Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Бројот починати во актуелната епидемија на ебола во Демократска Република Конго достигна 600, а сомнителни случаи се пријавени и во уште една провинција, соопштија денеска националните здравствени власти. Според најновиот извештај на Владата на Конго, епидемијата прогласена на 15 мај досега е потврдена кај 1.759 заразени лица во источните провинции Итури, Северен Киву и Јужен Киву. Во официјалниот број случаи засега не се вклучени два нови ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа го извести Конгресот за намерата да го поништи статусот на Сирија како држава што го спонзорира тероризмот (ССТ), соопшти Стејт департментот. Во соопштението се наведува дека оваа одлука на Трамп е уште еден историски чекор што овозможува да му се даде шанса на сирискиот народ за напредок и Сирија повторно да се вклучи во меѓународната трговија и инвестиции. „Стабилна, обединета Сирија која е во мир ...
Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и избегнувајте непотребни трошоци. Денот е поволен за средување на личните планови. Во приватниот живот ве очекува пријатен момент со блиска личност. Близнаци Ќе бидете комуникативни и ќе оставите добар впечаток каде и да се појавите. Можно е да добиете корисна информација која ќе ви помогне во идните планови. Во љубовта, избегнувајте брзи заклучоци. Рак Интуицијата денес ќе ви биде најголем ...
Полуфиналето меѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ му припадна со 3-0 во сетови на помладиот тенсиер актуелниот шампион на Вимблдон, Синер. Ѓоковиќ го играше своето 15.то полуфинале на Вимблдон и остана на 24 Гренд слем титули во кариерата. – Се чувствував физички добро. Можеби не најсвеж, очигледно, не како на почетокот на турнирот, но физички бев добро. Тој беше едноставно, беше многу подобар играч на теренот. Секако, разочаран сум и, секако, ...
Секоја една опозициска политичка партија СДС, Левица, ДУИ со свои различни изговори го блокира Изборниот законик, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Но, мотив на сите нив е ист, ниските рејтинзи и стравот од изборен пораз. Јавноста е сведок како секоја од нив излегува со различни тези и изговори, како намерно да сакаат да креираат конфузија и збунетост кај граѓаните. СДС не сака македонската дијаспора на полесен начин да го ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи од 8 до 18 степени, а максималната ќе достигне меѓу 29 и 37 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14 степени, додека дневната ќе достигне до 36 степени. Според ...
Мака Перуанската билка мака (лат. Lepidium meyenii) е зеленчук од семејството на зелка, кој изгледа како корен од целер. Според експертите, го ублажува стресот и симптомите на менопауза кај жените, додека кај мажите може да го зголеми сексуалниот нагон и да ја подобри подвижноста на спермата, поради што често се нарекува природна вијагра. Претежно се консумира со јогурт, кефир или како додаток во смути за зголемување на енергијата. Гинко ...
Честа појава е луѓето да одат во тоалет после пиење кафе, но многумина мислат дека тоа може да биде здравствен проблем. Научниците од Универзитетот во Тексас спроведоа истражување токму на оваа тема. За време на нивното истражување на стаорците им давале кафе три дена, со што успеале да ја зголемат подвижноста на цревните мускули, независно од дозата на кофеин. „Подвижноста на мускулите на тенкото црево се зголеми кај стаорците по три дена ...
1. Го правите тоа што сакате Задоволството кое сексот може да го донесе е неверојатно, но само ако го работите она што ви одговара. Не треба да ви биде срам да го одбиете она што не го сакате, но исто така и не треба да се воздржувате од пробување на нови работи. 2. Експериментирањето не е табу Довербата меѓу партнерите кои се во долга врска и тоа како може да влијае на квалитетот на сексуалниот однос. Кога луѓето доволно се познаваат, малите ...
Западна Европа го имаше најтоплиот јуни откако постојат мерења, соопшти Службата на Европската Унија за климатски промени „Коперник“. Кон крајот на изминатиот месец регионот беше зафатен од силен топлотен бран што постави температурни рекорди, го наруши снабдувањето со електрична енергија и доведе до затворање училишта. Според месечниот извештај на „Коперник“ објавен денеска, изминатиот јуни бил втор најтопол месец на глобално ниво откако се ...
