Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
– Македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска го одигра својот прв натпревар во кариерата на грен слем турнир и на тој начин испиша историја за македонскиот тенис. Ѓорческа стана прва од Македонија со настап во поединечна конкуренција сингл на еден од четирите големи турнири, на кои претходно настап во двојки имаше само Александар Китинов. „Дури и ако не сакам да слушам пред натпреварот, тоа е насекаде. Во моментов нема многу работи што се ...
Околу еден милион имигранти во Шпанија аплицирале за регулирање на нивниот статус откако Мадрид воведе мерка за интегрирање на странците кои живеат и работат во земјата без дозвола. Програмата за аплицирање беше промовирана во јануари, а стартуваше во април. Денеска е последниот рок за аплицирање. Програмата им дава на имигрантите без легален статус едногодишна дозвола за престој, која може да се обнови ако живеат во земјата најмалку пет ...
Министерот за финансии на САД, Скот Бесант денеска изјави дека повеќето земји сè уште не се подготвени да купуваат иранска нафта поради страв од можно повторно воведување на санкциите на САД, оценувајќи дека ова е дополнителен поттик за Техеран да започне преговори со Вашингтон. Бесант во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека Иран досега не успеал да пласира нафта на пазарот, бидејќи купувачите се претпазливи во врска со ризикот од обновени ...
Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека во претстојната реконструкција ВМРО-ДПМНЕ добива два нови ресора – здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди – култура, правда и министер за односи меѓу заедниците, додека ЗНАМ го добива министерството за земјоделство, а тие ќе имаат и плус еден заменик министер. Мицкоски не сакаше пред седницата на Извршниот комитет да ги соопшти ...
– Топлотниот бран што ја зафати Европа е само „генерална проба“, а најлошото допрва претстои, предупреди денеска регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, цитиран од ДПА. „Летата што претстојат ќе бидат потешки“, прогнозира Клуге во соопштението. Тој предупреди дека Европа се затоплува повеќе од два пати побрзо од глобалниот просек и дека топлотните бранови повеќе не се исклучок, туку ...
Попладнево околу 16 часот воздухолов ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување се вкучи во гасењето на големиот пожар кој денеска околу 10:40 часот избувна на раскрсницата на експресниот пат Велес – Штип, десно под Градската депонија и кој потоа се распламти и зафати голема територија со повеќе краци на ширење. Пожарот се уште гори и покрај брзата и непрекината интервенција на пожарникарите со неколку екипи од Територијалната ...
Дополнително возило и луѓе на терен попладнево се пристигнати на локацијата во близина на македонско – грчката граница, каде околу 10 часот е пријавен пожар, информираат од Центарот за управување со кризи во Гевгелија. Според информациите од подружницата на ЦУК, заедно со двете противпожарни возила на доброволното противпожарно друштво „Дојран“ со пет пожарникари и едно специјално возило на ТППЕ Гевгелија со четворица пожарникари, на терен ...
„Мило ми е што Иран е елиминиран и неговите фудбалери нема да се вратат во нашата земја“, изјави денеска американскиот министер за внатрешна безбедност Марквејн Мулин, откако иранската репрезентација го заврши настапот на Светското првенство во групната фаза. Иран беше веројатно најнесреќниот тим во групната фаза на Светското првенство. Во својата Група Г, ремизираше три пати, а во рангирањето на најдобрите третопласирани тимови, поради ...
– Пред албанското Собрание попладнево имаше тензична ситуација, кога група демонстранти се судри со полицијата. -Уапсени се Дритан Гоџај и неколку други лица, откако попладнево ситуацијата пред Парламентот стана тензична. Групата се обиде да го блокира влезот во објектот и со јајца фрлаа по пратеници кои излегуваа од пленарната седница, како и врз нивните возила, објавија медиумите. Инаку, Дритан Гоџај е познат како контроверзна личност и ...
