Уапсен е скопјанец кој со пиштол се заканувал на две лица во угостителски објект во Трубарево, а уапсена е и вработена во МВР чиј што бил службениот пиштол со кој биле упатени заканите. – На 15.02.2026 во 22:20 часот на ул. „Благоја Стефковски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(35) од Скопје. При преглед во возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки во кое се ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска соопшти дека нема никаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државава. – Повторно тоа е обид за дефокус и да се избегне одговорот на вистинското прашање – Како пет тони марихуана, четири-пет шлепери поминале преку граница и завршиле во Србија? Со кој е таа фирма што е наведена во документ на српското обвинителство и дали е поврзана со некои луѓе од сегашната власт? Како поминала на ...

Сојузот на синдикатите утре ќе ја реализира последната блокада со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Последната институција која ќе биде блокирана е Владата. Ќе бидат блокирани влезовите на Владата од 11 часот. Блокадата, велат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите до 31 декември не се договориле околу барањето на синдикатот за зголемување на платите на работниците и затоа ...

ВЛЕН ја коментира најавата на ДУИ дека ќе формира партиско Специјално обвинителство против корупција и криминал именувано акко тоа во Албанија – СПАК. -ДУИ во Чаир помпезно го најавува формирањето на „локален СПАК“, како да ја открила „Америка“. Но, прашањето што веднаш се поставува е: дали овој СПАК ќе го истражи и сопственото раководство? Или е само уште еден театар за измама на граѓаните? Корупцијата има познати лица: Фатон Ахмети, поради ...

Полициски службеници од ОВР – Неготино лишиле од слобода 27-годишен неготинец синоќа во 21:10 часот, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички ја нападнал неговата 19-годишна невенчана сопруга, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи – Неготино, а по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена ...

Вчера (15.02.2026) во 11:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Ургентниот центар Тетово е донесено бебе без знаци на живот. -Веднаш било постапено и е констатирано дека се работи за пет неделно бебе на И.А.(37) од Тетово. Увид на местото извршиле екипа од СВР Тетово и лекар од судска медицина, при што не се пронајдени траги на насилство, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. По наредба на јавен обвинител, телото е ...

– Сè уште е рано да се каже колку од земјоделските површини претрпеа штети по поројните врнежи, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Сега, како што изјави по брифигот за новинарите, се работи на санација и нормално функционирање на речните корита за да нема поплавувања на површините. – Не можеме да кажеме за колкава земјоделска површина станува збор. Сега се работи на санирање на состојбите ...

Европската комисија ги одби сите предлози на превозниците од земјите од Западен Балкан за да се најде компромис за ограничувањето на престојот во Шенген зоната согласно правилото 90 дена престој во период од 180 дена. Брисел потврди дека тоа е конечна линија и дека транспортерите мора да се прилагодат на правилото 180/90, без посебни исклучоци за професионални возачи. Ова е всушност потврда на претходната одлука на Европската комисија, ...

Стигна и официјална информација од Здружението на превозници „Макам-транс“ по одржаната средба на работна група за подолг престој на возачи во Шенген зона. „Во врска со одржаниот состанок на Работната група на 11.02.2026 година, Ве информираме дека разговорите се воделе со претставниците на сите 6 држави од Западен Балкан (вклучени се и Албанија и Косово) со цел да се добијат технички показатели за да се изнајде соодветно решение за ...

Општина Битола донесе одлука и ја прифати донацијата од Еврејската заедница во Република Македонија за изградба на Спомен-обележје за депортираните Битолски Евреи за време на Втората светска војна. Според проектот, Спомен обележјето ќе биде подигнато на Еврејските гробишта во Битола каде ќе биде поставена плоча со имињата на депортираните Евреи од овој град. Иницијативата на Еврејската заедница во Република Македонија за подигање Спомен ...