Украина постигна политички договори со САД за производство на ракети-пресретнувачи „Патриот“ на нејзина територија, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од британските медиуми. Зеленски рече дека работата на техничките детали е во тек. Дополнително, Украина во следните денови ќе ги добие критично важните ракети-пресретнувачи „PAC-3 – Патриот“ од САД, додаде тој. Киев, истовремено, ќе му обезбеди на Вашингтон ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека израелските сили ќе останат во Либан „колку што е потребно“. „Ќе останеме во безбедносната зона во јужен Либан колку што е потребно за да ја гарантираме безбедноста на нашите заедници на север“, рече Нетанјаху на церемонијата по повод завршувањето на обуката за пилотите на израелските воздухопловни сили, објави „Тајмс оф Израел“. Либан бара Израел да го исполни своето ветување да се ...
Германија постигна договор со американската администрација за набавка на крстосувачки ракети „Томахавк“ и нивно поставување на германска територија, изјави канцеларот Фридрих Мерц. Тој наведе дека договорот е постигнат на Самитот на НАТО во Анкара. -Со ова затвораме критичен стратешки јаз во нашата одбрана, а во исто време работиме на развој на сопствени европски системи и нивно распоредување во Европа, посочи Мерц. Американскиот претседател ...
На есен Грција се очекува да биде домаќин на состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“, а исто така на есен, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис ќе ја продолжи посетата на земјите од регионот – кандидатки за членство во Европската Унија, брифираат високи грчки дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина. Активностите се во пресрет на грчкото претседателство со Европската Унија во втората половина на 2027 ...
Бугарија се соочува со епидемија на мали сипаници, при што досега се регистрирани 446 заболени, од кои дури 368 се деца, покажуваат најновите податоци на бугарското Министерство за здравство, според порталот „Novinite“. Според официјалните информации, случаите се евидентирани во 11 области, а најголем број заразени има во Враца, каде што се регистрирани повеќе од 220 случаи. Значителен број заболени има и во областите Плевен и Ловеч. Заразени ...
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека НАТО излегува „посилен и пообединет“ од самитот во Анкара, при што Доналд Трамп го пофали неговиот „дух“, и покрај тоа што критиките на американскиот претседател кон алијансата се закануваа да го засенат дводневниот состанок. Стармер рече дека лидерите го „постигнаа она што сакаа да го постигнат, а тоа е единството“, дури и откако Трамп претходно на состанокот се закани дека ќе ги изнесе своите ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повика на укинување на ограничувањата за одбранбена соработка меѓу сојузниците на НАТО, јави Анадолија. „Ограничувањата меѓу сојузниците во врска со одбранбената соработка, особено во одбранбената индустрија, треба да се укинат“, рече Ердоган на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади во турската престолнина Анкара. Ердоган нагласи дека дури и додека европските ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја отвори можноста за дополнително намалување на бројот на американските војници во Европа, поврзувајќи ја таквата одлука со евентуалниот договор за иднината на Гренланд. – Сè уште ја немам донесено таа конечна одлука. Многу нешта ќе зависат од Гренланд – изјави Трамп во претседателскиот авион „Ер Форс Ван“ (Air Force One), на прашањето дали ќе повлече уште американски трупи од Европа. Како што пренесе ...
Случаите на трговија со кокаин во Албанија се зголемиле за 27,6 отсто во текот на 2025 година, додека запленетите количини се намалиле, развој што властите го припишуваат на промената во начинот на работа на криминалните мрежи и употребата на поприкриени методи на трговија со дрога, објавија медиумите. Според Националната стратегија за спречување и борба против организиран криминал и тешки кривични дела 2026–2030 година, трговијата со кокаин ...
Во рамките на истражната постапка што ја води предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а која се однесува на организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, во текот на вчерашниот ден беа реализирани претреси на пет локации во Скопје, меѓу нив и на две здравствени установи. При тоа, се приведени ...
