Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
ОВЕН Без разлика што ќе се случи денеска, потпрете се на вашите говорнички и вештини на убедување. Комуникацијата со другите ќе биде особено пријатна, нема да недостигаат покани за општествени настани и не е ни чудо што вашиот телефон ќе ѕвони почесто од вообичаено. БИК Денеска постои голема веројатност работите да се случат како што посакувате, но мора да останете доследни на себеси. Доколку имате желба, водете се од неа и не плашете се да ...
Европската Унија нема да ги укине санкциите против Иран се додека Техеран не се откаже од својата нуклеарна програма, регионалните дестабилизирачки активности и разработувањето балистички ракети, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро. „Нема да има никакво укинување на санкциите против иранскиот режим се додека тој не се откаже од својата нуклеарна програма, од својот револуционерен проект што го дестабилизира ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на постојана будност во соочувањето со повторното зајакнување на антисемитизмот во Франција. – Соочени со повторното зајакнување на гнасниот антисемитизам, будноста е обврска во секој момент – изјави Макрон, кој претседаваше со првиот национален Ден на сеќавање на признавањето на невиноста на Алфред Драјфус, еврејски офицер неправедно осуден за велепредавство во атмосфера на длабок ...
Новите правила за правата на патниците во воздушниот сообраќај во Европската Унија денеска се очекува официјално да бидат одобрени од министрите на земјите-членки, со што ќе биде завршена последната процедура пред нивното стапување во сила. Реформите што претходно добија поддршка од Европскиот парламент, треба да почнат да се применуваат во средината на 2027 година и ќе донесат дополнителни права за семејствата што патуваат, патниците со ...
Цената на нафтата продолжи да расте и денеска откако САД започнаа уште еден бран напади врз Иран и ја вратија својата поморска блокада на иранските пристаништа во близина на Ормускиот Проток. Нафтата од типот Брент денеска достигна цена од 85,24 долари за барел, додека суровата нафта се искачи на 80 долари. Американските сили таргетираа десетици воени средства по должината на крајбрежјето на Иран и во близина на стратешкиот воден пат за време ...
Жителите на САД наскоро ќе го видат потписот на претседателот Доналд Трамп на своите банкноти и неговиот портрет на комеморативна монета. Ковачницата на пари на САД издава комеморативни монети од еден долар со ликот на Трамп за да ја одбележи 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави. Администрацијата вели дека ова е дозволено со закон од 2020 година што му дава овластување на секретарот за финансии да издава монети од ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Во Собранието ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за ...
Со брза интервенција на Територијалната противпожарна единица, но и со поддршка на локалното население и доброволци, успешно беше локализиран и изгаснат пожарот што вчера попладнето избивна на падините на планината Петрино, над населбата „Бараки“ во Охрид. Како што се посочува во соопштението од ТППЕ – Охрид, веднаш по појавата на пламенот од единицата било интервенирано со четири возила и 17 пожарникари. Притоа со пламен била зафатен отворен ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што носат конкретни резултати, повеќе инвестиции, повеќе можности за компаниите и повеќе нови работни места за граѓаните, велат од партијата. Во рамки на Оперативниот план за вработување за 2026 година е објавен вториот јавен повик, финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“, со буџет од 332.650.000 денари, односно околу 5,4 милиони евра. СДС и ДУИ со години наназад зборуваа ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерска конференција посветена на заканите од политичкиот тероризам. Состанокот, како што соопшти МНРиНТ, ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и ...
Во време кога квалитетните недвижности на атрактивни локации стануваат сè поретки, комплексот „Горица резиденс“ на брегот на Охридското Езеро претставува уникатна прилика на пазарот. Со 42 премиум апартмани во резиденцијалниот дел, секој со панорамски поглед кон езерото, овој урбан комплекс нуди ексклузивност не само во однос на модерниот дизајн и естетика, максималната функционалност и бројните придружни содржини, туку и во долгорочната ...
Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик и дека свесно го блокираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Пред очите на целокупната јавност излезе вистината дека СДС, Левица и ДУИ се координирани и имаат една единствена цел, а тоа е да не се донесе нов Изборен законик. Лошиот политички театар на СДС, ДУИ, и Левица е разоткриен. Едните јавно повикуваа на разговори, ...
На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерски состанок посветен на заканите од политичкиот тероризам. Состанокот ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на ...
Во следните денови времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометоролошки работи. Особено топло се очекува да биде во петок и за време на викендот, кога дневните температури да достигнат до 39 степени. Во следните денови времето ќе биде претежно сончево и топло, со ...
Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше наметнување на темата предвремени парламентарни избори од страна на опозицијата. -Опозицијата е оптеретена бидејќи често пат кај нив Фројд работи и тоа е нивен најголем проблем. Мојот став е јасен, оваа Влада има мандат до пролетта 2028 година. Ние сме фокусирани на тој мандат да го испорачаме она кое граѓаните го очекуваат од нас. Но, се разбира доколку сме предизвикани, ние сме тука, подготвени ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев се огласи по лишувањето од слобода на Александар Лазаров – Цуна, бегалецот од полициската станица во Кочани. Цуна беше уапсен вчеравечер во Скопје. -Овој случај уште еднаш потврди дека секој што бега од правдата порано или подоцна се соочува со законот. Никој не е недопирлив и никој не може трајно да избега од одговорност. Како институција, целото наше колективно и индивидуално ...
