Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Во Тирана синоќа беше одржан најмасовниот протест во историјата на земјата, со учество на неколку стотици илјади учесници, меѓу нив и голем број Албанци од дијаспората, кои пристигнаа во метрополата од неколку европски земји, но и Албанци од соседните земји, објавија медиумите. Протестот почна во 19 часот, од плоштадот “Скендер бег”, до плоштадот “Народни херои” и пред владата каде се обратија повеќе говорници повторувајќи ги веќе познатите ...
Во Белград денеска физички е нападнат дописникот на Македонската национална телевизија Оливер Бранковиќ. Полицијата веднаш започнала акција за фаќање на напаѓачот. Нападот не е поврзан со национални или други политички теми туку за куче. ,,По 14 години живот и работа како дописник за Македонската Радио Телевизија во Србија и 7 години во МИА, не верував дека ова може да ми се случи во Белград”, раскажува Бранковиќ. ,,Денес попладне, додека ...
Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за гаснење се пренасочени кон овој регион. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека ер тракторите се ангажирани на интервенција кај Штип, каде што пожарот се шири во близина на населбите Баби и Дузлак. ...
о сабота попладне избувна пожар во Неа Каликратија на Халкидики, при што огнот зафати ниска вегетација. На терен се ангажирани околу 30 пожарникари со 10 возила, еден пешадиски тим и група доброволци. Во гаснењето на огнената стихија учествува и воздушна поддршка со три авиони и еден хеликоптер. Дополнителна помош обезбедуваат цистерни со вода и градежни машини од Централна Македонија. До жителите на подрачјето е испратена порака преку ...
Првиот пациент кај кого во Франција беше потврдена ебола успешно се опорави и е пуштен на домашно лекување, соопшти француската министерка за здравство Стефани Рист. Таа изјави дека пациентот бил отпуштен од болница по два негативни ПЦР-теста, со што е потврдено неговото закрепнување. Станува збор за хуманитарен лекар кој на 23 јуни пристигнал во Франција со лет од Демократска Република Конго. При качувањето во авионот имал блага главоболка, ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели оти не очекува дека промените во британската влада, по оставката на премиерот Кир Стармер, ќе предизвикаат, како што кажа, турбуленции во однос на стратешкиот договорот што земјава го потпиша со Велика Британија, а согласно кој Лондон треба да гарантира за неколку проекти во Македонија. Мицкоски ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање за тоа до каде е физибилити студијата за брзата пруга на Коридорот ...
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска на седницата на Комисијата за финансирање и буџет оцени дека предложениот ребаланс на Буџетот претставува признание оти Владата не ги исполнила ветувањата дадени при неговото донесување во декември 2025 година. Според Спасовски, со ребалансот се крши Законот за буџети, а наместо да придонесе за стабилност и развој, се намалуваат средствата што треба да ја поттикнат ...
Поранешниот унгарски претседател Јанош Адер оцени дека најавите за разрешување на сегашниот претседател на земјата, Тамаш Суљок, претставуваат „уставен удар“ и вовед во „студена граѓанска војна“, додека премиерот Петер Маѓар му одговори со обвинувања дека со години ужива во привилегии и луксуз платен со парите на даночните обврзници. Адер истакна дека премиерот Петер Маѓар неколку пати пред изборите изјавил дека, во случај партијата Тиса да ...
Британската агенција за борба против криминалот и Фондацијата за надзор на интернет објавија нови препораки за заштита на децата од зголемената употреба на вештачка интелигенција (ВИ) за создавање педофилски содржини. Тие ги предупредуваат родителите да не објавуваат фотографии од нивните деца на интернет, бидејќи со помош на ВИ тие можат да се претворат во порнографски материјал. Предупредувањето уследи откако училиште во Велика Британија ...
Австралија ја поздрави нацрт-одлуката на УНЕСКО, со која Големиот корален гребен нема да биде впишан на листата на загрозени локалитети на светското наследство, и покрај последиците што климатските промени ги имаат врз овој природен бисер. Австралиската заменик-министерка за туризам, Нита Грин, оцени дека ваквата одлука претставува признание за континуираните напори на земјата во заштитата и управувањето со Големиот корален гребен. ...
