Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Пет лица, меѓу кои и кандидатка за пратеничка на Нова демократија и нејзините родители, се повредени во експлозиите на импровизирани екслозивни механизми поставени на три различни локации во Солун, пред домовите на тројца припадници на грчката владејачка партија. Импроизираните механизми изработени од мали плински боци во периодот меѓу четири и пет часот утрово биле поставени пред домовите на претседателот на Управниот комитет на Нова ...
Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 09:46 часот на подрачјето на југоисточна Србија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Лесковац, на околу 6 километри од неговиот центар, на географски координати географска ширина 42,95 и географска должина 21,91. – – Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на ...
По шест дена поминати под урнатините од земјотресите во Венецуела, спасувачките екипи успеаја живо да извлечат тригодишно момче. #ÚLTIMAHORA Rescatistas de Jordania sacaron con vida a un niño de 3 años tras cinco días bajo los escombros en La Guaira https://t.co/jwI4brYUIg pic.twitter.com/wS7Y05Jsek — Monitoreamos (@monitoreamos) June 30, 2026 Спасувачите внимателно го извлекле детето од урнатиот станбен комплекс „Los Corales Garden 1“ во ...
Поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет вчера изјави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху е „неспособен да ја води својата влада“ бидејќи, како што тврди, бил преземен од крајнодесничарските министри Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрич и ултраортодоксните групи. Во интервју со водителот Марио Навфал, Бенет остро го критикуваше Нетанјаху. Тој е неспособен да ја води својата влада бидејќи е контролиран од Бен-Гвир, Смотрич и Харедите“, рече ...
Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, денес се враќа на своето работно место. Според информации на Телма, тој се очекува да пристигне во општината и повторно да ги преземе градоначалничките надлежности. Во негово отсуство поради боледување, општината ја водеше заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, кој имаше овластување привремено да управува со работата на локалната самоуправа. Во јавноста се појавија шпекулации за ...
Нема резултати – има театар со реконструкција.Ова не е реформа на Владата туку козметичка промена на истата криминална структура, се вели во соопштението од СДСМ. Од СДСМ велат дека некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти. „Внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – сè во исти раце. Само се вртат столчиња за да се создаде впечаток дека ...
Со презентација на материјални докази од Обвинителството кои се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето се наоѓа во доказна постапка, а на минатотот рочиште Обвинителството, презентираше докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство, ...
СДС и Левица уште еднаш покажаа дека кога треба да избираат меѓу државниот и партискиот интерес, секогаш го избираат партискиот. Паниката и стравот од пораз ги обедини СДС и Левица против Изборниот законик, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Со месеци учествуваа во изработката на Изборниот законик, даваа предлози, а ВМРО-ДПМНЕ ги прифати речиси сите нивни забелешки. Единственото барање на кое инсистиравме беше македонската дијаспора да ...
Нема резултати – има театар со реконструкција.Ова не е реформа на Владата туку козметичка промена на истата криминална структура, се вели во соопштението од СДСМ. Од СДСМ велат дека некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти. „Внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – сè во исти раце. Само се вртат столчиња за да се создаде впечаток дека ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, минатата година пријави повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто инвестициите на неговото семејство, што покажува дека сега поголемиот дел од својот приход го остварува од дигиталниот имот што имал корист од неговите политики, објавуваат британските медиуми. Финансиските извештаи за 2025 година поднесени до американската Канцеларија за владина етика откриваат дека неговите компании добиле ...
Светската поп-ѕвезда Дуа Липа отвори постојана библиотека посветена на книги кои биле забранувани, цензурирани, ограничувани или оспорувани поради нивната содржина. „Библиотеката Манифесто“ е сместена во историската книжарница „Ливрарија Лело“ во Порто, Португалија, и претставува прв постојан физички простор на нејзиниот книжевен проект „Service95 Book Club“. Колекцијата содржи 100 избрани наслови во вкупно 5.000 примероци. Книгите се ...
Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, објави Државниот завод за статистика. Најмногу бесправно изградени објекти, 169, (18.6 проценти) се за домување. Од нив 128 се исклучиво станбени, 24 претежно станбени, а 17 за одмор и рекреација. Бесправно се изградени и 164 огради (18 проценти), 116 деловни објекти (12.7 проценти), 113 натстрешници (12.4 проценти), 110 доградби, надградби и адаптации (12.1 проценти), 106 ...
Голем дел од Соединетите Американски Држави и Канада се под удар на силен топлотен бран, кој во текот на неделата ќе донесе екстремно високи температури, висока влажност и тропски ноќи. Американската Национална метеоролошка служба издаде предупредувања за околу 120 милиони жители, непосредно пред празникот Ден на независноста – 4 јули. Метеоролозите предупредуваат дека најтешко ќе бидат погодени источниот и централниот дел на САД. До ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ наложи на армијата да ја уништи инфраструктурата на шиитската милиција Хезболах, поддржана од Иран, во јужен Либан, наведе синоќа владината прес-служба, пренесува ДПА. За време на посетата на трупите, Нетанјаху се осврна на сите надземни и подземни објекти што милицијата ги користела за напади врз Израел, како што се тунелите. „Ова е наредбата: не оставајте ништо зад себе, а вие го правите тоа“, рече ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, соопшти дека со чест и чувство на голема одговорност ја прифаќа номинацијата од премиерот Христијан Мицкоски за нов министер за здравство. Во објава на социјалните мрежи, Клековски истакна дека изминатите две години на чело на Фондот не ги доживувал само како професионален ангажман, туку како мисија насочена кон подобрување на здравствениот систem „Секој лек што стана ...
