Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Четворица вработени на аеродромот во Франкфурт заболеле од маларија, а германскиот Институт „Роберт Кох“ соопшти дека се претпоставува дека биле заразени преку убод од комарец од видот анофелес, кој пристигнал во Германија преку авион. Сите четворица биле вработени во секторот за ракување со багаж на еден од најфреквентните германски аеродроми, пренесува „RTL Луксембург“. Случајот предизвика загриженост дека би можеле да се појават и ...
Во шумските пожари што избувнаа претходно оваа недела на околу 100 километри северно од Мадрид беа зафатени повеќе од 13.000 хектари, соопштија денеска локалните власти. Пожар во регионот Гвадалахара уништи 13.000 хектари земјиште и загрози повеќе од 700 луѓе, соопшти противпожарната служба надлежна за централниот регион на Шпанија. Околу 350 пожарникари и припадници на единицата за вонредни ситуации на шпанската војска, поддржани од 25 ...
По повод престојната посета на претседателката на Индија на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните на Охрид дека од денеска до 22 јули 2026 година кога индиската претседателка ќе престојува во Охрид, ќе се преземаат засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај. -Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците и други објекти за што се веќе остварени контакти со службите ...
Денеска (20.07.2026) во 08:40 часот на автопат Велес-Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишен од слобода е возач на товарно возило “волво” со прилепски регистарски ознаки, кој вршел вонгабаритен превоз на работна машина (дигалка со ширина 275 см) без одобрение за вонреден превоз а при извршен алкотест утврдено е присуство на алкохол ...
СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.М.(41) и Ј.Р.(34), двајцатa од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“ по член 186 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека на 17.07.2026 околу 21:45 часот покрај патот Горно Лисиче- Долно Лисиче со употреба на ...
Шпанија се подготвува за третиот топлотен бран ова лето, кој ќе започне во вторник, а се очекува температурите во поголемиот дел од земјата да надминат 40 Целзиусови степени, соопшти шпанската Државна метеоролошка агенција (АЕМЕТ). Овој топлотен бран дополнително ќе биде засилен од антициклон кој во текот на неколку дена ќе задржи сув и врел воздух од Северна Африка над Пиринејскиот Полуостров, подигнувајќи ги температурите на исклучително ...
До петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти УХМР. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне. Во Скопје, до петок ќе биде променливо ...
Полициски службеници од ПС Гостивар во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар лишија од слобода три лица во врска со сомненијата за загадување на водата во гостиварскиот водовод. Лишени од слобода се А.А. од с.Здуње – в.д. Директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар, В.Д. од с.Форино шеф на „Водовод и канализација и Л.Н. од с.Вруток – технички директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар. Надлежните институции продолжуваат да преземаат ...
Со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“, Собранието денеска ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври. Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Македонија. Со донесената ...
За надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, каде што е прогласена локална епидемија, Владата од денеска обезбедува по 50.000 литри вода за пиење дневно за населението, а Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги заврши анализите, кои во текот на денот ќе ги предаде на Јавното обвинителство. Дистрибуцијата на водата се реализира преку Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР). Директорот на институцијата, Ивица ...
Во рамки на активностите на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во текот на викендот беа реализирани засилени координирани акции на територијата на целата држава. Во рамки на акцијата беа извршени 13 претреси, 197 прегледи на возила и 295 прегледи на лица, при што од слобода беа лишени 13 лица. Притоа, пронајдени и одземени се 79 пакувања со наркотични материи, како и пиштол „Глок 17“ со муниција. ...
Во текот на изминатиот викенд (18/19.07.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1415 издадени платни налози, 298 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 58 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 28 ...
Филипче нема легитимитет и кредибилитет да говори за здравствениот систем. Кога Филипче зборува за здравство, граѓаните се сеќаваат на модуларната болница во Тетово и на 14-те живо изгорени граѓани, кои наместо да им се продолжи животот, на истите прерано им заврши поради немање на минимум технички спецификации, кои Филипче не ги испорачал, посочи пратеникот Бране Петрушевски. Кога Филипче зборува за здравство, на граѓаните им текнува на ...
Постапувањето на Јавното обвинителство во следниот период треба да биде брзо и експидитивно. Колку што е важно навременото постапување од страна на надлежните институции, толку е важно и утврдувањето на одговорност со цел никогаш повеќе да не се случуваат вакви состојби, изјави денеска владината портпаролка Марија Митева во однос на случувањата во Гостивар каде е прогласена епидемија по зголемениот број на пациенти со стимачни тегоби. Митева ...
Во ниту еден момент немало криење на информации од Министерството за здравство за состојбата во Гостивар, изјави денеска миинистерот за здравство Сашо Клековски. – Јас бев првиот што во саботата информирав дека првите случаи се регистрирани на 13 јули. Министерството за здравство и јас ќе продолжиме транспаретно да ги соопштуваме податоците бидјеќи немаме што да криеме, рече Клековски на денешната прес-конференција во Владата. Првата службена ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во ...
На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, додека пак на преминот „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ укажува дека на грчката страна од премините времето на чекање постојано варира и ...
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение ја обвини локалната власт во Гостивар, предводена од коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари, дека не презела навремени мерки и не понела одговорност по случајот со загадената вода за пиење, поради кој голем број граѓани побараа лекарска помош. Од партијата наведуваат дека за време на локалните избори граѓаните добиле ветувања за подобри услови за живот, но наместо тоа, како што тврдат, се соочиле со ...
