Функцијата не била и никогаш нема да биде цел сама по себе, таа е средство преку кое се служи на народот, порача премиерот Христијан Мицкоски, денеска на 112. седница на Собранието на која треба да бидат разрешени и избрани членови на Владата. Осврнувајќи се на предлогот за разрешување на дел од министрите, рече дека сите до еден се луѓе со чест и достоинство и пред се чесни луѓе. Денес, нагласи, не се збогуваме со луѓе кои не работеле, туку ...

Во текот на изминатиот викенд (11/12.07.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1426 издадени платни налози, 455 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 64 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, 27 за ...

ОВЕН Денешниот е исклучително плоден ден за деловна кореспонденција, преговори и финансиски прашања – ќе бидете многу убедливи и сè ќе мине добро. Можеби ќе добиете финансиска поддршка или некој може да врати пари што сте ги позајмиле. БИК Доколку денеска почувствувате импулс да покажете повеќе храброст, не го потиснувајте – дејствувајте и ќе видите дека резултатот ќе се исплати. Двоумењето е последното нешто што треба да си го дозволите ...

Син го убил татко си со нож на Бит Пазар откако тој пијан ја нападнал сопругата, односно мајката на 31-годишникот. Синот е уапсен, а жената е пренесена на лекување во болница. – На 12.07.2026 околу 23:00 часот во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Џ.(31) од Скопје, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л. (52) од Скопје. Според пријавеното, на ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ...

Собранието денеска се очекува да ја започне 112. седница на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата. Собранието треба да го разреши Игор Филков, министер за правда (ЗНАМ), а на негово место да го избере Јетон Шасивари (Вреди). Иван Стоилковиќ (Коалиција ВМРО-ДПМНЕ), ќе биде разрешен од Министерството за односи меѓу заедниците, но треба да ја преземе министерската функција во локална самоуправа. Златко Перински, ...

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека СДС, Левица и ДУИ го блокираат донесувањето на новиот изборен законик и според партијата наместо реформи ние прават политичка блокада. Според партијата иако со месеци учествуваа во разговорите и усогласувањето на текстот, во моментот кога требаше да се постигне договор, се повлекоа и го урнаа целиот процес. Венко Филипче после 4 месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, вчеравечер го прогласи за отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Според неа „Охридско лето“ симболизира и бележи долга и богата меморија и историја, просветителска и просветлувачка мисија, новоотворени музички и театарски хоризонти, космополитизам, меѓудржавно, меѓунационално, интеркултурно и меѓучовечко разбирање. За претседателката, Охрид е оаза и ...

Многу луѓе користат мобилен теллефон додека се во тоалет. Според истражување спроведено во Велика Британија, просечен граѓанин на таа земја поминува нешто повеќе од три часа неделно во тоалетот, што е далеку од препорачаните 10-15 минути на ден. Поголемиот дел од тоа време, се разбира, е потрошено на користењето на мобилен телефон, а експертите посочуваат шест причини зошто да не користиме мобилен телефон додека седиме во тоалет. Телефонот ...

Постојат луѓе кои работат дури и кога се болни, како и такви кои често велат дека се болни за да не работат, а има и такви кои наместо да настинат – користат некои други изговори за да не доаѓаат на работа. Податоците што шефовите ги „собирале“ во минатото, од нивните работници, навистина нè тераат да се запрашаме – кој можел да смисли такво нешто? Одговорот е: Многумина. Имено, истражувањето покажало дека околу 30 проценти од работниците се ...

Тагата може да биде емоција со која е тешко да се справиме. Различни луѓе можат да имаат различни реакции на тага. Некои од нас не ја признаваат, некои не ја препознаваат јасно, а други пак поради неа стануваат деструктивни. Прочитајте кои знаци според хороскопот, најтешко ја поднесуваат состојбата кога се чувствуваат тажно. Овен Кога е тажен, Овенот често излегува надвор. Понекогаш чувствува како да нема контрола над својот живот, па станува ...

Бананите речиси сите ги сакаат, а токму затоа и оваа јапонска диета е супер популарна. Овој режим на исхрана не е комплициран, евтин е, а може да ви помогне да загубите и до десет килограми за помалку од две недели. Имено, Сумико Ватанабе, фармацевтка од Осака, овој едноставен план на исхрана го осмислила за да му помогне на својот сопруг Хитоши да го забрза метаболизмот и да се избори со вишокот килограми – и успеала во тоа, затоа што тој за ...

