Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Белата куќа има мировен план за Украина и тоа во соработка со Русија, објави американскиот портал Аксиос (Axios). Планот содржи 28 точки по примерот на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот во Појасот Газа. – Слично на планот за Газа, предлогот се состои од „мир во Украина, безбедносни гаранции, безбедност во Европа и идните односи на САД со Русија и со Украина, наведе Аксиос повикувајќи се на неименувани извори. ...
Ние поддржуваме долготраен и праведен мир во Украина и ги поздравуваме сите напори за остварување на таа цел, но многу е јасно дека за да се постигне тоа потребно е учество и на Украинците и на Европејци, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас пред почетокот на Советот за надворешни работи на Европската Унија во Брисел. – Мора да сфатиме дека во оваа војна има еден агресор и една жртва, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе работи на завршување на војната во Судан откако саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман Ал Сауд го замоли да интервенира во решавањето на конфликтот. „Веќе почнавме да работиме на ова прашање“, рече Трамп за време на конференцијата на Инвестицискиот форум САД-Саудиска Арабија, еден ден по средбата со саудискиот државник во Белата куќа. Претседателот на САД рече дека почнал подетално да ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски, на неговиот профил на Фејсбук напиша дека имал многу сериозен разговор со американските претставници кои му ги презентирале нивните предлози за завршување на војната. „Од првите денови на војната ние сме на многу чиста позиција: на Украина и треба мир. Вистински мир, кој нема да биде прекршен со уште една инвазија. Достоинствен мир под услови кои ја почитуваат нашата независност, нашиот суверенитет и ...
Тешко е да се најдат вистинските зборови да се простиш засекогаш кога ќе си замине млад човек што само со своето тивко присуство, посветеност и работна етика придонесе толку многу за организацијата, ја соопштија од ВМРО – ДПМНЕ тажната вест вечерва. – Денес се простуваме од наш сопартиец, пријател и човек кој беше пример за добрина, чесност и посветеност. Филип ќе остане запаметен по неговата искреност, неговата насмевка и начинот на кој секогаш ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик против 30-годишен скопјанец. Тој на 14 ноември на булеварот „Партизански одреди” и околните улици, со општоопасно средство, предизвикал значителна опасност за животот и телото на италијански државјанин. Оштетениот управувал автомобил „Алфа Ромео Тонале“, со италијанска регистарска ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година, по успешните средби во Брисел. Заедно со министрите Тимчо Муцунски и Зоран Љутков, Ѓорѓиевски оствари значајна средба со еврокомесарот Глен Микалеф, каде ја претстави подготвеноста на градот да влезе во нова ера на европски стандарди и трансформација. Градоначалникот најави историска трансформација на градот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го поздрави одобрувањето на резолуцијата подготвена од САД во Советот за безбедност на ОН, со која се поддржува неговиот мировен план за Газа, оценувајќи го како историски пробив. „Ова ќе влезе во историјата како едно од најголемите одобрувања во Историјата на Обединетите нации, ќе доведе до понатамошен мир низ целиот свет и е момент од вистински историски размери“, напиша Трамп на Трут Соушл. Советот ја ...
Русија и Соединетите Американски Држави разговарале за можноста за спроведување на уште една размена на затвореници, јави американскиот портал „Аксиос“, повикувајќи се на изјава од специјалниот руски пратеник Кирил Дмитријев. Неименуван американски официјален претставник ја потврдил отвореноста на САД за идејата, но предупредил дека не е постигнат непосреден договор. Разговорите се одржале за време на посетата на Дмитријев на САД од 24 до 26 ...
Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се обрати на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието каде се осврна на опозициската СДСМ, при што истакна дека истата нема јасен став за линеарното зголемување на пензиите, со оглед на тоа што еден ден го поддржуваат, друг ден го критикуваат. ,,Очигледно е молчењето на СДСМ, кое што е стратегија откако влетаа во офсајт. Дали СДСМ и пратениците на СДСМ, го поддржуваат ...
Во текот на вчерашниот ден, во Европскиот парламент учествував на Европската лидерска конференција и свое обраќање имав на панелот посветен на стабилноста на Балканот и Европска безбедност, информира владината портпаролка Марија Митева. -Недвосмислено истакнав дека европска безбедносна иднина не може да биде комплетна без Западниот Балкан. Македонија, но и регионот, имаат долг пат зад себе, исполнет со предизвици, неуспеси и моменти на сомнеж, ...
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро синоќа изјави дека е подготвен да има „приватен“ разговор со својот американски колега Доналд Трамп. Мадуро ја даде изјавата откако Трамп рече дека е подготвен да се сретне со венецуелскиот лидер и покрај тоа што САД распоредуваат флота воени бродови во Карипското Море како дел од нивната операција против трговијата со дрога. -Во САД, секој што сака да разговара со Венецуела може да разговара со нас лице ...
Белгија нема да биде оставена сама да се соочува со евентуалните ризици доколку биде постигнат договор за користење на замрзнатите руски суверени средства за поддршка на Украина, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во писмо упатено до шефовите на држави или влади на членките на ЕУ. Во писмото, кое „протече“ до некои медиуми, Фон дер Лајен се осврнува на можните опции за обезбедување на средства за финансиска ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неколку министри од Кабинетот синоќа ги осудија новите напади од страна на радикалните израелски доселеници на окупираниот Западен Брег. Нетанјаху рече дека мала екстремистичка група е одговорна за насилството и дека таа не го претставува поширокото население на доселеници. Министерот за надворешни работи Гидеон Саар изјави дека „еврејските бунтовници“ ѝ штетат на државата Израел и предизвикуваат штета на ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави дека е подготвен да изврши напади во територијата на Мексико доколку е потребно за да се спречи криумчарењето нелегални наркотици во САД. – Дали би наредил напади на Мексико за да ја запреме дрогата? За мене тоа е во ред. Што и да е неопходно за да ја запреме дрогата. Го набљудував Мексико Сити за време на викендот. Таму има сериозни проблеми, рече претседателот на САД вчера во ...