Експертски панел на Европската Унија препорача ограничување на пристапот до социјалните мрежи за деца под 13 години низ целата Унија, велејќи дека употребата треба да биде дозволена само под родителски надзор или за образовни цели, јавува ДПА. Барањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше откриено денеска во Брисел, додека владите ширум светот дебатираат за тоа како најдобро да ги заштитат децата и тинејџерите ...
Девет европски земји, заедно со Украина, во Париз создадоа целосно одбранбена коалиција за развој на антиракетни капацитети во Европа. Во заедничката декларација, лидерите на Данска, Франција, Германија, Италија, Норвешка, Шпанија, Шведска, Украина, Холандија и Велика Британија нагласија дека иницијативата има за цел зајакнување на заедничките одбранбени капацитети. – Со здружување на нашата одбранбена индустриска база, истражување и ...
Британската влада на премиерот Кир Стармер ќе го прогласи Иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) за терористичка организација, заедно со две други групи поврзани со Иран и Русија. Забраната е дел од новите овластувања што ѝ дозволуваат на владата да ги етикетира групите што ги поддржуваат државите како закана за националната безбедност, пишува „Телеграф“. Со месеци, премиерот Стармер беше под притисок од претставници на ...
Европска Унија денеска вети помош во висина од 120 милиони евра за зајакнување на системот за воздушна одбрана на Молдавија. – Советот на ЕУ денеска усвои мерка за помош од 120 милиони евра во рамките на Европскиот мировен фонд за поддршка на вооружените сили на Република Молдавија за подобрување на капацитетите за воздушна одбрана на земјата, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ. Односите помеѓу Молдавија со Русија се влошија од ...
Лидерката на француската крајна десница, Марин ле Пен, денеска во интервју за „Журнал ди Диманш“ оцени дека е „нереално“ да се очекува дека одлуката на Касациониот суд би можела да ја загрози нејзината кандидатура на претседателските избори и истакна дека нејзините противници „сакаат оваа кампања да се сведе на правни спорови наместо на политичка дебата“. – Јас сакам таа да биде демократска и нема да дозволам никому на Французите да им ги ...
Во мал камион со странски регистарски таблички, инспекторите Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ), откриле над два тона небезбедни млечни производи со потекло од Бугарија, што се пренесувале нелегално и во несоодветни услови, без ладилник, јави дописничката на МИА од Атина. Од ААДЕ соопштија дека во рамките на насочените контроли за сузбивање на нелегалниот транспорт и трговија со производи и небезбедна храна, малиот камион ...
Советот на Европската Унија денеска не го одобри предлогот за понатамошно проширување на санкциите против Русија поради војната во Украина, потврди високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас по завршувањето на состанокот на европските министри за надворешни работи. – Жалам што сè уште не сме постигнале едногласност, но сме доста блиску, наведе Калас. Таа истакна дека земјите-членки на ЕУ имаат ...
Најмалку 4.490 лица загинале во двата разорни земјотреси што минатиот месец ја потресоа Венецуела, соопшти претседателот на Националното собрание Хорхе Родригес. Бројот на жртвите продолжува да расте повеќе од две недели по силните потреси. Само ден претходно, официјалниот број загинати изнесуваше 4.333 лица. Родригес, брат на привремената претседателка на Венецуела Делси Родригес, соопшти преку платформата „Икс“ дека во 108-те отворени ...
Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ!, пишува на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат. Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е ...
Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе ослободителна пресуда за обвинетиот Н.Г. во предметот познат во јавноста како „Талир“, оценувајќи дека обвинителството не успеало надвор од разумно сомнение да докаже дека е сторено кривичното дело за кое се водеше постапката по измените на Кривичниот законик. Во обемното образложение на пресудата, Судот наведува дека по измените на Кривичниот законик од 2023 година суштински се промениле ...
Европските земји регистрирале повеќе од 10.000 дополнителни смртни случаи за време на рекордниот топлотен бран што ја погоди Западна Европа кон крајот на јуни, покажуваат официјалните податоци. Научниците наведуваат дека топлотниот бран на крајот на јуни би бил „скоро невозможен“ без климатските промени предизвикани од човекот, што ги прави топлотните бранови почести и поинтензивни. Податоците, собрани од националната статистика за смртност ...
Владата на Велика Британија ќе издвои повеќе од 250 милиони фунти во следните три години за подобрување на заштитата на еврејските заедници, по серијата неодамнешни антисемитски напади во земјата. Средствата ќе бидат наменети за ангажирање на повеќе од 500 дополнителни безбедносни службеници во Англија и Велс, како и за зајакнување на безбедноста околу еврејските населби, училиштата, синагогите и јавните собиралишта. Во Лондон изминатиот ...