Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Денко Малески Ако сакаш да му помогнеш на народот, вели поговорката, кажи му ја вистината. Ако сакаш да си помогнеш себеси, на народот кажи му она што сака да го слушне.Кога станува збор за носителите на македонската надворешна политика, не сум сигурен дали станува збор за незнаење на вистината, но сигурен сум дека му кажуваат на народот она што сака да го слушне. Слика 1. На телевизија тече емисија од која разбирам дека МНР подготвува ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека „лаже“ кога рече дека САД ги условувале своите безбедносни гаранции за Киев со предавање на дел од нејзината територија на Русија. – Тоа е лага – им рече американскиот дипломат на новинарите по состанокот на Г7 во близина на Париз. – Го видов Зеленски како го кажува тоа и жално е што го кажа тоа бидејќи знае дека не е вистина – додаде ...
Објавена „Македонската борба за државност меѓу Сцила и Харибда” од Владо Поповски – значајни дела за македонската историографија по повод 35 години „Матица” По повод 35 години од своето основање, „Матица македонска” објавува и нови, значајни дела за македонската историографија. Објавена е книгата „Македонската борба за државност меѓу Сцила и Харибда” од истакнатиот универзитетски професор, историчар и општественик, Владо Поповски. Во ова ...
„Банка на Америка“ (Bank of America) се согласи да плати 72,5 милиони долари за спогодба во граѓанската тужба поднесена од жени кои ја обвинија банката дека овозможила сексуално злоставување од страна на Џефри Епстин, покажуваат судските документи објавени вчера. Адвокатите на банката и на жените овој месец го известија американскиот окружен судија Џед Ракоф од Менхетен дека постигнале „начелен договор за спогодба“, но тогаш условите на ...
Доктор кој работел на клиниката КАРИЛ во Скопје е уапсен вчера и се сомничи дека го извршил убиството на 76 годишниот К.М. во Охрид, дознава Охрид 1 од свои извори. Вчера во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, од слобода го лишија Ж.Г. (53) од истото село кој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од кривичниот законик. Инаку ...
Во пресрет на концертот и доделувањето на „Порин“ за посебни заслуги, Стефановски на прес-конференција ги претставил своите две нови изданија Еден од најпознатите македонски гитаристи Влатко Стефановски во Сплит ја прими наградата за животно дело „Порин“ која се доделува за исклучителен придонес во музиката. Со признанието организаторите му оддадоа чест за неговата богата кариера, бројните албуми, меѓународни турнеи и соработки што го ...
ДУИ остро реагираше на изјавата на премиерот во Собранието во врска со употребата на албанскиот јазик, оценувајќи дека станува збор за еден од најзагрижувачките моменти во политичкиот дискурс од потпишувањето на Охридскиот мировен договор. Во реакцијата, партијата наведува дека ставот дека албанскиот јазик може да се користи „колку сакате“, но дека службен јазик е македонскиот, претставува сериозно отстапување од уставниот поредок. ...
Ноќеска завршува зимското и започнува летното сметање на времето, со поместување на часовникот за еден час нанапред – од два на три часот. Според уредбата за летно сметање на времето во 2026 година, промената стапува на сила на 29 март и ќе трае до 25 октомври. Летното сметање на времето овозможува повеќе дневна светлина и потенцијално намалување на трошоците за електрична енергија, но експертите предупредуваат дека губењето еден час сон ...
Како резултат на конфликтот на Блискиот Исток, можно е одредено ограничено влијание кај дел од дестинациите од домашните аеродроми, но засега не се очекуваат поголеми нарушувања во авиосообраќајот, велат за МИА од ТАВ Македонија. Оттаму информираат дека засега само Виз ер ја прекинува редовната авиолинија Скопје – Ларнака, од 13 април, и таа во иднина ќе биде сезонска во тек на летните месеци. Во пресрет на летниот ред на летање, од ТАВ ...
Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф во петокот изјави дека се надева оти оваа недела ќе се одржат средби меѓу Иран и САД за да се стави крај на војната на Блискиот Исток, пренесоа светските медиуми. „Веруваме дека ќе има средби оваа недела, навистина се надеваме. Имаме план од 15 точки на маса. Чекаме Иранците да одговорат. Тоа би можело да реши сè“рече Виткоф одговарајќи на прашање за разговорите со Техеран за време на економскиот ...
Еве една оценка за универзумот на Доналд Трамп која ја дава извонредниот бугарски политички научник Иван Крастев. Во текст за „Фајненшел тајмс“ прави ваква вивисекција на американскиот претседател: „Концептот на времето на Трамп е во самиот центар на неговото политичко однесување. Тој е претседател кој не размислува од перспектива на долгорочни стратегии, туку во ритамот на поставените рокови. Трамп е како режисер кој не снима филмови, туку ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера, за време на говорот на инвестициски форум во Мајами, каде што ги пофали успесите на американската воена акција во Венецуела и Иран, изјави дека „Куба е следна“. Иако претседателот не прецизираше точно што планира да направи со островската нација, тој често изјавуваше дека верува оти владата во Хавана, соочена со тешка економска криза, е на работ на колапс. Неговата администрација отвори разговори ...
Македонија и Соединетите Американски Држави (САД) на 7 април во Вашингтон ќе одржат сесија од стратешкиот дијалог меѓу двете држави, најави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на Телевизија Телма. Како што кажа Муцунски, со тоа ние ќе бидеме првата земја од Европа што во мандатот на актуелната администрација на САД ќе има стратешки дијалог во Вашингтон со ...
Милијардерот Илон Маск во вторникот се вклучил во телефонскиот разговор меѓу претседателот на САД Доналд Трамп, и индискиот премиер Нарендра Моди во врска со војната во Иран, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на свои извори. Засега не е познато зошто Маск учествувал во разговорот и дали воопшто зел збор, наведува американскиот весник. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, на прашањето да ја коментира информацијата, само изјави ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд со послаб интензитет и услови за изолирана појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 5 степени, а максималната од 8 до 16 степени. Во Скопје ќе преовладува ...
Работата е во тек. Надлежните сектори во Народна Банка го прават тоа во моментов, додека говориме. Тука е и мисијата на ММФ, ги слушаме и нивните размислувања. Тешкотијата е во тоа што постои голема неизвесност, изјави во „Трилинг“ гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, прашан дали и кога Централната банка ќе направи ревидирање на прогнозите за порастот на бруто општественото производство, инфлацијата, имајќи ги во вид новите ...
Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, зборувајќи за уапсените во министерството за земјоделство, како и за истраги за проневери за други средства, изјави кажа дека нема никого да штити. Одговорност, како што кажа на ТВ 21, не чувствува за уапсените двајца директори – Илија Стоилев и Васе Анакиев. -Ја следам работата во министерството во делот на тековното функционирање. Ако сум увидел неправилности, ќе сум реагирал. Немојте да ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не ја исклучува можноста за зближување со европските нации, пренесе ДПА. Говорејќи на денешниот состанок на Советот за безбедност на Русија Путин рече: „Никогаш не сме го одбиле развојот на овие односи, ниту обновата на овие односи“, се наведува во транскриптот објавен од Кремљ. Тој постојано го наведуваше соборувањето на прорускиот украински претседател Виктор Јанукович по масовните ...
Техеран се согласи да ја „олесни и забрза“ хуманитарната помош преку Ормуската Теснина, изјави иранскиот амбасадор во Обединетите нации во Женева Али Бахреини. Али Бахреини соопшти дека Техеран го прифатил барањето од ОН да дозволи безбедно поминување на хуманитарната помош и земјоделските пратки преку критичниот воден пат, клучна артерија за снабдувањето со нафта во светот. „Оваа мерка ја одразува континуираната посветеност на Иран за ...
Група преживеани жртви на Џефри Епстин поднесоа колективна тужба против американското Министерство за правда (ДОЏ) и Гугл поради објавување документи кои го откриваат идентитетот на жртвите во досиејата поврзани со починатиот осуден сексуален престапник. Во тужбата, поднесена вчера пред федералниот суд на Северниот округ на Калифорнија, се наведува дека документите што ДОЏ ги објави кон крајот на 2025 и почетокот на 2026 година „го откриле ...
