Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Една 38-годишна жена е приведена и денеска е обвинета за „учество“, а друг маж е ослободен без обвинение во истрагата за грабежот во музејот Лувр во Париз, што го привлече светското внимание. Жената била уапсена во средата во парискиот регион заедно со уште четворица осомничени, а обвинета за учество во организирана кражба и заговор за извршување кривично дело и е ставена во притвор, што го побара канцеларијата на парискиот обвинител. Вториот ...
Службено возило на „Македонски шуми“ е забележано пред штаб на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во валандовско Брајковци. Локално население ја испрати фотографијата до Инфомакс и објасни дека возилото е пред шработ на владејачката партија. Службените возила не смеат да бидат злоупотребувани во политички цели. Дополнително доколку штабот е отворен, а службени лица со службено возило се внатре станува збор за прекршување на изборниот молк. Извор: ...
По повод првата годишнина од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во која 16 лица ги загубија животите, Делегацијата на Европската унија во Србија издаде соопштение во кое изразува сочувство и солидарност. Соопштението беше поддржано од амбасадите на сите земји-членки на ЕУ во Србија, освен Унгарија, пишува Н1. Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на Делегацијата на ЕУ се наведува дека Унијата ...
Бугарија ја разгледува можноста да побара изземање од новите американски санкции против „Лукоил“, најголемата приватна нафтена компанија во Русија, бидејќи се плаши дека мерките ќе предизвикаат голем недостиг на гориво низ целата земја и протести што би можеле да доведат на власт проруски политичари, објави денеска Политико, повикувајќи се на два извори. Изворите наведуваат дека бугарската Влада побарала од Вашингтон објаснување како може да ...
Петнаесетгодишно девојче било нападнато од три малолетнички кои ги познавала, а една од нив употребила и тврд предмет. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (31.10.2025) во 21:00 часот во СВР Скопје, М.С.(57) од Скопје пријави дека околу 15:00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзината 15-годишна ќерка била физички нападната од три малолетнички кои ги познавала, од кои едната употребила тврд предмет. За настанот е ...
Дијана Хрка, чиј син Стефан (1997) е меѓу загинатите во трагедијата во Нови Сад, на денешниот комеморативен собир најави дека почнува штрајк со глад пред зградата на Собранието во Белград. Пред илјадниците присутни на собирот кај Железничката станица на Нови Сад, таа порача дека ова е борба која мора да ја истера докрај. „Ова е мојата борба која мора да ја истерам докрај. Ја почнувам оваа борба сама. Се оградувам од студентите и почнувам штрајк ...
Победникот на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, се огласи по инцидентот на концертот на Цеца Ражнатовиќ во Велес, кога пејачката за време на настапот подигна бугарско знаме, предизвикувајќи бурни реакции во јавноста. „Се разбудив со мисла за оние кои повеќе не се со нас, на Задушница во нивно име да ги спомнеме… ама денот сакал поинаку,“ напиша Станишиќ во објава на социјалните мрежи. Тој откри дека, според него, жената која ...
Втората колона граѓани и студенти денеска тргна од Плоштадот на слободата кон железничката станица во Нови Сад, каде што ќе се одржи главниот дел од комеморацијата по повод една година од трагедијата во која загинаа 16 лица. Главната програма започнува во 13:30 часот и ќе трае околу два часа. Потоа, во 15:30, ќе биде емитувана документарната серија „Прекретница“, посветена на настаните и последиците од несреќата, додека во 16:30 е најавена ...
На 31.10.2025 во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 12- годишен битолчанец. Тој се сомничи дека извршил кривично дело „тешка кражба“, односно дека на паркинг простор пред спортска сала „Боро Чурлевски” во Битола со употреба на сила и подесен алат влегол во автобус со штипски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Штип, при што одзел повеќе лични работи на ученици и наставници кои биле на екскурзија. По ...
Пензионер преку видео навредувал цело неготинско село. Таква пријава поднеле 107 жители од Криволак против 67-годишниот Љ.Т. од Неготино, обвинувајќи го дека на социјална мрежа објавил видео со „невистини и навреди на национална основа во врска со изборниот процес“. „Тој на 20 октомври преку личен профил и профил кој го управува на социјална мрежа, објавил видео во кое употребил погрден и навредлив израз за лица од село Криволак, повикувајќи на ...
