Британските истражители продолжуваат со претресот во поранешната резиденција на Ендрју Маунтбатен-Виндзор во Беркшир откако поранешниот принц беше ослободен по апсењето под сомнение за злоупотреба на службената должност. Ендрју беше приведен вчераутро по обвиненијата што произлегоа од објавувањето на документи поврзани со педофилот и финансиер Џефри Епстин. Ова е првпат во модерната историја да биде уапсен истакнат член на британското ...

Соопштение на Левица: Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, како пратеник јасно потенцираше дека етички и правно е невозможно да се повикуваме на владеење на правото, а истовремено да носиме закони со кои се уредува „правниот статус“ на бесправно изградени објекти. Таа тогаш со право укажа дека не може да се утврди легитимитет на нешто што е изградено спротивно на законот и дека ваквите решенија претставуваат директен удар врз ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц смета дека регулирањето на социјалните медиуми може да помогне во спречување на „дефицити на личноста и проблеми со социјалното однесување на младите луѓе“. Шпанскиот премиер Педро Санчез сака да ги заштити децата од „дигиталниот Див Запад“. А, францускиот претседател Емануел Макрон инсистира дека „емоциите на нашите деца и тинејџери не се на продажба, ниту смее да бидат предмет на манипулација“. Иако ниту ...

Шокираното, растроено лице на Ендрjу Маунтбатен-Виндзор, фотографирано по неговото ослободување од притвор, ќе стане најпаметната слика од неговото апсење во последните години, објавува Би-Би-Си. Фотографијата го прикажува Ендрjу згрчен на задното седиште од автомобил, со прстите испреплетени како да се моли или во обид да се заштити. Со крената јака како да се крие, неговиот израз на лицето тера да се запрашаш дали изгледал исто како што ...

Силно невреме проследено со поројни дождови, грмотевици и олуен јужен ветер повторно го зафати далматинскиот брег. Под влијание на циклонот над Јадранското Море, регистрирана е силна циклонска плима која предизвика морето забрзано да се крева и да навлегува во крајбрежните населени места. Најкритична е состојбата во Каштела, Сплит и Трогир, каде нивото на морето е за околу 60 сантиметри над просекот. Најголемиот бран на невремето се случи ...

Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишно лице осомничено за кривично дело убиство по член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. Според наводите, во периодот од 27 јануари до 12 февруари 2026 година, во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, осомничениот со умисла на свиреп и подмолен начин лишил од живот жена родена во 1947 година. Тој ја искористил ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги продолжи санкциите на САД против Русија за уште една година поради војната во Украина. Во официјалната порака на Трамп, објавена во Федералниот регистар на САД, се наведува дека продолжувањето ќе стапи во сила на 6 март. Во документот се наведува дека вонредната состојба, прогласена со извршна наредба 13660, се продолжува за уште една година во согласност со член 202(д) од Законот за националните ...

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за ограничен воен удар врз Иран за да изврши притисок врз Техеран да ги прифати барањата на Вашингтон во врска со нуклеарниот договор, но нагласи дека сè уште претпочита дипломатско решение, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на извори. Според извори запознаени со ова прашање, потенцијалниот почетен удар би бил насочен кон неколку воени или владини објекти и би можел да биде извршен во ...

Според „Автомагазин“, „хонда цивик“ успешно ги освојува купувачите во светот од 1972 година. Познат е како економичен, сигурен и пријатен за возење, а се нуди во многу верзии – од основните градски модели до спортските „тип Р“. Со продажба поголема од 24 милиони примероци „цивик“ се смета за еден од класичните модели во автомобилската индустрија. Со тоа го зазема петтото место на најпродаван автомобил во светот од Јапонија Четвртото место му ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, околу запленетата дрога од 5 тони во Србија која потекнува од Македонија, кажа дека не е прашање како истата излегла од државата, туку како влегла во Србија, со оглед дека излезот од Македонија и влезот од Србија, треба да го контролираат српски власти согласно договорот „One Stop Shop“. „Согласно договорот кој го имаме „Оne stop shop“ со Србија, таков е договорот и така е имплементиран, и така ...

Во своето обраќање на првиот состанок на Мировниот комитет формиран од американскиот претседател Доналд Трамп, албанскиот премиер Еди Рама го повика американскиот претседател да „направи нешто“ во врска со Специјализираните комори на Косово со седиште во Хаг, каде што им се суди на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и други поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово. Рама рече дека Хашкиот трибунал не успеал да ги ...