Министерството за внатрешни работи експресно го расчисти денешното убиство во Охрид, при што е лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело. Како што информираат од МВР, денеска во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, го привеле Ж.Г. (53), кој се сомничи за кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Во СВР ...
Инаетот станува реалност. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека ќе го реализира проектот за Брз автобуски превоз (БРТ) што локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ претходно четири години го кочеше. Тендерот што беше распишан во 2021 година го поништи градоначалничката Данела Арсовска, која заедно со Мицкоски ветуваше дека ќе набави 250 автобуси за бесплатен јавен превоз. ВМРО-ДПМНЕ велеше дека системот БРТ е скап и неефикасен. Е па, ...
Осврнувајќи се на различните ставови на пратеникот од ЗНАМ Миле Цеков, партискиот лидер Максим Димитриевски изјави дека партијата останува отворена за внатрепартиска дебата и различни мислења, но, како што вели, со јасна граница за почитување на програмските определби и довербата на гласачите. -Не направив партија за да исклучуваме членови, туку да привлекуваме и да го градиме демократскиот капацитет. Дебати може да има, сè додека не се ...
Маж од Македонија јавно бара помош од институциите и граѓаните за пронаоѓање на својот син, кој, според неговите информации, се наоѓа на територијата на Благоевград во Бугарија. Станува збор за Ристе Венев, роден на 24 април 1992 година, кој се води како исчезнат. Последен пат бил евидентиран на 13 март 2026 година токму во Благоевград, објави 4news.mk. За случајот веќе се поднесени пријави и во полицијата во Македонија и во Бугарија, при што ...
Иран го обвини Израел за извршување на смртоносен напад врз резиденција во која биле сместени ирански дипломати во Либан. Во соопштение објавено денеска, Министерството за надворешни работи наведува дека шест дипломати биле убиени и најостро го осуди нападот. Смртта на дипломатите не може да биде независно потврдена, нагласува ДПА. Израелската војска сè уште не ги коментирала иранските тврдења Иран го обвини Израел за извршување на ...
Во неколку градови во Обединети Арапски Емирати улиците се под вода поради обилните дождови. Во делови од Дубаи автомобилите се заглавени во надојдената вода. И во главниот град на ОАЕ, Абу Даби голем број улици се поплавени. Обилните дождови предизвикаа поплави и во пристанишниот град Шарџа, поради што е нарушен и авионскиот сообраќај. Полицијата им препорача на жителите да се воздржат од непотребни патувања. Според метеоролозите обилните ...
Две постројки поврзани со нуклеарната програма се нападнати во Иран, но немало испуштање на радиоактивен материјал, соопштија иранските државни медиуми. Исламската новинска агенција ИРНА во соопштение на Телеграм наведува дека комплексот за тешка вода Хондаб во северозападниот дел на Иран бил нападнат од американско-израелските сили. ИРНА цитира официјален претставник од провинцијата Маркази кој вели дека нема жртви, пренесе Би-би-си. Втор ...
Намалена е видливоста до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец, информира ЈП „Македонија пат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Сите патни правци се проодни, а на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна ...
Иран денеска ќе одговори на американскиот мировен план од 15 точки, јави CBS News, повикувајќи се на свои извори. Американскиот претседател Доналд Трамп и највисоките претставници на Белата куќа биле информирани дека иранскиот контра-предлог најверојатно ќе пристигне во текот на денешниот ден, пренесе Би-би-си. Ова доаѓа откако американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека „земји посредници“ пренесуваат пораки, тврдејќи дека ...
По силното невреме што го погоди Загреб и делови од Хрватска, премиерот Андреј Пленковиќ апелираше до граѓаните да ги следат упатствата и вети помош за санирање на штетите. – Апелирам до сите да ги следат упатствата. Ќе му помогнеме на Градот во санирањето на штетите, како и секогаш. Има голема штета. За среќа, никој не е повреден, нема жртви. Ви благодарам на сите што помагате во ублажување на штетите – рече Пленковиќ. Речиси цела Хрватска ...