Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
На 13.07.2026 во 11:09 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода црногорскиот државјанин Д.Б.(36). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на ...
Голем пожар се шири во областа Љаман, во атарот на познатото одморалиште Химара, на југот на Албанија. – Пламените јазици се шират брзо, поттикнати од високите температури и ветерот, ризикувајќи да зафатат уште поголема површина. Во гаснењето на огнот вклучени се противпожарни возила од неколку соседни градови, припадници на полицијата и армијата. Засега нема пријава за повредени лица или загрозени домови. Според Националната агенција за ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја одржи 74. седница на чиј дневен ред меѓу другото е Предлогот на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година. На дневен ред на седницата се и Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2025 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година и Годишниот извештај за ...
Собранието вчера ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата, предложена од премиерот Христијан Мицкоски, која беше на дневен ред на 112. собраниска седница. За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од ВРЕДИ, за нов министер за здравство Сашо ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението на Финаниска полиција првопријавениот Д.П. во својство на управител, заедно со ...
Овен Денот носи можности за решавање на прашања што долго време сте ги одложувале. На работното место покажете иницијатива, но избегнувајте избрзани одлуки. Во љубовта, искрен разговор ќе ги расчисти недоразбирањата. Бик Фокусирајте се на финансиските обврски и избегнувајте непотребни трошоци. Можно е да добиете интересна деловна понуда. Во емотивниот живот ве очекуваат пријатни моменти со саканата личност. Близнаци Комуникацијата ќе биде ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...
По 20 годишна пауза, Шакира повторно ќе настапи во Египет. Концертот ќе се одржи на 28 ноември кај пирамидите во Гиза, во рамки на светската турнеја „Las mujeres ya no lloran“. – Многу сум среќна што повторно ќе настапам во Египет, кај пирамидите во Гиза. Ве сакам сите, изјави светската латино ѕвезда. Концертот е организиран од компанијата Венчр Лајфстајл. Освен Шакира, во Гиза настапиле и Џенифер Лопез, Џон Леџенд и Кети Пери. Шакира, ...
Летањето не е опасно за повеќето луѓе, но понискиот притисок, сувиот воздух и промената на временските зони често предизвикуваат неприлагоденост, замор, надуеност, непријатност. Многу патници доживуваат зголемено ниво на стрес пред полетувањето. Гужвите, редовите и чувството на губење на контролата врз времето,, како и околината можат да ја зголемат вознемиреноста дури и пред да се качат во авионот. По полетувањето, кабината е под притисок на ...
Секој хороскопски знак има свои квалитети, но особено се истакнуваат луѓето родени во овие 3 знаци. Тие се предодредени за голем успех. Неуспехот не им е опција, се што ќе започнат го претвораат во успех. Ова се трите ментално најсилни хороскопски знаци: Овен Овенот е полн со енергија, виталност и е многу активен на сите полиња. По природа е љубопитен и амбициозен, па на секој чекор ќе наиде на можност да создаде успешен бизнис и да заработи ...
Ако имате намалена желба за секс со партнерот или чувствувате дека вашите вештини во кревет се намалени поради недостаток на желба, голема е веројатноста дека нешто ви го убило либидото. Верувале или не, постојат намирници и навики кои можат да го уништат вашето либидо, а да не сте ни свесни за тоа! Ако правите некоја од овие работи, многу веројатно ќе влијае на вашето либидо! Прекумерна конзумација на сирење Сирењето може да го намали нивото ...
Последниот број во вашиот датум на раѓање открива кој елемент и особина владее со вашиот живот Погледнете кој елемент го носи последниот број од вашата година на раѓање 0 или 1 е метален елемент, 2 или 3 е елемент на водата, 4 или 5 е елемент на дрво, 6 или 7 е елемент на оган, 8 или 9 е елементот на земјата. Метал Металниот елемент укажува на сила, но и голема флексибилност. Луѓето со овој елемент имаат огромна способност и верба во сè што ...
Европската одбрана не треба да биде ограничена само на границите на ЕУ, туку треба да добие вистинска континентална димензија преку партнерства со земји кои ги вклучуваат Турција, Обединетото Кралство и Украина, изјави италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето. Во коментари за италијанскиот дневен весник „Ла Стампа“ објавени денеска, Крозето се осврна на сигналите дека САД би можеле да го намалат својот ангажман во Европа, велејќи се ...
Министерството за здравство на Турција издаде предупредувања за граѓаните во врска со внесот на течности и исхраната поради зголемените температури и влажноста во текот на летните месеци. Во соопштението се советува избегнување на мрсна храна, пржена храна и печива колку што е можно повеќе, а се препорачува подготовка на оброците со варење, печење на скара, динстање или готвење во мала количина вода. Исто така, се препорачува зголемување на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ја „преземаат“ контролата врз Ормуската Теснина откако Иран објави дека преминот низ тој стратешки важен воден пат е затворен поради, како што изјави Техеран, непријателските активности на САД. „Ја преземаме теснината. Тие немаат ништо“, рече Трамп во телефонско вклучување во емисијата „Фокс енд Френдс“ на Фокс њуз. Американскиот претседател оцени дека Вашингтон требало да се ...
Претставничката на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, објави дека уште 250 лица и субјекти ќе бидат вклучени во рускиот режим на санкции. Калас: ЕУ санкционира уште 250 лица и субјекти поврзани со Русија Таа на мрежата Икс изјави дека одлуката ќе биде донесена со 21-от пакет санкции. „Ова е нашата најголема рунда индивидуални санкции од руската ...
