Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Разговорите меѓу Полска и САД за воспоставување постојана американска воена база на полска територија влегоа во нова фаза, изјави денеска полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш. Тој на социјалната мрежа Икс наведе дека Пентагон спроведува анализа на распоредот на силите, откако американскиот министер за одбрана Пит Хегсет позитивно одговори на предлогот на Варшава. „По позитивниот одговор на американскиот секретар за одбрана на ...
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска изјави дека сите наводни договори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, постигнати на самитот во Енкориџ минатата година, сега секако се мртви. „Реалноста јасно покажува едно: ако некогаш постоел ‘духот на Енкориџ’, тој сега сигурно е мртов“, напиша Сибиха на социјалната мрежа Икс, отфрлајќи ги руските тврдења за наводните договори ...
До 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е ставен под контрола, а шест се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Куманово, во населбата Перо Чичо, каде гори депонија и ниска вегетација, како и во населбите Бедеиње и селото Режановце, каде е зафатена ниска вегетација и садници. Активен е и пожарот на депонијата во ...
Четиридневните разговори меѓу Израел и Либан во Вашингтон беа дополнително усложнети поради неодамнешниот договор меѓу САД и Иран, објави порталот „Аксиос“, повикувајќи се на неименувани официјални претставници. Според извештајот, целта на САД била да се намали влијанието на Хезболах и Иран во Либан, но сите страни признаа дека пошироката визија за траен мир можеби никогаш нема целосно да се реализира. Разговорите беа искомплицирани поради ...
Поранешниот американски претседател Џо Бајден упати остри критики кон актуелниот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „губитник“ и обвинувајќи го за корупција, неспособност и нарушување на угледот на САД. Говорејќи на свечен настан организиран од Демократската партија во сојузната држава Мериленд, Бајден остро ги критикуваше низа потези на Трамп, меѓу кои и промените во изгледот на Вашингтон, вклучително и уривањето на Источното крило на ...
Израелската армија денеска соопшти дека уште еден нејзин војник загинал во борбите во јужен Либан, со што бројот на загинатите израелски војници во операциите против проиранското движење Хезболах од 2 март достигна 38. „Дваесет и едногодишниот капетан Давид Хазут од Ашкелон, командант на вод во 12. баталјон на бригадата Голани, загина во борба во јужен Либан“, соопшти армијата. Смртта на офицерот следува два дена по потпишувањето меморандум ...
Повеќе од 1.300 луѓе починаа како последица на топлотниот бран што ја зафати Европа од 21 јуни, соопшти денеска Светската здравствена организация (СЗО). „Од 21 јуни се регистрирани повеќе од 1.300 дополнителни смртни случаи поврзани со високите температури во Европа“, објави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека околу 150 милиони луѓе во моментов живеат во услови на екстремни ...
ВМРО-ДПМНЕ ги негира тврдењата на СДСМ од каде денеск ана прес-конференција обвинија дека буџетот е празен, како и дека загрозен е вториот пензиски столб. „Од нивното однесување и нивните кажувања кои се сведуваат на сеење страв се гледа само едно дека немаат идеја за ништо и само повторуваат лаги. Еве јасно ќе им кажеме и во оваа прилика, буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите и нивните месечни примања, ниту се загрозени ...
Рано утринава, околу 4 часот по полноќ, било запалено возило ,,ренџ ровер” во Скопје. -На 28.06.2026 во 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Б.(54) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат ...
На 27.06.2026 во 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.М.(24) од с.Градец, Крива Паланка, по претходна пријава дека со неговото возило удрил во возилото на А.А. од Скопје, а потоа му упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 27.06.2026 во 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од ...
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи за време на посетата на Ирак, изјави дека Ормуската теснина останува под целосна контрола на Иран. „Го информирав мојот колега за најновите исходи од војната што му беше наметната на Иран, како и за развојот на настаните во врска со Меморандумот за разбирање потпишан меѓу Иран и Соединетите Американски Држави“, рече Арагчи. Тој додаде дека Ормуската теснина останува под целосна контрола и ...
Среде огромната трагедија што ја предизвикаа разорните земјотреси во Венецуела, пристигна и една охрабрувачка вест. Дописничката на Sky News, Марта Келнер, била сведок на неверојатна спасувачка акција во која 11-годишно момче било извлечено живо од урнатините по дури 76 часа поминати под рушевините во најтешко погодениот регион Ла Гваира. Спасувачите со часови внимателно ги расчистувале урнатините, а моментот кога момчето било извлечено живо ...
Русија минува низ тежок период, но тој ја научи земјата на многу нешта – изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. Путин вети дека ќе ја гарантира безбедноста на државата и ќе се справи со предизвиците, додека Киев продолжува со нападите врз руската воена и енергетска инфраструктура во обид да ги ослабне воените капацитети на Москва. – Ги гледаме проблемите. Ги признаваме и реагираме на нив. Но, без сомнение ќе ја гарантираме ...
Полското државно раководство предупредува дека постои зголемен ризик од руски провокации долж источното крило на НАТО, изјави директорот на полската надворешна разузнавачка служба, полковник Павел Шота. – Гледаме како се развива ситуацијата во Украина и дека војната во моментов не се одвива во корист на Русија. Тоа ја зголемува загриженоста дека Москва би можела дополнително да ја ескалира состојбата – изјави Шота за весникот „Жечпосполита“. ...
Со шест министерства – за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците, ќе раководи Вреди по владината реконструкција. Како што изјави денеска Беким Сали од Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања, Министерството за здравство не е дел од овој пакет. Според Сали, две нови имиња ќе има во Министерството за култура и Министерството правда, но се уште не е дефинирано кои ќе бидат тие. -Се ...
