Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
– До 14:00 часот се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор. Од нив, три се активни, еден е под контрола, а четири се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, првиот е на територија на село Гари, општина Дебар, каде горат ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума. Депонија и ниска вегетација се опожарени во населбата „Перо Чучо“ во општина Куманово. Гори и депонија на територија ...
Обдукцијата покажала дека жената кој синоќа била пронајдена мртва во близина на селото Латвица починала од насилна смрт, по што биле уапсени нејзиниот поранешен сопруг и негови тројца пријатели, појаснуваат од скопското обвинителство. -Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена ...
Поранешниот француски репрезентативец Зинедин Зидан ги коментираше разликите помеѓу напаѓачите на репрезентацијата, Килијан Мбапе и Усман Дембеле. -Мбапе и Дембеле се двајца различни играчи. Дембеле е скромен, дисциплиниран и секогаш го слуша тренерот. Работи напорно во одбраната, им помага на соиграчите и секогаш го става тимот на прво место. Мбапе е поагресивен. Може да го промени текот на натпреварот за неколку секунди. Дајте му минута и ...
Неколку политичари во Ирак се уапсени денеска поради обвинение за корупција, објави државната новинска агенција. Според извештаите, апсењата се извршени врз основа на изјавата на поранешниот заменик-министер за нафта, Аднан ал-Џумаили, кој беше уапсен минатиот месец. Меѓу уапсените има и членови на Парламентот на кои им е одземен пратеничкиот имунитет Неколку политичари во Ирак се уапсени денеска поради обвинение за корупција, објави ...
Владата на Мицкоски систематски го унишутва пензискиот систем. Пари нема, дупката во ПИОМ е зголемена на 40%, а загрозен е и вториот пензиски столб рече Рената Младеновска – члена на Извршниот одбор на СДСМ, на прес-конференција Гувернерот Трајко Славески, од ВМРО, изјави дека до 80% од идните пензионери кои ќе се пензионираат во периодот 2030–2032 година нема да можат да обезбедат ниту минимална пензија. Наместо да го зајакне вториот ...
Англискиот играч од средниот ред, Џуд Белингам, зборуваше за својот однос со капитенот на репрезентацијата, Хари Кејн. – Хари и јас развивме одличен однос во последните четири или пет години, особено по Светското првенство во Катар, кога почнавме да играме како близок партнер. Чест е да се игра покрај него. Според мене, тој е најдобриот играч во историјата на Англија. Тој продолжува да се подобрува и тоа е фантастично. Можете да видите колку ...
Франција од 24 јуни досега регистрираше околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното поради топлотниот бран, соопшти денеска Националната агенција за јавно здравје, предупредувајќи дека реалниот број на починати ќе се зголеми. „Од 24 јуни, регистрирани се околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, покажуваат привремените бројки споредено со смртните случаи регистрирани во претходните месеци“ – феномен што ги погодува главно ...
До вторник времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Под влијание на циклонска активност од вторник од попладневните часови, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според УХМР, наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува ...
Педесет и едногодишник со иницијали С.Г., со престојувалиште во скопско Таор, е лишен од слобода денеска од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје поради постоење основи на сомнение дека ја убил 48-годишната Ж.Г., соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – На 26 јуни 2026, С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а следниот ден ...
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас објави денеска дека Европската Унија подготвила пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела, како и помош во мапирањето на штетите. Калас на мрежата Икс објави дека разговарала со вршителот на должноста претседател на Венецуела, Делсеа Родригез, и дека ѝ ја пренела „целосната солидарност на ЕУ со народот на Венецуела и нејзиното најдлабоко сочувство до семејствата ...
Од СВР Охрид информираат дека е поднесена кривична пријава против стружанка која ги оставила своите деца ноќе да спијат во кола додека таа била на работа. -ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ по чл.201, став 1 од Кривичниот законик. Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две ...
