Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Полскиот премиер Доналд Туск упати апел до политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели по нападот во Краков, во кој загинаа шест лица, а уште 12 беа повредени. „Најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на жртвите. Им оддавам признание на храбрите полицајци кои ги ризикуваа своите животи. Искрено ги повикувам политичарите од сите страни – не си играјте со оваа трагедија. Ќе ги разјасниме сите околности на ова ...
Луксузната комбинација што ја носеше Ким Кардашијан ги подели модните критичари, уште еднаш потврдувајќи го нејзиниот статус на икона која не се плаши да преземе смели стилски ризици. Ѕвездата од реалните шоуа и претприемачка Ким Кардашијан повторно е во центарот на вниманието, благодарение на модниот избор за кој зборува цел Њујорк. По гостувањето во емисијата на Сет Мајерс, Ким – која е добро позната по тоа што привлекува погледи со ...
Вчера, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода 27-годишниот А.С. од Прилеп, извести МВР. При извршен претрес во неговиот дом и помошните простории во Прилеп, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР. Вчера, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода 27-годишниот А.С. од Прилеп, извести МВР. При извршен претрес во ...
Две безживотни тела се пронајдени вчера попладне во Богданци, од кои едното во опожарено возило, а другото во негова непосредна близина, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, на 3 ноември, околу 18:40 часот, жител на Богданци пријавил дека на местото викано „Ичева чешма“, во Горно Село, забележал опожарено паркирано патничко возило, во чија близина имало безживотно тело. Полициски службеници веднаш излегле на ...
Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „362“ во Скопје, 48-годишниот М.С. од Скопје управувајќи товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки удрило во 6-годишно дете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје. Вчера во 16:30 часот во СВР ...
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 27-годишниот Е.С. од скопското село Арачиново, поради сомневања дека со товарно возило удрил во службен автомобил на полицијата, а потоа физички нападнал полициски службеници. Според информацијата од полицискиот билтен на МВР, инцидентот се случил на 29 септември во селото Отља, Општина Липково, кога осомничениот не застанал на даден знак за запирање, туку со товарното возило удрил во ...
Во СВР Скопје вчера во 04:20 часот било пријавено дека на крстосницата од ул. „Борис Трајковски“ и ул. „1519“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник од с. Горно Количани, скопско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од 45-годишната Ј.К.Д. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и ...
Дваесет и седумгодишен скопјанец е приведен вчера во Драчево, откако физички нападнал неколку патници и возач на автобус, оштетил автомобил, а потоа нападнал и полициски службеници. Претходно било пријавено дека осомничениот најпрвин физички нападнал неколку патници во автобус, како и возачот на кого се обидел да му го одземе мобилниот телефон. Потоа излегол од автобусот и оштетил патничко возило. Кога на местото пристигнале полициски ...
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица која го поврзува паркинг просторот со ул. „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 48-годишниот З.Б. од Скопје управувајќи патничко возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот А.О.(57) од Скопје. Според полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Јавна здравствена установа ,Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен ...
Во ОВР Берово, во текот на вчерашниот ден во 15:30 часот, 43-годишна жена од Берово пријавила дека во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Д. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. Истиот ден во Кочани во 18:30 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Ј.(67) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 58-годишна сопруга дека ...
Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство во случајот со двете безживотни тела пронајдени вчера во Богданци, едното во опожарено возило, а другото во негова непосредна близина, велат од Обвинителството. Оттука информираат дека јавен обвинител извршил увид на местото на настанот и издал повеќе наредби за обезбедување докази. Наредена е обдукција на двете тела, а обезбедени се и снимки од видеонадзор. Случајот дополнително ќе се ...
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе Кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против 46-годишниот Ј.К. од Скопје за сторени кривични дела „повреда на авторско право и сродни права“ и „пиратерија на аудиовизуелно дело“, по член 157 и член 157 – б од Кривичниот Законик. Имено, пријавениот Ј.К, во 2024 година како администратор на Фејсбук страница незаконски и неовластено преку јавна објава на страната ...
Полицијата поднесе кривична пријава против жител на струшко за бесправна сеча на дрва во селото Подгорци. Според информациите на СВР Охрид, поднесена е кривична пријава против Р.А.(45) од струшкото село Подгорци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење на шуми“ и „кражба“. На 16.10.2026 заеднички патроли од полициски службеници од ОВР Струга и Шумската полиција од Струга, извршиле контроли на планинскиот појас ...
Полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Д.С. (43) од Кочани, поради сомнение дека во изминатиот период извршил четири тешки кражби во домови на подрачјето на градот, соопшти МВР. По судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени предмети што потекнуваат од кривичните дела. По целосно документирање на случаите, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Полициски ...
Вчера во 09:50 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.С.(36) од Скопје. Полицијата постапила по претходна пријава од 29-годишна жена дека истиот и се заканувал дека ќе испрати нејзини слики со експлицитна содржина на членови од нејзиното семејство доколку не му дала пари и немала сексуален однос со него. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во ...
Во СВР Скопје вчера во 15:00 часот е пријавено дека на ул„Дижонска“ во Скопје, Б.Л.(36) од Скопје управувајќи товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Л.М.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 68-годишниот пешак, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје. Во СВР Скопје вчера во 15:00 ...
Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше во спринт трка како дел од Големата награда на Катар, 20-та рунда од сезоната на Мото ГП. Спринтот го одбележа инцидентот и тешкиот пад на Бањаја во дуелот со Алдегер, како и контактот меѓу Маркез и Бецеки, по кој Италијанецот падна и ја заврши трката. Шпанецот ја освои својата 10-та победа во спринтот оваа година во Лусаил, пред пред Фабио ди Џанантонио. На третото скалило на подиумот беше возачот ...
За да бидат конкурентни на меѓународните пазари, македонските компании мора да понудат многу повеќе од добра цена. Квалитетот, современата технологија, стручниот кадар и ефикасното производство се предуслови за успешен извоз. Ова го истакна Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин Машинс“ и член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, на панел-дискусијата „Извоз без граници – поттикнување на растот во машинската и ...
Министерството за здравство спроведува две клучни мерки од Реформската агенда 2024–2027 година, кои се однесуваат на политиката за дроги и усогласувањето на домашното законодавство со прописите на Европската Унија, информира министерот за здравство Сашо Клековски. Тој соопшти дека денеска учествувал на координативен состанок за Реформската агенда, на кој биле разгледани активностите на Министерството во оваа област. „Формирана е работна ...
На 61-годишниот маж осомничен за физичкиот напад врз македонскиот бизнисмен Зоран Азманов му се определени три мерки на претпазливост, потврдуваат од Кривичниот суд. Прифатен е предлогот за одземање на патната исправа, редовно јавување кај надлежен орган и забрана за приближување. Мерките следуваат по инцидентот што се случи на 6 ноември во Основниот граѓански суд во Скопје, каде што Азманов, директор и претседател на Надзорниот одбор на ...
Дваесет учесници годинава се претставија на традиционалната „Валандовска ракијада“, која по 26. пат се одржува на Градскиот базен во Валандово. Со домашно валандовско грозје, кое одлежува околу 21 ден според традиционалната постапка за ферментација, учесниците го започнаа процесот на подготовка на познатата домашна ракија. Првото место за најдобра ракија годинава им припадна на Лазар Димов и Трајче Зајков. Второто место го освоија Дени Делев ...
Ниту по последната средба на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија не е постигнат напредок. Состанокот, одржан на 5 и 6 ноември во Скопје, завршил без конкретни резултати, објави бугарската новинска агенција БТА. Според објавените информации, претставниците на двете земји повторно не постигнале договор за начинот на кој Охридската архиепископија треба да биде ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила на експресниот пат Прилеп – Градско, откако камион со приколка излетал од коловозот и удрил во металната заштитна ограда. Возачот се здобил со тешки телесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 6 ноември, во 20:40 часот, во ОВР Кавадарци. Во несреќата учествувало влечно возило „ман“ со приколка и скопски регистарски ознаки, управувано од ...
Струга и Вардар забележаа минимални побед во 13-то коло, во домашниот шампионат. Струга ја победи Шкендија, а Вардар во Кратово го совладса Силекс. Струга со побдата над Шкендија се искачи на првата позиција во првенството. Натпреварот во Струга го реши Малески во 72-та минута. На стадионот во Кратово, Вардар добрата игра во финишот на првото и почетокот на второто полувреме, ја круниса со голот на Закариќ во 47-та минута. Табела: Foto/ ...
Франција влегува во четврти последователен викенд на протести, откако синдикатите, младинските организации и движењето „Жолти елеци“ повторно повикаа на масовни собири низ целата земја. Незадоволството поради растот на цените, ниските плати и недоволните социјални надоместоци продолжува да мобилизира стотици илјади граѓани. Во текот на неделата беа организирани блокади и протестни акции, а во четвртокот беше одржан и генерален штрајк. Според ...
Денеска, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот законик. Во ...
Полициски службеници од СВР Охрид на 7 ноември го лишиле од слобода 49-годишниот Б.Н. од Охрид, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени три пакувања со бела прашкаста материја и пари. Претресот бил извршен со судска наредба, при што биле одземени пронајдените предмети. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Полициски службеници од СВР Охрид на 7 ноември го ...
Во автобуска несреќа што се случи утрово во источна Франција, во близина на границата со Швајцарија, има повеќе настрадани лица, потврдија локалните власти, пренесува „Ројтерс“. Засега има спротивставени информации за видот на автобусот. Министерот за образование Едуар Жефре изјави дека станува збор за училиштен автобус, додека префектот на регионот наведе дека во несреќата учествувал меѓуградски автобус. Француската телевизија БФМ ТВ ...
Литванскиот претседател Гитанас Науседа предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин продолжува со провокации и тестирање на границите на НАТО, со што, според него, го зголемува ризикот од активирање на членот 5 за колективна одбрана. „Не мислам дека Русија во моментов е подготвена за воени операции од големи размери. Руските ресурси се ангажирани на бојното поле во Украина, каде што Русија не постигнува успех“, изјави Науседа во ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, повторно упати остри обвинувања против американскиот изборен систем, тврдејќи дека изборите во земјата биле во голема мера наместени и посочувајќи на спорното броење на гласовите во трката за градоначалник на Лос Анџелес. „Нашите избори се толку наместени што не можете ниту да замислите“, рече Трамп за време на своето обраќање пред новинарите, според порталот „Клеш репорт“. ...