– Европската комисија уплати транша од шест милијарди евра од заемот на Европската Унија за Украина, во вредност од 90 милијарди, пишува денеска „Украинска правда“, додавајќи дека тоа е дел од парите за одбранбената индустрија и купувањето дронови произведени во таа земја. Украина ја доби првата транша за поддршка на својата армија, а 3,9 милијарди евра ќе бидат платени за дронови, бидејќи според мислењето на Европската комисија тоа е клучна ...
– Собранието во рамките на 106. седница ги донесе измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, кои се однесуваат на регулирање на учеството на електричните тротинети во сообраќајот. Со законот се редефинира точка 57 „лесно електрично возило“ од поимите што се употребуваат во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата имајќи ги предвид компаративните искуства на повеќе земји во регионот, како и ...
Во претстојната реконструкција на владата на премиерот Христијан Мицкоски, носечката партија во коалицијата ВМРО-ДПМНЕ ќе ги добие ресорите Здравство и Социјална политика, кадри на Влен ќе застанат на чело на Правда, Односи меѓу заедниците и Култура, а ЗНАМ го добива Министерството за земјоделство, велат партиски извори за „360 степени“. Притоа, министерско место без ресор се очекува да добие Демократската партија на Турците, а Шабан Салиу ...
Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешан, објави дека напаѓачот Маркус Турам ќе го пропушти вечерашниот натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против Шведска. Натпреварот ќе се игра во Њу Џерси, со почеток во 23 часот по средноевропско време, а Турам нема да биде во комбинација поради повреда на мускулот. Францускиот селектор посочи дека не станува збор за сериозна повреда, но оти е прашање кога Турам ќе ...
Златко Перински најверојатно ќе биде новиот директор на Фонд за здравство, неофицијално дознава Фокус. Тој би дошол на местото на досегашниот директор Сашо Клековски, кој е во игра да биде новиот министер за здравство. Перински по победата на Данела Арсовска кандидирана од ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Скопје ја доби директорската позиција на Скопски Водовод но по кавгата на неговата партја со градоначалничката Арсовска околу кредитот за ...
Како што цените на новите автомобили продолжуваат да растат, сè повеќе возачи избираат да го задржат својот сегашен автомобил што е можно подолго. Меѓутоа, кога ќе се случи скап дефект, многумина се прашуваат дали е поисплатливо да издвојат пари за поправки или да купат друго возило? Стручњаците нагласуваат дека не постои универзален одговор, но советуваат возачите да разгледаат неколку важни фактори пред да донесат одлука, објави „Нова ...
Соопштение на АПИС: Одговорно тврдиме дека новиот изгласан Закон за игри на среќа и забавни игри содржи одредби кои се во спротивност со темелните вредности, но и со членот 55 од македонскиот Устав со кој уставотворците предвиделе гаранции за слободата на пазарот и претприемништвото. Доколку предлагачите на законот навистина сметаа дека игрите на среќа се штетни по здравјето на луѓето, тогаш тоа мораше прво да го докажат во соодветна ...
Пожар утринава избувнал на локацијата Владаја во општина Дојран и сè уште е активен – информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите од подружницата на ЦУК во Гевгелија, пожарот е пријавен околу 10 часот, а на терен се две противпожарни возила на доброволното противпожарно друштво „Дојран“ со пет пожарникари и едно специјално возило на ТППЕ Гевгелија со тројца пожарникари. Местото е обезбедувано и од едно полициско ...
Министерството за здравство тврди дека во моментов сите хируршки сали во Клиничкиот центар се во целосна функција. Оттаму апелираат дека сите информации поврзани со функционирањето на здравствениот систем претходно треба да бидат проверени, со цел да се избегне создавање непотребна загриженост кај граѓаните. -Од клиниките за торакална хирургија, кардиохирургија, урологија, детска хирургија, пластична хирургија, дигестивна хирургија и ОРЛ ...
Реакција на “И здравје и работа”: Со загриженост ги следиме јавните повици на дел од активистите државата намерно да го турка случајот „Иловица – Штука“ кон меѓународна арбитража. Таквите повици не се во интерес ниту на државата, ниту на граѓаните. Напротив, тие се правно ризични и можат Македонија да ја чинат десетици милиони евра особено имајќи предвид дека домашните судови веќе донесоа одлуки со кои укажаа на пропусти. Меѓународната ...
