Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Осум лица, меѓу кои и четири деца, се ранети во пукотница што се случила на Кони Ајленд, населба во Бруклин, во Њујорк, наведе полициската управа на Њујорк (NYPD). Полицијата околу 22,37 часот одговорила на пријавите за повеќекратни ранувања од огнено оружје, објави Ен-би-си Њуз (NBC News). По пристигнувањето на местото на настанот, полицајците пронашле осум лица со рани од огнено оружје, кои биле пренесени во блиските болници. Според ...
Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне го лишиле од слобода 21-годишниот С.Б. од Скопје, кој е осомничен за обљуба врз малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, истиот ден во 13:20 часот, жена од Скопје пријавила дека на 3 јули на подрачјето на Шуто Оризари, осомничениот се обидел да изврши обљуба врз нејзината 16-годишна ќерка. Во пријавата било наведено и дека пред околу шест месеци ...
Големиот ајатолах Џафар Собани утрово ја предводеше погребната молитва за Али Хамнеи во Техеран, на вториот ден од официјалната жалост за починатиот врховен лидер на Иран. Високиот верски лидер (97) беше прикажан на државната телевизија како го води обредот за Хамнеи, кој беше убиен во израелски воздушен напад врз неговата официјална резиденција во Техеран на 28 февруари. Тројца синови на убиениот ирански лидер, ајатолахот Али Хамнеи, се ...
Украина во текот на ноќта нападна неколку трафостаници во Крим, како резултат на што полуостровот што се наоѓа под руска окупација остана без електрична енергија, објавија каналите на социјалните мрежи. Цели на украинскиот ноќен напад беа трафостаниците Бахчисарај и Жимино, објавено е на каналот на Телеграм Ексиленова Плус. Проукраинскиот канал Кримски ветер претходно извести за прекини во снабдувањето со електрична енергија низ Крим како ...
Четири дена пред својот воведен натпревар во Конференциската лига на УЕФА, македонскиот вицешампион Шкендија ги засили денеска редовите со фудбалерот од средниот ред Флорент Рамадани. Дваесетипетгодишниот Рамадани се враќа во својот матичен клуб, откако изминатите шест месеци настапуваше за косовскиот прволигаш Дрита со кој ја освои шампионската титула. Рамадани, како што е соопштено, стави потпис на двегодишен договор. „Заемната желба на ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар вчера предложи пратениците да имаат ограничен мандат од максимум 12 години како дел од поширокиот пакет уставни реформи. Маѓар оваа идеја ја објави на Фејсбук, велејќи дека е дел од амандман што го доставил до парламентот. Во средината на јуни, партијата Тиса на премиерот Маѓар, која има двотретинско мнозинство во парламентот, одобри уставен амандман со кој се ограничува мандатот на премиерот на два ...
Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, изјави дека Велика Британија „долго време е разочарана од своето лидерство“, додавајќи дека се надева дека следниот премиер на земјата ќе може да ги спроведе структурните промени што ги бараа гласачите по години политички превирања. Во интервју за весникот „Сандеј тајмс“, Венс рече дека честите промени на владата укажуваат на подлабоки проблеми во британската политика. Премиерот Кир Стармер минатиот ...
Почна функционирањето на новиот состав на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за новиот мандатен период (1 јули 2026 – 1 јули 2029) по конститутивната седница на Сенатот одржана на 23 јуни 2026. Универзитетскиот сенат ги извршува своите надлежности во согласност со законските и статутарните одредби на УКИМ. Како што објави Универзитетот, по спроведено гласање на конститутивната седница проф. д-р Владо ...
Селекторот на норвешката фудбалска репрезентација, Стале Солбакен, изјави пред вечерашниот осминафинален дуел на Светското првенство против Бразил дека петкратниот светски првак не е веќе голем фаворит како во минато. Солбакен посочи дека неговата репрезентација ќе има шанса да го елиминира Бразил, но за тоа да се случи ќе мора да одигра совршен натпревар. „Сè уште го гледам Бразил како фаворит, но не мислам дека се голем, голем фаворит, како ...
