Српскиот претседател Александар Вучиќ, носител на листата на владејачката Српска напредна странка, објави победа на коалицијата предводена од СНС во сите 10 општини и градови каде вчера се одржаа локални избори, проследени со инциденти, тепачки и нерегуларности на кои посочија опозицијата и студентското движење. Избори се одржаа во Аранѓеловац, Бајина Башта, Бор, Кладово, Књажевац, Кула, Лучани, Мајданпек, Севојно и Смедеревска Паланка. ...

Војната со Иран, која започна на 28 февруари 2026 година, предизвика силен потрес на глобалниот пазар на нафта, при што најновите податоци покажуваат драматични разлики во растот на цените на дизелот низ светот. Според анализата на сервисот „Инвестор Сајт“, најголем удар претрпеле азиските земји. Филипините бележат најголемо поскапување од 81,6 проценти, по што следи Нигерија со 78,3 проценти. Во Малезија цената на дизелот пораснала за 57,9 ...

ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов започна со сезонското машинско миење на булеварите и поголемите скопски улици, со употреба на автоцистерни. Машинското миење се реализира со цел – одржување на највисокото ниво на хигиената и чистотата на јавните и сообраќајните површини во градот и значително придонесува за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Активностите ќе се одвиваат во доцните вечерни часови, кога е намалена ...

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска почнува судењето за Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска која на 2 март се самоуби заедно со нејзината 6-годишна ќерка. Јовановски е обвинет за три кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како ...

Граѓаните со нетрпение ја очекуваат денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, која треба да соопшти помали цени за бензините и непроменета или минимално зголемена цена за дизел-горивата. Премиерот, Христијан Мицкоски, викендов изјави дека очекува намалување за 2 денари на безоловните бензини, и иста цена или минимално зголемување за половина денар на дизелот. Според него, намалување на ДДВ што го направи Министерството за ...

„Според научници од Република Кореја цвеќињата имаат „биолошки часовник“ кој го регулира времето на отворање на цветовите и ослободување на мирисот во согласност со потребите на инсектите“, пренесува онлајн порталот Физ. Грамофончињата што се отвораат наутро и цвеќињата што испуштаат мирис во текот на ноќта изгледа како да знаат колку е часот. Научниците од корејскиот институт за напредни науки и технологии (КАИСТ) го откриле на молекуларно ...

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал да преземе контрола врз иранската нафта, опишувајќи ги критичарите во Соединетите Држави како „глупави“ во интервју за британскиот весник „Фајненшл тајмс“. – Да бидам искрен со вас, најмногу би сакал да ја земам нафтата во Иран. Но, некои глупави луѓе во САД велат: „зошто го правиш тоа?“ Но, тие се глупави луѓе“, изјави Трамп. Заземањето на иранската нафта најверојатно би барало ...

Санкционирано е лице од Радовиш кое управувало возило со брзина од 178 километри на час надвор од населено место. Како што информира МВР, станува збор за П.К.(33) против кого се преземени соодветни мерки. Мобилната единица на МВР вчера попладне, во 18:55 часот, на експресниот пат Штип – Радовиш, го пресретнала П.К. со специјално возило – пресретнувач и измерила брзина на движење на неговото патничко моторно возило „мерцедес” со скопски ...

Времето денеска ќе биде облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната од 10 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени. Веќе од утре под влијание на ...

Независниот синдикат на полицијата соопшти дека будно ја следи состојбата по синоќешните настани од пред дискотеката „Пјур” во Скопје, кога двајца нивни колеги од Полициската станица Карпош биле нападнати од страна на алкохолизирани лица, при што се здобиле со тешки телесни повреди. Тие велат дека со одлука на Обвинителството напаѓачите биле ослободени, откако, како што тврдат, интервенирал функционер од Владата.. „Целосно сме запрепастени ...

Српскиот претседател и член на претседателството на СНС, од седиштето на партијата во Нов Белград, изјави дека се надева оти по денешното гласање ќе се запре прогонот на луѓето кои размислуваат поинаку. Според него, едвај е избегнато големо зло и рече оти ќе им подаде рака на сите луѓе во Србија да се обединат бидејќи, како што додаде, не се лесни времиња Српскиот претседател и член на претседателството на Српската напредна странка (СНС), ...

