Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување донесе одлуки за зголемување на платите на вработените и започнување постапка за избор на нов директор и заменик директор. Постапката ќе ја води петчлена комисија од членови на Управниот одбор во состав: Ирена Петковска, Дритан Даути, Маја Чемерекиќ Велковска, Димитар Димитриевски и Трпе Деаноски. Последниот е лидер на Синдикатот на УПОЗ (вработени од управата, правосудните органи и ...
Обвинителката Ленче Ристоска денеска си поднесе одставка од обвинителката позиција, а како што може да се забележи од нејзината изјава, поради голема разочараност од состојбата во која се наоѓа Обвинителството. Ја пренесуваме изјавата на обвинителката во целост: -Јавнообвинителската функција секогаш сум ја поимала како позив и можност за придонес кон подобрување на системот, општеството и пред сè животот на граѓаните. Затоа во текот на ...
Денеска од Кривичниот суд ги повикаа новинарите и медиумите да внимаваат како ќе известуваат од судењето за трагичната смрт на Ивана и нејзината малолетна ќерка Катја. Во прилог целото соопштение од судот: -Во однос на тековното судење за предметот поврзан со трагичната смрт на мајка и дете во Скопје, а кој е постапка од јавен интерес, како и начинот на кој се известува од истиот и вчерашните реакции на известувањата, ја информираме јавноста ...
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се обрати со отворено писмо во однос на користењето на албанскиот јазик во кое уште еднаш кажа дека охридскиот договор е темел на оваа држава, a aлбанскиот јазик не е привилегија, туку стекнато право загарантирано со Уставот Стабилните и одржливи држави се изградени врз јасни принципи, врз големи политички договори и врз меѓусебно почитување меѓу граѓаните и народите што ги сочинуваат. Кога тие принципи се ...
Едно лице загина како последица на невремето што зафати повеќе региони во Грција, проследено со обилни врнежи, грмотевици и силен ветер. Противпожарните служби рано изутринава извлекле безживотно тело на маж од под автомобил во реонот на Неа Макри, во источниот дел на областа Атика. Во интервенцијата учествувале четворица пожарникари со две возила. Според медиумските информации, станува збор за маж со полско потекло, кој живеел во сутерен. ...
Седуммесечно бебе во количка смртно настрада при пукотница во њујоршката населба Бруклин. Инцидентот се случил кога маж од мопед во движење пукал кон група луѓе на тротоар на улица во Бруклин. Првичните проценки на полицијата се дека пукотницата што се случила вчера во попладневните часови е пресметка на банди, а бебето е случајна жртва. „Нема зборови што можат да ја излечат болката на семејството. Едвај започнат живот е одземен во миг“, ...
СДС се добро запознаени со контроверзниот проруски бизнисмен, Миодраг Давидовиќ – Дака, човек на црната листа на САД поради сомнежи за корупција и злоупотреба на влијание на Балканот, вклучително и Македонија. СДС знаат кои се фирми се поврзани со Дака и како се викаат фирмите во негова сопственост, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е така затоа што човекот со контроверзно минато бил бизнис партнер на нивниот претседател во сенка, ...
Природата околу селото е убава, мирна и смирувачка, што го прави пријатно место и за посета – за живеење. Сѐ тоа му дава посебен шарм на Босилово и го прави препознатливо во целата струмичка околија. Општината се стреми кон постојан развој и осовременување, со нови инфраструктурни проекти и подобрување на условите за живот за сите жители, па и за лицата со попреченост. Во таа смисла, Босилово денес има инклузивно Општинско основно училиште, ...
Поранешниот директор на Националниот центар за борба против тероризмот Џо Кент, кој поднесе оставка поради војната со Иран, јавно го повика американскиот претседател Доналд Трамп да го прекине конфликтот. Кент реагираше по обраќањето на Трамп до нацијата, испраќајќи директна порака против продолжување на воените операции. „Не им оддаваме почит на загинатите така што испраќаме уште наши најдобри мажи и жени во смрт на Блискиот Исток. Почит им ...