Не повторувајте ги оние грешки што довеле до раскинување Ваквите одлуки, се разбира, не се носат преку ноќ Размислете дали претходно имало проблеми со довербата, а потоа зборувајте пред повторно да влезете во врска И покрај тоа што раскинавте, сепак постои хемија и, пред сè, се разбира, љубов. Честопати доаѓате до идеи според кои треба да се помирите со вашиот поранешен партнер. Замислете како би било да контактирате со таа личност и да ...

Албанија и ако стане членка на Европската Унија нема да го користи правото на вето против Македонија во процесот на европска интеграција, изјавил албанскиот премиер Еди Рама пред учесниците на кампот „RinCamp 2026“ во туристичкото место Јал, на кој има и млади од Македонија. Одговарајќи на прашањето на студент од Скопје, дали Албанија ќе стави вето на европскиот пат на Македонија, тој нагласил дека отсекогаш бил против употребата на вето во ...

Француските безбедносни сили приведоа 32 лица осомничени за подметнување шумски пожари во 22 департмани од почетокот на летото, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез. Осомничените се приведени во време кога жандармеријата ги продолжува операциите за справување со шумските пожари ширум земјата, поддржувајќи ги напорите за локализирање на пожарите и евакуација на луѓето од погодените подрачја, наведе Нуњез во објава на Х. ...

Бројот на жртви во Газа достигна 73.221 лице, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство. Според моменталната евиденција, во тековната војна во Газа од октомври 2023 година загинале најмалку 73.221 лице, а ранети се 173.643. Како што е наведено, во последните 48 часа во болниците во Газа биле донесени седум тела, додека 28 луѓе биле ранети во истиот период. „Сè уште има голем број жртви под урнатините и на патиштата, бидејќи ...

Екстремната горештина која во изминатите неколку недели двапати ја погоди Велика Британија донесе температури повисоки од 40 степени Целзиусови во училниците на некои училишта, пренесуваат денеска британските медиуми. Учениците и вработените страдаат од топлотен удар, мачнини и главоболки, а наставниците сведочат дека очајнички се обидуваат да ги заштитат децата, пренесува „Гардијан“. Некои наставници ги покривале помладите ученици што лежеле ...

САД синоќа воведоа нови санкции поврзани со Иран, насочени кон клучниот финансиер на новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи и 13 други лица. Санкциите уследија откако Иран продолжи со нападите врз танкери во Ормуска Теснина. Санкциите се насочени кон иранскиот банкар и бизнисмен Али Ансари, чии компании се со седиште во Дубаи. Тој претходно беше санкциониран од Велика Британија поради неговата улога во финансирање на ...

Пентагон денеска објави нова серија фајлови поврзани со неидентификувани летачки објекти (НЛО), вклучувајќи еден извештај од воен пилот кој рекол дека видел мистериозен објект „поинаков од сè што видел во 28 години служба“. Најновата серија содржи вкупно 40 фајлови, вклучувајќи 14 документи, 19 видеа, четири аудио фајлови и три фотографии, објави Си-би-ес Њуз. Фајловите доаѓаат од различни агенции како што се Пентагон, вселенската агенција ...

Холандија се подготвува за нов топлотен бран, а температурите во текот на викендот во одредени делови од земјата би можеле да достигнат и до 34 степени Целзиусови, поради што властите го активираа националниот план за горештини и издадоа жолта фаза на предупредување за делови од земјата. Највисоки температури се очекуваат во провинциите Лимбург, Северен Брабант и Зеувс-Фландерен, додека во централните и јужните делови од земјата тие ќе се ...

БИК Поминете повеќе време со вашата сакана личност денес. Доколку ви е потребна нејзината поддршка, не плашете се тоа да ѝ го кажете. Доколку, пак, има некоја активност што бара повеќе волја и енергија, сега е добро време да се справите со неа – бидете упорни и ќе успеете. БЛИЗНАЦИ Денеска ќе ви се отвори можност да откриете кои од вашите идеи имате реална шанса да ги спроведете во пракстиката. Размислете дали треба да развиете некои од ...