Задоволство од победата, но и одличната игра, изразија тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ, капитенот Гоце Ојлески и голманот Кристијан Пилиповиќ, веднаш по завршувањето на првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот куп во Атина. Сепак посочија дека ништо не е завршено и потребна е добра игра и на реваншот за шест дена на домашен терен. Ракометарите на Охрид со предност од пет разлика си заминуваат од Атина, откако со 31-26 го ...

Во десет општини и градови во Србија денеска се одржаа локални избори, кои беа проследени со бројни инциденти и тензии на повеќе гласачки места. Граѓаните гласаа во Бор, Смедеревска Паланка, Бајина Башта, Кула, Лучани, Аранѓеловац, Кладово, Књажевац, Мајданпек и во градската општина Севојно во Ужице. Една од општините каде што беа забележани сериозни нерегуларности е Кула, каде граѓани изразија сомнежи за купување гласови и постоење дупли ...

Педесетгодишна жена од Тенеси поминала повеќе од пет месеци во затвор, откако била погрешно идентификувана од систем за препознавање лица базиран на вештачка интелигенција и поврзана со серија финансиски измами во Северна Дакота – место каде, како што тврди, никогаш не била. Случајот со Ангела Липс отвори сериозни прашања за употребата на АИ во полициските истраги, откако полицијата во Фарго призна дека направила „неколку грешки“ во ...

Сериозна политичко-религиска криза ја тресе Ерменија, откако конфликтот меѓу премиерот Никол Пашињан и Ерменската апостолска црква ескалираше до инцидент во сам храм, каде беше забележана и физичка пресметка. Според информациите и видеата кои се шират на социјалните мрежи, инцидентот се случил по богослужба во црквата „Света Ана“ во Ереван. За време на напнатата атмосфера, еден верник му се обратил на Пашињан со остри зборови, по што се ...

Дрон во непосредна близина на Palm Beach International Airport предизвика итен прекин на воздушниот сообраќај во момент кога претседателот на САД Доналд Трамп полетувал со претседателскиот авион Air Force One. Инцидентот се случил за време на полетувањето, кога дронот се приближил опасно до леталото, по што веднаш бил воведен т.н. „ground stop“ – целосно запирање на сите операции на аеродромот од безбедносни причини. Според информации од ...

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, остро ја критикуваше опозицијата, тврдејќи дека барањата за избори не се мотивирани од демократски принципи, туку од, како што наведе, намера за поттикнување граѓански конфликти. Во објава на социјалната мрежа Икс, Брнабиќ напиша дека опозицијата ги користи изборите како средство за политичка мобилизација, а не како начин за изразување на волјата на граѓаните. „Не бараат избори за ...

Напади врз електроенергетската инфраструктура предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од Техеран, како и во пошироката Техеранска област и покраината Алборз, соопшти иранското Министерство за енергетика. Заменик-министерот Мостафа Раџаби Машхади изјави дека при нападите бил погоден далеководен столб на влезот во Карај, град кој се наоѓа северозападно од Техеран. Претходно беа регистрирани осцилации во ...

Јавното обвинителство ја прифаќа и ја поздравува реакцијата на ЗНМ и ССНМ. Обвинителството во целост се залага за почитување на членот 10 од Европската конвенција за човекови права и членот 16 од Уставот, кои ја гарантираат слободата на изразување и на објективно информирање на јавноста. Обвинителството ги штити човековите права и слободи и со тоа создава услови за нивно непречено остварување Јавното обвинителство ја прифаќа и ја ...

Уметнички дела вредни неколку милиони евра се украдени од Фондацијата Мањани Рока во Италија, во областа Парма, и тоа не само „Риба“ од Реноар, туку и дела од Сезан и Матис. Според првичните информации, крадците дејствувале ноќта помеѓу 22 и 23 март, влегувајќи во Вила Мањани со кршење на вратата од зградата, објавува порталот Bologna.repubblica. Истрагата ја водат Карабињерите од Парма заедно со Единицата за заштита на културното ...

Американскиот весник „Вашингтон пост“ објавува дека Пентагон се подготвува за неколкунеделни копнени операции во Иран и дека останува неизвесно дали претседателот Доналд Трамп ќе одобри планови за распоредување на копнени трупи. Како што објавува весникот, американските планови укажуваат дека ваквите копнени операции нема да претставуваат инвазија на Иран, туку ќе вклучуваат упади на сили за специјални операции и конвенционални пешадиски ...

