Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.07.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови хоспитализации и три исписи), 40 на ...
Министерот за правда Јетон Шасивари имаше работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Гранит Османи, посветена на унапредување на институционалната соработка и доследната примена на Законот за употреба на јазиците. Беше нагласено дека целосното спроведување на Законот претставува законска обврска и суштински елемент на владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап на граѓаните до институциите. ...
Полицијата уапси 32-годишен кавадарчанец осомничен дека измамил 50-годишна жена од Куманово за 9.000 евра, ветувајќи ѝ посредување за добивање странски пасош. Како што соопшти МВР, М.Д. (32) бил приведен на 23 јули во 13:50 часот на Градскиот плоштад во Кавадарци, по претходна пријава од оштетената. Според пријавата, осомничениот првично ѝ ветил дека за 400 евра ќе посредува за добивање странски пасош, но потоа во повеќе наврати барал ...
Министерството за внатрешни работи ги извести граѓаните дека во понеделник, 27 јули, во утринските часови ќе се одржи штрајк на царинските службеници на неколку гранични премини во Грција, поради што ќе има ограничувања во сообраќајот. Според информациите што МВР ги добило од надлежните органи на Република Грција, штрајкот ќе се одвива на граничните премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија). Во периодот од 05:00 до ...
Двајца малолетници се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила во Охрид, откако мопед излетал од патот. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена денеска во 00:35 часот и се случила на улицата „Прва македонска ударна бригада“ во Охрид. Според информациите, 15-годишен малолетник од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и ...
Дваесет и петгодишен работник од Индија е пренесен во болница откако со товарно возило се превртел на автопатот во изградба Кичево–Охрид. Според полициските информации, С.Ј. (25) од Индија, кој работел на изградбата на автопатот, управувал товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, кога изгубил контрола и се превртел. Со медицинско возило бил пренесен во Општата болница во Кичево. Увид на местото извршиле полициски екипи, а ОВР ...
Македонскиот народен театар ја заокружи сезоната 2025/2026 со нови премиери, значајни награди и бројни меѓународни гостувања и ја одбележа 80 годишнината на театарот. Воедно и ја најавува новата сезона со премиера на претставата „Три сестри“. Македонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја започне со премиерата на претставата „Три сестри“, според драмата на А.П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, која ќе се одржи на 25 септември. ...
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека шири лаги и манипулации за состојбата со водоснабдувањето во Велес, тврдејќи дека партијата објавила стар извештај кој не се однесува на градскиот водовод. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека извештајот што го објавила опозициската партија е од февруари 2025 година и се однесува на село Сливник во Општина Велес, кое не е поврзано со градскиот водовод. Од владејачката партија оценуваат дека со ваквите, како што ...
Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, денес во Собранието одржа прес-конференција на која најави изготвување на нов Предлог-закон за критична инфраструктура. Со предложеното законско решение, Левица бара обезбедувањето на стратешките објекти и критичната инфраструктура од највисоко национално значење да го врши Армијата на Република Македонија, во координација со другите надлежни институции. „Денес ја свикуваме оваа прес-конференција да ...
Општина Бутел достави 22.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар. Локалната самоуправа презеде активности за поддршка и помош на граѓаните на Гостивар и обезбеди вода за пиење, поради актуелната состојба со водоснабдувањето. Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до сите членови на Советот на општината, кои ја поддржаа оваа донација. Воедно, градоначалникот изрази посебна благодарност до општествено одговорните ...
Еден од најважните аргентински дефанзивци во изминатите години, Николас Отаменди, објави дека ја завршува репрезентативната кариера. Искусниот стопер по 17 години повеќе нема да го носи дресот на „гаучосите“. Отаменди се прости од репрезентацијата неколку дена по финалето на Светското првенство во 2026 година, кое воедно беше и негов последен настап за Аргентина. За националниот тим одигра 139 натпревари и беше еден од клучните фудбалери во ...
