Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Поради силното невреме кое во текот на денешниот ден го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен, доколку има штети, поплави или потреба од итна реакција, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на својот фејбук профил. -Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и сите надлежни ...
Полицијата моментално ги повикува во станица на распит сите осомничени во врска со настанот каде девојче во Аеродром беше брутално тепано со шлаканици, кубено за коса, понижувано и натерано да клекне на колена и да ѝ се извини на врсничка, дознава „Слободен печат“ од извори во МВР. Се повикуваат и десетината момчиња што навиваат на видеото и снимаат со мобилни телефони. СВР Скопје презема мерки по допрен глас за утврдување на идентитетот на ...
Барањето за изземање на обвинителката Наташа Сарамандова, се одбива како неосновано, информираше Судот на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“, на кое обвинителството продолжи со презентација на материјални докази кои се однесуваат на работата на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Обвинителството, доказите продолжи да ги презентира само со читање на насловите како што се во листата на докази, како записници од претрес и ...
Пратеникот и претседател на Левица – Димитар Апасиев денеска најави 3.500 амандмани за измените и дополнувањата на Изборниот законик, по скратена постапка, и тие веќе се архивираат во собраниската архива. Според него, Левица е единствениот оштетен со останувањето во сила на актуелниот Изборен законик поради процентот за државно финансирање на политички партии за избори. -Онаму каде што се запна е електронското гласање за коешто СДСМ не ...
Во пресрет на летната туристичка сезона, македонските и српските институции ја започнаа првата заедничка превентивна кампања „Вози одморен“, чија цел е да ја подигне свеста кај возачите за опасностите од заморот зад воланот и да придонесе за поголема безбедност на патиштата. Кампањата денеска официјално беше означена на граничниот премин Табановце од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, претседателот на Републичкиот совет за ...
Педесет и шестгодишен возач од Кавадарци го загубил животот во тешка несреќа што се случила во близина на селото Мрежичко, откако товарно возило се превртело и паднало во провалија. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 30 јуни во СВР Велес, а несреќата се случила околу 13:00 часот при истовар на земја од товарно возило „Ман“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.К. (56) од Кавадарци. При ...
Околу 2.000 Турци, мафијаши, од мафијашките криминални групи, се наоѓаат во грчките затвори, откри министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис во интервјуто за телевизијата „Скај“, објаснувајќи дека членови на турската мафија доаѓаат во Грција и ги расчистуваат нивните сметки, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот во чија надлежност е полицијата, рече дека во Грција не постојат многу мафии, посочувајќи дека ...
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска по усвојување на дневниот ред со единствена точка измени и дополнувања на Изборниот законик, по скратена постапка, ја прекина седницата бидејќи за него се поднесени многу амандамни што треба да се архивираат, а потоа и да се преведат на албански јазик. – Поднесени се многу амандмани, коишто се архивираат па ќе бидат преведувани и затоа за продолжението на седницата ќе бидете ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека партијата ќе го блокира предлогот за измени на Изборниот законик поради одредбата што предвидува електронско гласање на дијаспората, оценувајќи дека предложеното решение не е доволно безбедно и остава простор за злоупотреби. Филипче рече дека премиерот Христијан Мицкоски денеска изјавил дека е подготвен да ги прифати сите забелешки на СДСМ во однос на Изборниот ...
Девојче од седмо одделение во скопската населба Аеродром завчера вечерта е тепано со шлаканици, кубено за коса, навредувано, понижувано и натерано да клекне на колена и да ѝ се извини на врсничка, додека целиот грозен чин го снимаат десетина машки малолетници со мобилни телефони и навиваa, пренесе СП. Две посебни видеа од овој вознемирувачки чин на меѓуврсничко насилство и булинг, со бројни елементи на кривично дело пристигнаа во „Слободен ...
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Примање поткуп. Според обвинението, обвинетиот, како службено лице – директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во март годинава директно побарал и прибавил значителна имотна корист за себе за да изврши службено ...
Во моментот имаме 168 пациенти што чекаат за бубрег, 37 пациенти што чекаат за срце, 12 за црн дроб и 23 за рожници. Затоа новото законско решение за органодарителство е голем исчекор кон здравствениот систем во државата. Ова го истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција посветена на трансплантацијата. Алиу истакна дека се заокружува еден од најчовечките, најсмели и најуспешно финализирани процеси водени во ...
Доколку нема до крај разјаснет процес на контрола на гласањето, тогаш изборниот процес веројатно би бил гласање на бел лист хартија, се наведува во соопштението од Либерално-демократска партија. -Не е спорно дали да гласа дијаспората електронски, апсолутно немам ништо против гласачкото право на дијаспората. Но сметам дека не можам како пратеник од првата изборна единица да дозволам граѓаните од мојата изборна единица, од Скопје, од ...
Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на државата во 2029 година и дека по завршувањето на мандатот планира да се врати на факултет, стои во соопштението на СДСМ. Значи, откако ќе ја ограби Македонија, ќе ја изолира од европскиот пат, ќе го постави своето судство и обвинителство, и ќе ја доведе државата до економски и институционален колапс, сака мирно да си замине и да се врати во академска ...
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој неколку месеци не одеше на работа, сега јавно откри дека имал здравствен проблем и вели дека изминатиот период за него бил големо искушение. „Животот е борба исполнета со предизвици, но не затоа што е против нас, туку затоа што секој предизвик нè принудува да растеме, да учиме и да станеме посилни. – – Изминатиот период за мене беше едно големо искушение. Се соочив со здравствен ...
