмет на критика, не е причина туку последица на политика која ...

Полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишен малолетник од Тетово, кој се сомничи дека во текот на изминатиот месец извршил повеќе кражби во верски објекти. Како што информира Министерството за внатрешни работи, малолетникот бил приведен на 5 јули околу 13:20 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово. Според првичните сознанија, тој е осомничен за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ во црквата во селото Брвеница, ...

АЛКАЛОИД АД Скопје го доби сребрениот медал SILVER | TOP 15 % за 2026 година доделен од EcoVadis, со освоени 94 перцентили. Со ова признаниеАЛКАЛОИД се позиционира меѓу најдобрите 15 % од сите компании оценети на глобалната платформа EcoVadis во последните 12 месеци. Сребрениот медал претставува значаен напредок во однос на минатогодишниот бронзен медал BRONZE | TOP 35% и е уште една јасна потврда за долгогодишната посветеност на АЛКАЛОИД на ...

Наскоро ќе биде познато дали мазутот кој се горел во печките на ТЕЦ Неготино бил штетен за жителите на овој регион, но и пошироко. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ни одговорија дека конечно е најден и ангажиран експерт кој треба да ги прочита резултатите од вештачењето за мазутот кое беше направено во Србија, бидејќи со месеци Обвинителството тапкаше во место, тврдејќи дека нема кој да ги протолкува ...

Современите свадби сè повеќе наликуваат на мини-претстави. Најнов тренд се така наречените „лажни матичари“. Станува збор за лица кои немаат законско овластување да склучуваат брак, но ја водат церемонијата така што таа изгледа како вистинско венчавање. Правниот дел од постапката младенците најчесто го завршуваат во Општина, а потоа големото „да“ го повторуваат пред семејството и пријателите, често со сценографија како на филм, пишува Сити ...

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска му се закани на Иран, изјавувајќи дека секој иден ирански лидер кој ќе се обиде да му наштети на Израел ќе ја претрпи судбината на врховниот верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во израелски воздушен напад. Додека во Иран се во тек погребните церемонии за поранешниот ирански врховен лидер Али Хамнеи, Кац вети дека Израел ќе се одмазди на секој иден ирански лидер кој ќе се ...

Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов – спој на младоста и искуството, а како заедничка особина и на двајцата, како и на целиот тим вклучен во овој проект: енергијата, трудот и искрената желба да се создаде не песна со видео запис, туку парче уметност. Главниот „виновник” за спојот на оваа група уметници е продукцијата „Fresh Union” зад која стои Васко Павлевски кој безрезервно се вложи тимот да е составен од најдобрите меѓу најдобрите, односно: ...

Големи колони од возила се формираа на граничниот премин Евзони, каде што утрово има зголемен интензитет на сообраќајот кон Грција. Според информациите од терен, се чека подолго за премин на границата, а колоната се протега на македонската страна. Доколку патувате кон грчкото крајбрежје, бидете подготвени за подолго задржување. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) Големи колони од возила се формираа ...

24-годишник од Гази Баба бил пронајден починат во својот дом во Гази Баба изминатиот викенд. – На 04.07.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош Скопје е пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, починал М.Ц.(24) од Скопје, кој, според пријавеното, имал здравствени проблеми, известија од полицијата во вчерашниот билтен. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител ...

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека Владата, преку Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА), започнува со реализација на нова програма за вклучување на младите во работата на општините. Според најавите, во текот на август и на септември ќе започне програмата „Месеци на практикантство“, која ќе се спроведува во соработка со државните универзитети. Преку неа, ...

Бразил по поразот од Норвешка (1-2) го заврши настапот на Мундијалот во осминафиналето. Сепак ситуацијата на нереализираниот пенал во 14 минута при резултат 0:0 привлече многу внимание, особено што ударот на изведувачот Бруно Гимараеш противничкиот голман Ојран Ниланд го одбрани. – Најдобриот изведувач на пенали во националниот тим е Рафиња. Тој не беше на теренот. Потоа, Нејмар, па Игор Тиаго, потоа беше Бруно Гимараеш. И по Бруно Гимараеш, ...

Девет лица беа повредени во силна експлозија на гас што се случи во текот на ноќта во виенската населба Флоридсдорф, јавуваат австриските медиуми. Во експлозијата целосно е уништена семејна куќа на улицата Карл-Бенц-Вег, а оштетени се и повеќе околни објекти. Голема материјална штета е предизвикана и на паркирани автомобили, прозорци и други стаклени површини. Според австриската телевизија ORF, шест лица се здобиле со полесни повреди, додека ...

Турските власти приведоа повеќе од 100 лица кои учествуваа на протестот против НАТО организиран од Комунистичката партија на Турција (ТКП) во Анкара, пред самитот на алијансата во градот следната недела, соопшти ТКП. Во соопштението, ТКП вели дека организирала протести против НАТО во Анкара и Истанбул во понеделник, објави Ројтерс. Полицијата употреби солзавец за да го растури протестот на централниот плоштад Кизилај во Анкара, приведувајќи ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците да донесат „цврсти одлуки“ на самитот на НАТО, кој ќе се одржи утре и задутре во Анкара, по руските напади во Киев и регионот, во кои беа убиени најмалку 14 лица. „Од исклучителна важност е светот — на прво место САД и нашите европски партнери — да излезе од самитот во Анкара со јасни и цврсти одлуки за поддршка на нашата противвоздушна одбрана и така да го заштити животот на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
60%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
1.3
63%
1020
weather icon

Загреб

19ᴼ / 14ᴼ
0.51
58%
1022
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.64
68%
1022
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.42
55%
1022
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.03
86%
1022
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
58%
1013
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.7
45%
1016
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.5
36%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
3.58
49%
1023
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
2.68
49%
1023
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
9.26
61%
1017
Currency

61.5217

Currency

53.3725

Currency

71.9616

Currency

37.6714

Currency

38.2876

Currency

65.5025

Currency

7.90796

Currency

0.64188

Currency

0.33454

Currency

0.52437

Currency

1.11367

Currency

0.55893

Кобалт

56.29

Калај

56.21

Сребро

2051.41

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.24

Цинк

0.00

Паладиум

41281.56

Родиум

282926.57

Платина

54720.57

Злато

138910.52

Бакар

13.19

Иридиум

252383.36