Општина Ѓорче Петров и оваа година продолжува со мерките за поддршка на семејствата и вложувањето во образованието, обезбедувајќи сеопфатен пакет за секое прваче кое ќе ја започне новата учебна година. Секое прваче ќе добие бесплатен училишен ранец со училишен прибор, финансиска поддршка во износ од 3.000 денари, како и бесплатна училишна ужинка, со цел децата да имаат еднаков и достоинствен почеток на своето образование. -Првиот училишен ...
СДСМ побара вонредни анализи на водата за пиење во Велес и околните населени места, како и проверка на квалитетот на водата во сите градови и општини во државата. „Конкретно во Велес СДСМ побара да се проверат сите водоводи поради тоа што последните наоди и стручни мислења коишто се јавно објавени покажуваат дека скоро секаде во селските водоводи има Escherichia coli индикатор за фекално загадување“, велат од партијата. СДСМ бара и на ...
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека ја злоупотребува состојбата со водоснабдувањето во Гостивар за политички цели и дека шири паника и дезинформации меѓу граѓаните. Во партиското соопштение се наведува дека СДСМ, предводена од Венко Филипче, наместо да понуди решенија, ја користи актуелната состојба за политички маркетинг и создавање вознемиреност кај јавноста. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека владините институции реагирале навремено и дека проблемот ...
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода откако Основниот кривичен суд Скопје ја прифати понудената гаранција во износ од над 1,15 милиони евра. Како што соопшти Судот, гаранцијата се состои од засновање хипотека врз недвижен имот, а истовремено му е определена мерка на претпазливост – одземање на патната исправа, со цел да се обезбеди неговото присуство во понатамошниот ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот Регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност, со што го задржа статусот на заштитено светско културно и природно наследство. Со одлуката, на државата ѝ е даден дополнителен рок од вкупно пет години за спроведување на препораките за заштита на природното и културното наследство. Македонската делегација, предводена од амбасадорот Игор Николов, ја потврди ...
Светското првенство штотуку го доби својот шампион, а фудбалскиот свет веќе го тресе голем скандал. Меѓународното советодавно тело „Group of Copenhagen“, специјализирано за откривање и спречување местење натпревари, објави извештај во кој наведува дека дури седум ситуации од штотуку завршениот Мундијал биле означени како сомнителни и поврзани со нерегуларности на обложувалниците. Како што пренесува The Athletic, сомнителните обрасци на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп е сè пофрустриран од војната со Иран, која влегува во петтиот месец, а негови советници стравуваат дека конфликтот може да го обележи вториот мандат и негативно да влијае врз републиканците на претстојните избори за Конгресот, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори запознаени со случувањата. Според весникот, Трамп сè помалку верува дека преговорите можат да донесат траен мир и сега смета ...
СДСМ побара оставки oценувајќи дека случајот со загадената вода во Гостивар не е изолиран инцидент, туку доказ за, како што наведува партијата, системски пропусти во заштитата на јавното здравје. Во соопштението СДСМ тврди дека, покрај Гостивар, небезбедна за пиење е и водата во Валандово и Крушево, како и дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок биле пронајдени колиформни бактерии. Партијата поставува прашања дали биле преземени ...
Осмото издание на Меѓународниот фестивал „Фолк Фест Скопје 2026“ синоќа заврши на Плоштад „Скендербег“, со финална вечер исполнета со музика, танци и традиции од различни земји во светот. По настапите на ансамблите учесници, Грузија беше прогласена за победник на фестивалот, а пехарот за првото место го врачи градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Мексико го освои второто место, додека Летонија се пласираше на третото место. ...
Петнаесет години по смртта на Ејми Вајнхаус, нејзината мајка Џенис изјави дека пејачката станала „жртва на сопствениот успех“ и дека славата никогаш не била нешто што го посакувала. „Не го сакаше тоа, но славата едноставно ја следеше“, рече Џенис во интервју, додавајќи дека Ејми била несигурна и дека токму затоа алкохолот ѝ станал начин привремено да ја ублажи болката. По смртта на пејачката во 2011 година, семејството ја основало ...