Денес направивме уште еден значаен чекор во насока на зацврстување на парламентарното мнозинство и обезбедување политичка стабилност, како неопходен предуслов за продолжување на реформите, реализација на проектите и исполнување на обврските што ги презедовме пред граѓаните, информира премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Со потпишување на Договорот за политичко партнерство, соработка и поддршка со Демократската партија на ...
На 09.07.2026 во 16:10 часот во село Воиславци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Н.С.(31) од село Воиславци и Е.Т.(18) од Струмица. При претрес во домот на Н.С., извршен со судска наредба, во кој била затекната и Е.Т., била пронајдена марихуана. При претрес во домот е пронајден и мобилен телефон кој потекнува од кривично дело кражба За случајот е запознаен јавен обвинител, a по документирање на ...
На барање на македонското минстерство за надворешни работи вчера била остварена средба со претставник на амбасадата на Република Албанија во земјава, велат од МНР. „Во духот на пријателските односи меѓу двете земји, соседи и НАТО-сојузници на средбата беше побарана официјална информација од албанските власти во врска со настанот што се случи на граничниот премин Ќафасан, при кој на државјани на нашата земја не им бил дозволен влез во ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска го посетија Центарот за услуги во Прилеп, воспоставен како резултат на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп. Отворањето на Центарот беше најавено од министерот Андоновски при неговата последна посета на Прилеп. Со неговото ставање во функција, административните услуги ...
На 10.07.2026 околу 03:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Центар, неколку лица насилно отвориле банкомат. Според податоците од полицијата, лицата одзеле пари и го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од МВР. Неофицијално станува збор за „Веро Џамбо“. На 10.07.2026 околу 03:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на ...
Според докторските податоци собрани од повеќе од девет милиони возрасни лица од Јужна Кореја и САД, речиси секој човек кај кого се развива срцево заболување или кој има сериозен кардиоваскуларен проблем претходно почувствувал најмалку еден од четирите ризик знаци – покачен крвен притисок, зголемен холестерол, покачено ниво на шеќер во крвта и пушење. Кога овие фактори биле анализирани заедно, истражувачите утврдиле дека биле присутни кај 99 ...
ОВЕН Денеска многу лично ќе ги сфатите зборовите и постапките на луѓето со кои работите. Вашата проценка е субјективна и може да извлечете погрешни заклучоци без да ја знаете целата вистина за ситуацијата. Не се преоптоварувајте со работата и пронајдете начин да ја ослободите нервната напнатост. БИК Денеска е многу добар ден за деловни преговори и секакви финансиски трансакции. Бидете внимателни што зборувате, бидејќи вашите зборови ќе имаат ...
Глобалната економија ќе порасне за три отсто во 2026 година и за 3,4 отсто во 2027 година, се наведува во денеска објавените ажурирани Светски економски изгледи (WEO) на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Новата кумулативна прогноза за следните две години е речиси непроменета во споредба со проекциите од Светските економски изгледи од април 2026 година, се додава во извештајот. Растот ќе биде помал од просечните 3,5 проценти забележани во ...
Велика Британија се подготвува за еден од најдолгите топлински бранови од 1976 година, а во Англија во сила се портокалови и жолти предупредувања поради високите температури, соопшти денеска Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (UKHSA). Температурите оваа недела во делови од јужна Англија би можеле да достигнат 36 степени Целзиусови, наведува Агенцијата, пренесе Би-Би-Си. Подрачјата на Мидлендс, источна и јужна Англија се ...
Европскиот парламент го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски поради неговата одлука да именува армиска единица по партизанска група од 1940-тите години која извршила масакр врз Полјаци. Во резолуцијата усвоена денеска, пратениците во ЕУ наведоа дека потегот на Зеленски покажал „непочитување кон полските чувства и тага“ и ги поткопал „соседските односи“. Текстот беше усвоен со 460 гласа „за“, 136 „против“ и 59 „воздржани“, ...