Фото: Принтскрин / Фејсбук Срната стара само два месеца, наречена Бамби, која минатата недела беше пронајдена во Кичевско со тешки повреди од нелегална стапица, засега нема да биде евтаназирана, информираат од Здружението за заштита на животни „Анимал рескју проект“ Срната, пронајдена во поле во Кичевско со тешки рани на нозете откако се фатила во стапица за диви свињи, сепак има исклучително лоши прогноси, но активистите велат дека ќе ѝ ...

Лионел Меси (39) продолжува да блеска на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Аргентина ја заврши групната фаза со три победи, а Меси моментално е најдобар стрелец на турнирот со шест гола. Así revisaron a Lionel Messi 🇦🇷 antes de viajar a Miami.pic.twitter.com/qT1mg1VB9F — En Una Baldosa (@enunabaldosa) July 2, 2026 Во осминафиналето во Мајами, тие ќе се соочат со Зеленортските Острови – градот каде што Меси со години живее и игра ...

Моџтаба Хамнеи – синот на убиениот ирански врховен водач Али Хамнеи нема да присуствува на погребот на својот татко поради сериозни безбедносни закани, потврди претставник на иранското религиозно раководство во Индија. Ајатолахот Хаким Елахи изјави дека одлуката е донесена поради, како што изјави, континуираните закани од израелските претставници насочени кон иранските лидери, проценувајќи дека неговото присуство би претставувало голем ...

Врсничкото насилство може да запре само ако сите, и институции и наставници и целата заедницата, се ангажираме со целосна сериозност. Но, посебно важна е улогата на родителите. Недостасува поголема грижа и посветеност од многу семејства кон своите деца. Не од сите, но од многу семејства недостасува токму таа воспитна компонента, што е основа за здраво растење, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, пред едукативниот панел ...

Светската здравствена организација денеска прогласи крај на епидемијата на хантавирус поврзана со крузерот „Хондиус“, соопштувајќи дека не се пријавени нови случаи од 25 мај. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека и последното лице кое било под опсервација го завршило карантинот, има негативен тест и се вратило дома, што ѝ овозможи на здравствената агенција на ОН и официјално да прогласи крај на епидемијата. За ...

Во кафуле во центарот на Дамаск денеска експлодира импровизирана експлозивна направа при што загинаа најмалку девет лица, а 19 беа повредени, соопшти медицински извор. Изворот од Дирекцијата за здравство во Дамаск изјави за ДПА дека бројот на загинатите во бомбашкиот напад во текот на вечерта пораснал на девет. Меѓу загинатите има шестмина адвокати, додека неколкумина од повредените и понатаму се во критична состојба. Експлозијата се случи ...

Шпанија и Франција се подготвуваат за нов бран екстремни жештини кој во наредните денови би можел да донесе температури до 44 степени Целзиусови, додека прелиминарните податоци покажуваат дека во текот на јуни во овие две земји како последица на високите температури починале повеќе од 2.000 луѓе. Истовремено, здравствените власти во Германија проценуваат дека од почетокот на годината до крајот на јуни жештините придонеле за смртта на повеќе ...

,,Никогаш не сум му сезаканувал на Филипче со затвор реагираше Премиерот на прашањето дека му се заканувал на опозицискиот лидер од собраниска говорница. во „Тема на денот“ на Дневникот на ТВ Сител. Мицковски не се согласува дека се заканувал со затварање на Фличе и дека до таков заклучок бил заради погрешно толкување на тоа што го кажал од говорница како одговор на опозицискиот лидер Филипче на пратеничко прашае во парламентот. ,,Јас не му ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска вети дека неговата земја ќе одговори на масовниот руски напад врз главниот град Киев во текот на ноќта. – Русија напаѓа цивилни цели само за да ја принуди Украина да се откаже од својата државност, да внесе раздор меѓу граѓанското општество и војската. На тоа сметаа во текот на целата војна. Тоа нема да се случи – рече Зеленски. Тој додаде дека Украина „сигурно“ ќе возврати. Бројот на жртви ...

Во Демократска Република Конго почнува клиничко тестирање на два пристапи за антивирусна терапија против вирусот на ебола, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Исто така, се истражува дали комбинирањето на двата антивирусни лекови нуди дополнителни придобивки за пациентите со ебола предизвикана од сојот Бундибуџо за кој во моментов не постои вакцина или терапија. Во мај, во Конго избувна епидемија на ебола токму од овој ...

Вие сте оние кои секој ден размислувате дали да останете во својата земја или да заминете. Вие сте оние кои не сакате да градите иднина врз лаги и врз систем во кој правдата важи само за некои. Затоа сме тука. Затоа се бориме, се наведува во партиското соопштение од обраќањето на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, што МИА го објавува интегрално. Не сме тука за да чекаме подобри времиња. Туку за да ги создадеме. Не сме тука за да се ...