Норвешка е првата европска репрезентација која обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство во фудбал, откако вечерва во Далас триумфираше во првиот круг од нокаут фазата над Брегот на Слоновата коска со 2-1 (1-0). Норвешка дојде во водство во финишот на првото полувреме со голот на Антонио Нуса, а откако Амад Дијало го израмни резултатот, во вториот дел, Ерлинг Халанд со гол во завршницата ја однесе норвешката репрезентација во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп претрпе пораз во Врховниот суд на САД во врска со спорот околу правото на државјанство по раѓање, откако судот пресуди дека децата родени во земјата ќе продолжат автоматски да добиваат државјанство, објави ДПА. Трамп направи обид да го укине правото на државјанство по раѓање на децата на луѓе кои се во САД само привремено или без потребната дозвола. Критичарите тврдат дека 14-тиот амандман на Уставот на ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва по седницата на Извршниот комитет на партијата го соопшти предлог составот на неговиот нов Владин кабинет по разговорите со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ за владина реконструкција. Мицкоски соопшти дека нов министер за здравство ќе биде Сашо Клековски, досегашен директор на Фондот за здравствено осигурување, а на негово место ќе дојде Златко Перински, досегашниот ...
По денешното невреме кое ја зафати општина Бутел, општинските служби веднаш излегоа на терен и започнаа со справување со последиците. Од Општината информираат дека Кризниот штаб е целосно мобилизиран и во текот на целиот ден ја следи состојбата, координирајќи ги сите активности за брза и ефикасна интервенција. Во соопштението се наведува дека екипите работат на расчистување на последиците од невремето и дека се во постојана комуникација со ...
Марија Митева е избрана за нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Извршниот комитет на партијата. Митева во моментов ја извршува и функцијата портпарол на Владата. На истата седница, за нов претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е избран Тодор Коневски. Од партијата за него велат дека е млад и перспективен човек со силна енергија. Со овие одлуки, ВМРО-ДПМНЕ ги заокружува кадровските промени во ...
Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела минатата недела се зголеми на 1.943, изјави денеска претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, додавајќи дека бројот на повредени речиси двојно се зголемил на 10.571. НАСА проценува дека околу 58.870 згради се оштетени или уништени во погодената област, врз основа на сателитски снимки. Во најтешко погодените области – главниот град Каракас и покраината Ла Гваира – ...
До 18:00 часот на на територијата на државата се регистрирани 13 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 11 се изгаснати. Се уште активни се пожарите во општина Охрид кај селото Мешеишта каде гори ниска вегетација и во општина Велес покрај магистралниот пат Велес–Штип каде гори нискостеблеста шума, сува трева и грмушки, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснати се пожарите во општина Шуто Оризари – во близина на ...
Христијан Мицкоски се претвори во обвинител и судија. Денеска, по кој знае кој пат, повторно преку медиумите испраќа закани до политичките противници. Вакво нешто нема ниту во Северна Кореја. Од собраниска говорница, преку медиуми и јавни настапи, тој најавува апсења на „поранешни функционери“ и им наредува на институциите што треба да се случува. Ова не е владеење на правото. Ова е политички прогон, се вели во реакцијата на СДСМ на ...
Изминативе повеќе од 20 години откако се стекнавме со статусот кандидат, ние направивме толку многу, како ниту една земја којашто станала членка на Европската Унија или којашто пледира да биде дел од ЕУ, во делот на идентитетот, а во делот на суштинските реформи не сакам да дискутирам бидејќи мислам дека сме многу понапред и од одредени членки на самата Европска Унија, но кога станува збор за идентитетските реформи направивме толку многу што ...
Најмалку 14 деца загинаа кога се урна покрив на училишна зграда во Лахор, источен Пакистан, соопштија властите и службите за итни случаи. Уште пет деца се повредени во трагедијата, што се случи во округот Кана Науу на југот од вториот по големина пакистански град, изјави портпаролот на итната помош на Фондацијата Еди. Бројот на смртни случаи за локалните медиуми го потврди министерот за здравство на покраината каде што се наоѓа Лахор. Две ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски попладнево на прес-конференција соопшти дека со владината реконструкција неговата партија го добива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ќе биде раководено од досегашниот државен секретар во Министерството Борче Серафимовски. Соопшти дека ЗНАМ во септември ќе добие плус уште едно заменик-министерско место, како што рече, влијателно министерство. Димитриевски ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека Владата ја донесе одлуката за пренос на сопственоста на земјиштето на плоштадот „Скендербег“ на Општина Чаир, со што, како што рече, се отстранува последната административна пречка за реализација на третата фаза од проектот за изградба на овој плоштад. Според Меџити, со оваа одлука се создадени сите предуслови за отворање на постапката за јавна набавка и започнување на градежните ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифатила барањата на Левица за државно финансирање на партиите и дека се спремни да прифатат две од барањата на СДСМ за Изборниот законик, но дека не отстапуваат од електронското гласање кое предлагаат да започне на следните претседателски избори. Мицкоски рече дека Левица води непринципиелна политика и иако учествувале во работната група за Изборниот законик, одбиле да го потпишат. – ...
Во текот на денешниот ден на територијата на државата избија повеќе пожари на отворен простор од кои два кај Велес и Дојран се проширија во поголеми пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и додаде дека веќе е воспоставена делумна контрола и кај нив. -Првиот поголем пожар е на територијата на општина Велес, во атарот на селото Каласлари во насока кон Свети Николе. Тој пожар во овој момент е ставен ...