Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Органите и телата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) следната недела ќе дискутираат за учеството на пратеничка на партијата во Собранието на настанот под името „Разговори за иднината во 12:05“, на кој во средата (1 јули) била промовирана нова демократска платформа со цел подигнување на нивото на општествената дебата во земјава. Момент од денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче / Фото: СДСМ Ова ...
Земјите членки на ЕУ воведоа санкции за шестмина Руси поврзани со смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални во казнената колонија во 2024 година. Советот на Европската Унија денеска соопшти дека засегнатите поединци се научници и истражувачи во воениот сектор кои биле вклучени во развојот на хемиско оружје, особено на нервниот агенс наречен епибатидин, пренесе ДПА. Нивните средства ќе бидат замрзнати, што значи дека тие нема да можат да ...
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, и американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговараа и се договорија да се сретнат во САД во блиска иднина, соопшти денеска кабинетот на Нетанјаху. Нетанјаху му ја честиташе на Трамп 250-годишнината од основањето на САД, истакнувајќи дека земјата „ја обезбедува слободата во светот“, како и дека Израел „многу ја цени тесната врска меѓу двете земји“, пренесува „Тајмс оф Израел“. ...
Тешка сообраќајна несреќа се случи на патниот правец Штип-Пробиштип, како директна последица на големите пожари кои беснеат во овој регион. Две патнички возила директно се судрија откако едниот од возачите, во обид да се спаси од пламените наноси покрај патот, преминал на спротивната коловозна лента. Според првичните информации од теренот, автомобилот кој се движел во правец кон Штип, за да ги избегне пламените наноси покрај самиот коловоз, ...
Најдобриот светски тенисер во моментов, Италијанецот Јаник Синер, и освојувачот на рекордни 24. грен слем титули, Србинот Новак Ѓоковиќ, ги продолжија своите победнички серии на Вимблдон, приближувајќи се кон меѓусебен дуел во полуфиналето на третиот овогодишен грен слем турнир. Синер денеска во рамки на третото коло лесно извојува победа над Американецот Џенсон Бруксби со 6-4, 6-3, 6-4. Во осминафиналето, Синер ќе игра против јапонскиот ...
Апелациониот суд Скопје му ја одбил жалбата на Стојанче Јовановски, кој е првостепено осуден дека ја навел сопругата Ивана во прегратка со својата ќерка да скокне од балкон и за и за долгогодишно семејно насилство, и ја потврдил 12-годишната затворска казна која му ја изрече Кривичниот суд. -Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-549/26, по одржана јавна седница на ...
Одделението за внатрешни работи Кочани денеска поднело кривична пријава против осум службени лица вработени во Државниот инспекторат за труд, поради сомнение дека со несовесно работење во службата тие не спречиле незаконско работење на дискотеката „Пулс“ во Кочани и овозможиле објектот незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност со активно работење остварувајќи противправна имотна корист во вкупен износ од 1.255.977 денари. ...
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, накратко разговараше со претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, за време на церемонијата на погребот на поранешниот ирански врховен лидер Али Хамнеи. Медведев пристигна во Иран за да учествува на прошталната церемонија, каде што ги поздрави претставниците на иранското раководство и накратко му се обрати на Пезешкијан. Церемонијата за испраќање почна денеска за ...
– Предлогот за разрешување и избор на нови членови на Владата е пристигнат во Собранието, а седницата е закажена за в понеделник на 13 јули, информираат од собраниската прес-служба. На дневен ред на 112. седница на Собранието се три точки – предлог за разрешување членови на Владата, предлог за разрешување на заменици на министри во Владата и предлог за избор на членови на Владата. Пред пратениците ќе се најде предлогот за разрешување на ...
Како, на пример, да им објасниш на децата дека сме изградиле систем во кој е нормално да го видите градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски како се фали дека ослободил узурпиран тротоар на Бит Пазар сликајќи се со сопственик на трафика што со години го има узурпирано јавниот простор, и пишувајќи „со добар збор и домаќински пристап, нема невозможно решение“. Каков добар збор, каков домаќински пристап!? Четири месеци градската власт преговара ...
