Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изрази избалансиран став во врска со американските напади врз Венецуела и апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, пренесе ДПА. – Надворешна воена акција не е вистинскиот начин да се стави крај на тоталитарните режими, се вели во денешното соопштение од официјалната резиденција на Мелони. Истовремено, Мелони нагласи дека нејзината влада смета дека „дефанзивната интервенција“ против хибридните ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска одржа прес-конференција на која се осврна на „вонредната“ воена операција спроведена во главниот град на Венецуела во текот на ноќта и утрово по негова наредба. Тој рече дека била употребена „преголема“ американска воена сила „од воздух, копно и море“. Трамп изјави дека американските сили отишле против „силно утврдена воена тврдина“ во срцето на Каракас за да го доведат Мадуро „пред лицето на ...
Цените на патарините во Србија се зголемени и важат само за патнички возила, а објавата е поместена во Службен весник. Известувањето за ова не беше видливо прикажано на веб-страницата на ЈКП „Патишта на Србија“, па затоа многу возачи кои тргнаа на пат на првиот ден од новата година беа изненадени, јавија денеска српските медиуми. На веб-страницата има ценовник за патарините. Во ценовникот со наслов „Посебна такса за користење на патарина“ е ...
Министерот за надворешни работи на Венецуела, Иван Гил денеска изјави дека САД извршиле „подмолен и кукавички напад од грб“ во кој биле убиени цивили и воени професионалци, но дека народот на јужноамериканската земја бил обединет и мирен. – САД воено ја нападнаа Венецуела за да ја погазат волјата на нејзиниот народ и да ја украдат нејзината нафта и други ресурси, рече Гил во телефонски разговор од Каракас со шпанското национално радио РНЕ. – ...
Русија денеска ги повика САД да го ослободат венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, соопшти руското Министерство за надворешни работи, додека Украина го поддржа американскиот напад врз Венецуела. – Во услови на потврдените извештаи дека претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга се наоѓаат во САД, силно ги повикуваме американските власти да ја разгледаат ситуацијата и да го ослободат легално избраниот претседател ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во саботата порача дека Европската унија стои покрај народот на Венецуела и ја поддржува мирната и демократска транзиција во земјата. „Стоиме покрај народот на Венецуела и поддржуваме мирна и демократска транзиција. Секое решение мора да ги почитува меѓународното право и Повелбата на ОН“, напиша фон дер Лајен на социјалната мрежа X. Таа додаде дека ЕУ внимателно ја следи ...
Адвокатот Срџан Амет, правен застапник на семејството на двегодишното дете кое почина во новогодишната ноќ, јавно побара итна, темелна и транспарентна истрага за трагичниот настан, посочувајќи дека околностите под кои настапила смртта сè уште не се разјаснети, а семејството не добило конкретни одговори од надлежните институции. Според изјавата на Амет, на 31 декември, односно во раните часови на 1 јануари, околу 00:05 часот, семејството ...
Американското Министерство за правда објави нова, опсежна оптужница против претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, а сега обвинети се и неговата сопруга Силија Флорес и синот Николас Мадуро Герра. Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Мадуро е на пат кон Њујорк, каде ќе се соочи со тешки обвиненија за „нарко-тероризам“. Според оптужницата, Мадуро и неговите сојузници го претвориле врвот на државата во жариште на корупција ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја поздравува акцијата на американските власти за заробување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга. Муцунски, во објава на неговиот профил на социјалната мрежа Икс вели дека е за поздравување тоа што Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата. „Ја поздравувам објавата на Доналд Трамп дека Николас Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата“, пишува ...
Вo ноќна операција рано утрово, САД извршија воен удар во Венецуела, заробувајќи го претседателот Николас Мадуро и првата дама Силија Флорес и транспортирајќи ги надвор од земјата. Висок функционер во владејачката партија на Венецуела, Наум Фернандез, рече дека Мадуро и неговата сопруга биле уапсени во нивниот дом, објави АП. „Николас Мадуро и неговата сопруга биле во нивната резиденција во воениот комплекс Форт Тиуна кога биле заробени. Тие ...