Собранието денеска ги усвои измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за користење на електричните тротинети и другите лесни електрични возила. Со измените се прецизира дефиницијата за „лесно електрично возило“, а максималната дозволена брзина за нивно движење се ограничува на 20 километри на час, во согласност со европските препораки. Новина е и тоа што електричен тротинет ќе можат ...
Годинава по осми пат од 3 до 5 јули ќе се одржи фестивалот “Запознај ја Преспа”. Во духот на оваа иницијатива чија цел е обединување на Преспаните од трите крајбрежја на Преспанското езеро во три различни држави, програмата на овогодишното издание на фестивалот го рефлектира богатството на различностите, духот и традицијата на Преспа како регион омеѓен од четири национални паркови во три држави. Програмата на фестивалот започнува со настап ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, остро реагираше откако советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржа предлог-одлуката за вработување технички персонал во основните општински училишта, стои во соопштението од Општина Центар. „Искрено, разочаран сум од тоа што го гледам. Советници да гласаат против подобри услови за децата во училиштата е навистина несфатливо. Денес се училиштата, утре ќе бидат градинките. Толку ли ви се ...
Герасимовски и СДС си поигруваат и манипулираат со чувствата на родителите и најмладите, за да се скријат од деценија расипништво во Центар, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА ви го пренесува во целост. Кога се крати од сите развојни програми на општината за да се платат судски трошоци од милиони евра, прво решение што му текна на Герасимовски е вработување партиски кадри. ВМРО-ДПМНЕ не е против нови вработувања, онаму каде што е ...
Претседателот на Парагвај – Сантијаго Пења, го прогласи вторник, 30 јуни, за национален празник поради пласманот на фудбалската репрезентација на земјата во осминафиналето на Светското првенство, кое се одржува во САД, Канада и Мексико. Денес, парагвајската фудбалска репрезентација се квалификуваше за осминафиналето на Светското првенство, бидејќи по подобро изведување пенали во Фоксборо, ја победи Германија со вкупен резултат од 5:4. По ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против 40-годишниот Д.Д. од Штип поради сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „предизвикување општа опасност“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 30 мај годинава пријавениот преку социјална мрежа упатувал закани кон својата вонбрачна партнерка. По упатените закани, тој со употреба на запалива течност предизвикал пожар во дворот на нејзината куќа. Од МВР ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за појава на краткотрајно невреме со град, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе ...
За територијата на Скопје е издаден жолт метеоаларм поради опасност од локално невреме. Во делови од Скопската Котлина се очекува нагло зголемување на облачноста, проследено со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилноста ќе биде од локален карактер, што значи дека во одделни населби може да има интензивен дожд и силни налети на ветер, додека во други делови од градот времето може да остане суво. Жолтиот аларм означува ...
Професорка Тамара Аџиска од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение дека побарала и примила поткуп од студент за да му овозможи да положи испит. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), 39-годишната штипјанка Т. А. на 22. овој месец од студент побарала 300 евра за да положи испит што требало да го полага вчера. „Вчера во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од штипскиот Сектор за ...
Католичката надбискупија во Сан Франциско се согласи да исплати 395 милиони долари на повеќе од 500 деца жртви на сексуална злоупотреба од страна на свештениците. Како дел од судската спогодба, надбискупот во Сан Франциско, Салваторе Кордилоне ќе мора да напише и писмо со извинување на секоја преживеано лице. Спогодбата предвидува и исполнување на 14 барања за заштита на децата и транспарентност, кои вклучуваат одржување и објавување на ...
Како Универзитет, имаме нулта толеранција за корупција. Во академската заедница нема место за никој што ја злоупотребува својата позиција, го нарушува интегритетот на образованието и ја изневерува довербата што му е дадена, се потенцира во соопштението од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, по денешното приведување на 39 годишната Т.А., професорка на Факултетот за медицински науки, која побарала мито од 300 евра од студент од Република Турција, ...