Јужнокорејскиот селектор Хонг Мјунг-бо доби закани со смрт по елиминацијата на неговиот тим од Светското првенство. Ова го принуди да ја напушти земјата, плашејќи се за својата безбедност. Пречекот на националниот тим пред два дена беше целосно непријателски, а навивачите веруваат дека тренерот е најмногу виновен за неуспехот. Медиумите во таа земја објавија дека се појавиле постери и го преплавиле главниот град. Некои комерцијални објекти ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ги отфрли новите критики од американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги опиша буџетите за одбранбени трошоци на европските сојузници во НАТО како „смешни“, издвојувајќи ја особено Германија. Германија е во процес на удвојување на својот одбранбен буџет за четири години, изјави Мерц во Берлин по состанокот со шефовите на држави и влади на балтичките земји. – Ова е најголемиот напор што некогаш сме ...
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против три лица од Скопје за сторено кривично дело „насилство врз дете“, информираат од Министерството за внатрешни работи за случајот со напад на 14-годишен малолетник во Ченто. Од МВР информираат дека СВР Скопје-Единицата за насилен криминал до ОЈО-Скопје поднела кривична пријава против Ј.Ј. (19), В.С. (23) и В.А. (19) сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за ...
Осудено лице од Кичево од денеска е ставено под електронски надзор, соопштија од Управата за извршување на санкции. Овластени службеници од Секторот за пробација ја поставија потребната опрема, со што и официјално започна извршувањето на судското Решение за замена на затворската казна со мерка куќен затвор за ова лице. Од Управата за извршување на санкции објаснуваат дека ваквиот начин на извршување на санкциите носи двоен бенефит – како за ...
Тибетански активист почина откако вчера се запали пред седиштето на Обединети нации во Њујорк. Неговото самозапалување е во знак на протест и повика на независност на Тибет. Полицијата вчера попладне пронајде маж со тешки изгореници, но не го откри неговиот идентитет ниту мотивот. Според медиумите на тибетанската заедница во егзил починатиот Лобги Рангзен, кој пред да се самозапали повикал на независност и единство на Тибет. Тибетанците и во ...
– Попладнево изби и трет пожар во Општина Штип помеѓу објектите на Штипска млекара и текстилната конфекција „Албатрос“. Гори сува трева помеѓу објектите, а во моментов на терен се пожарникари од ТППЕ Штип, доброволци од доброволното противпожарно друштво Штип, полицски службеници и месното население од штипската населба Каленица. Пред половина час евакуирани си и текстилните работнички од текстилната конфекција „Албатрос“. Локализиран е ...
Германската фудбалска федерација (ДФБ) потврди попладнево дека Јулијан Нагелсман поднесе оставка од функцијата селектор на репрезентацијата. Нагелсман ја напушти клупата четири дена по елиминацијата на Германија од Светското првенство, откако во шеснаесетфиналето загуби на пенали од Парагвај. Германските медиуми претходно објавија дека Нагелсман вчера водел разговори со раководството на ДФБ што резултирале со неговата одлука да поднесе ...
Иранската полиција приведе жена која шетала по долна облека во градот Јазад. Жената била кратко задржана, а се товари за „нарушување на општествените норми“. Како што јави Иранската новинска агенција (ИРНА), жената која има „тешка психичка болест“ е ослободена и е заедно со нејзиното семејство. Во ноември 2024 година студентка прошета по долна облека на Исламскиот универзитет Азад во Техеран во знак на протест поради строгите исламски ...
Внатрешната контрола во МВР се активираше за последниот случај со меѓуврсничко насилство во Аеродром каде девојче беше кубено за коса од страна на друго девојче, тепано со шлаканици, понижувано, натерано да коленичи додека ја снимаат десетина момчиња кои навиваат. Причината е во тоа што се проверува дали полицајците во ПС Лисиче постапиле согласно своите законски надлежности или пак ги пречекориле со несторување. Во „Слободен печат“ дента ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека очекува во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како и во декемврискиот. Тој уште еднаш повика на разговори со опозицијата за Изборниот законик за што рече дека сè уште има шанса да биде донесен и да биде исполнет и десеттиот чекор од зададениот грејс-период. – Oчекувам и во овој јунски извештај да бидеме најдобри, како што бевме и во декемврискиот извештај. Мене ме радува и ме ...