Три лица кои вчера беа пријавени за исчезнати, се пронајдени починати синоќа во превртено возило „Мерцедес” на патот ГП Блаце – Скопје, соопшти МВР. – На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце – Скопје има превртено возило „мерцедес” со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и е утврдено дека во возилото има три починати лица (едно машко и две женски ...
Владата продолжува со конкретни активности за справување со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар. Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Велес, соопшти дека Владата денеска ќе испорача дополнителни 60.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар. Мицкоски нагласи дека водоснабдувањето е во надлежност на локалната самоуправа, но дека Владата не дозволила граѓаните да ...
Помалку од една недела по воведувањето на правилото дека на работа не се зборува за политика, технолошката компанија „Basecamp“ остана без третина од своите вработени. Заминаа и оние кои се на водечки позиции. „Basecamp“ е софтверска компанија која, меѓу другото, стои зад иновациите како што е развојната рамка за мрежата „Ruby on Rails“. Во блогот, кој во меѓувреме стана контроверзен, ко-основачот и извршен директор Џејсон Фројд објави ...
Во секоја врска има добри и лоши денови, но во некои врски лошите денови се многу побројни и почести отколку во други. Ако често се замислувате дали исчезнале љубовта и страста од вашата врска и чувствувате дека со секој изминат ден вашите односи со партнерот се сè поладни, тогаш најверојатно треба сериозно да размислите дали имате заедничка иднина. Не сте сигурни каде се движи вашата врска? Еве кои знаци укажуваат на тоа дека врската ви е во ...
За трошење пари Дури и најхармоничните парови влегуваат во дискусија за тоа како ќе ги потрошат своите тешко заработени пари. Овој проблем е често подлабок од самиот факт дали можете да си дозволите нешто или не. Честопати станува збор за кавга за различен систем на вредности, објаснува Хајтлер. Следниот пат кога вашиот партнер сака да купи нешто, а вие не се согласувате (или обратно), видете дали лицето кое се противи на купувањето треба да ...
Нетфликс го купи „InterPositive“, стартап од областа на вештачка интелигенција основан во 2022 година од актерот и режисер Бен Афлек, во договор вреден дури 587 милиони долари. Според „Блумберг“, конечната вредност на аквизицијата би можела да достигне 600 милиони долари, доколку се исполнат однапред дефинираните деловни цели, што го прави овој договор една од најголемите инвестиции во вештачка интелигенција во филмската индустрија. ...
Шведската модна компанија „Ејч енд ем“ (H&M) објави во својот полугодишен извештај дека ќе затвори 170 продавници ширум целиот свет оваа година за да го приспособи своето работење на моментните пазарни услови. „Ејч енд ем“ во извештајот наведе дека во годината до 31 мај веќе го намалила бројот на своите продавници за 128 малопродажни објекти, од 4.166 на 4.038 продавници. Тоа претставува намалување од три отсто, а брендот истовремено ...
Англија од април идната година ќе забрани продажба на енергетски пијалаци со висока содржина на кофеин на лица помлади од 16 години. Со забраната ќе бидат опфатени сите пијалаци што содржат повеќе од 150 милиграми кофеин по литар. Дозволеното количество е еквивалентно на кофеинот во две кафиња или четири кока-коли. Мерката ќе важи за продажба во барови, продавници, преку автомати и онлајн. Некои големи супермаркети на сопствена иницијатива ...
Фудбалската репрезентација на Шпанија е нов светски шампион, откако во финалето на стадионот „Метлајф“ ја совлада Аргентина со 1:0 по продолженијата. Херој на шпанската репрезентација беше Феран Торес, кој во 106. минута го постигна единствениот гол на натпреварот и ѝ го донесе највредниот трофеј на својата земја. Фудбалската репрезентација на Шпанија е нов светски шампион, откако во финалето на стадионот „Метлајф“ ја совлада Аргентина со ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска вети дека Германија ќе „ѝ подаде рака“ на Франција и ќе соработува со идниот претседател на земјата, без оглед на тоа кој ќе победи на изборите следната година, и покрај анкетите кои предвидуваат успех на кандидатката на крајната десница Марин ле Пен. – Германија секогаш ќе ѝ подаде рака на Франција за подлабока соработка заснована на доверба, без оглед на одлуките што ќе ги донесат гласачите во двете ...
Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРЦГ) денеска предупреди дека ќе продолжи со нападите сè додека САД не ги прекинат нападите врз јужниот дел на Иран и во Ормуската Теснина. -Нашите ефикасни и прецизни напади, што се изведуваат од целата територија на Иран против непријателот, ќе продолжат сè додека не се воспостави мир долж јужниот брег на земјата и воо Ормуската Теснина, напиша на социјалните мрежи командантот на ...
Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, предложи мировната мисија на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) чиј мандат наскоро истекува, да биде заменета со сили на Европската унија, со цел да се спречи создавање безбедносен вакуум. „Би требало во рамки на Европската унија да ја разгледаме дали можеме со европски мандат да спречиме настанување безбедносен вакуум по завршувањето на мисијата УНИФИЛ“, изјави Вадефул во интервју за ...