Првиот пациент на кому му беше дијагностицирана зараза со ебола во Франција успешно е излекува и тој веќе е отпуштен од болница, објави министерката за здравство Стефани Рист. Според неа, „по два негативни ПЦР (PCR) тестови, пациентот сега заздраве и може безбедно да се врати дома“, што донесе олеснување по првиот случај регистриран на француска територија, пишува Евроњуз (Euronews). Пациентот, кој сега е надвор од опасност, е лекар ...
Не се точни изјавите на Мицкоски дека нашите барања во Работната група за измена на Изборниот законик биле целосно прифатени. Напротив, нашите барања беа пред сѐ, една изборна единица и укинување на платеното политичко рекламирање и беа одбиени. Во текот на целиот процес за подготовка на Изборниот законик во Работната група, Левица беше конструктивна, целеше кон консензус и имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, се наведува во ...
Членови на националистичката група „Патриотски Фронт“ вчера маршираа низ Вашингтон за да ја одбележат 250-годишнината од независноста на земјата. Фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи покажаа десетици маскирани лица кои носеа знамиња во близина на Јунион Стејшн, во населбата Вашингтон Капитол. Весникот „Вашингтон пост“ објави дека „стотици“ униформирани членови на бела супремациска група марширале кон американскиот Капитол, ...
Не сакајќи премногу да го коментира судењето на осминафиналниот дуел на Светското првенство против Парагвај (1-0), селекторот на Франција, Дидие Дешан, изрази жалење за навредите разменети за време на натпреварот кој беше тензичен, а на крајот можеше да заврши и со физичка пресметка меѓу играчите на теренот на стадионот во Филаделфија. „Нема да го критикувам судијата, но натпреварот го завршивме со три жолти картони, иако видов секакви работи ...
Од овогодишното издание на Macedonian Open 2026 остана да се одигра уште финалниот дуел во кој македонскиот тенисер Калин Ивановски ќе се соочи со искусниот Владислав Орлов од Украина. За Ивановски ова е вкупно 11. финале во кариерата, а оваа година има извонреден ефект и 12 победи на 13 натпревари, претрпувајќи пораз единствено во финалето на турнирот во Загреб минатата недела. Ивановски има и пет турнирски победи, од кои последната во јули ...
Македонската карате репрезентација оствари извонреден успех на ЕТКФ Европскиот куп за деца, што се одржа вчера во „Овергас Арена“ во Софија, Бугарија, освојувајќи вкупно 58 медали и прво место во генералниот пласман. Како што информира Македонската традиционална карате федерација (МТКФ), македонските натпреварувачи освоија 17 златни, 14 сребрени и 27 бронзени медали, со што се пласираа на врвот меѓу учесниците на турнирот. Второто место во ...
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус сака да ја спречи крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) да пристапи до класифицирани информации доколку влезе во владата, а како причина за тоа ги наведе блиските врски на партијата со Русија, пренесе ДПА. Тој за неделното издание на тиражниот весник „Билд“ изјави дека близината на партијата со рускиот претседател Владимир Путин е неоспорна. Чувствителните информации не ...
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои еден е ставен под контрола, а 16 се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде што биле зафатени борова шума и ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во Општина Ѓорче Петров кај селото ...
Пожарите на дивите депонии не се случајност – тие се последица на човечка несовесност, апелираат од ТППЕ Струмица и притоа појаснуваат дека во изминативе денови пожарникарите интервенирале при гаснење на пожари на депониите во Добрашинци и Гечерлија. -Ваквите интервенции бараат голем ангажман, трошат вода, гориво, опрема и човечки ресурси, кои во секој момент може да бидат потребни за спасување човечки животи и имот. Горењето на отпадот ...
Франција се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, откако синоќа во Филаделфија со доста мака го совлада Парагвај со 1-0. Килијан Мбапе го постигна единствениот гол на натпреварот, реализирајќи од пенал во 70. минута. За Мбапе ова беше седмиот гол на ова Светско првенство, со што се израмни со аргентинскиот капитен Лионел Меси на листата најдобри стрелци. Франција во четвртфиналето на 9 јули ќе игра против Мароко, кој претходно ...
