Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Според податоците на Народната банка на Македонија граѓаните во банките чуваат повеќе од 6,9 милијарди евра. Компаниите пак во банките чуваат многу помалку пари отколку граѓаните – околу 3 милијарди евра. Растот на годишно ниво на депозитите на населението е 14 проценти. Во октомври е регистиран годишен раст на вкупните депозити од 11,8 проценти, како и на вкупните кредити за 12,1 процент. „Порастот на вкупните депозити, пред сѐ, се должи на ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на државата, Христијан Мицкоски, денеска на покана на Здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“ во Тирана присуствувал на отворање на новата канцеларија на ова здружение, информираа од владејачката партија. Покрај Мицкоски, на свеченото отворање на канцеларијата, присуствувале и генералниот секретар на партијата, Ѓорѓија Сајкоски, како и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска. ...
Денеска започна постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници во четирите општини каде што не беше постигнат цензус на последните локални избори, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Станува збор за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Постапката за поддршка на независните кандидатури ќе се одвива пред службените лица на надлежните подрачни одделенија и канцеларии на ДИК, како и пред ...
Карипскиот остров Курасао го надмина Исланд и стана најмалата нација која се пласирала на светско фудбалско првенство, што го потврди со ремито без голови против Јамајка. Курасао, кој е оддалечен 65 километри од брегот на Венецуела, има само 150.000 жители и површина од 444 квадратни километри, а стана независна држава во рамките на Кралството Холандија дури во 2010. Пред десет години, Курасао беше на 150. место на ранг-листата на ФИФА, а ...
Кошаркарите на Пелистер со уште еден пораз го завршија своето „патешествие“ на европската сцена. Битолчани се поразени во последното коло од групната фаза на ФИВА Европскиот куп од кипарскиот Керавнос. Во дуелот од Д групата, зелено-белите пред малубројната битолска публика загубија со убедливи 74-92. Освен водството од 3-2, се останато мина во знакот на противникот кој победата ја најави уште во првиот дел. Кипарскиот тим го доби првиот ...
На својата деветта посета на Франција откако Русија ја нападна неговата земја во 2022 година, украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша писмо за намери со францускиот претседател Емануел Макрон за купување на околу 100 борбени авиони „Рафал“, потврди Елисејската палата. Претпоставениот договор, за кој се очекува да биде завршен околу една деценија, ќе опфати и дополнителни системи за оружје, вклучувајќи го француско-италијанскиот ...
Обилните врнежи во изминатото деноноќие предизвикаа бројни проблеми низ државата, активирајќи ги екипите на Регионалните центри за управување со кризи (РЦУК) за интервенција на повеќе критични локации. Најголеми предизвици се регистрирани во регионите на Битола, Охрид, Кичево и вдолж патните правци. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека на подрачјето на Битола, јавните претпријатија и водостопанските компании се ангажирани за ...
Минималните трошоци на едно семејство во ноември изнесуваат 65.173 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати – 80.548 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Податоците на ССМ, кој ја изработува синдикалната минимална кошница што ги одразува трошоците на животот на четиричлено семејство, покажуваат дека за храна и пијалаци месецов се потребни 23.534 денари, а за режиски трошоци 6.130 денари. Во споредба со октомври, кога за ...
Со владината поддршка и стимулации од авиокомпаниите што ја зголемуваат пристапноста, туристичката индустрија на Македонија брзо добива на интензитет, пишува во репортажата за Охрид угледниот британски весник Индипендент. Познат по своите историски споменици и прекрасна природна убавина, Охрид е една од најстарите населби во Европа. Нуди навистина уникатно искуство за посетителите, кои можат да шетаат по шармантните калдрмисани улици на ...
Десетина вработени во Управата за јавни приходи се приведени во постапка што ја води кочанското обвинителство за злоупотреба на службената положба и овластувања и за примање поткуп, потврди републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Меѓу уапсените неофицијално е и братот на В.Д., претседателката Кривичниот суд Даниела Димовска, чија комуникација со синот на газдата на дискотеката „Пулс“ каде што се случи трагедијата, беше објавена. ...