Синоќа во Софија се одржа првиот протест против кабинетот на Радев. „Радев не е само бугарскиот Орбан. Тој е и бугарскиот Јанукович. Владеењето на ваквите руски агенти води кон војна ако не бидат соборени на време“, тврдат организаторите, пренесува бугарскиот медиум Актуелно. Демонстрантите се незадоволни од целокупната политика на владата на поранешниот претседател и имаат сериозни забелешки на предлозите за државниот буџет. Нов протест на ...
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси е најефикасен по натпреварите по групи на Светското фудбалско првенство 2026. Триесет и деветгодишниот Меси постигна шест гола во групната фаза – хет-трик против Алжир (3:0), два гола против Австрија (2:0) и еден гол против Јордан (3:1). За време на турнирот, Меси стана најдобар стрелец на сите времиња во историјата на Светските првенства, со 19 гола. Второто место во трката за голови на Светското ...
Кувајтското Министерство за надворешни работи соопшти дека најостро ги осудува повторните ирански напади врз негова територија, оценувајќи дека тие претставуваат грубо кршење на суверенитетот, закана за националната безбедност и меѓународното право. Министерството истакнува дека континуираните напади „ги поткопуваат регионалните и меѓународните напори насочени кон деескалација, претставуваат директен предизвик за решителноста на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави денеска дека Украина изминатата ноќ ги нападнала руските рафинерии за нафта во Краснодарскиот и Јарославскиот регион. „Нашите војници го започнаа Денот на Уставот на Украина со голема прецизност. Синоќа нашите напади со долг дострел достигнаа две рафинерии за нафта во Русија. Рафинеријата за нафта во Славјанск во Краснодарскиот крај беше погодена – околу 300 километри од фронтовската линија. ...
Голем студентски протест наречен „Сè се гледа на Видовден“ ќе се одржи денеска во Краљево. Централниот дел од програмата е закажан за 18:00 часот на градскиот плоштад. Студентските организации и Студентите во блокада го објавија точниот распоред и локациите на сите активности за денеска. Вторпат, студентското движење ќе го одбележи празникот Видовден, претходно во 2025 година, голем протест се одржа на плоштадот Славија во Белград. Се ...
Истекувањето амонијак од сигурносен вентил на ладилник во Гуча е запрено, а шестмина граѓани се испратени на лекарски преглед, јави утрово РТС. „Во Одделот за итни случаи на Општата болница Чачак, шест лица беа прегледани поради изложеност на амонијак во Гуча. Сите пациенти се во добра општа состојба, а по дијагностиката беа пуштени на домашно лекување“, се наведува во соопштението на болницата. Истекувањето амонијак се случило кога на ...
Шест високи офицери на Народноослободителната армија на Кина се разрешени од позициите во Националниот народен конгрес, највисокото законодавно тело во земјата, во рамки на кампањата против корупцијата на претседателот Шји Џинпинг, објави хонгконшкиот весник „Саут Чајна Морнинг Пост“. Според известување издадено доцна синоќа од Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес, вкупно 13 членови на законодавното тело се разрешени, а еден ...
Поезијата останува чувар на човечкото достоинство и простор каде што се среќаваат интимното и универзалното. Нè потсетува дека човечкото битие е центар на заедништвото и животот, подвлекува истакнат шпански поет, романсиер и есеист, и директор на Институтот „Сервантес“, Луис Гарсија Монтеро во интервју за МИА. За него, јазикот е многу повеќе од збир на зборови – тој е заедница, сеќавање и мост меѓу луѓето. Во време на поделби и забрзан ...
Во Франција 74 луѓе се удавиле од 18 јуни, досега, додека земјата продолжува да се справува со топлотен бран и екстремно високи температури што ги оптоваруваат службите за итни случаи и здравствениот систем, изјави францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез. Тој за весникот „Паризиен“ изјави дека повеќето давења се случиле во нерегулирани и небезбедни области за пливање, како што се реки, езера и бари, додека смртни случаи се ...
Додека ЗНАМ се распаѓа и последните двајца преостанати во партијата се тепат за министерски фотелји, раководството организира караван низ Македонија под слоганот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија”. Ова е очајнички потег во момент кога Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на ЗНАМ 2.0, нов сателит кој ќе му послужи за следните избори за разбивање на гласовите на опозицијата, бидејќи ЗНАМ повеќе не постои ниту во ...