Доверливи документи во кои увид имала новинската агенција Ројтерс покажуваат дека руски воени делегации минатата година престојувале во Кина на специјализирана воена обука, што дополнително ги засилува сомнежите за продлабочување на воената соработка меѓу двете земји. Според извештајот, во еден доверлив документ се наведува дека по одлука донесена во август 2025 година, делегација на руските вооружени сили отпатувала во Кина за да учествува ...
Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли шпекулациите дека неговиот предлог за електронско гласање на дијаспората е поврзан со можна кандидатура за претседател на државата на изборите во 2029 година. Мицкоски порача дека нема намера да се кандидира за претседател и дека по завршувањето на мандатот како претседател на Владата планира да се врати на факултет. „Нема да се кандидирам за претседател на државата. Кога ќе ми заврши мандатот како ...
Во издание на „Или-Или” излезе од печат книгата „Пустинско срце: Петнаесет години во Авганистан” од Ана Пејчинова. Станува збор за книга на сеќавања, заснована врз вистинити настани, во која авторката го раскажува своето искуство од петнаесетгодишниот живот и работа во Авганистан. Низ лична, динамична и книжевно обликувана проза, Пејчинова го води читателот низ Кабул, Кандахар, Лашкар Гах и други места обележани од војна, пустина, древна ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира конкретни мерки кои даваат конкретни резултати. Проектите и мерките кои се импламентираат даваат мерливи резултати како што е случајот со имплементацијата на системот „Безбеден град“ каде за 40% има намалување на бројот на загинати во сообраќајки, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ За само пет месеци, бројот на загинати во сообраќајни незгоди е намален за 40 проценти или од 55 жртви во истиот период ...
МВР информира дека вчера во 18:00 часот на улица „Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.С.(54) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“. Од МВР велат дека по претходно објавено видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како лице кое дошло со патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, фрла вреќи со ...
Денес, на Градските гробишта Бутел ќе биде погребан Владо Јаневски, поп-ѕвезда и текстописец. Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел во периодот од 10 до 11 часот. Погребот ќе следи веднаш потоа, на гробиштата во Бутел, објави „Авалон“. Македонија е во шок по веста за смртта на Јаневски, еден од најзначајните македонски пејачи, композитори и ...
Имено, од 6.000 анкетирани корисници, 45 отсто рекле дека го зголемуваат својот буџет за патување во 2026 година, додека повеќе од половина истовремено си ги намалуваат другите трошоци. Дополнително, 23 отсто од испитаниците рекле дека планираат да потрошат повеќе за одбрани патувања од својата листа желби. Платформата „Сквермаут“ издаде индекс на најскапите туристички дестинации за 2026 година за да утврди каде патниците трошат најмногу ...
Пет лица, меѓу кои и кандидатка за пратеничка на Нова демократија и нејзините родители, се повредени во експлозиите на импровизирани екслозивни механизми поставени на три различни локации во Солун, пред домовите на тројца припадници на грчката владејачка партија. Импроизираните механизми изработени од мали плински боци во периодот меѓу четири и пет часот утрово биле поставени пред домовите на претседателот на Управниот комитет на Нова ...
Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 09:46 часот на подрачјето на југоисточна Србија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Лесковац, на околу 6 километри од неговиот центар, на географски координати географска ширина 42,95 и географска должина 21,91. – – Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на ...
По шест дена поминати под урнатините од земјотресите во Венецуела, спасувачките екипи успеаја живо да извлечат тригодишно момче. #ÚLTIMAHORA Rescatistas de Jordania sacaron con vida a un niño de 3 años tras cinco días bajo los escombros en La Guaira https://t.co/jwI4brYUIg pic.twitter.com/wS7Y05Jsek — Monitoreamos (@monitoreamos) June 30, 2026 Спасувачите внимателно го извлекле детето од урнатиот станбен комплекс „Los Corales Garden 1“ во ...
Поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет вчера изјави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху е „неспособен да ја води својата влада“ бидејќи, како што тврди, бил преземен од крајнодесничарските министри Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрич и ултраортодоксните групи. Во интервју со водителот Марио Навфал, Бенет остро го критикуваше Нетанјаху. Тој е неспособен да ја води својата влада бидејќи е контролиран од Бен-Гвир, Смотрич и Харедите“, рече ...
Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, денес се враќа на своето работно место. Според информации на Телма, тој се очекува да пристигне во општината и повторно да ги преземе градоначалничките надлежности. Во негово отсуство поради боледување, општината ја водеше заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, кој имаше овластување привремено да управува со работата на локалната самоуправа. Во јавноста се појавија шпекулации за ...
Нема резултати – има театар со реконструкција.Ова не е реформа на Владата туку козметичка промена на истата криминална структура, се вели во соопштението од СДСМ. Од СДСМ велат дека некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти. „Внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – сè во исти раце. Само се вртат столчиња за да се создаде впечаток дека ...
Со презентација на материјални докази од Обвинителството кои се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето се наоѓа во доказна постапка, а на минатотот рочиште Обвинителството, презентираше докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство, ...
СДС и Левица уште еднаш покажаа дека кога треба да избираат меѓу државниот и партискиот интерес, секогаш го избираат партискиот. Паниката и стравот од пораз ги обедини СДС и Левица против Изборниот законик, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Со месеци учествуваа во изработката на Изборниот законик, даваа предлози, а ВМРО-ДПМНЕ ги прифати речиси сите нивни забелешки. Единственото барање на кое инсистиравме беше македонската дијаспора да ...