Распоредувањето на ракетниот систем „Орешник“ и тактичкото нуклеарно оружје во Белорусија стана фактор способен да ги смири дури и најжешките глави, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко. „Распоредувањето на мобилниот ракетен систем „Орешник“ и тактичкото нуклеарно оружје во Белорусија стана значајно стратешко одвраќање, способно да ги смири дури и најжешките глави. Ова оружје значително го зголемува нашето ниво на ...

Здравствените власти на градот Њујорк објавија дека бројот на потврдени случаи на легионерска болест на Горниот Ист Сајд на Менхетен се зголеми на 14 и ги повикаа сите што неодамна биле на источната страна од Централ Парк да бидат внимателни доколку развијат симптоми слични на грип, вклучувајќи треска, кашлица, треска и болки во мускулите. Службениците велат дека сè уште ја истражуваат причината за епидемијата и ги тестираат кулите за ладење ...

Самитот на НАТО во Анкара беше „исклучително успешен“, изјави денеска генералниот секретар Марк Руте во своето обраќање по состанокот. – Пораката од овој самит е едноставна: НАТО испорачува резултати. Пред една година им се заблагодаривме на сојузниците кои донесоа историски одлуки за зајакнување на нашиот сојуз. Овде во Анкара, каде што бевме одлично пречекани од претседателот Ердоган, покажавме дека тие обврски сега се исполнуваат – рече ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Русија и Украина ќе постигнат договор за ставање крј на војната, наведувајќи дека тој договор „веќе долго време се разработува“, како и дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е „многу ефикасен“ и „врши неверојатна работа“. Зборувајќи пред новинарите на маргините на самитот на НАТО заедно со Зеленски, тој оцени дека Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин се „тешки ...

Лидерката на француската ултрадесничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен најави дека ќе се канидидира на претседателските избори во Франција следната година и покрај тоа што е осудена за измама. Таа додаде и дека ќе ја обжали денешната одлука на Апелацискиот суд во Париз, со која е потврдена пресудата за проневера на пари од Европскиот парламент. Судот, претходно, ја ублажи воведената забрана за јавна функција, што не ја спречува Ле ...

Чешкиот премиер Андреј Бабиш, пред заминување на самитот на НАТО во Анкара, изјави дека чешката Влада планира следната година да го зголеми буџетот на Министерството за одбрана за 36 милијарди круни и со тоа за првпат да ја исполни обврската кон Алијансата да издвои два проценти од бруто домашниот производ (БДП) за одбрана, но јасно кажа и дека од чешкиот буџет нема да се издвојуваат пари за Украина. Чешката армија во својот буџет годинава ...

На денешниот Форум на НАТО за одбранбена индустрија во Анкара, што се одржа пред Самитот на Алијансата, беа потпишани нови договори во вредност од најмалку 50 милијарди долари, изјави неименуван извор. На Форумот беа објавени големи договори за оружје во вредност од десетици милијарди долари, a gенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, објави серија иницијативи. – Можеме да постигнеме повеќе кога го правиме тоа заедно. И мора да направиме ...

Понекогаш се чудам како може исти државници, исти претседатели, исти премиери, на еден начин да се однесуваат во рамките на НАТО, да манифестираат разбирање, а кога се работи за Европската Унија, 20 години да нè држат во лавиринтот. Време е тоа да се надмине – порача денеска претседателката Гордана Силјановска Давкова, по учеството на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, во рамки на Самитот на НАТО што ...

Договорете се, дајте ни текст и ние ќе го прифатиме, нормално, со вклучени препораки на ОБСЕ/ОДИХР и гласање на дијаспората, им порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на СДСМ и Левица во врска со измените на Изборниот законик. Тој ги оцени нивните реакции како политичка гимнастика и естрада. Одговарајќи на новинарски прашања по средбата со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, Мицкоски потсети дека на измените се ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело – Предизвикување стечај на банка од член 181 став 1 од Кривичниот законик, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик. Според ...

Марта Кос, порача дека Македонија има реална можност да напредува кон полноправно членство во Унијата, сепак нагласи дека усвојувањето на договорените уставни измени останува неопходниот следен чекор за започнување на пристапниот процес. Кос истакна дека е потребен 100% заеднички меѓупартиски консензус за Изборниот законик, државата да може целосно да го искористи моментумот во процесот на евроинтеграциите и тоа ќе биде во полза на државата. ...