Двата земјотреса што ја опустошија северна Венецуела пред десет дена досега одзедоа речиси 3000 животи, покажаа официјалните бројки објавени вчера, додека меѓународните спасувачки екипи постепено ја прекинуваат потрагата по преживеани во урнатините. Во градот Ла Гваира, епицентарот на катастрофата, лоциран четириесет километри северно од главниот град Каракас, на 24 јуни се урнаа и срамнија со земја бројни згради. Многу жртви се уште се на ...
Облечи ја униформата со гордост!“ е мотото на јавниот повик на Министерството за внатрешни работи за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија за учебната 2026/2027 година. Со него ќе се возобнови средното полициско образование во државава по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето на тогашниот Центар за образование на кадри од областа на ...
Стравот на Венко Заев и СДС е едноставен, тие знаат дека дијаспората нема да гласа за нив затоа што тие луѓе си заминаа од државата токму поради нивното катастрофалното раководење, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално. Венко Заев и СДС денес панично го блокираат Изборниот законик со илјадници амандмани од една единствена причина, бидејќи стравуваат дека македонската дијаспора нема да им ја даде довербата. ...
Многу нервозно реагираат ВМРО кога се зборува за нов Изборен законик. СДСМ сака нов Изборен законик, но не сака закон за кражба на изборите по мерка на Мицкоски. Сакаме дијаспората да гласа, како што гласаше и досега – само не сакаме Мицкоски да гласа од Белата палата наместо дијаспората, се наведува во соопштението на СДСМ кое МИА го пренесува интегрално. Не се караме со нашите членови, функционери, аналитичари и професори. Оние кои вие ги ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп по повод 250-годишнината од независноста на земјата и притоа повикал на „американска решителност“ за прекин на повеќе од четиригодишната војна со Русија. Зеленски рече дека имал „многу добар“ разговор со Трамп за ситуацијата на фронтот. „Постои реална перспектива за прекин на оваа војна и американската решителност ќе биде ...
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа телефонски разговараше со својот американски колега Доналд Трамп по повод 250-годишнината од независноста на САД, соопшти Кремљ, појаснувајќи дека двајцата лидери разговарале за ситуацијата во Украина пред самитот на НАТО во Анкара. „Претседателите природно го допреа прашањето за решавање на конфликтот во Украина, земајќи го предвид претстојното учество на Доналд Трамп на самитот на НАТО во Турција ...
Од 4 до 8 август, во Струмица, традиционално по 21. пат, ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, соопштија денеска организаторите. Според овогодишното фестивалско мото „Со отворени очи“, независните филмски автори метафорично ја повикуваат публиката да гледа како животот тече како на филмска лента низ бројните приказни раскажани од различни краишта на светот. -Физиономијата на фестивалот, кој е препознатлив не само во ...
Соединетите Американски Држави се дом на слободата и „крунисување на човечката историја“, изјави претседателот Доналд Трамп синоќа во Вашингтон за време на прославата на 250-годишнината од американската независност, поточно 250 години од потпишувањето на Декларацијата за независност во Филаделфија, што го означи прекинувањето на врските на Тринаесетте колонии со британската круна. Во говорот што беше одложен за неколку часа поради бурите над ...
– Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...
Игор Ивановски -Шема еден од организаторите на тнр Платформа 12. 05 која во петокот таинствено се одржа во Скопски Лимак ,го негира впечатокот на медиумите дека стартот на Платформата им бил таинствен,со двајца новинари но без дозвола да ги цитираат дискутантите. Не беше ништо тајно од дебатата објавивме соопштение ги наведовме лицата кои ја сочинуваат Платформата и објавивме и фотографии. Тој во гостувањето во Дневникот на тв Сител негираше ...
Денеска паднаа сите маски. Јавно, на телевизија, пред сите граѓани, челнови и симпатизери на СДСМ, Игор Ивановски-Шема призна дека платформата не е за никакви „разговори за иднината“ на Македонија туку за рушење на СДСМ од внатре, се вели во реакцијата од опозициската партијата на вечерашното гостување на универзитетскиот професор и поранешен висок функционер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во централниот „Дневник“ на телевизија ...