Со две соби долу, две горе… Така изгледа скромната куќа со тераси во лондонската населба Бромли, каде што пораснал Дејвид Боуви, британската музичка икона. Личи на многу други домови, но меѓу овие четири ѕидови има многу музичка историја. Куќата во јужен Лондон, каде што Боуви живеел од своите осум до 20 години, е преземена од Фондацијата за наследство во Лондон и моментно е во процес на реставрација, со цел да биде отворена за јавноста во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би можел да постигне многу повеќе доколку имал апсолутна власт, коментирајќи ги ограничувањата со кои се соочува како претседател. Говорејќи на велигденски ручек во Белата куќа, Трамп направи паралела со библиски настан, осврнувајќи се на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим. „На Цветници Исус влезе во Ерусалим додека луѓето го поздравуваа како крал. Мене сега ме нарекуваат крал, верувате ...
Вработен во Министерството за внатрешни работи е приведен во Скопје откако бил затекнат како управува возило во спротивна насока и агресивно се однесувал кон полициски службеник кој го запрел. Инцидентот се случил на 1 април на крстосницата меѓу улиците „Јордан Мијалков“ и „Димче Мирчев“, каде полициски службеник вршел физичка регулација на сообраќајот. При контролата било запрено патничко возило „мерцедес“ управувано од С.Р. (45), кој, ...
Судот во Сиднеј го одби барањето на Навид Акрам (24), обвинет за убиство на 15 лица во терористичкиот напад во Бонди Бич за продолжување на мерката за заштита на идентитетот на членовите на неговото семејство. Акрам, кој се соочува со 15 обвиненија за убиство и едно за извршено дело тероризам, побара од Судот во Нов Јужен Велс да не се обелоденуваат имињата и адресите на неговата мајка, брат и сестра, но судијата го одби барањето и ја укина ...
Цената на нафтата од типот „брент“ продолжува да достигнува нови максимуми за време на денешното тргување, а фјучерсите моментално се движат кон 107 долари по барел, што е раст од повеќе од 5 отсто, два часа откако американскиот претседател Доналд Трамп го заврши своето обраќање за војната што САД и Израел ја водат против Иран и најави посилни напади во наредните две до три недели. Фјучерсите во текот на вчерашниот ден паднаа поради надежта ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека разговарал со претставниците на Администрацијата на претседателот Доналд Трамп за безбедносни гаранции за Украина, како и за учество на европските партнери во тој процес. „Детално разговаравме со Стив Виткоф, а ни се придружија и Џаред Кушнер, Линдзи Греам и Марк Руте. Разговаравме за зајакнување на дипломатијата, можните чекори, како и за безбедносните гаранции и улогата на ...
Христијан Мицкоски секојдневно ги лаже граѓаните дека владата нешто следи и вели дека нема потреба да се преземат мерки. Ние предупредивме дека овој раст на цените на нафтата ќе повлече и ќе предизвика раст на цените на сите основни прехранбени продукти. И тоа се случи, се нацедува во аоопштението од СДСМ. Поскапува лебот, веќе се поскапени зејтинот, јајцата, млекото, пиперките, доматите, овошјето….Поскапувањата се од 5% па се до 300% кај ...
Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m²), на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...
Почнувајќи од понеделник 6 април 2026 територијата на Македонија ќе потпадне под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса од југ која позначително ќе предизвика температурите да бидат во пораст и тие ќе бидат вистински пролетни а времето ќе биде стабилно и суво со многу сонце. Температурите преку ден во Македонија во текот на следната седмица на многу места ќе се искачат и ќе надминат 20 степени а во најтоплите централни ...
Процените на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека растот на бруто-домашниот производ (БДП) во земјава ќе забави на 3,1 од планираните 3,8 проценти, а повисоките цени на нафтата ќе ја зголемат инфлацијата на околу 4,5 проценти, што е зголемување од владината проекција за инфлација од околу 2,5 отсто во тековната година Растот на цените на енергенсите поттикнати од тековниот конфликт на Блискиот Исток може повторно да ја зголеми ...
Ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ вечерва изјави дека доколку студентите и граѓаните побараат до него каков било политички ангажман тој е подготвен да прифати. Изјавата ја даде на прашањето дали би бил претседателски кандидат. „Таа тупаница е еден вид ветување, еден вид доследност дека ќе истраеме на нашиот пат. Сè уште не знаеме кога ќе бидат изборите и какви ќе бидат изборите. Она што го знаеме е фактот дека не се пријавив ...