Македонија постигна силен напредок во рамките на Реформската агендата и сега е меѓу водечките земји во Западен Балкан. Ова заслужува признание. Логиката на нашата финансиска поддршка е едноставна: колку повеќе една земја ги исполнува реформите, толку повеќе поддршка добива. Комисијата сега ги оценува перформансите на сите партнери од Западен Балкан, реформа по реформа, вели во интервју за МИА еврокомесарката за преговори за проширување и ...

Судијката Даниела Димовска е избрана за претседател на Основниот кривичен суд Скопје на денешната седница на Судскиот совет. Одлуката е донесена по спроведена постапка по јавен оглас, на кој апликации доставиле двајца кандидати – Даниела Димовска, судија и вршител на должност претседател на Основниот кривичен суд Скопје, и Ивица Стефановски, судија во истиот суд. Претседателот на Комисијата за избор, Ивица Николовски, информираше дека двете ...

ОВЕН Денеска комуникацијата ќе се одвива лесно. Споделете ги вашите планови со близок човек – тој може да ви даде вредни совети или нова перспектива. Пријатните разговори со луѓе со слични интереси ќе ве наполнат со позитивност, затоа не се изолирајте. БИК Ќе имате добра можност да се посветите на работата и да постигнете напредок. Доколку досега се двоумевте и се сомневавте во себе, денеска ќе можете да ги надминете сопствените ограничувања ...

Босна и Херцеговина беше погодена од земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:57 часот, потврди Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според достапните податоци, епицентарот бил околу 64 километри јужно од Бања Лука и 27 километри југозападно од Мркоњиќ Град. Хипоцентарот е регистриран на длабочина од приближно 10 километри, поради што тресењето на земјата можело да се почувствува во поширока ...

Меѓу СДС и Левица не може да се најде разлика, тие се едно исто. Настапите им се синхронизирани, ставовите исти. Што денес зборува Венко Заев, тоа утредента го зборува Димитар Апасиев, тоа што го вели и пишува СДС, уште веднаш го повторува политичката партија Левица, соопшти владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Во партиското соопштение се наведува дека договорот меѓу Левица и СДС за координирано дејствување, кога станува збор за блокирање на ...

Економските политики на Владата даваат резултати, пазарот се стабилизира, цените се намалуваат, храната поевтини, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Владините мерки за намалување на цените на нафтените деривати, вродија со плод, така што Македонија во континуитет беше држава со најниски цени на енергенсите, кои доведоа и до намалување на цените на прехранбените производи. Според официјалните податоци на Државниот завод за ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска втор ден продолжува со амандманска расправа за ребалансот на Буџетот. На првиот ден беа разгледани десетина амандмани со коишто се бараа повеќе средства за Министерството за односи со заедниците и за плати за вработените во одбраната и Армијата. Со дел од амандманите се бараше и зголемување на блок дотациите за општините наменети за противпожарните бригади и за изградба на објекти за ...

Според многу истражувања оние кои имаат и ги почитуваат дневните и вечерните рутини и распореди се многу попродуктивни и поуспешни од луѓето кои живеат спонтано. Верувале или не, вашите навики за спиење откриваат многу за вас, па дури и детали за кои не сте ни свесни или сте убедени дека околината не ги забележува. Можеби не звучи пријатно, но кога одите во кревет, тоа ги открива вашите карактеристики, односно вашиот карактер. Времето кога ќе ...

Новото време ни донесе поголеми можности за а купување преку Интерент. Сега луѓето може да си нарачаат речи се и истото да им стигне на врата .Онлајн шопингот стана особено популарен за време на пандемијата кога луѓете беа затворени по дома. Иако дел од тие навики се уште се тука сепак има некои работи што не се препорачува да се купуваат преку Интернет, или доколку сте решени да внимавате максимално. Козметика Бројни онлајн продавници нудат ...