Единаесет лица загинаа при пад на мал цивилен авион во близина на градот Нанси, во североисточна Франција, соопштија локалните власти. Според првичните информации, несреќата се случи во местото Томблен, а станува збор за лесен авион што превезувал група падобранци. Весникот „Ест репибликен“ објави дека леталото било во сопственост на школа за падобранство. Меѓу загинатите се пилотот, петмина инструктори и пет лица кои биле на обука. ...
Помалку од две недели по потпишувањето на рамковниот договор за прекин на конфликтот, САД и Иран повторно разменија напади, откако Вашингтон го обвини Техеран за напад врз трговски брод во Ормуската Теснина. Американските сили извршија напади врз повеќе цели во Иран, а иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРЦГ) соопшти дека нападнал американски воени објекти во Кувајт и Бахреин, каде што се наоѓаат американски бази. Во ...
Израелската влада денеска едногласно го одобри признавањето на ерменскиот геноцид соопшти израелското Министерство за надворешни работи. Турција категорично отфрла да се дефинира како геноцид масовното убиство на Ерменци од Отоманските Турци во Првата светска војна. „Историска одлука: Израелската влада едногласно го одобри предлогот на министерот за надворешни работи Гидеон Саар за признавање на ерменскиот геноцид“, се наведува во ...
Протестите на ДУИ се политички мотивирани, а Уставниот суд ја укина одлуката за имињата на улиците во Тетово зашто била донесена без да се испочитуваат законот и процедурите, рече денеска Беким Сали од Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања. Според него, на граѓаните сега не им требаат избори за Советот, зашто тоа, како што напомена, носи други околности во развивањето на градот. Сали смета и дека се нарачани анкетите кои ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје и екипи на Министерството за внатрешни работи, ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор. Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање, информираа попладнево од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. – Јавниот ...
Кривична пријава поднесе ОВР – Струга против Н.С., 42-годишна мајка од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ по член 201, став 1 од Кривичниот законик, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа. Во координација со ...
Иранските власти очекуваат до 20 милиони луѓе да присуствуваат на погребните церемонии за поранешниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во израелски воздушен напад кон крајот на февруари, јави ДПА. Церемониите ќе започнат на 4 јули во Техеран и во светиот град Ком, а погребот е закажан за 9 јули во родниот град на Хамнеи, Машхад, во североисточниот дел на земјата. Поради очекуваните температури од околу 40 Целзиусови ...
Поморските полицајци Марио Вуксановиќ и Далибор Ѓуриќ од Хрватска, во петокот спасиле двајца исцрпени словенечки државјани кои морските струи ги однеле на отворено море. Со брза интервенција, тие ги качиле на службеното пловило и ги пренеле на безбедно, соопшти истарската полиција. Поморската полиција добила дојава за исцрпено лице во морето во петок, 26 јуни, околу 15:30 часот. Екипажот на полициското пловило П-212, командант Марио ...
– До 14:00 часот се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор. Од нив, три се активни, еден е под контрола, а четири се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, првиот е на територија на село Гари, општина Дебар, каде горат ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума. Депонија и ниска вегетација се опожарени во населбата „Перо Чучо“ во општина Куманово. Гори и депонија на територија ...
Обдукцијата покажала дека жената кој синоќа била пронајдена мртва во близина на селото Латвица починала од насилна смрт, по што биле уапсени нејзиниот поранешен сопруг и негови тројца пријатели, појаснуваат од скопското обвинителство. -Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена ...
Поранешниот француски репрезентативец Зинедин Зидан ги коментираше разликите помеѓу напаѓачите на репрезентацијата, Килијан Мбапе и Усман Дембеле. -Мбапе и Дембеле се двајца различни играчи. Дембеле е скромен, дисциплиниран и секогаш го слуша тренерот. Работи напорно во одбраната, им помага на соиграчите и секогаш го става тимот на прво место. Мбапе е поагресивен. Може да го промени текот на натпреварот за неколку секунди. Дајте му минута и ...
Неколку политичари во Ирак се уапсени денеска поради обвинение за корупција, објави државната новинска агенција. Според извештаите, апсењата се извршени врз основа на изјавата на поранешниот заменик-министер за нафта, Аднан ал-Џумаили, кој беше уапсен минатиот месец. Меѓу уапсените има и членови на Парламентот на кои им е одземен пратеничкиот имунитет Неколку политичари во Ирак се уапсени денеска поради обвинение за корупција, објави ...
Владата на Мицкоски систематски го унишутва пензискиот систем. Пари нема, дупката во ПИОМ е зголемена на 40%, а загрозен е и вториот пензиски столб рече Рената Младеновска – члена на Извршниот одбор на СДСМ, на прес-конференција Гувернерот Трајко Славески, од ВМРО, изјави дека до 80% од идните пензионери кои ќе се пензионираат во периодот 2030–2032 година нема да можат да обезбедат ниту минимална пензија. Наместо да го зајакне вториот ...
Англискиот играч од средниот ред, Џуд Белингам, зборуваше за својот однос со капитенот на репрезентацијата, Хари Кејн. – Хари и јас развивме одличен однос во последните четири или пет години, особено по Светското првенство во Катар, кога почнавме да играме како близок партнер. Чест е да се игра покрај него. Според мене, тој е најдобриот играч во историјата на Англија. Тој продолжува да се подобрува и тоа е фантастично. Можете да видите колку ...
Франција од 24 јуни досега регистрираше околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното поради топлотниот бран, соопшти денеска Националната агенција за јавно здравје, предупредувајќи дека реалниот број на починати ќе се зголеми. „Од 24 јуни, регистрирани се околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, покажуваат привремените бројки споредено со смртните случаи регистрирани во претходните месеци“ – феномен што ги погодува главно ...