Амбасадата на САД во Тирана предупреди дека групи поврзани со Иран можно е да нападнат субјекти поврзани со САД во Албанија. Во објава на Фејсбук, Амбасадата соопшти дека иранските опозициски елементи со седиште на албанска територија, исто така, би можеле да бидат цел. – Американската амбасада во Тирана издаде предупредување до своите граѓани, наведувајќи дека цел на ирански напади може да бидат субјекти поврзани со САД или елементи на ...
Иранската армија соопшти дека презела нов бран напади врз Израел и американските бази во регионот на Персиски Залив. Портпаролот на Здружениот штаб на иранските вооружени сили, Ебрахим Золфагари наведе дека нападите биле насочени кон израелскиот јужен туристички град Еилат и Тел Авив, како и кон американските бази во Кувајт и Бахреин. Претходно, Тајмс оф Израел“ објави дека Иран, пред почетокот на еврејскиот празник, Пасха го почна својот ...
Иран денеска го започна својот најголем ракетен напад врз Израел од почетокот на војната, непосредно пред еврејскиот празник Пасха, објави „Тајмс оф Израел“. Очевидци изјавија дека само во Тел Авив биле упатени шест ракетни предупредувања во рок од еден час. Околу десетина балистички ракети биле испукани кон централен Израел, од кои повеќето биле пресретнати од противвоздушна одбрана, објави весникот, повикувајќи се на армијата. Во меѓувреме, ...
Опозициската партија Тиса на Петер Магјар ја зголемила предноста пред владејачкиот Фидес на Виктор Орбан пред парламентарните избори во Унгарија закажани за 12 април, покажуваат две одделни анкети објавени оваа недела. Според проекциите, Тиса би освоила двотретинско мнозинство, за прв пат по 16 години на власт на Орбан. Истражувањето на 21 Research Institute: Тиса со 56%, Фидес со 37% Анкетата на институтот 21 Research Institute, нарачана од ...
Во Грција од денеска е утврдена минимална плата од 920 евра. Досега беше 880 евра. Прес службата на грчката владата напомена дека од 2019 година, кумулативното зголемување изнесува 41,54%, што одговара на зголемување од 270 евра месечно или 3.780 евра годишно – што ефикасно е еднакво на 4,2 до 5,8 дополнителни месечни плати. По овој развој на настаните, Грција сега е на 12-то место меѓу 22-те земји од Европската Унија кои имаат законска ...
Проблемот со ограничениот престој од 90 дена во 180 дена за македонските превозници во Шенген зоната е сериозен, а институциите веќе работат на трајно решение, истакна вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Досега системот беше книжeн и во пракса постоеја одредени толеранции. Со електронска евиденција тоа веќе нема да биде возможно. Добро е што превозниците реагираа, бидејќи нивната реакција придонесе Европската ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека „едноставно е невозможно“ Ерменија да биде членка на Европска Унија, бидејќи Ереван веќе е член на царинска унија со Москва. – Истовремено членство во ЕУ и во Евроазиската економска унија едноставно е невозможно по дефиниција. Разбираме дека секоја земја се обидува да извлече максимална корист од својата соработка со трети земји, но тоа мора да се направи на очигледен и искрен начин ...
Претседателот на Финска, Александар Стуб во телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп изјави дека се формира „„поевропско НАТО“ во кое Европа „презема одговорност“, соопшти кабинетот на финскиот претседател. Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена на мислења ...
Американскиот Стејт департмент нуди награда до три милиони долари за информации за напади врз неговите дипломатски објекти во Ирак. Објавата уследи откако Амбасадата на САД во Багдад, Генералниот конзулат во Ербил и Центарот за дипломатска поддршка во Багдад постојано се цел на напади од почетокот на војната меѓу САД и Израел против Иран. Доколку имате информации за терористичките милиции поврзани со Иран или други лица одговорни за овие ...
Поранешната врховна судијка Милка Ристова, реагира дека судењето за трагичниот настан на семејството Јовановски од Скопје, во кое жртви на семејно насилство се мајката Ивана и нејзината ќеркичка Катја, а кои загинаа по пад од балкон, ги надминува дозволените стандарди на медиумска јавност. -Јавното информирање за текот на судењето, е гарантирано со начелото на јавност на главната расправа. Процесните закони (пред се ЗКП и ЗПП), кои ...