Вештачката интелигенција не ги заменува луѓето, туку луѓето што ја користат ќе ги заменат оние кои не ја користат. И во јавниот и во приватниот сектор. Таа помага работите да се извршуваат побрзо, поефикасно, поточно, анализите систематично да се прават побрзо, текстовите да се подготвуваат побрзо. Ова денеска во Собранието го изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски каде учествуваше на јавната расправа посветена на ...

Владата на ДПМНЕ влезот на странски инвестициски фондови во станбениот пазар го претставува како успех и доказ за доверба во економијата. Но, вистината е дека странските фондови не инвестираат во Македонија затоа што економијата е силна, туку затоа што домувањето овдека носи екстремно висок принос. Додека во земји како Данска каматните стапки и приносите од недвижности се движат околу 2-3%, во Скопје приносот од кирија достигнува 5-7%. Тоа ...

Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Според најавите од УХМР, во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи. Утре ќе дува засилен повремено силен јужен ветер кој во попладневните часови ...

На преговорите во Женева за Украина ќе се разговара за поширок спектар прашања отколку во Абу Даби, меѓудругото и за териториите, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој наведе дека руската делегација на претстојните преговори ќе биде побројна и дека, покрај специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Медински, ќе учествуваат и заменик-шефот на дипломатијата Михаил Галужин и началникот на Главната разузнавачка ...

Се случува она што го најави СДСМ, се формира нова сателит партија на ВМРО- „Српска Демократска лига“. Она што СДСМ го најави пред граѓаните уште пред еден месец се потврдува. Се формира ново „движење“, уште една сателит-партија во режија на ВМРО, „Српска Демократска лига“, се вели во соопштението од СДСМ. Проектот ЗНАМ, кој беше креиран како алатка за одземање гласови од СДСМ веќе е целосно маргинализиран и се дели. Нивната улога сега е ...

Општина Сарај информира дека од денеска до 23 февруари, граѓаните да ги пријавуваат штетите од вчерашните поплави на територијата на оваа општина. -Сите жители на населените места на Општина Сарај, кои беа погодени од силните поплави во последните денови, со ова се известуваат дека можат да поднесат барања за идентификација и проценка на штетите предизвикани врз станбените згради, помошните згради, опремата и други средства. Комисијата ...

Министерството за транспорт информира дека во координација со Европската Комисија се работи на трајно решение во врска со престојот на превозниците во Шенген зоната, како и дека ресорните министерства изминатиот период се во интензивна комуникација со ЕК со цел да се изнајде решение за проблемот. -Министерството за транпсорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во рамки на новата ...

Обилните врнежи во државава предизвикаа поплави на повеќе куќи на улица „Прилепска“ во Кичево, поради што евакуирани се 180 лица, а во поплавена куќа во гостиварското село Балиндол заглавени се две деца и нивната мајка. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево, а како и куќи и во гостварските населби Циглана и Бањечница и во селата Буковиќ и Семениште во општина Сарај. Центарот за управување со кризи (ЦУК) во информација за состојбата ...

Од полноќ цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за еден денар, а на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Според денешната одлука на Регулаторната комисија, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг. Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 73 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 75 денари за литар. ...

„Во моментот се финализира анализата на пристигнатите коментари од јавната расправа на ЕНЕР, како и ставовите доставени од засегнатите страни, институциите и бизнис заедницата, по што следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Владата. Потенцираме дека овие усогласувања не ја менуваат суштината на законот. Целите остануваат јасни и непроменети: спречување на започнување со пушење кај младите и создавање генерации без никотинска ...

Платежната агенција продолжи тековно да функционира. Не можам да кажам кога ќе има нови ИПАРД повици, но знам дека веќе се работи на подготовка на документација за акредитирање нови мерки, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. На брифинг со новинарите, Трипуновски информира дека идниот месец ќе замине на средба во Брисел која е веќе најавена. -Во однос на воочените забелешки од Брисел, не ...

25-годишник загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера кај Старо Нагоричане. Повредена е и 20-годишна девојка. -На 15.02.2026 околу 19:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од село Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што ...