Позициите на СДСМ се јасни и принципиелни во однос на Изборниот законик и ќе останеме конструктивни, но не по цена да отвориме врата за изборен грабеж, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција го повтори ставот за различниот начин на гласње на дијаспората. – Зошто да има различно гласање за дијаспората и за луѓето кои живеат во дијаспора, од луѓето кои тука живеат? Зошто ...
Албанските погранични власти на преминот Муриќан, на албанско-црногорската граница, привеле француски државјанин кој се обидел да транспортира Тајланѓанка скриена во куфер . – Уапсен е Том Хаак, 26-годишен, со француско државјанство. При преглед на неговото возило на граничниот премин Муриќан, службите на граничната полиција пронашле куфер на задното седиште, во кој била скриена тајландска државјанка. Станува збор за обид нелегално да ја ...
Денко Малески Карикатурата објавена во една книга за Првата светска војна прикажува двајца загрижени граѓани на Европа од тоа време, како се убедуваат дека големите сили нема да дозволат да избие светска војна.И толку. Во што е вицот? Па, вицот е во тоа што токму односите меѓу големите сили се причината за избувнување на светски војни. Таа наивност ја забелжувам и денес, кога војната веќе се случува пред нашите очи во Украина во судирот меѓу ...
Земјите-членки на Европска Унија денеска едногласно се согласија за отворање на уште еден кластер од претпристапните преговори со Украина и со Молдавија. Официјалното отворање ќе биде на Меѓувладина конференција на 14 јули. Договорот постигнат за отворање на Групата 6 – Надворешни односи, која ги вклучува Поглавјето 30 (Надворешни економски односи) и Поглавјето 31 (Надворешна, безбедносна и одбранбена политика), следи по официјалното ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во претпладневните часови избувнал пожар кој брзо се проширил и во моментов го зафатил реонот до пробиштипското село Бучиште. Од ДЗС информираат дека сите расположливи сили се максимално мобилизирани и се наоѓаат на критичните точки со цел да се стави огнот под контрола. Посочуваат дека на терен активно и координирано работат Територијалната противпожарна единица – Пробиштип (ТППЕ), ...
Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба и два добиени сета во тај брејк успеа да избори полуфинале на Macedonian Open 2026 откако го совлада шестиот носител Александре Вајс од Италија со 2-0 во сетови (7:6(5) и 7:6(3). Триумфот македонскиот тенисер го оствари откако во вториот сет успеа да ја надополни негативата од 1:4 во гемови. Мечот траеше 2 часа и 40 минути Во првиот сет Ивановски стартуваше со предност од 2:0 во гемови ...
Собранието денеска ги донесе Законот за парнична постапка во второ читање и измените на Законот за судовите, по скратена постапка. Новиот Закон за парнична постапка, кој беше донесен со 84 гласа „за“ и 9 „против“, претставува еден од клучните реформски чекори во насока на унапредување на правосудниот систем и негово усогласување со современите европски стандарди. Со новите законски решенија се создаваат услови за побрзи, поефикасни и ...
Произведен е милионитиот автомобил на моделот „Шевролет корвета“, со што се вброи во врвот на автомобилската индустрија како еден од најпознатите спортски автомобили во историјата. Произведен на 2 јули 1992 година, „Шевролет корвета“ остави значаен белег врз автомобилската историја. Тогашните модели не постигнаа впечатлива продажба, но со тек на времето, особено со појавата на посилните В8 мотори, автомобилот стана желба на возачите од сите ...
– Наплатата на даноци и придонеси во првата половина од 2026 година достигна исклучителни 2 милијарди и 271 милиони евра, што е за 231,8 милиони евра повеќе од истиот период лани и претставува уште една потврда за забрзаното темпо на раст на јавните приходи, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП). Според податоците на УЈП, даночните приходи бележат раст од 14,9 проценти, додека приходите од социјални придонеси се повисоки за 7,6 проценти. ...
Службеното возило „Ауди А6“, кое неколку години го користеше поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, е продадено на јавна аукција за 1.350.000 денари (околу 22 илјади евра). Новиот сопственик на автомобилот е од битолското подрачје, дознава телевизијата Алсат. Актуелниот градоначалник на Струга, Менди Ќира, потврди дека средствата од продажбата ќе бидат наменети за отплата на дел од стариот финансиски долг на општината, објави ...