Завршниот турнир во Дејвис купот доживеа уште еден тежок удар. Откако пред две недели Јаник Синер објави дека нема да игра за Италија, во вторникот од турнирот се откажа и светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз. Најдобриот тенисер во светот, Карлос Алкараз, објави дека поради повреда на десната нога, нема да игра за шпанската репрезентација на финалето на Дејвис купот. „Многу ми е жал што морам да објавам дека нема да можам да играм за ...
Ракометарите на Вардар 1961 ја забелажаа третата победа во Европската лига. Во четвртото коло, Вардар 1961 го победи Кристијанштад со 35:30 (17:16). По четири рунди, во Ф групата, црвено-црните се лидери на табелата. Вардар 1961 во второто полувреме го скрши отпорот на гостите од Шведска и им се реваншира за поразот од минатата недела. Првиот дел беше израмнет, гостите има предност од два гола, црвено-црните направија пресврт, имаа водство ...
Движењето „Кој е Следен?“ денеска изведе герила-акција пред судницата во затворот „Идризово“, непосредно пред почетокот на судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“. Со транспарентот на кој пишува „Ве гледаме!“, активистите порачаа дека им се должи правда на сите кои ги загубија животите и дека нема да дозволат таа да остане само празно ветување. Според нив, судската власт од денеска е „под лупа“. Од движењето бараат непристрасен, ...
„Никој не знае колку ќе трае овој процес – може пет месеци, може пет години, ќе направиме сè судењето да тече непречено, не можеме да ви гарантираме брзина бидејќи секоја брзина може да значи грешка“, рече судијката Диана Груевски Илиевска на денешното прво рочиште за трагедијата во Кочани. Таа се претстави, иако, како што рече, нејзиното име „се врти во јавноста цело време“. -Во името на целиот совет, сакам да ви кажам некои правила на игра. ...
Љубојно е познато како едно од најголемите иселенички населби во Преспа. Во неговата историја е забележано дека македонското населие од Љубојно учествувало во Илинденското востание и во Ослободителната борба на Македонија, потоа во него е отворено второто училиште на македонски јазик во државата по ослободувањето. Исто така, тоа е атрактивна туристичка дестинација со долга и значајна историја. Љубојно е едно од најубавите села кое пленува со ...
Дали повикот за ваучери наменет за електронски уреди отвори можност студентите да остварат заработка? Оваа прашање започна да се поставува во јавноста, откако долгоочекуваниот повик за ваучери за студенти, наменет за купување на електронски уреди беше објавен од страна на министерството за дигитална трансформација. Апликацијата за ваучерите за електронски уреди во вредност од 15.300 денари излезе на 17-ти ноември, на Интернационалниот ден на ...
На денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“ во Основниот кривичен суд Скопје сведочеше пациентка која примала хемотерапија и имунотерапија, опишувајќи како една од терапиите ѝ била дадена надвор од стандардната процедура и без да биде евидентирана во регистарот. Според нејзиниот исказ, деветтиот пат кога дошла на Клиниката, докторот Нино Васев ѝ соопштил дека лекот е во недостиг и дека имаат останато само три шишенца, од кое ѝ дал едно ...
Владата на австралискиот главен град Канбера објави дека 69 училишта ќе бидат затворени откако обоениот песок за играње беше повлечен од продажба поради присуство на азбест. Повлекувањето на производот го извршија „Кмарт“ и „Таргет“, а тестовите на воздухот досега не покажаа присуство на азбест во училиштата, објави Би-Би-Си. Австралиската министерка за образование, Ивет Бери, изјави дека ризикот е минимален, но владата мора да ја елиминира ...
Последното гласање на Македонија во Обединетите Нации, пред неколку дена, против резолуција која ги осудува нациозмот и неонацизмот, што Русија „уредно“ веќе неколку години во овој период ја поднесува пред Генералното собрание на ОН, предизвикува реакции од зачуденост до осуда во домашната политичка јавност. Зачуденоста што преминува во осуда, првично е предизвикана од непобитниот факт дека антифашизмот и борбата против нацизмот се базичните ...
Заборавете на лош терен, лош судија, ВАР или „тешки нозе“. Имаме нов, апсолутен шампион во категоријата „најбизарни изговори за пораз“ во историјата на фудбалот. Ерик Шел, селекторот на Нигерија, има совршено „логично“ објаснување зошто неговата репрезентација (предводена од Виктор Осимен) е елиминирана од Конго: ЦРНА МАГИЈА. Во неделата, Конго ја елиминираше Нигерија во финалето на африканскиот плеј-оф, откако победи со 4-3 на пенали (1-1 по ...
