Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
До 18:00 часот вечерва на територијата на државата се регистрирани 11 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а 10 се изгаснати, информираат од ЦУК. Активен пожар има во Општина Василево – село Василево, каде гори депонија. Изгаснати се пожарите во Општина Дебар – село Гари (ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума), Општина Центар Жупа – Центар Жупа (нива), Општина Валандово – село Касандол (ниска вегетација), Општина Долнени ...
Наскоро граѓаните ќе видат како изгледа криминален закон. Нема да дозволиме изборна кражба.10.000 амандмани спремни“, вака напиша попладнево пратседателот на СДСМ и пратеник Венко Филипче објавувајќи фотографија од кабинетот на координаторот на пратеничката група Оливер Спасовски. Предложените измени на Изборниот законик, дел од Реформската агенда, се соочуваат со сериозна собраниска блокада од страна на СДСМ и Левица, објави 4news.mk ...
Собранието со 59 гласа „за“, три гласа „против“ и без воздражни го изгласа носењето по скратена на Предлогот законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој е дел од реформската агенда. Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, ги задолжи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, како матично работно тело и Законодавно правната комисија да заседаваат по предлог законот. Предлогот до Собранието е ...
– Антонио Милошоски денес панично го обвинува СДСМ, сакајќи да создаде алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ, чиј рок веќе истече.Милошевски кој денес го обвинува претседателот на СДСМ, не би можел воопшто да одржи прес конференција на тема Изборен законик, доколку беше донесен законот за двојно државјанство – кој панично го повлекоа од процедура за да не останат без министри во Владата ниту без пратеници во Собранието, се ...
Преку најавата за блокада на Изборниот законик, Венко Филипче создава алиби за следниот изборен пораз или евентуално за бојкотирање на следните парламентарни избори, без разлика кога ќе се случат. Ова на прес-конференција денеска го изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, коментирајќи ја најавата на лидерот на опозицискиот СДСМ дека партијата ќе го блокира предложениот Изборен законик, оценувајќи дека содржи недемократски ...
– Италија и Балканот се зафатени со топлотен бран кој предизвика стотици смртни случаи и го наруши секојдневниот живот низ целиот континент повеќе од една недела, со зголемена загриженост поради ширењето пожари. Преку Атлантикот, Националната метеоролошка служба предупреди на „опасна топлина со температури од 32,2 до 37,7 степени низ поголемиот дел од централните и источните САД“, во деновите пред прославите на 4 јули в сабота по повод ...
– Италија и Балканот се зафатени со топлотен бран кој предизвика стотици смртни случаи и го наруши секојдневниот живот низ целиот континент повеќе од една недела, со зголемена загриженост поради ширењето пожари. Преку Атлантикот, Националната метеоролошка служба предупреди на „опасна топлина со температури од 32,2 до 37,7 степени низ поголемиот дел од централните и источните САД“, во деновите пред прославите на 4 јули в сабота по повод ...
Високи температури денеска беа регистрирани на мерните станици низ целата држава, при што во неколку градови живата во термометарот се искачи над 38-от степен, покажуваат податоците од УХМР содржани во документот “29 17.jpg”. Највисоката максимална температура во текот на денот е измерена во Велес, каде се искачи до рекордни 39,5 степени, додека во 17 часот таму се измерени 37,8 степени. Веднаш зад него со екстремно високи температури се ...
Македонија е подготвена да продолжи по европскиот пат, но очекуваме јасни гаранции дека процесот ќе се одвива без нови блокади и со поголема предвидливост. Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со литванскиот колега Кестутис Будрис, кој е во официјална посета на земјава. Прашан како ја коментира изјавата на шефот на литванската дипломатија ...
Работната група не постигна консензус за предложените измени на Изборниот законик, а учеството на Левица во овој процес во ниту еден случај не значи согласност со понудените решенија. Ова денеска на прес-конференција го изјави пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, најавувајќи дека партијата уште денес собраниски ќе го блокира донесувањето на законот доколку власта се обиде насилно да го протурка. Апасиев нагласи дека Левица од ...