Малолетен гостиварец утрово завршил во болница каде му била пружена медицинска помош откако било пријавено дека е затруен по конзумирање алкохол во угостителски убјект, информираат од СВР Тетово. – На 01.11.2025 во 02:45 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив е донесен малолетник затруен од консумирање на алхохол. Веднаш е постапено по пријавата и констатирано е дека се работи за 16- годишник од гостиварско ...
За дваесетина дена ќе биде позната судбината на зделката која ја најави руската компанија „Лукоил“ со меѓународниот трговец со стоки „Гунвор“ за продажба на странските средства со цел да ги избегне санкциите од САД воведени на 22 минатиот месец. Исходот оваа зделка која треба да добие зелено светло од Одделот за контрола на странки имот (ОФАЦ) при американското Министерство за финансии, ќе се однесува и на имотот на „Лукоил“ во Македонија и на ...
Кошаркарите на Чикаго дојдоа до својата петта победа по ред од почетокот на сезоната во НБА лигата, совладувајќи го изминатата ноќ Њујорк со 135-125. Џош Гиди постигна 32 поени, што е негов личен рекорд, а Никола Вучевиќ додаде 26 поени за Чикаго, кој го има својот најдобар почеток на сезоната од 1996 година. Словенецот Лука Дончиќ, кој се врати на теренот по пауза од три натпревари поради повреда, го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до триумф ...
Со одлука на Вишиот суд во Белград повторно е потврдена обвиненето на Посебното одделение за сузбивање корупција од Вишото јавно обвинителство во Белград подигната против менаџерот на Железница на Србија и два члена на Комисијата за технички преглед на железничката станица во Нови Сад. Белградски електронски медиуми јавија, повикувајќи се на информација на Танјуг, дека вчера во постапка за повторно одлучување по наредба на Апелациски суд, судот ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање, зборуваше за новите санкции против Русија и ситуацијата на бојното поле, особено во стратешки важниот град Покровск. Тој претходно тврдеше дека Русија распоредила 170.000 војници во источноукраинскиот регион Донецк за да го освои тоа важно упориште. Во исто време, украински воен извор објави видео кое наводно го прикажува отпорот на украинските сили во Покровск, додека ...
Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа усвои резолуција поддржана од САД со која се одобрува предлогот на Мароко за автономија на Западна Сахара како основа за обновени разговори, со што се зајакнуваат претензиите на Рабат кон спорната територија, објави ДПА. Единаесет членови на советот гласаа за резолуцијата, додека Русија, Кина и Пакистан се воздржаа. Алжир, кој се спротивставува на резолуцијата и го поддржува движењето Полисарио ...
Јужнокорејскиот претседател Ли Џае-мјун изјави дека сака да ја продолжи политиката на зближување со Северна Кореја и покрај редовните покажувања непријателство од Пјонгјанг. „Преземаме активни чекори за изградба на доверба и да се почувствува Северна Кореја посигурна“, рече денеска јужнокорејскиот претседател на прес-конференцијата по самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во градот Гуангџу. Откако ја презеде функцијата во јуни, ...
Анимираната научно-фантастична комедија „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски денеска има белгиска премиера на Razor Reel Flanders Film Festival во Бриж. Фестивалот е дел од Мелиес организацијата – европска мрежа на филмски фестивали посветени на фантастичниот филм, именувана по пионерот на кинематографијата Жорж Мелиес, француски режисер кој уште на почетокот на 20 век ги постави темелите на филмската фантазија и специјалните ...
Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг. Градоначалници, во втор круг на Локалните избори 2025 што ќе се одржи утре, ќе избираат граѓаните на Аеродром, Карпош, Центар, Шуто Оризари и на Градот Скопје. Шест скопски општини избраа градоначалници во првиот круг, од кои тројца добија втор мандат, и тоа акутелните градоначалници на Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров. Во втор круг, во трката за ...
Албанската влада го прогласи 2 ноември за ден на национална жалост во чест на поранешниот премиер и основач на Социјалистичката партија, Фатос Нано, кој почина вчера на 73-годишна возраст. Во знак на почит кон неговата личност, јавни и државни почести ќе се одржат утре во Конгресната палата во Тирана од 8:30 до 11:45 часот, а погребната церемонија е во 12:05 часот. За време на денот на жалост, националните знамиња ќе бидат спуштени на половина ...