СДС постојано зборува за европски вредности, но кога ќе дојде време да покаже нешто на дело, ги нема никаде. Не е проблем ако опозицијата има различно мислење, туку тоа што од СДС цело време зборуваат за тие европски вредности и за реформи, а кога ќе дојде време да гласаат за законските решенија во Собранието не гласаат. Не гласаа за ниту едно законско решение, ниту во 2024, ниту во 2025 година, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА ...
Македонскиот дејвис куп реперезентативец Калин Ивановски успеа да се пласира во финалето на М25 Загреб турнирот откако во вчерашното полуфинале го победи Божо Барун од Хрватска со 2:1 во сетови (6:4, 3:6 и 6:3) за 150 минути игра и денес во финалето ќе игра против Кимоун Султанов од Узбекистан, кој спречи „македонско финале“ совладувајќи го Олег Приходко со 2:0 во сетови. Ивановски со победа ја продолжи серијата добри игра по настапот за ...
Иранскиот паравоен корпус на Гардата на исламската револуција соопшти дека синоќа ги нападнал Бахреин и Кувајт и се заканил дека „целосно ќе ги запре“ преговорите со САД доколку Вашин гтон продолжи да извршува напади врз Иран. Во соопштение објавено од државниот весник „Иран“, Гардата посочи дека ја нападнала Петтата флота на американските поморски сили, како и воздухопловната база „Ал Асад“ во Кувајт. „Но, непријателот знае дека кршењето на ...
Со врачување на највисоките фестивалски признанија и меѓународно поетско читање „Мостови“, вечер на Мостот на поезијата завршува 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата. На манифестацијата, на холандската поетеса Анеке Брасинга ќе и биде врачен „Златниот венец“, највисокото фестивалско признание. Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата ќе и ...
Со одигрување на последните натпревари од групната фаза, познати се сите учесници во плејофот на Светското фудбалско првенство 2026. Последни кои обезбедија учество во нокаут фазата се Австрија и Алжир, кои одиграа нерешено 3:3 во нивниот натпревар од 3. коло од групната фаза. Австрија, со 4 бода, заврши втора во групата Ј и ќе игра против Шпанија додека Алжир ќе се соочи со Швајцарија. Двојки за 1/16 финалето: Германија – Парагвај Франција – ...
Една писта на клучниот аеродром во главниот град на Венецуела, Каракас, која беше оштетена во земјотресите, сега е во функција, а американски персонал помогна во поправката на аеродромот, изјави денеска највисокиот функционер на Стејт департментот задолжен за странска помош, Џереми Левин. Тој објави на платформата Икс дека една писта сега е во функција на меѓународниот аеродром „Симон Боливар“ и дека САД ќе ја преземат водечката улога во ...
Киев во текот на изминатата ноќ беше цел на руски напади со балистички ракети, во кои беа повредени две лица во округот Дарницки, во југоисточниот дел од градот, објави денеска началникот на полициската управа во Киев, Тимур Ткаченко. „Во округот Дарницки, имаме пожари на неколку адреси по нападот. Пожар избувна во близина на станбена зграда, бензинска пумпа гори на друга адреса. Гори и нестанбена зграда“, рече Ткаченко, пренесува Укринформ. ...
Пожарникарите од државата Миранда го споделија херојското спасување на Мигел, момче заробено под урнатините на зграда во Ла Гваира, венецуелската држава која беше најтешко погодена од силните земјотреси што ја погодија земјата во средата. По часови напорна работа на нестабилниот терен, тие успеаја да го ослободат неповреден. „Денес ти е роденден, Мигел. Повторно си роден, момче мое“, извика длабоко трогнатиот спасител додека го извлекуваше. ...
Земјотрес со јачина од 6,1 степен рано изутринава ја погоди североисточна Јапонија. Не е издадено предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан во близина на префектурата Ивате на длабочина од околу 40 километри, соопшти агенцијата. Пред неколку дена земјотрес со јачина од 7,2 степени ја погоди префектурата Ивате при што се повредени најмалку 10 лица и беше нарушено ...