Депресијата е сериозна болест која ја уништува личноста, ја потиснува смислата на животот во втор план, го преплавува умот со негативни мисли и го прави човекот навистина несреќен. Сè почести се случаите на депресивни луѓе на кои им треба помош, но не секогаш се наоѓа некој да им помогне. Не е лесно да се дружиш со депресивна личност и да се обидеш да ѝ помогнеш, но не би биле луѓе ако не се обидеме да помогнеме. Што сè не смеете да ѝ велите ...

Можеби не изгледа така, но вашето тело секогаш ќе ви дава јасни знаци дали сте претерале со пиење кафе во текот на денот. Јасно е дека многу луѓе уживаат во кафе и го пијат во големи количини сепак и тоа има граница. Еве неколку знаци преку кои ќе препознате дека сте претерале. Вознемирени сте постојано Премногу кафе може да ве направи доста нервозни, бидејќи кофеинот го стимулира средниот нервен систем, додека исто така ги зголемува нивоата ...

Не те заслужувам Тој сака да ве натера да раскинете со него бидејќи нема храброст да го направи тоа. Не сака да ви признае дека само ве искористил. Извини што не ја видов пораката Денешната технологија е толку напредна што не може да се случи некој да не ја види пораката ако не сака. Ова е првиот показател дека не му е грижа и сака да ве игнорира. Не сакам да го уништам нашето пријателство Со оваа изјава сака да се дистанцира и културно да ви ...

Рак Раковите се познати како заштитници и грижливи души на Зодијакот. Нивната чувствителност ги прави исклучително емпатични, што значи дека често се тука за другите, обезбедувајќи поддршка и разбирање. Нивната потреба да ги негуваат другите често ги прави омилени во друштвото. Лав Иако Лавовите се познати по својата енергија и харизма, тие имаат и големо срце. Тие се горди и страсни, но и многу лојални на оние кои ги сакаат. Нивната природна ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е „многу разочаран“ од НАТО и дека САД не добиле доволна поддршка од своите сојузници – објави Ен-би-си. Зборувајќи на прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на самитот на алијансата во Анкара, Трамп рече дека можеби немаше да присуствува на самитот доколку не се одржал во Турција, земја чиј лидер, рече, е „силна личност“. -Доколку не се одржеше во Турција, каде ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека европските земји-членки на НАТО и Канада веќе ги зголемиле трошоците за одбрана на околу четири проценти од бруто домашниот производ. – Минатата година, европските сојузници и Канада потрошија речиси 20 проценти повеќе за основна одбрана отколку претходната година. Гледајќи ги 2025 и 2026 година заедно, тоа се 258 милијарди долари дополнителни инвестиции, наведе Руте. На ...

Продажбата на нови автомобили во Франција се зголеми за 11,4 отсто во јуни на годишно ниво, со 188.787 нови патнички возила регистрирани минатиот месец, според податоците објавени денеска од Француската автомобилска платформа (ПФА). Растот на продажбата продолжи во јуни, но францускиот пазар на автомобили сè уште не го достигна нивото што го имаше пред корона-пандемијата, според „Ле Фигаро“. ПФА, којашто ги поврзува производителите на ...

Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на дискусија на самитот на НАТО неделава во Турција, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, реагирајќи на најновите напади на Русија врз Украина. „Синоќа, руските сили повторно неодговорно нападнаа цивили од воздух, со повеќе од 400 беспилотни летала и ракети што го нападнаа главниот град. На Украина итно ѝ е потребна дополнителна воздушна ...

Во Демократска Република Конго е потврден 1.561 случај на заболени од ебола, вклучувајќи 506 смртни случаи, соопшти Министерството за здравство на земјата. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), актуелната епидемија во Демократска Република Конго е поврзана со реткиот сој на вирусот Бундибуџо. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека ризикот од понатамошно меѓународно ширење на болеста за сега ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
5.29
27%
1010
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
4.0
32%
1009
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
4.79
39%
1013
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.63
33%
1010
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
5.18
28%
1008
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 30ᴼ
0.89
57%
1014
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.36
36%
1008
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
4.3
33%
1010
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
1.02
33%
1010
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
0.89
41%
1009
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
4.02
40%
1012
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
4.88
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Паладиум

43435.66

Платина

55652.94

Сребро

2005.37

Алуминиум

3.27

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Родиум

278103.96

Калај

56.77

Злато

137126.15

Бакар

13.54