Новата, трета генерација на Ауди Q7 носи голем напредок, особено во технологијата на осветлување и луксузот во внатрешноста. Наместо само обично освежување на изгледот, Ауди се фокусираше на паметни дигитални Матрикс ЛЕД предни светла кои овозможуваат максимална видливост без да ги заслепуваат возачите од спротивната насока, додека задните светла нудат избор од осум различни дигитални изгледи. Како посебно интересна карактеристика, ...

Бројот загинати во рускиот напад врз Киев се искачи на 18 лица, а повредени се 56, јавуваат украински медиуми. Според соопштение на украинската Државна служба за вонредни состојби објавено на „Телеграм“, спасувачките екипи и натаму работат на терен. Претходно беше соопштено дека во нападот загинале 16 лица. Во текот на ноќта меѓу 5 и 6 јули, руските сили извршиле масовен напад врз Киев и неговата околина, при што биле употребени дронови и ...

Апелацискиот суд во Париз денеска треба да ја објави одлуката по жалбата на лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен, против пресудата со која беше осудена за злоупотреба на средства од Европската Унија, одлука што може да биде пресудна за нејзиното учество на претседателските избори во Франција следната година. Ле Пен (57) минатата година беше прогласена за виновна за незаконско користење средства од Европскиот парламент и беше ...

Неидентификуван проектил погоди танкер во Ормуската Теснина, соопшти синоќа британскиот центар за Поморски безбедносни и трговски операции (УКМТО). Ударот предизвикал пожар, но нема повредени, соопшти британската служба, која обезбедува 24-часовен мониторинг и предупредувања за закани и итни случаи на глобалните бродски рути. УКМТО го лоцираше инцидентот на 8 наутички милји (14 километри) источно од Лимах во Оман и издаде препорака до ...

Земјите членки на НАТО ќе потпишат одбранбени договори вредни десетици милијарди долари на самитот во Анкара на 7 и 8 јули, најави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за „Вашингтон пост“. – За време на самитот на НАТО во Анкара ќе бидат потпишани нови договори со компании од Европа и Северна Америка вредни повеќе десетици милијарди долари. Исто така, ќе потврдиме дека инвестираме во клучни технологии за да ги исполниме ...

Бројот на загинатите во двата силни земјотреси што пред две седмици ја потресоа Венецуела се искачи на 3.535 лица, покажуваат синоќа објавените официјални податоци. Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела на 24 јуни, по што следуваа низа послаби последователни потреси. Меѓу најтешко погодените е крајбрежната сојузна држава Ла Гуаира, а илјадници лица се уште се водат како исчезнати. ...

Европскиот првак Шпанија ја продолжи серијата победи без примен гол на Светското првенство и со триумф вечерва во судиското продолжение над Португалија во Далас со 1-0 се пласираше во четвртфиналето. Победата на Шпанија ѝ ја донесе Микел Мерино во првата минута од судиското продолжение, само шест минути откако влезе на теренот на местото на Дани Олмо. Првото полувреме изобилуваше со шанси за гол на двете страни. Шпанија прва се закани во 3. ...

По убедливиот пораз утрово од Белгија (1-4) домаќинот на Мундијалот САД го заврши настапот во осмина финалето. Со квалитетна игра селекцијата на Белгија оствари сигурна победа, пред сè казнувајќи ги грешките на домашната репрезентација. Белгија поведе со голот на Шарл Де Кетелере во 9.минута. Американците изедначија во 31.минута преку Малик Тилман, но осум минути подоцна Де Кетелере повторно и донесе водство на Белгија од 2:1. Во 57.минута ...

Лидерите на 32-те земји членки на НАТО денеска во Анкара почнуваат дводневни разговори за одбранбените трошоци и договорите за набавка на оружје, во време кога Европа се наоѓа под сè поголем притисок од Соединетите Американски Држави да преземе поголем дел од безбедносниот товар на алијансата. Самитот, чиј домаќин е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неговата палата, ќе ги стави на тест повеќемесечните напори на генералниот секретар ...

Без струја денеска од 8 до 10 денеска ќе останат корисниците од улицата „Антон Попов“ и Основното општинско училиште „Кузман Јосифовски-Питу“ во општина Кисела Вода, а од 9 до 12 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од корисниците на улицата „31“ во населбата Волково, во општина Ѓорче Петров, како и дел од жителите на селото Добри Дол во општина Сопиште. Ккако што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи ...