Германскиот аеродром Берлин-Бранденбург денеска продолжи со работа по привремениот прекин поради дрон забележан синоќа. Портпаролот на аеродромот потврди за германската новинска агенција ДПА дека во моментов нема ограничувања. Авиосообраќајот беше прекинат нешто помалку од два часа синоќа, а многу летови беа пренасочени. Работното време на аеродромот беше продолжено за да им се овозможи на авионите да полетуваат до два часот наутро и да ...
Најмалку 13 лица го загубија животот денеска во лизгање на земјиште во западна Кенија, предизвикано од поројните дождови, соопшти локалната полиција. „Деветнаесет лица се спасени, а непознат број сè уште се водат како исчезнати“, изјави командантот на полицијата во округот Елгејо-Мараквет, Питер Мулинге. Кенискиот министер за внатрешни работи Кипчумба Муркомен изјави дека се распоредени воени и полициски хеликоптери за да помогнат во ...
Со 16-минутна тишина денеска во Нови Сад во 11 часот и 52 минути беше оддадена почит за 16- луѓе загинати во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад лани. Кон градот се уште се движат колони граѓани од кои сакаат да присуствуваат на денешниот комеморативен собир по повод година дена од трагедијата во која меѓу загинатите беше и македонски државјанин. Палат свеќи, оставаат цвеќе на оградата на железничката станица. ...
Во Рио де Жанеиро и други делови од Бразил, жителите на фавелите и активистите демонстрираа против најсмртоносната полициска операција против нарко-бандите во историјата на земјата, во која беа убиени најмалку 120 лица. Демонстрантите побараа одговорност од локалните власти и прекин, како што тврдат, на воените упади во сиромашните заедници. Властите повторија дека акцијата била легална и заснована на едногодишна истрага. – Многу е тажно да се ...
ОВР Неготино, до ОЈО Кавадарци, поднесе кривична пријава против Љ.Т.(67) од овој град, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г став 2 во врска со став 1 од КЗ, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. -Тој на 20 октомври преку личен профил и профил кој го управува на социјална мрежа, објавил видео во кое употребил ...
По инцидентот што се случи на концертот во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, кога пејачката Цеца Ражнатовиќ подигна бугарско знаме, таа се огласи со изјава за „Бекстејџ“, објаснувајќи дека нејзиниот гест бил погрешно сфатен и дека немала намера да навреди никого. „Не е ништо необично што секогаш со радост го прифаќам секое знаме од мојата публика, затоа што тоа е мојата публика, мојот народ, моите луѓе. Нас нè поврзува љубовта кон песната, ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека земјата ќе исплати 14. пензија, објави националната новинска агенција МТИ. Во видео објавено на Фејсбук, Орбан објасни дека одлуката следела по долга дебата за време на владиниот состанок во среда, додавајќи дека владата веќе работи на воведување на 14. пензија. Владата, исто така, одлучи да ги зголеми платите во социјалниот и културниот сектор за 15 отсто, да ги удвои средствата за згрижувачките ...
Холандската либерално-прогресивна партија Д66 оствари тесна победа на општите избори во средата, а нејзиниот 38-годишен лидер Роб Јетен е на добар пат да стане најмладиот и прв геј деклариран премиер во историјата на земјата, објави познатиот „Гардијан“. Според информациите, антиимиграциската и антиисламска Партија за слобода (ПВВ) на Герт Вилдерс повеќе нема шанси за победа. 31.10.2025 Јетен ја прогласи изборната победа- десничарите за малку ...
Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден во предметот за „27 април“. Тој доби 13 години затвор за претепување на Зијадин Села, дело кое го негираше. Веста ја објави осудениот Горан Ангелов-Ќосето. Ѓорѓиевски бил и бранител од 2001 година. Ѓорѓиевски беше обвинет и осуден како човек кој што му ги задал најтешките удари на Села. Во 2017 година, кога издржуваше притвор, Ѓорѓиевски беше претепан од група затвореници. Иако се жалеше на казната од Кривичен, ...
Во вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи во недела, 2 ноември, од вкупно 33 општини каде ќе се гласа, само три жени се кандидати за градоначалничка функција. Според податоците од Државната изборна комисија, кандидатки се Соња Стаменкова во Општина Македонска Каменица, поддржана од Коалицијата „Локални избори 2025 – СДСМ“, и кандидатките на Коалицијата „Твоја Македонија – ВМРО-ДПМНЕ“ Марија Нацева во Општина Неготино и Наталија ...