Костарикански научници соопштија дека во водите на Тихиот Океан најверојатно откриле нов вид на таканаречената „ајкула дух“, односно химера, која се разликува од досега познатите видови по пократката њушка, потемната боја на телото и подолгата боцка на грбната перка. Истражувачите од Универзитетот на Костарика велат дека новиот примерок бил пронајден во близина на Кејп Бланко и островот Дел Кањо. Професорот Артуро Ангуло Сибаха истакна дека ...
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала денеска во 17:07 часот е регистриран на границата меѓу Грција и Албанија. Според достапните податоци, епицентарот на потресот бил на околу 30 километри североисточно од Игуменица, на длабочина од пет километри. Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени лица. Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала денеска во 17:07 часот е регистриран ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија испраќа јасен сигнал дека ќе се пресмета, како што рече, со „терористичкиот неонацистички олош“ на сите фронтови. Нејзината реакција следуваше по изјавата на британскиот политичар и новинар Џим Фергусон, кој оцени дека појавувањето на рускиот претседател Владимир Путин во воена униформа за време на состанок посветен на ослободувањето на ...
До 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор. Од нив, еден е сè уште активен, еден е ставен под контрола, а девет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во атарот на селото Белица во Општина Македонски Брод, каде што гори нискостеблеста вегетација. Под контрола е ставен пожарот кај селото Милетино во Општина Брвеница, каде што гореше ниска ...
Тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8ми Септември” воведе нова, иновативна метода – „CoroFlow” – софистициран софтверски медицински систем за прецизна проценка и детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул, информира Министерството за здравство. Во објавата на Министерството за Фејсбук се наведува дека оваа метода овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што придонесува за ...
Пороен дожд утрово предизвика поплави во европскиот дел на Истанбул, додека азискиот брег не беше погоден, освен квартовите во близина на Босфор. Поплави имаше во централните делови на градот – Бешикташ, Шишли, Султангази и во историскиот кварт Фатих, каде се поплавени продавници. Поради надојдената вода сообраќајот се одвиваше отежнато, а подземните премини беа поплавени. Метеоролозите најавија грмотевици и обилни врнежи во западниот регион ...
Непознати сторители вчеравечер ги оштетиле влезни врати на спортската сала во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров и одземале два противпожарни апарати, кои потоа биле употребени во дворот на училиштето каде биле запалени учебници. Според информациите од МВР, вчера во 13:35 часот во СВР Скопје од училиштето било пријавено дека во временски период од 04:00 до 05:00 часот на 03.07.2026 со употреба на физичка сила биле оштетени ...
Туристите во Грција не треба да се грижат дека ова лето ќе бидат пречекани со „надуени“ цени за основните прехранбени производи. Имено, грчкиот министер за развој, Такис Теодорикакос, најави замрзнување на цените во супермаркетите во текот на два летни месеци, заедно со план за значително намалување на цените почнувајќи од почетокот на септември. „Крајот на војната на Блискиот Исток води кон нормализација на цените на нафтата и, следствено, ...
Петнаесетгодишно момче од Охрид се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа, откако во него удрило патничко возило чиј возач го напуштил местото на настанот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, несреќата се случила на 3 јули во 17:20 часот на крстосницата од булеварот „Македонски Просветители“ и улицата „Димитар Влахов“ во Охрид. Во неа учествувале велосипед управуван од 15-годишник од Охрид и патничко ...
Два одделни случаи на насилство меѓу малолетници со употреба на нож се случиле во текот на истиот ден во Скопје, при што повредени се 12-годишно и 15-годишно момче. Според информациите, првиот инцидент се случил во населбата Шуто Оризари, каде 12-годишно дете било нападнато со нож од друг малолетник и завршило во болница со повреди. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности. Вториот случај е ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одрече дека Димитар Димовски ќе биде именуван за секретар за добро владеење во Владата, откако беше прашан за информациите дека токму тој ќе ја извршува оваа функција во неговиот кабинет. Димовски во Кабинетот на премиерот е на позицијата секретар за јавни политики, координација и следење на реализацијата на програмата на Владата. „Јас никаде не кажав кој ќе биде тој што ќе го управува делот за добро ...