Пожарникарите се борат да стават под контрола шумски пожар во департманот Од во јужна Франција, додека земјата се бори да се справи со последиците од неодамнешниот топлотен бран во Европа. Локалната администрација на департманот, кој се наоѓа во близина на границата со Шпанија, на Х соопшти дека временските услови остануваат неповолни поради големата брзина на ветерот што се заканува дополнително да го разгори пламенот. Силните ветрови ...

Спасувачите извлекоа жив 43-годишен обезбедувач од подрумот на урнат трговски центар рано денес, со што заврши исцрпувачката, повеќедневна операција која стана симбол на надеж по уништувањето од двата земјотреси што ја потресоа Венецуела пред осум дена. Хернан Алберто Гил Флорес беше извлечен жив од урнатините откако беше закопан под урнатините во подрумот на трговскиот центар Галеријас Плаја Гранде во крајбрежниот град Плаја Гранде во ...

Полициски службеници од СВР Скопје денеска на улицата „Јадранска магистрала“ ги лишиле од слобода Џ.Џ., А.А. и Ф.Љ. поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Како што информираат од МВР, случајот е поврзан со пожар во отпад за секундарни суровини на подрачјето на Чаир при што бил запален багер, а бил пријавен на 1 јули 2026 година околу 23:20 часот во полициската станица Чаир. ...

Од 15 јули 2026 година, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје воведува целосно електронски систем за плаќање на конзуларните услуги за американските државјани, со што повеќе нема да се прифаќаат плаќања на шалтер. Според известувањето на Амбасадата, готовина, кредитни картички и какви било други форми на плаќање повеќе нема да бидат прифатени при поднесување барања за услуги како што се издавање пасоши и нотарски услуги. ...

Стапката на невработеност во еврозоната во мај остана непроменета, покажуваат податоците што денеска ги објави Евростат. Стапката на невработеност во мај изнесуваше 6,2 проценти, што е непроменето во споредба со април, но претставува пад во однос на 6,3 отсто забележани во мај 2025 година. Економистите предвидуваа дека стапката на невработеност благо ќе порасне на 6,3 отсто. Податоците покажуваат дека бројот на невработени во мај се намалил ...

На алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350 илјади евра се пронајдени отпечатоци од Ѓоко Ристов, апелациониот судија кој е обвинет за прикривање имот и перење пари, сведочеа вештаци од МВР. Во домот на неговите родители во Неготино соѕидани во кујната беа пронајдени 600 банкноти од по 500 и 200 евра. На вештаците им биле дадени 13 примероци, а само два биле погодни за анализа. Се проверувала ДНК од Ристов и неговите родители. Се заклучи ...

Според денешната програма на Мундијалот Европа ќе има две репрезентации во осминафиналето, а можно е и три бидејќи во два дуела европските селекции играат меѓу себе. Една од најинтересните двојки од првата нок аут фазата на Светското првенство е дуелот меѓу Хрватска и Португалија. Во Торонто најверојатно една од ѕвездите на репрезентациите Португалија (Кристијано Роналдо) и Хрватска (Лука Модриќ) ќе го има последниот настап во ...

Авиокомпанијата „Рајанер“ (Ryanair) идентификуваше седум популарни европски аеродроми каде патниците се соочуваат со долги доцнења поради новите гранични проверки на ЕУ. Од компанијата соопштија дека аеродроми кои особено се мачат со Системот за влез/излез (ЕЕС) се Тенерифе Југ, Палма, Аликанте и Малага, сите во Шпанија; Милано Бергамо во Италија; Краков во Полска; и Париз Бове во Франција. Од „Рајанер“ наведоа дека овие локации „не се ...

Четириесетгодишна жена од Кичево е лишена од слобода откако во алкохолизирана состојба физички ја нападнала својата малолетна ќерка. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 16:20 часот на улицата „Иван Трпески“ во Кичево била приведена Ј.С.(40) од Кичево. – Според полицијата, претходно било пријавено дека во семејниот дом, додека била под дејство на алкохол, таа физички ја нападнала својата малолетна ќерка. По ...

Професорката Мирјана Најчевска со став дека децата кои малтретираа друго девојче, тие кои гледаа па и тоа што трпи, се така воспитани од родителите и општеството кое го негуваат политичките партии во државата. „Децата кои тепаа друго дете и оние кои тоа го гледаа и се смееја се продукт и копија на своите родители и продукт на општеството кое го создаваат и одржуваат нашите политички партии. Секое дете кое прави вакво нешто било така ...