Австралиската пара-велосипедистка Пејџ Греко, параолимписка шампионка, почина на 28-годишна возраст, соопштија денес Австралискиот параолимписки комитет и Cycling Australia. Греко, се вели во соопштението, „починала во својот дом во Аделаида по ненадеен медицински инцидент“ во неделата. „Пејџ ни значеше сè. Нејзината љубезност, решителност и топлина го осветлуваа нашето семејство секој ден. Таа ни донесе толку многу радост и гордост, а ние ...
Јапонија денеска издаде дипломатски протест до Кина, кои ги советуваа своите граѓани да избегнуваат посета на Јапонија. Причината за тензијата се коментарите дадени од новата премиерка на Јапонија, Санае Такаичи, за Тајван. Такаичи, која ја презеде функцијата минатиот месец, му рече на Парламентот дека кинескиот напад врз Тајван би можел да биде „егзистенцијална закана“ за Јапонија што би барала интервенција на јапонската војска. Забелешката ...
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, потпиша укази за отповикување на тројца амбасадори на Македонија – во Италија, Австрија и Индија, додека амбасадорот во Бразил добива проширени надлежности, објави „4News.mk“. Најновите укази до кои дојде 4NEWS.mk предвидуваат престанок на мандатите на тројца актуелни амбасадори во наредниот период, со прецизно утврдени датуми за нивно враќање во земјата. Со Указ број 34, од должноста ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, вели дека неговата партија ќе ги прифати барањата на СДСМ и Левица за надзорна расправа и формирање Анкетна комисија во Собранието за трагедијата во Кочани. Сепак, вели дека ова тело треба да биде проширено за да ги опфати и сите други трагедии во земјава. Иако, првично ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека е подобро да се почека завршувањето на судскиот процес за Кочани, Стојаноски денеска рече дека со оглед на ...
Струшката полиција поднесе кривични пријави против пет лица поврзани со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески во Струга, соопшти денеска СВР Охрид. Меѓу осомничените е и поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, кој се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“. Според информацијата, ОВР Струга поднело кривична пријава против Н.К.(53) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено ...
Состојбата во државата по обилните врнежи од дожд е стабилна, согласно последните информации од РЦУК 7/24. Водостоите на водотеците се во рамки на нормалата, со благо покачување, информира директорот на ЦУК, Мухамед Али. Регистрирани се следните појави и преземени активности: • Одрон на патниот правец Битола – Прилеп, кај с. Лознани. Известени: МВР ПС Битола и ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта – подружница Битола. • Одрон од ...
Поддршка за домашната економија и фер конкурентност на пазарот, соопшти Министерството за финансии откако Собранието ги изгласа измените на Законот за ДДВ. Со овие измени се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра. „Целта на овие законски измени се зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места. Спроведувањето на измените се очекува да има директни позитивни ...
Македонскиот претставник Охрид со убедлива предност ќе патува на реваншот од 3.коло од ЕХФ Европскиот куп откако вечерва во првиот дуел на домашен терен ја совлада екипата на Слога Добој со 37:19 (16:8). Од самиот почеток на дуелот охриѓани покажаа дека се решени да стигнат до убедлива победа. Набрзина стигна македонскиот тим стигна до 5 голови разлика, а до финишот на првиот дел предноста беше и +8 (16:8). На почетокот на вториот дел имаше ...
Ракометарите на Вардар се подготвени за реваншот со Кристијанштад во Европската лига на ЕХФ. Токму шведскиот претставник минатата седмица му го нанесе првиот пораз на Вардар во тековната сезона во второто по квалитет клупско европско натпреварување. „Црвено-црните“ во Кристијанштад имаа водство во последните две минути, промашија зицер во последниот свој напад, а потоа примија гол и загубија со 32:31. Тренерот на македонскиот тим Иван Чупиќ ...
Бронзена плоча со натпис „Министерство за војна“ беше поставена на влезот во Пентагон од страна на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, дури и го постави соодветното видео на социјалните мрежи, официјално најавувајќи ја новата ера на Министерството за одбрана, соопштија вчера од Министерството. Доналд Трамп потпиша извршна наредба во септември за преименување на Министерството за одбрана во Министерство за војна, наведувајќи дека ќе ...