Чистење на двор или спој на лабави жици меѓу две бандери се првичните индиции за причините за пожарот што вчера попладне избувна на тврдината Исар во Штип. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на денешната прес- конференцијата во Штип вели се уште се утврдува што точно го предизвикало пожарот. Тој додаде дека се истражува и пожарот и кај штипската Млекара, за каде има сомнеж дека пожарот е подметнат. Ангелов ...
Прославениот тренер Јирген Клоп е најсериозен кандидат за нов селектор на германскиот национален фудбалски тим. Германија во моментов е без селектор, откако Јулијан Нагелсман беше отпуштен по елиминацијата од Парагвај во 1/16 финалето на Светското првенство. „Можам да потврдам дека преговараме. Работите се случија брзо. Јулијан си замина и ДФБ бара нов тренер. И да, тие преговараат со мене“, изјави Клоп за германската телевизија Магента. ...
Чудно е како никогаш не престануваме да се гледаме себеси како тој чуден мачор по име Херкулес, кој, стоејќи пред илузорните огледала, мислеше дека е тигар! Тешко е да се разбере овде дека мудар водач е оној кој дава она што не може да го задржи, за да го задржи она што не смееме да го изгубиме! Мерсел Биљали Стотици илјади Португалци кои со години работеле во други европски земји се вратиле дома и продолжуваат да се враќаат. Португалија ...
Претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова остро реагираше по одлуката на МВР, 11 дена по нападот врз 14-годишното момче во Ченто, да поднесе кривична пријава за кривичното дело „насилство врз дете“. Во објава на Фејсбук, Зајкова посочува дека иако ваквиот напад може да содржи елементи на ова кривично дело, останува отворено прашањето дали во конкретниот случај постојат и елементи на потешки кривични дела, како што се тешка телесна ...
На Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска. Двајцата пациенти се хоспитализирани, под континуиран медицински надзор и се лекуваат согласно современите медицински препораки. Нивната здравствена состојба внимателно се следи, информира директорот на Инфективна д-р Фадил Цана. Тој додава дека западнонилската треска е вирусно заболување кое се пренесува преку ...
Најсилната демократија на светот денеска, на 4 јули, ќе одбележи 250 години од независноста. Создавањето на САД во 1776 година беше спектакуларен настан тогаш и останува да биде спектакуларен и ден-денес. Оваа неверојатна годишнина и фасцинантниот напредок, успех и глобално влијание на Америка, се разбира, е гордост за целото човештво. А ќе биде и понатаму. Како што сегашниот станар во Белата куќа, Доналд Трамп, сака сѐ што прави да биде ...
Демонстрантите од синдикатите, организациите на граѓанското општество и левичарските партии се собраа додека полицијата распореди голем број безбедносни сили, вклучително и засилувања од други делови на Германија, пред дводневниот конгрес на „АфД“, објавува „Ројтерс“. Полицијата проценува дека околу 15.000 луѓе учествувале во протестите во Ерфурт и околината. „Сакаме јасно да ставиме до знаење дека едноставно нема да го толерираме ова и дека ...
Денеска ќе покажеме што значи за Мицкоски „доброто владеење“. Погодувате веднаш, бизнис, тендери, злоупотреби. За ресоротот „добро владеење“ Мицкоски го планирал Димитар Димовски. А кој е Димитар Димовски? Долгогодишен бизнис-партнер на Мицкоски во хидроцентралите. Прво Мицкоски го постави до себе во Владата како секретар за јавни политики, сега го унпаредува, изјави на денешната прес-конференција Јон Фрковски, член на ИК на СДСМ. Неговата ...
До 13:00 часот денеска, на територијата на државата се регистрирани четири пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а еден е целосно изгаснат, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во велешкото село Црквино, каде што гори деградирана ниска вегетација, а на терен интервенираат пет пожарникари со две противпожарни возила. Вториот активен пожар е кај прилепското село Царевиќ, ...