Двајца мажи загинаа на плажата Ситон Керју во Хартлпул, Англија, откако влегоа во морето за да спасат две деца во неволја. Децата се безбедни и се пренесени во болница на преглед, објави полицијата во Кливленд, пишува Скај њуз. Несреќата е пријавена околу 15:45 часот, по што спасувачите од Кралската национална служба за спасување (RNLI), крајбрежната стража и екипите за итна медицинска помош излегоа на терен заедно со полицијата. Двајцата ...
Северна Кореја планира да ги прошири и зајакне своите нуклеарни вооружени сили, да ја модернизира воената инфраструктура и да ја зголеми борбената готовност на армијата. Мерките за модернизација на армиските капацитети биле донесени на проширена седница на Централната воена комисија на Работничката партија на Кореја, со која претседавал севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Како што објави севернокорејската државна агенција КЦНА, претседателот ...
Европската комисија денеска ја обвини компанијата Мета за кршење на законот за социјални медиуми поради дизајнирањето на Фејсбук и Инстаграм со што ги навлекува корисниците подолго да останат на платформите. ЕК и нареди на Мета да ги оневозможи „клучните функции што предизвикуваат зависност“. ЕК тврди дека Мета не успеала правилно да ги процени ризиците по физичкото и менталното здравје на корисниците, вклучително и на малолетниците, од ...
Кубанската национална електрична мрежа од синоќа повторно не испорачува струја. Тоа е втор прекин неделава, а четврти од почетокот на годината. Кубанското Министерство за енергетика на социјалните мрежи објави дека „се активираат протоколите за да почне процесот на закрепнување“. На 6 јули електрична енергија немаше низ цела Куба, при што беа погодени речиси 10 милиони луѓе. Во средината на мај без електрична енергија останаа источните ...
Четири републикански и демократски членови на американскиот Сенат соопштија на социјалните мрежи дека добиле одобрение од Белата куќа Конгресот да ги разгледа новите санкции против рускиот енергетски сектор. „Горди сме што можеме да објавиме дека постигнавме договор со администрацијата на Трамп за унапредување на нашето ажурирано законодавство во врска со санкциите против Русија“, наведоа републиканските сенатори Линдзи Грејам и Роџер Викер ...
Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители изразуваат сериозна загриженост поради непостапувањето на Уставниот суд по поднесените иницијативи за оценување на уставноста на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители, како и Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, со кои по третпат беа намалени коефициентите за пресметка на ...
На денешната седница во Собранието се обрати пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој посочи дека економската стабилност и спроведувањето на конкретни мерки се клучни за постигнување долгорочни резултати, нагласувајќи дека актуелните политики даваат позитивни ефекти врз состојбите во државата. „На Македонија и се потребни луѓе коишто испорачуваат стабилни долгорочни резултати. Додека ние нудиме ...
По големото разочарување и испаѓањето во групната фаза на Светското првенство, Уругвајската фудбалска асоцијација одлучи да сврти нова страница. Марсело Биелса ја напушта клупата, а националниот тим привремено ќе го преземе Диего Форлан, еден од најомилените играчи во историјата на уругвајскиот фудбал. Мандатот на Марсело Биелса заврши со целосен прекин на односите во тимот. По освојувањето на третото место на Копа Америка, очекувањата беа ...
Со освојувањето на Вимблдон, Јаник Синер направи уште еден голем чекор во потврдувањето на својата доминација во светскиот тенис, а воедно го зголеми и своето банковно салдо. Со одбраната на трофејот, Синер оствари значителна финансиска корист. За освојувањето на Вимблдон, тој доби награда од 4.172.510 евра, додека Зверев заработи 2.086.255 евра како финалист. Италијанецот го победи Александар Зверев во финалето и ја одбрани титулата на ...
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Лазаров Александар (41) од Кочани од татко Методи и мајка Даринка. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање од Основен суд Кочани за сторено кривично дело по член 215 став 1 вв.член 22 од Кривичниот законик. https://mvr.gov.mk/mk-MK/potragi Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Лазаров Александар (41) од Кочани од татко ...
На 12.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.И.(24), М.Ф.(28), М.К.(28) и Д.А. (18), сите од Скопје и Р.Ѓ.(20) од Гевгелија, затоа што кај нив се пронајдени марихуана и дробилка. На 12.07.2026 во 19:30 часот полициски службеници од ОВР Прилеп во населба „Точила“ во Прилеп го лишија од слобода Т.Т.(37) од Прилеп, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. На 13.07.2026 во ...
Во мај годинава, во земјава се евидентирани 131 723 туристи, од кои 106 756 странски, а 24 967 домашни, објави Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во мај изнесува 236 727, од кои 75.8 % се од странските, а 24.2 % од домашните туристи. Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2.6 %. Кај домашните туристи има намалување за 4.4 %, а кај ...
Пратеникот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска во изјава за медиумите истакна дека опозициските партии не сакаат нов Изборен законик, туку сакаат блокада. -Гледаме спротивни реакции на опозицијата денеска иако требаше да се одржи средба за изборниот законик. Тука доаѓаме до заклучок дека опозициските партии не сакаат нов Изборен законик, туку сакаат блокада. Со месеци се преговараше, над четири месеци, па кога требаше да се ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати кои ќе стапи на сила од полноќ. Согласоно одлуката, бензините поскапуваат за 1,50 денари, а дизелот за 5,50 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,00 ...