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека погодила околу 140 цели во Иран, меѓу кои лансирни рампи за ракети и беспилотни летала, складишта за муниција, комуникациска опрема и други воени објекти. – Нападите ја намалуваат способноста на Иран да напаѓа цивилни и трговски бродови кои слободно поминуваат низ Ормуска Теснина, се наведува во соопштението на ЦЕНТКОМ. Нападите уследија откако морнарицата на ИРГЦ гаѓаше брод, што пловел под ...

Единствената коалција која функционира е Левица, СДС и ДУИ кои се обединети за блокада на изборниот законик, поради страв од избори си подготвуваат предвреме алиби, велат во партиското соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да поддржат закон кој ги вградува препораките и го подобрува изборниот процес, тие свесно ја кочат постапката и бараат нови изговори. На јавноста и е јасно дека ова не е борба за подобар Изборен законик, туку обид ...

Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде со умерен а наместа повремено со силен интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, со услови за краткотраен дожд ...

Овен Тој брзо се лути и само неколку моменти подоцна се однесува како ништо да не се случило. Тие исто така знаат да бидат премногу наивни и воопшто не размислуваат за последиците од нивните постапки. Нивниот краток „фитиљ“ е добро познат на сите околу. Бик Тој е многу тврдоглав и не сака да се предомисли дури и кога другите му докажуваат дека не е во право. Исто така, нивниот недостаток е тоа што тие често се премногу концентрирани на ...

Истражување во Велика Британија откри нешто што нема баш многу да им се допадне на мажите, кога станува збор за жените и за сексот. Ако некогаш ве интересирало за што фантазираат жените во текот на сексуалниот однос, веројатно партнерката избегнала да ви одговори. Истражување покажа дека половина од жените во текот на сексуалниот однос фантазираат дека водат љубов со некој друг. Добрата страна е што најчесто фантазираат дека имаат секс со ...

Ако сте имале момент на слабост и сте го изневериле вашиот партнер на кој било начин, пред да го признаете делото (ако сте се одлучиле за тоа) имајте го на ум следново… – Размислете за мотивот: Што ве тера да му признаете? Дали сакате само да си ја олесните совеста (лоша причина)? Дали сакате да ја поправите вашата врска (добра причина)? Или само затоа што знаете дека тој сепак ќе дознае (исто така добра причина – подобро да го слушне тоа од ...

Израелската армија е подготвена да го нападне Иран „по трет пат доколку е потребно“ и „дури и посилно“, изјави денеска израелскиот министер за одбрана Израел Кац за време на воена церемонија. Новите американски напади врз Иран и нападите на Техеран врз регионалните сојузници на САД од среда го доведоа во прашање прекинот на огнот меѓу двете страни. „Армијата е подготвена и во состојба на подготвеност да продолжи да се бори со цел повторно да ...

Според анкетата на Францускиот институт за јавно мислење (ИФОП), лидерката на ултрадесничарската партија Национален собир, Марин Ле Пен е фаворит за претседател на Франција. Апелацискиот суд пред два дена ја потврди пресудата за Ле Пен за проневера на пари од Европскиот парламент. Судот, претходно, ја ублажи воведената забрана за јавна функција, а Ле Пен вчера ја почна кампањата за претседателските избори во Франција, што треба да се одржат ...

Мухамeд трета година по ред е најчестото име дадено на машки бебиња во Англија и Велс, покажува официјалната статистика. Во 2025 година 5.957 новородени момчиња го добиле ова име, најмногу во секој поединечен месец. Меѓу првите 100 најпопуларни имиња се и варијантите Мохамед (1.712) и Мохамад (895). Во Топ 5 имиња за машки деца се и традиционалните Ноа, Лео, Лука и Артур. Оливија десетта година по ред е најпопуларното име за девојчиња ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.97
37%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
61%
1013
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.31
39%
1012
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
0.63
37%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.44
53%
1012
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 21ᴼ
1.37
54%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
1.79
44%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.22
46%
1013
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.77
49%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
0.45
47%
1012
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
3.13
32%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.03
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Родиум

274085.11

Кобалт

56.29

Паладиум

43499.96

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Алуминиум

3.25

Злато

136962.18

Сребро

1994.05

Калај

56.46

Бакар

13.51

Платина

56135.20