Во периодот од 17 до 21 часот по македонско, односно од 18 до 22 часа по грчко време, по пауза од три дена поради празниците, грчките земјоделци повторно ќе го блокираат граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сите видови возила, јави дописничката на МИА од Атина. Земјоделците од северна Грција, кои од 1 декември поставија блокада на Евзони, претпладнево одржаа протест низ градот Килкис (Кукуш) и стигнаа до ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Владата останува цврсто посветена на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку континуирано зголемување на платите и инвестиции во клучните сектори – образованието и здравството. Тој, во интервју за Вечер.мк, нагласи дека зголемувањето на платите во образованието и здравството се реализира согласно веќе потпишаните четиригодишни договори со репрезентативните синдикати. ...
Руското Министерство за надворешни работи изрази длабока загриженост и ги осуди американските воени напади врз Венецуела. Во соопштението се наведува дека Латинска Америка треба да остане зона на мир и дека на Венецуела мора да ѝ се гарантира правото сама да ја одредува својата судбина, без надворешно мешање, објави ТАСС. Русија го поддржа свикувањето на седницата на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Венецуела и оцени дека ...
Планинар од Прилеп кој претпладнево беше пријавен за изгубен на подрачјето на Националниот парк „Пелистер“ е пронајден, жив и здрав, и се наоѓа во населеното место Ниже Поле, изјави Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“. Тошевски потврди дека планинарот најверојатно избрал друга патека на движење низ планината и пристигнал во селото Нижо Поле. -Планинарот беше достапен на телефон во еден период, а потоа сигналот се ...
На подрачјето на Националниот парк Пелистер, во близина на локацијата позната како „Антена“, пријавен е изгубен планинар. Лицето било телефонски достапно околу 10 минути, по што сигналот на мобилниот телефон бил изгубен. Потрагата првично била извршена со ратрак, но без успех. Случајот е пријавен во СВР Битола и во Национален парк Пелистер – Битола, по што екипи веднаш се упатени на терен. Поради непристапниот терен и густата магла, од ...
Две лица се пренесени на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје по пожар што избувнал во стан во Штип, информира Министерството за внатрешни работи. Како што соопшти МВР, на 2 јануари 2026 година во 15:01 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 6 часот наутро настанал пожар на оџак во стан на улицата „9 Мај“, сопственост на С.А. (41) од Штип. Поради вдишување чад, неговата мајка Д.А. (65) и сестра му С.Д. (39), двете од ...
Логиката „око за око“ на крајот ги прави сите слепи, оти Бог ни дал мозок, но не и рецепт како да го користиме ! Годината што веќе ја испративме започна со „нов шериф во градот“, како што американскиот потпретседател Џ.Д. Венс го нарече Трамп, прекорувајќи ги огорчените Европејци дека нивните политики се една голема нула. Невиден таленти за глорификација на глупоста. Неговата логика е штом не си наш човек – воопшто не си човек! Човекот ...
Македонецот Стивен Ивановски, кој се водеше како исчезнат во страшниот пожар во Кран Монтана е пронајден мртов, неофицијално дознава “Фокус”. Семејството и пријателите уште веднаш упатија итен апел до јавноста за помош, откако тој исчезнал за време на пожарот што избувна во барот „Ле Констелејшн“ (La Constellation) во познатиот зимски туристички центар Кран-Монтана, Швајцарија. На Нова Година, Швајцарија се разбуди со катастрофалната вест за ...
Со изјавата на европската претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас не е јасно дали ЕУ ги осуди САД за кршење на принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН со нападот врз Венецуела. Од изјавата сигурно може да се заклучи само дека Вашингтон нема поддршка од Брисел за нападот врз Венецуела и апсењето на Мадуро. Во изјава за јавноста Калас објави дека разговарала со државниот секретар на САД Марко Рубио и со ...
Јелисавета Благојевиќ Постои нешто заморно во тоа што и понатаму зборуваме за „конзервативни“ и „прогресивни“ луѓе, како да се тоа две цврсти политички структури, јасно ограничени, јасно одвоени, врежани во нас како крвна група. Како сè уште да постојат два уредно формирани табора, две страни на светот што се судираат преку една непрекината линија. Како секој од нас засекогаш да може да се смести лево или десно, напредно или назадно, ...