Опозицискиот СДСМ ќе го блокира предложениот Изборен законик во Собранието, бидејќи содржи решенија кои се недемократски и отвораат простор за злоупотреба и контрола на изборниот процес, кажа денеска претседателот на партијата, Венко Филипче. Филипче го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека власта се обидува да воспостави контролиран систем по примерот на поранешниот премиер Никола Груевски. „Ваков закон ова Собрание не смее да донесе. Ќе ...
Првото Светско фудбалско првенство во историјата со 48 репрезентации кое се одржува во САД, Мексико и Канада ги исполни очекувањата и донесе рекордна посетеност со вкупно 4.644.549 гледачи на стадионите на сите 72 натпревари во групната фаза, јави денеска агенцијата ДПА. Мундијалскиот турнир со тоа го урна рекордот на посетеност на Светското првенство во 1994 година во САД, кое привлече околу 3,6 милиони гледачи, дури и пред почетокот на ...
– Собранието денеска го усвои новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, со кој се воспоставува современа, појасна и поефикасна законска рамка за регулирање на оваа област. Новото законско решение има за цел да обезбеди поголема заштита на граѓаните, особено на младите, да ја намали сивата економија, да ја зајакне контролата и надзорот врз приредувањето на игрите на среќа, да придонесе во борбата против перењето пари и ...
Економската доверба во еврозоната малку се зголеми во јуни, бидејќи очекувањата за инфлација се нормализираа, а цените на нафтата се намалија, бидејќи тензиите на Блискиот Исток се намалија. Ова го покажуваат заклучоците од најновото истражување на Европската комисија за економските услови во еврозоната, објавени денеска на веб-страницата на институцијата. Индикаторот за економската доверба (ESI) на Европската комисија се зголеми на 95 поени ...
По една година министерување, се очекува со веќе долгонајавуваната реконструкција на владата, Азир Алиу да биде сменет од министерската позиција во здравствениот сектор. Се очекува владејачката ВМРО-ДПМНЕ да го преземе секторот здравство во кој се вртат милионски суми , а во таа комбинација се споменуваат неколку имиња, како актуелниот директор на Градската болница „8 септември“, Синиша Стојановски, но и актуелниот директор на Фондот за ...
Соопштение на „Сакам да работам“ Разочарани сме што пратениците на најголемите македонски партии не ги прифатија нашите апели. Изгласувањето на законот за игри на среќа и покрај нашите предупредувања и забелешки е јасна и сурова порака за нас вработените. Веројатно не сме подобни за вниманието кое го бараме од надлежните институции. Мнозинството пратеници озаконија политичко – етнички инженеринг. За задоволување на политички поени во ...
Предлогот за електронско гласање на дијаспората отвора сериозен ризик од масовни злоупотреби и неконтролиран изборен процес, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека ваквото решение не обезбедува доволни гаранции за проверка на идентитетот на гласачите и остава простор за манипулации што можат директно да влијаат врз изборниот резултат. „Прво се предлага електронско гласање на дијаспората. ...
Повеќе од пет колапси на јавни места, главно од постари лица, се евидентирани утрово, изјави за МИА, доктор Ана Џарева од Брза помош – Скопје. Таа потврди дека има зголемен број повици во Брза помош – Скопје поради високите температури, а се јавувале и барале помош и совети и помлади лица. – Претежно лицата се жалат на болки во градите, но, има и такви кои чувствуваат вртоглавици и имаат други симптоми – појасни докторката. Таа информираше ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче изјави дека најавената реконструкција на Владата е континуитет на процесот започнат пред две години и дека е неважно замената на луѓе во ресорите зашто тоа, според него, за граѓаните ќе нема бенефит. – Континуитет на осиромашување на земјата, богатење на поединци, изолација, слепо црево на Балканот и во Европа додека регионот оди напред и напредува. Замената на луѓе во ресорите, замената на различни имиња ...