Во „Европската куќа“ во Скопје денеска ќе биде претставен новиот Кодекс на новинари – документ што претставува значаен чекор во унапредувањето на професионалните и етичките стандарди во новинарството, информираа од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ). – Иницијатива за измената и дополнување на Кодексот на новинарите, како една од носечките активности во рамките на проектот „Јакнење на ...

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, сончево време со мала до умерена облачност, додека во ...

Минатата година забележен е значителен пад на интересот за добивање албанско државјанство, потврдуваат податоците од албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ). Според официјалните податоци, минатата година албанско државјанство добиле 495 лица, бројка значително помала од претходната година, кога таа изнесувала 919 лица. Од вкупниот број 306 се лица кои барале враќање на претходно откажаното државјанство, а 189 го добиле првпат. Во ...

На Вук Мараш, извршен директор на БИРН Црна Гора, денеска му беше забранет влезот во Србија на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Мараш изјави дека во писменото решение е наведено дека му се одбива влез како „заштитна мерка за отстранување, односно безбедносна мерка за протерување на странец“. Според него, одлуката најверојатно претставува контра мерка поради тоа што црногорските власти претходно му забранија влез во земјата на ...

Директорот на Фондот за здравствено осигирување (ФЗО) и кандидат за министер за здравство, Сашо Клековски вечерва информира дека заедничките служби на Клинички должат 35 милиони евра, а Клиниката за онкологија, како што рече, е најголем должник меѓу клиниките. – Реалноста е дека долгови има. Најголем должник е Клиниката за онкологија и тоа е наследен долг – мислам дека е околу една милијарда денари. Меѓутоа, кога ќе земете дека буџетот на ...

Кандидатот за министер за здравство, Сашо Клековски, дипломирал на Медицинскиот факултет при УКИМ и е доктор по професија, но нема ниту еден ден стаж во струката. Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, рече дека иако факултетот го завршил со висок просек (9,7), одлучил да не работи како доктор. „Во основа, моето завршување на студиите беше во исклучително лоши услови, кога имавме класичен распад на здравствениот систем, кога физиолошки ...

Пресвета Богородица во Скопје се читала посебна молитва за американскиот претседател Доналд Трамп и за САД, на денот кога беше одбележувањето на 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави, пишува „Религија.мк“. Молитвата ја читал отец Михаил, а потврда за тоа е фејсбук-статусот на Слаѓана Аврамоска Митрис, активист на македонската дијаспора во САД. Таа сподели фотографија со отец Михаил и со потпретседателот на Сојузот ...

Владата го разгледала извештајот на независната комисија составена од Министерството за здравство, а која заклучи дека во земјава се изведувале непотребни операции на срце. Извештајот бил разгледан на затворена седница. Овие информации ги сподели Сашо Клековски, кандидат за министер за здравство и директор на ФЗО, во интервју за 360 степени“ на МРТ 1. Сепак, Клековски не откри дали и какви заклучоци донела Владата во врска со извештајот. ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски смета дека со пуштањето на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ и Градскиот воз, Скопје ќе добие поефикасен и побрз сообраќај. Како што рече вечерва во гостување на ТВ Сител, веќе се работи на адаптирање на линиите на Градскиот воз, кој треба да профункционира од септември. – Мислам дека ќе придонесе за подобрување на состојбите и намалување на сообраќајниот метеж во главниот град тоа што патниците ...

Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани низ државата денеска до 20 часот, од кои два сѐ уште се активни, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Едниот активен пожар е во близина на Стадионот во Кичево, каде што горат стрниште и сува трева. Другиот активен пожар е на битолска територија, кај Тунелот на обиколницата. Изгаснатите пожари биле на територија на општините Дебар, Дебарца, Демир Капија, Ѓорче ...

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинијан, на заедничката прес-конференција со рускиот колега Михаил Мишустин во Екатеринбург, изјави дека се надева дека неговата земја ќе може да ги поправи односите со Русија и да ги реши проблематичните прашања. Русија минатиот месец, пред парламентарните избори во Ерменија, воведе трговски рестрикции за Ереван, меѓу кои и забрана за увоз на низа производи – свежо овошје и зеленчук, цвеќе, риби и алкохолни ...