Скопската цементарница „Титан-Усје“ соопшти дека од денеска е достапен нов портал за животна средина на компанијата, на кој граѓаните ќе можат да пристапат преку електронската адреса https://envi-platform.usje.mk/mk/. Воведувањето на порталот, како што се наведува во соопштението, е заради зајакнување на транспаретноста и градење цврсти реалции со јавноста и со сите засегнати страни во врска со работењето на компанијата. Во таа насока, на ...

Во Македонија повторно се отвора прашањето за можни промени во пензискиот систем, вклучително и евентуално зголемување на старосната граница за пензионирање, откако Владата им одобри на ММФ и на Светска банка да спроведат детална анализа на состојбите во пензискиот фонд и да дадат препораки за идни реформи. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања по кажаното во отчетот за сработеното во ...

Со изведување материјални докази денеска продолжи судењето против деветтемина полициски службеници обвинети во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, додека испитувањето на сведоците беше одложено поради потребата од утврдување на статусот на повеќе класифицирани документи предложени како докази во постапката. На почетокот на рочиштето, Судот соопшти дека од Министерството за внатрешни работи е доставен извадок од Правилникот за ...

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на насилството за време на протестот пред Парламентот во Тирана. Според него, убавиот граѓански протест сега му отстапил место на старото сценарио на конфликт, тепачки и насилство. “Убавиот протест со граѓански дух, патриотизам и чистота сега му отстапи место на старото сценарио на конфликт, раздор и насилство, каде што канџите на неуспешната, гневна политика се разоткриваат со својата карактеристична ...

Украинскиот главен град Киев ја доживеа една од своите најтешки ноќи од почетокот на војната, откако Русија лансираше ракети, крстосувачки ракети и беспилотни летала кон тримилионскиот град, при што загинаа најмалку 21 лице, а уште 86 беа повредени, соопштија денеска официјални лица. Како што пренесе ДПА, 70 лица мораа да бидат пренесени во болница. До доцните попладневни часови спасувачите сè уште трагаат по преживеани и по други жртви под ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во 2025 година во седум предмети, против 39 физички и 20 правни лица, има поднесено барања за замрзнување на имот во вкупна вредност од 27 милиони евра, што споредено со претходната 2024 година, кога изнесува 5,7 милиони евра е поголемо за пет пати. Постапките за овие предмети, како што беше посочено на разгледувањето на Годишниот извештај за работата на ОЈО ГОКК пред ...

Граѓаните што претрпеле материјални штети од вчерашното невреме, веднаш да поднесат барања до матичните општинските комисии за процена на штети, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Овие комисии, додаваат оттаму, во најбрз рок ќе излезат на терен за да извршат увид и официјална проценка на настанатите оштетувања врз имотот. Од ЦУК денеска излегоа со податоци од пријавите што биле поднесени по силното невреме и обилните врнежи ...

Министерката за финансии зборува за пренасочување на европски средства кон „реформски лидери”. Прашуваме: За кои реформи? За оние кои Мицкоски ги најави дека ќе бидат завршени до 1 јуни, а за кои повеќе никој не зборува? За реформите за кои добија грејс период од една година уште во 2025 и не се исполнија? Што е сега со роковите? Што е направено од реформската агенда? Македонија е во опасност да остане надвор од седумгодишниот план на ЕУ ...

Во центарот на главниот град на Хрватска, Загреб денеска се судрија две блиндирани возила. Во сообраќајната несреќа нема повредени лица. Во едното блиндирано возило се превезуваше хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Инцидентот се случи кога блиндираното возило со кое се превезуваше хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се судри со друго возило од конвојот. Полицијата го истражува случајот. Пленковиќ користи луксузно „Ауди А8 Л Секјурити“, ...

Но… ок

19 минути - Нова ТВ
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
42%
1019
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
1.1
45%
1020
weather icon

Загреб

29ᴼ / 28ᴼ
1.54
27%
1021
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
4.09
42%
1020
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
5.22
38%
1022
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.5
42%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
10.29
39%
1014
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
3.71
31%
1015
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
0.98
28%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
1.34
48%
1021
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
2.24
31%
1022
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 26ᴼ
8.75
96%
1017
Currency

61.5217

Currency

53.3725

Currency

71.9616

Currency

37.6714

Currency

38.2876

Currency

65.5025

Currency

7.90796

Currency

0.64188

Currency

0.33454

Currency

0.52437

Currency

1.11367

Currency

0.55893

Кобалт

56.29

Платина

54720.57

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Паладиум

41281.56

Сребро

2051.41

Злато

138910.52

Алуминиум

3.24

Родиум

282926.57

Калај

56.21

Бакар

13.19