Уметноста на Френсис Бејкон ја остава публиката љубопитна и револтирана уште од неговиот ран успех во 1940-тите. Но, „материјалот за имагинација“, сложената и егзистенцијална литература и филозофија што ја инспирирале неговата работа честопати не биле вклучени во неговата биографија. Бен Вер тврди дека распаѓањето и исчезнувањето на неговиот опус се влева во филозофски поглед што сме го превиделе и кој дополнително го нагласува неговиот ...

Ристоска мора да е свесна дека има јасни критериуми за оваа позиција и дека ако таа е навикната подобноста да е еден од нив, како што тоа беше во СЈО, каде што таа ѝ беше десна рака на Јанева, тоа овој пат не е случај. Ова се други времиња и потребни се интегритет, професионалност, одговорност, се посочува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на обвинителката Ленче Ристоска. Дури и во „Мамас“ како фирма примале лица со повисоки ...

„Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат. Уверена сум дека избор од вакво значење мора да биде заснован на квалитет, а не на подобност“ вели меѓу другото во својата реакција обвинителката Ленче Ристоска која е кандидат за државен јавен обвинител, во врска со вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дадена во ...

Премиерот Христијан Мицкоски, вчера посочи дека од четирите кандидати за државан јавен обвинител за кои Советот на јавни обвинители даде позитивни мислење, на владината листа се три имиња, а меѓу нив не е и бившата обвинителка од СЈО, Ленче Ристоска. Во врска со изјавата на Претседателот на Владата дадена во вчерашното интервју, реагираше Ристоска која вели дека кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави радикален потег кој со децении го бранува јавното мислење – објавување на сите тајни досиеја поврзани со вонземски живот и неидентификувани летечки објекти (НЛО). Преку својата платформа „Трут Сошал“, тој објави дека ќе им наложи на федералните оддели и агенции да ги лоцираат и јавно да ги објават сите записи за кои постои огромен интерес кај американските граѓани. Трамп прецизираше дека ...

Возачите повеќе нема да можат да се правдаат дека влегле на зелено светло ако со тоа ја блокираат раскрсницата. Пораката е јасна – секој мора сам да процени дали има простор да ја помине крстосницата без да го закочи сообраќајот. На ова предупреди министерот Панче Тошковски во гостување на ТВ21, објаснувајќи како ќе се третираат ситуациите кога возач ќе помине на зелено светло, но поради метеж ќе остане заглавен среде раскрсница. Според ...

Зошто хотелите вообичаено користат бела постела за своите соби? Според познавачите од хотелската индустрија, одговорот е во спојот од стандардизација и психологија. Имено, Дилејн Меккој – менаџерка во „Кари хоспиталити“ (Coury Hospitality), која управува со хотелот „Колкорд“ во Оклахома Сити, САД, вели дека, по безбедноста, чистотата е апсолутен приоритет на секој хотел. – Белата, беспрекорно чиста постелнина веднаш му испраќа порака на ...

Германската медиумска компанија Дојче Веле, која продуцира програми за странски земји, е принудена да ја намали својата понуда поради намалување на државната поддршка, а 160 работни места се во опасност, беше објавено вчера. „Мерките за штедење ја загрозуваат нашата конкурентност во време кога силното германско и европско присуство е сè поважно геополитички“, изјави директорката на Дојче Веле, Барбара Масинг, по објавувањето на мерките. Меѓу ...

Со песок во боја на шеќерна волна, кристално чиста вода и рекорден број рецензии оценети како „над сите очекувања“, оваа плажа се искачи на врвот на листата Травелерс Чојс Авордс (Награди според патиците). Според анализата што ја пренесува онлај медиумот Тајм аут (Time Out), токму високата стапка на воодушевени посетители ѝ ја донела титулата за најдобра во Европа. Станува збор за плажата Елафониси (Elafonissi Beach), сместена на ...