Полицијата и службите за итни случаи спроведуваат голема операција во Штаде, град на околу педесет километри од Хамбург. Два хеликоптери кружат околу центарот на градот. Портпаролот на полицијата потврди дека пет лица се мртви откако биле испукани истрели. Полисијата соопшти дека некои од повредените се тешко ранети и бројот на жртвите може да порасне. Полицајците уапсија осомничен. „Две лица се уапсени, а едно од нив е осомничено“, изјави ...
Во чест на македонската музичка легенда Владо Јаневски, утре во 20 часот на платото пред арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи собир на кој граѓаните ќе имаат можност за последен пат да му оддадат почит. Од „Прагма продукција“ ги повикаа сите што го сакаа, почитуваа и растеа со музиката на Владо Јаневски да присуствуваат на настанот и заедно достоинствено да се простат од големиот уметник. „Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека ...
Критичните минерали стануваат еден од најважните ресурси на 21 век, а државите што располагаат со нив сè повеќе ја препознаваат нивната економска и геостратешка вредност. Во најновата анализа на Телото на Обединетите Нации за трговија и развој (UNCTAD) се наведува дека побарувачката за овие суровини продолжува забрзано да расте поради развојот на зелената енергија, електрификацијата и дигиталната трансформација. Според извештајот, кој се ...
Во пресрет на најавената реконструкција на Владата, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ објави отчет за сработеното, истакнувајќи дека Министерството го остава со значително намален буџет, рационализирани трошоци и целосно прераспределени вработени. Со реконструкцијата е извесно дека Демократската партија на Србите ќе излезе од Владата, а Министерството за односи меѓу заедниците ќе го преземе кадар на ...
Со читање на листа од 83 докази што ги предложи обвинителката Спасенка Андонова, денеска продолжи судењето на деветтемина полициски службеници обвинети во случајот „Пулс“. За злоупотреба на службената положба и овластување се обвинети Димче Аврамов, Јане Трајчев, Александар Атанасов, Влатко Илиев, Александар Темелков, Гоце Ристов, Боби Гидиовски, Влатко Наумов и Гоце Иванов. Според обвинителството, тие со злоупотреба на службената положба и ...
Тој смета дека наместо државата да биде лидер во регионот во спроведувањето на реформите и користењето на европските фондови, денес „сведочиме на доцнења, недоволна реализација и отсуство на вистинска реформска волја“ На новинарско прашање да даде коментар за најавената реконструкција на Владата, Османи рече дека изминатите две години јасно ги покажале вистинските намери на владејачкото мнозинство и смета дека персоналните промени нема да ...
Моментот за проширување на Европската Унија е сега и треба да се искористи, порача министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во Скопје. Будрис оцени дека постои јасна политичка волја за продолжување на процесот на проширување, но дека земјите-кандидати треба да ги исполнат преземените обврски, паралелно ...
Од партијата посочуваат дека вториот пензиски столб е воспоставен врз основа на анализи на ММФ и Светската банка, со цел да се обезбеди долгорочна одржливост на пензискиот систем. Според ГРОМ, средствата во вториот пензиски фонд се приватна сопственост на осигурениците и не смеат да бидат предмет на интервенција. Во соопштението се наведува дека евентуално користење на тие средства би имало негативни последици врз идните генерации ...
Галичката свадба ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, а годинашни младенци се Александар и Мартина. Најавени се и неколку новитети годинава, што за првпат ќе бидат претставени пред гостите кои ќе присуствуваат на манифестацијата што трае со години наназад и ги негува традицијата и обичаите со доста внимание. Огњен Лазиќ, генералниот директор на Пивара, на денешната прес конференција рече дека скопска Пивара над 50 години дава поддршка ...
Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 80 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 84,5, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 86,5 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) не се менува и останува 79,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,796 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,495 денари. Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на ...
Владата на Мицкоски го доведе во ризик еден од најважните столбови на социјалната сигурност – пензискиот систем, пишува во денешното соопштение на СДСМ од прес-конференција на членката на Извршниот одбор на партијата, Наташа Поповиќ. Нема пари во државната каса за исплата на пензии, а власта го загрози и вториот пензиски столб. Дупката во ПИОМ се продлабочува и достигна речиси 40%. Ова е резултат на расипничките политики на ВМРО и јасен ...