Претседател на Советот на Општина Кочани, претседател на две советнички комисии, член на уште две комисии, претседател на Општинскиот фудбалски сојуз во Кочани, селектор на македонската женска А репрезентација и актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани. Сите овие функции ги извршува еден човек – Александар Андов актуелен претседател на општиснки комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Колку функции се доволни, колку се дозволени и ...

Оваа година наградата „Актерот на Европа“, му припадна на познатиот словенечки филмски и театарски актер и режисер, Нико Горшиќ, додека, пак, наградата„Клучевите на Преспа 2026“ му е доделена на Славе Катин за неговите постигнувања во публицистиката, науката, новинарството за неговиот повеќедецениски придонес во афирмацијата на Македонија во светот и неговата трајна поврзаност со Преспа, како и за афирмацијата на македонското иселеништво ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД или ќе постигнат договор со Иран или ќе ја „довршат работата“, повторувајќи ја заканата со воена акција. Индиректните разговори помеѓу САД и Иран завршија минатата недела без знаци за напредок кон траен мир, и покрај 60-дневното примирје насочено кон создавање простор за дипломатијата. – Или ќе склучиме договор или ќе ја завршиме работата. Во ред. И нема да биде тешко да се заврши ...

оранешниот висок локален функционер во кинескиот град Нанџинг, Јанг Јулин денеска е осуден на смрт поради корупција, злоупотреба на службена должност, перење пари и други кривични дела. Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година. Јанг во завршните зборови пред судот ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека европските земји-членки на НАТО и Канада веќе ги зголемиле трошоците за одбрана на околу четири проценти од бруто домашниот производ. – Минатата година, европските сојузници и Канада потрошија речиси 20 проценти повеќе за основна одбрана отколку претходната година. Гледајќи ги 2025 и 2026 година заедно, тоа се 258 милијарди долари дополнителни инвестиции, наведе Руте. На ...

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска побара од САД да не и продаваат на Турција авиони ловци Ф-35, за да не се наруши балансот на силите во регионот. Не мислам дека треба да им се дадат Ф-35 или мотори за нивните борбени авиони, бидејќи тоа би го нарушило балансот на моќ на Блиски Исток, кој во крајна линија е загарантиран од израелската воздушна супериорност, а исто така, мислам, и од позицијата на Америка на Блиски Исток, изјави ...

Меѓународниот аеродром „Катанија-Винченцо Белини“ на Сицилија и денеска е затворен поради вулканската активност на Етна, а летовите се пренасочуваат на аеродромот во Палермо. Авиокомпаниите организираат автобуски превоз за патниците. На аеродромот во Сицилија слетуваат и полетуваат авиони на „Рајанер“, „изиЏет“, „Визер“, КЛМ и „Луфтханза“. Етна вчера почна да исфрла пепел, а аеродромот „Катанија-Винченцо Белини“, што е лоциран 45 километри ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, призна денеска дека го повикал првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино и побарал преиспитување на одлуката за црвениот картон што му беше покажан на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун во шеснаесетфиналето на Светското првенство. Балогун, кој со три голови е најдобар стрелец на американската репрезентација на Мундијалот, беше исклучен на средина од второто ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека решавањето на конфликтот во Украина е „поблиску отколку што луѓето сфаќаат“ и оти за тоа прашање ќе разговара на Самитот на НАТО во Турција. Тој додаде дека и Москва и Киев се посветени на решавање на конфликтот во Украина. – Претседателот Путин сака ова да заврши. Ви го кажувам ова многу категорично, истакна Трамп. Американскиот претседател посочи и дека за време на викендот имал добар ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
52%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
7.2
56%
1022
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
72%
1024
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.5
67%
1022
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
5.41
56%
1021
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
1.03
79%
1025
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
49%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
50%
1016
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
5.14
28%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
7.72
49%
1023
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
49%
1025
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
5.66
100%
1016
Currency

61.525

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Родиум

278907.73

Бакар

13.39

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.36

Сребро

2099.49

Злато

141562.95

Рутениум

53852.50

Платина

56263.81

Паладиум

43596.41

Калај

55.56

Кобалт

56.29