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави листите со патници? Што се крие од јавноста?, се наведува во соопштението од СДСМ. Според Мицкоски, на Јадранско море прво отишол со комерицијален лет со семејството, па го продолжил одморот, па бил на вечера, поради што го прпошутил комерцијалниот лет за враќање па затоа морал да се враќа со владиниот авион од ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа изјави дека апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор е „лошо за британското кралско семејство“, објави ДПА. Неговиот коментар следеше по апсењето на поранешниот принц под сомнение за злоупотреба на јавна функција поради неговите врски со финансиерот и сексуален престапник Џефри Епстин. Во разговор со новинарите на пат кон настан во државата Џорџија, Трамп го пофали братот на Ендрју, британскиот ...

Поранешниот јужнокорејски претседател, Јун Сук-јеол, денеска јавно се извини за предизвикувањето болка и страдањето на својот народ, објави јужнокорејската агенција Јонхап. Јун вчера беше осуден на доживотен затвор за неговиот обид да воведе воена состојба во земјата во декември 2024 година. „Длабоко жалам. Се извинувам што ви предизвикав голем очај и страдање со моите штети“, наведе Јун во соопштението. Окружниот суд во Сеул вчера го осуди ...

Актерот Ерик Дејн почина на 53 години, помалку од една година откако му беше дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС). „Со тешко срце објавуваме дека Ерик Дејн почина во четврток попладне по храбра борба со АЛС“, се вели во соопштението на неговото семејство. Што е болеста? Амиотрофичната латерална склероза, позната по кратенката АЛС, е тешка и прогресивна невролошка болест која ги зафаќа нервните клетки одговорни за ...

Парламентот на Венецуела вчера одобри амнестија за политичките затвореници што ја побара опозицијата, нешто помалку од седум недели по апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро од страна на САД. Овој потег би можел да резултира со ослободување на бројни затворени владини противници, активисти и критички новинари. Вршителот на должноста претседателка, Делси Родригез, го поднесе законот во Националното собрание откако американските ...

Актерот Ерик Дејн почина од компликации поврзани со АЛС во четврток попладне. Тој имаше 53 години. Семејството на Дејн ја потврди неговата смрт со соопштение до повеќе медиуми, споделувајќи дека тој „ги поминал последните денови опкружен со драги пријатели, неговата посветена сопруга и неговите две прекрасни ќерки, Били и Џорџија, кои беа центарот на неговиот свет“. Актерот, познат по своите улоги во „Вовед во анатомија“ и „Еуфорија“, ја ...

Иран вчера предупреди дека ќе одговори „решително и пропорционално“ доколку биде нападнат поради зголемените тензии со Вашингтон, велејќи дека американските воени средства во регионот ќе се сметаат за легитимни цели. Во писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, амбасадорот на Иран во Обединетите нации рече дека „сите бази, објекти и средства на непријателската сила во регионот ќе претставуваат легитимни цели“ во случај на ...

Претставата „Љубовни писма“ (Love Letters) по истомената драма на американскиот автор Алберт Рамсдел Гарни ќе биде изведена вечер во 20 часот во просторот на „The Dude Specialty Coffee“ во Скопје. Улогите ги толкуваат Игор Ангелов и Верица Недеска. Ангелов е и режисер кој за претставата избира минималистички пристап. Текстот ја следи кореспонденцијата меѓу двајца луѓе од детството до зрелоста — нивниот однос се развива низ писма што сведочат ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Според прогнозата на УХМР, врнежите ќе бидат пообилни во западните делови од државата. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од -2 до 5 степени, а дневната ...

Во едно белградско кафуле во близина на Палатата на правдата, во четврток, на 19 февруари, политичарот Чедомир Јовановиќ физички нападнал познат адвокат. Според еден од гостите кој се нашол на лице место во тој момент, Јовановиќ и Кос дошле во барот во придружба на адвокат. Според него, ситуацијата ескалирала во моментот кога Јовановиќ станал од масата и се упатил кон тоалетот. Потоа, според очевидецот, непознат маж од никаде му фрлил ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
58%
1012
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
4.63
49%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 12ᴼ
6.17
51%
1016
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
4.63
56%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.89
90%
1017
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
58%
1016
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
5.66
61%
1011
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
66%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
39%
1013
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
62%
1015
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
3.09
42%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
100%
1012
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Бакар

10.68

Сребро

2840.84

Рутениум

56199.51

Цинк

3.07

Родиум

350443.14

Паладиум

45911.27

Алуминиум

3.18

Кобалт

66.14

Калај

43.90

Иридиум

258288.78

Злато

166450.52

Платина

60154.05