Палестинската милитантна група Хамас ја отфрли резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се поддржува мировниот план за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека таа не ги исполнува политичките и хуманитарните барања на Палестинците. „Резолуцијата наметнува механизам за меѓународно старателство врз Појасот Газа, што нашиот народ и неговите фракции го отфрлаат“, објави групата на Телеграм. Мировниот план на Трамп, ...
Уште еден случај за затруено дете во Куманово, евидентира СВР Куманово. Станува збор за четиригодишно дете, кое испило повеќе таблети. Од кумановската општа болница укажуваат дека по пружената помош детето е стабилизирано и е транспортирано во Клиника во Скопје. Ноќеска во 04:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Ургентен центар Куманово за укажување на лекарска помош е донесено четиригодишно годишно дете од Куманово, кое во домот испило ...
Косовската претседателка Вјоса Османи денеска потпиша указ за распуштање на Парламентот на земјата, јави весникот „Коха диторе“. До распуштање на Парламентот дојде откако вчера пропадна вториот и последен обид за формирање влада во Косово. Земјата западна во политичка криза по парламентарните избори одржани на 9 февруари 2025 година, откако ниту една од партиите не освои мнозинство од 61 глас во 120-члениот Парламент. Според косовскиот Устав, ...
На 18.11.2025 околу 15.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„52“ и ул.„49“ во населба Стопански двор во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од 35-годишната Л.Б. од Германија и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(51) од Скопје. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото ...
„Подносител на овој амандман е Венко Филипче, зошто е потпишан Венко Филипче? Заради тоа што неговиот брат Никола Филипче, има компанија којашто произведува алтернативни извори на електрична енергија. 2025 година менување на детален урбанистички план во општина Дојран, каде што тие имаа градоначалник и инсталирање од фотонапонска централа од 23.000 м2, за да се купи 130.000 евра струја, знаете ли кој е сопственик на таа централа? Никола Филипче ...
На 19.11.2025 околу 00:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска бригада“ и ул.„Пролет“ во Скопје, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.Х.(23) од Турција, изгубило контрола и удрило во рекламен билборд. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.А.Е.(18) од Турција, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР ...
Се уште формално е активна сметката на Црвениот крст за донации за семејствата на настрадните во Кочани и во моментов на сметката има околку 11 милиони денари, изјави денеска генералниот секретар на Црвениот крст на Северна Македонија Саит Саити, одговарајќи на новинарско прашање. Саити појасни дека поголеми приливи на сметката не се случуваат. – Тоа што го направивме како Црвен крст ги поделивме сите средства. Во моментов на сметката на ...
До недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, соопшти УХМР. Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат. Во Скопје, до недела ...
ОВЕН Овој викенд ќе бидете доста емотивни и чувствителни, но не во негативна смисла. Обрнете посебно внимание на луѓето што ги сакате, фокусирајте се на заедничките проблеми, но и на оние што ги мачат да ги подобрат односите и да ги доведат на подобро ниво. Вечерта очекувајте романса, обидете се да останете фокусирани за да можете во мир да разберете што сака другата страна. БИК Размислете повторно за парите што планирате да ги инвестирате или ...
Норвешка е последната репрезентација која досега обезбеди учество на мундијалот 2026 година, на кој ќе партиципираат 48 земји. Најголем број на познати учесници од квалификациите до овој момент има од Африка – 9, потоа од Азија – 8, а од Европа се сигурни 5 репрезентации кои ќе им се придружат на домаќините САД, Канада и Мексико. Засега е познато дека на мундијалот ќе има и три дебитанти: Узбекистан, Јордан и Зеленортски острови. Кој се досега ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден ќе расправа по амандманите за Предлог-буџетот за 2026 година. За Предлог-буџетот се поднесени околу 200 амандмани. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Државата планира 374,7 милијарди денари вкупни приходи, 413,9 милијарди денари вкупни расходи, како и 40,5 милијарди денари капитални инвестиции. Во Собранието ...
Фудбалската репрезентација на Македонија вторпат во низа ќе игра во баражот за Светското првенство. На денешната ждрепка во Цирих македонската фудбалска репрезентација ја доби Данска за полуфинален ривал во баражот за учество на Светското првенство. Македонија ќе гостува кај Данците на 26 март. При победa финалниот бараж натпревар за место на Светското првенство се игра на 31 март. При победа и изненадување против скандинавците, македонските ...
Детално периодот го проучувам овој случај, вклучително и делот со буџетот кој што се одвојува за обвинителството и судството, дури и Венецијанска комисија има забелешки за тој член каде што се определува буџетот за судскиот буџет, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Мицкоски посочи дека не гледа причина да се зголеми буџетот за судството, затоа што, како што рече, Македонија како држава, одвојува ...
Со интензивно темпо продолжуваат средбите на министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“. Денеска тој оствари работна посета на Општина Виница, каде со градоначалникот Митко Костадиновски и претставниците на Советот на општината разговараше за приоритетите, она што е потребно на општината и можностите за поддршка во наредниот период. Во фокусот на разговорите беше и работата на ...
Денеска се обратив на настан организиран од страна на Црвениот крст, каде беа промовирани регионалната платформа „Соседите помагаат први“ и новоформираната Интервентна единица за одговор при катастрофи на Црвениот крст, објави министерот за одбрана Владо Мисајлвски. Министерството за одбрана и Армијата остануваат посветен и доверлив партнер во јакнењето на националната и регионалната безбедност. Ова е уште еден чекор плус во зајакнувањето на ...