На Националниот парк Шар Планина е регистрирано значително зголемување на лавинската опасност поради обилните врнежи од снег, засилениот ветер и порастот на дневните температури. Од националниот парк апелираат посетителите и љубителите на зимските спортови да се движат внимателно и да избегнуваат ризични терени. „Поради последните обилни врнежи од снег, засилен ветер и пораст на дневните температури, на територијата на Националниот парк Шар ...

Воз излета од шините утрово поради лавина во близина на швајцарското село Гопенштајн во кантонот Вале, а полицијата се сомнева дека во несреќата се повредени повеќе лица, пренесуваат швајцарските медиуми. Во тек е спасувачка акција. Во моментот кога возот излетал од шините, според веб-страницата на Помона, имало 80-ина патници, пренесува швајцарскиот јавен сервис Ер-те-ес Воз излета од шините утрово поради лавина во близина на швајцарското ...

Издавачката куќа „Арс Ламина“ на 20 февруари ќе ја промовира првата нема сликовница во Македонија насловена „(С)обувки“. -Станува збор за сликовница без зборови што ја раскажува својата приказна исклучиво преку илустрации, оставајќи му целосна слобода на читателот сам да ја досоздаде. По идеја на Оливера Ќорвезироска и со илустрации на Наталија Лукомска, оваа визуелна приказна нè води низ магична редица од обични луѓе и ликови од бајки и ...

Луксузен автомобил на српскиот јутјубер познат како Бака Прасе бил запален рано наутро пред зградата каде што живее. 3 Станува збор за возило од марката „Брабус“, чија вредност се проценува Според објавените информации, пожарот избувнал додека автомобилот бил паркиран пред неговиот дом. Случајот предизвикал големо внимание во јавноста, а настанот се случил во раните утрински часови. Јутјуберот се огласил по настанот и потврдил дека возилото ...

Денко Малески Ноторен е фактот дека најлош период во животот на малите држави е кога е во тек редистрибуција на моќта помеѓу големите сили во меѓународниот систем. „На кое царство да му се приклониме“, е традиционалната дилема со која се соочувал и Макијавели како министер за надворешни работи на малата Фиренца, за да не звршат со победнички непријателски војски под своите ѕидини. Нашиот премиер и министерот за надворешни работи не треба да ...

ЈКП „Комуналец“ – Кичево ги известува граѓаните дека како последица на поплавите и зголемената заматеност/нарушување на квалитетот на водата во водоводната мрежа, во овој период се препорачува да се избегнува директно конзумирање на водата од водоводот. „Водата да се користи исклучиво за пиење и подготовка на храна – само по претходно превривање како техничка вода (лична хигиена, перење, чистење и сл.) Екипите на ЈКП „Комуналец“ се на терен ...

Во фокусот на јавноста деновиве е изборот на нов директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) – позиција која има клучно значење за регулацијата и развојот на секторот за електронски комуникации во земјата. Според информации на ТВ21, на актуелниот конкурс се пријавиле вкупно девет кандидати. Во вторник, Комисијата за избор ќе изврши првична селекција и ќе утврди кои од пријавените ги исполнуваат законските услови за да продолжат ...

Стотици џамбо вреќи полни со опасна филтерска прашина од челичарницата „Макстил“ се оставени на отворен плац близу фабриката, во кругот на поранешната скопска Железарница. Дел од вреќите што со години стојат таму се отворени, оштетени или скинати, а од некои половина материјал е истурен, пишува Бирн. Станува збор за прашина што содржи тешки метали, поради што е класифицирана како опасен отпад. Се создава при топењето старо железо за ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1013
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
4.63
54%
1016
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
2.57
54%
1017
weather icon

Софија

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
57%
1018
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.38
93%
1018
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
68%
1019
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
72%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1014
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
54%
1014
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
3.6
69%
1015
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
46%
1017
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
85%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Родиум

350443.14

Алуминиум

3.18

Цинк

3.07

Кобалт

66.14

Сребро

2840.84

Бакар

10.68

Злато

166450.52

Платина

60154.05

Рутениум

56199.51

Калај

43.90

Паладиум

45911.27

Иридиум

258288.78