Ривалството меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал останува едно од најголемите во историјата на тенисот. Двајцата одиграа рекордни 60 меѓусебни натпревари, а српскиот тенисер има 31 победа, наспроти 29 на Шпанецот. Надал изјави дека против Роџер Федерер имал јасен тактички план, но дека против Ѓоковиќ не можел да пронајде очигледна слабост. „Против Новак немам такво чувство“, призна Надал. Тој објасни дека за победа над Ѓоковиќ било неопходно ...
Полицијата приведе возач почетник на автопатот Скопје–Тетово, кај клучката Кондово, кој управувал„фолксваген артеон“ со брзина од 211 километри на час. При сообраќајната контрола, извршена со радар, било утврдено дека И.А. (18), како возач-почетник, возел повеќе од двојно над максимално дозволената брзина од 100 километри на час на автопат. Од МВР соопштија дека поради стореното кривично дело возилото е одземено, а лицето е лишено од ...
Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени ноќеска ја погоди Австрија, со епицентар во областа Земеринг, а беше почувствуван и во делови од Словенија. Според австриската геолошка служба, потресот бил на длабочина од четири километри, а граѓаните пријавиле дека се почувствувал во источниот дел на Долна Австрија, Штаерска, како и во Виена. Во земјотресот е причинета помала материјална штета, а пожарникарите интервенирале поради одрони од карпи на ...
Вечерва, 24.07.2026г. (петок), со почеток во 20:30 часот во Салон 19’19 (Културно информативен центар) ќе се одржи камерен концерт на Алтус НЗ Ансамбл насловен „Континуитет“. Учествуваат: Гонца Богоромова Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Мартин Димитров – виолина, Александар Лаовски – виола, Паскал Краповски – виолончело, Маријана Николовска – пијано, Roman Petiot – гитара, Pascal Gallois – уметнички ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги доведе во прашање снимките и фотографиите поврзани со воздушниот напад врз училиште за девојчиња во јужен Иран, во кој, според извештаите, загинаа 120 деца и десетици наставници и родители. Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп изјави дека е можно снимките на кои се гледаат остатоци од американски ракети „Томахавк“ да се генерирани со вештачка интелигенција. Trump is now calling evidence of US bombing of ...
Со јасна цел, создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе биде вистински сервис на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години презеде конкретни и суштински чекори за реформа на јавната администрација, велат од владејачката партија утрово преку соопштение. „Усвојувањето на Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на ...
Младиот австралиски репрезентативец Кристијан Волпато се најде во центарот на голем скандал во Сиднеј, откако наводно бил позитивен на кокаин при рутинска сообраќајна контрола, пренесуваат локалните медиуми. Според информациите, 22-годишниот фудбалер бил запрен во своето купе „БМВ“ околу еден часот по полноќ на познатиот мост Анзак. Причина за запирањето било пречекорување на дозволената брзина – Волпато возел 109 километри на час во зона ...
Според бројни традиции и психолошки толкувања, четири хороскопски знаци се издвојуваат по својата ментална сила, отпорност и способност да се справат со стресот. Овнот е познат по борбеноста и способноста да остане смирен и во најтешките ситуации. Бикот се издвојува со дисциплина, трпение и истрајност, што му помага да ги остварува своите цели. Лавот има храброст да биде свој и не потклекнува лесно под притисокот од околината. Рибите, пак, ...
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, ги оцени како неосновани обвинувањата на Вашингтон дека ЕУ недоволно ги спроведува забраните за принудна работа, по воведувањето нови американски царини, пренесе Ројтерс. Калас изјави дека Европската Унија не очекувала да биде опфатена со новите мерки и најави дека Брисел ќе побара појаснување од американската администрација. „Имавме договор со Америка и се ...