Секоја нова иницијатива која има за цел да го заобиколи директното спроведување на Законот за употреба на јазиците во испитите за кандидатите правници претставува голема измама и обид да се избегнат обврските што произлегуваат од законот. Прашањето за употребата на албанскиот јазик во овие испити не е прашање што бара нови решенија, нови иницијативи или нови толкувања, туку бара само спроведување на постоечкиот закон. Секое отстапување од ...

Командантот на морнарицата на Иран, адмирал Шахрам Ирани, изјави дека американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ ќе биде нападнат секогаш кога ќе се најде во дострелот на иранските ракети. – Веднаш штом ударната група на носачот „Абрахам Линколн“ ќе влезе во нашиот дострел, ќе се одмаздиме за крвта на мачениците од фрегатата „Дена“ со истрелување на различни видови противбродски ракети, предупреди Ирани. Фрегатата „Дена“ беше потоната ...

Најмалку три лица загинаа, а седуммина се ранети во руско бомбардирање на украинскиот град Краматорск, соопшти началникот на воената администрација на Доњецката област, Вадим Филашкин. Меѓу жртвите е и 13-годишно момче, додека повредените лица се на возраст од 20 до 85 години. Според информациите од локалните власти, руските сили фрлиле тешка авиобомба врз градот, при што се оштетени неколку повеќекатни станбени згради. „Ова е уште еден ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руски сателити ја фотографирале американската воздушна база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија во три наврати непосредно пред иранскиот напад на 26 март, пренесуваат американските медиуми. Зеленски за „Ен-би-си њуз“ (NBC News) истакна дека е „100 отсто сигурен“ дека Москва му ги доставила овие разузнавачки податоци на Техеран. Според него, рускиот образец на надзор е јасен: првата снимка ...

Банка оф Америка се согласи да им исплати 72,5 милиони долари на жртвите на Џефри Епштајн, кои тврдат дека банката ги овозможила неговите злосторства и профитирала од нив. Во тужбата, поднесена минатата година, се тврди дека втората најголема американска банка им обезбедила банкарски услуги на Епштајн и неговата мрежа, како и сметки што ги користеле жртвите и неговите соработници, вклучувајќи ги Гислен Максвел и Леон Блек, поранешниот ...

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека е расчистено убиството во Виница и поднесена е кривична пријава против 80-годишен грчки државјанин. Приведени се вкупно четири лица. – По преземени мерки и активности од страна на ОВР Виница во содејство со ОЈО Кочани, во насока на расчистување на кривично правниот настан, извршени се претреси во возилата кои лицата ги управувале и во просториите во апартманите во Виница каде лицата ...

ЗНАМ ги демантира наводите дека имало иницијатива за преминување на пратеници од една во друга пратеничка група. Никола Мемов од оваа партија вели дека ЗНАМ не размислува во правец да исклучува или санкционира свои членови, туку, напротив вели дека го шират и зголемуваат членството на ЗНАМ. -Право е на секој функционер да го искаже своето мислење на одредени теми кои се во рамки на интересите на граѓаните од кои го црпиме мандатот. Сепак, ...

Со последната изјава на Христијан Мицкоски дека „поготвени сме да чекаме и децении, нема да има уставни измени“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, според СДСМ, признал дека ја турка Македонија во изолација и спречува членство во Европската Унија. Од партијата истакнуваат дека ваквиот став значи со децении загарантирана сиромаштија, зголемено иселување на младите, како и неконтролиран криминал и корупција на штета на граѓаните. „Мицкоски, со часовници ...

Министерството за одбрана на Финска денеска соопшти за веројатно незаконски упад на беспилотни летала во воздушниот простор на земјата, по што министерот Анти Хјакјанен објави дека е почната официјална истрага. Дроновите биле забележани во југоисточниот дел на Финска, а неколку мали објекти кои летале бавно и ниско биле лоцирани над финските води. Според Министерството, еден дрон паднал северно од градот Коувола, а втор источно од него. ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
77%
1016
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.58
66%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 14ᴼ
1.54
62%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 14ᴼ
1.03
48%
1015
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.58
62%
1015
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
0.45
70%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
53%
1019
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
52%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
42%
1014
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
1.54
57%
1016
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
0.89
67%
1016
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

38.0527

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Рутениум

51376.89

Платина

66101.93

Сребро

2583.47

Злато

151875.00

Паладиум

48065.37

Алуминиум

3.50

Родиум

319899.93

Калај

54.78

Цинк

0.00

Бакар

12.64

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09