Министерот за одбрана на Венецуела, Владимир Падрино Лопез, објави на социјалните мрежи дека војската е распоредена низ целата земја, откако САД ја нападнаа Венецуела. Падрино Лопез повика на обединет фронт на отпор наспроти она што го нарече „најлошата агресија“ некогаш насочена против Венецуела. Тој изјави дека сите вооружени сили ќе бидат распоредени според „наредбите на Мадуро“. Тој не се осврна на тврдењата дека претседателот Николас ...
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро е уапсен за да му се суди во Соединетите Американски Држави (САД), изјави републиканскиот сенатор од Јута, Мајк Ли, повикувајќи се на информација што му била соопштена при телефонски разговор со државниот секретар Марко Рубио, пренесува Си-ен-ен. „Рубио ме информира дека Николас Мадуро е уапсен од американски служби за да се соочи со кривични обвиненија во Соединетите Американски Држави, како и дека ...
Соединетите Американски Држави со години го обвинуваат венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека е на чело на меѓународна мрежа за трговија со дрога, обвинувања кои тој постојано ги негира. Американските власти претходно понудија и награда од 50 милиони долари за информации што би довеле до негово апсење, потег што во регионот беше протолкуван како охрабрување за внатрешно свртување против него, особено во услови на значително зголемено ...
Соединетите Американски Држави (САД) денес извршија воени напади на неколку локации во Венецуела, вклучувајќи го и главниот град Каракас. Експлозии беа пријавени во воени бази како што се аеродромот Фуерте Тиун и Ла Карлота, како и во други области. Претседателот Доналд Трамп објави на својата платформа Truth Social дека американските сили извршиле „голем напад“ и ги заробиле венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга и ги ...
10.500 турски граѓани побарале македонско држајаванство во изминативе четири години, покажуваат податоците од Министерството за внатрешни работи, но зошто е тоа така? Врз основа на достапните информации и тековните трендови, интересот на турските државјани за македонско државјанство е во постојан подем. Ова се должи на комбинација од историски врски, законски измени и стратешки предности. Еве преглед на главните причини за овој феномен: 1. ...
Сѐ додека луѓето ги голтаат вестите на ВМРО-ДПМНЕ каде го исмејуваат СДСМ, истите тие луѓе, за жал, ќе продолжат да живуркаат во оваа утепана, тажна жабокречина од земја, која самите си ја сервираат. Ќе продолжат убиства на двегодишни деца од залутан куршум на новогодишната ноќ, затоа што оружјето и пиротехниката се најисплатливите играчки кои властите немаат никаква намера да ги забранат. Детонациите низ земјава се гаранција дека целата ...
Ќерката на познатиот актер Томи Ли Џонс, Викторија Џонс, почина на 34-годишна возраст, а американските медиуми сега донесуваат нови детали за околностите на нејзината смрт. Според информациите од полицискиот извештај и снимката од повикот до службите за итни случаи, се сомнева дека причина за смртта на Викторија Џонс е предозирање со дрога. Пронајдена мртва во хотел Според аудио-снимката од повикот на 911, инцидентот бил класифициран како ...
Управата за јавни приходи денеска информира дека во 2025 година во националниот буџет се собрани 4 милијарди и 426 милиони евра од даноци и социјални придонеси, што е 308,3 милиони евра повеќе во споредба со 2024 година. Од вкупниот износ, како што посочуваат од УЈП, даночните приходи изнесуваат 2 милијарди и 334 милиони евра, при што е остварен раст од 7,5 проценти, односно 163,2 милиони евра повеќе од лани. Нагласуваат дека порастот е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави извршиле „голем напад“ врз Венецуела, потврдувајќи ја ескалацијата на воените активности што утринава го потресоа Каракас и поширокиот регион. Во своето обраќање, Трамп тврди дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро бил заробен за време на операцијата и дека, заедно со неговата сопруга, бил изведен надвор од земјата. Американскиот претседател не соопшти ...
Најмалку седум експлозии се слушнале во главниот град на Венецуела, Каракас, а авиони што летале ниско биле забележани околу 2 часот наутро (7 часот наутро по централноевропско време). Луѓето во паника излегоа од своите домови на улиците. Јужниот дел од Каракас, вклучувајќи ја и областа во близина на голема воена база, е без струја. Фотографии објавени од колумбиската телевизиската станица NTN24 покажуваат густ чад над Каракас, видлив и ...