Дваесетгодишник е осомничен дека завчера на обиколница Скопје во близина на клучката кај Стајковци, извршил грубо насилство врз едно лице и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишникот за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а доставен е и предлог за притвор. Јавноното обвинителство денеска ...

Денес, на лажни профили и преку пропагандни медиуми, беа објавени видео-снимки со цел да ја поврзат нашата иницијатива „Кој е следен?“ со еден онлајн разговор помеѓу група студенти и девојка од Србија, велат во соопштението од иницијативата.. Нашата иницијатива нема никаква поврзаност со тој повик, ниту сме биле вклучени во какви било разговори за формирање на нови студентски организации. Доволно е да се погледне самата снимка – името „Кој е ...

На Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје во моментов се лекуваат десет пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, од кои на шест веќе им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници, информираше денеска директорот на Клиниката, Небојша Настов на заедничката прес-конференција со портпаролите на Владата, Марија Митева и Венера Љатифи Азизи, како и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. Како ...

Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена ги направиле инспектори за патен сообраќај, неправилности се утврдени кај 21 правно и физичко лице и им се изречени соодветни казни. Министерство за транспорт –Државен инспекторат за транспорт денеска информира дека инспекциските надзори биле спроведени согласно нивниот Акциски план и дека за утврдените неправилности ќе бидат информирани Министерството за внатрешни ...

Како што поминува Великиот пост, верниците често стануваат помалку внимателни и ја губат од вид неговата вистинска цел. Еве десет од најчестите грешки кои можат да ја ослабат духовната вредност на постот и начините како да ги избегнете. Многумина го гледаат постот само низ призмата на исхраната, додека всушност неговата суштина лежи во молитвата, покајанието и духовниот раст. Постот не е само воздржување од одредена храна, туку и лоши мисли, ...

Во земјава моментално се лекуваат 54 пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако во текот на вчерашниот ден на домашно лекување беа испратени 10 пациенти. Според информациите кои денеска ги соопшти министерот за здравство Арбен Таравари по состанокот на Кризниот штаб за состојбата на пациентите, на Клинички центар се лекуваат 27 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ – 11 пациенти, во Градска општа болница – 10 пациенти, додека на ...

„Солун е со тебе Кочани“; „Нивните профити или нашите животи“; „Едни иселивте, а тие што останаа ги убивте – Кочани 16.03.2025“; „Репертоарот е со години ист, настапува корупција, а народот е публика“; „Осамна пролетно утро сончево, а сончевите зраци денес темни црнила“, беа дел од пораките на паноата на Македонците кои точно напладне се собраа на плоштадот „Аристотел“ во Солун за да им оддадат почит на жртвите во трагичниот пожар во дискотеката ...

Српскиот патријарх Порфириј одржа синоќа во храмот Свети Сава во Белград молитва за загинатите во пожарот во Кочани и за шеснаесеттата жртва на несреќата на железничката станица во Нови Сад, Вукашин Црнчевиќ, јави допписникот на МИА од Белград. „Вечерва се помоливме за сите оние кои трагично загинаа во Северна Македонија, во Кочани, како и за шеснаесеттата жртва под црната и трагична настрешница во Нови Сад, за Вукашин“. „Се молевме вечерва и ...

Македонците кои живеат и студираат во Солун, точно напладне организираат собир „Солун во молк за Кочани“ на централниот плоштад „Аристотел“ за да им оддадат почит на жртвите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, јави дописничката на МИА од Атина. Македонците кои ја покренаа иницијативата за МИА откриваат дека планираат 60-минутен молк, по една минута за сите 59 жртви кои трагично загинаа во дискотеката „Пулс“, но и една минута молк за ...

Американското Министерство за одбрана денеска објави нови упатства за тоа како ќе ја спроведе забраната на американскиот претседател Доналд Трамп за трансродовите лица да служат во војска и побара од федералниот судија да ја поништи неговата неодамнешна наредба за блокирање на забраната. Во меморандумот од Канцеларијата на потсекретарот за одбрана се наведува дека Министерството за одбрана ќе ги прегледа медицинските досиеја на припадниците на ...

Голем пожар на отворено беснееше кај Струмица на потегот од месноста Софилар, градските гробишта и селото Баница, каде беа загрозени куќи. Сите пожарникари на ТППЕ Струмица беа на терен и се обидуваа да ја скротат огнената стихија која неконтролирано се ширење во повеќе правци. Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, пожарот почнал да се шири и кон патот Струмица-Радовиш, во правец на селото Василево. -Ангажирани се сите капацитети ...

Иако тироидната жлезда е мала жлезда што се наоѓа на предниот дел на вратот, нејзината функција има клучна улога во одржувањето на рамнотежата на телото. Тироидната жлезда ги произведува хормоните Т-3 (тријодотиронин) и Т-4 (тироксин), коишто преку крвта се пренесуваат до сите клетки и ја регулираат нивната функција. При нарушување на тироидната жлезда, има различни симптоми и тие се манифестираат на повеќе начини. Препознавањето на ...

По сообраќајната несреќа во кое учествувало возило на Армијата се огласија од МО. -Денеска на патниот правец Штип – Кочани во 13:00 часот, армиско воено возило „Ланд ровер дефендер“ со тројца припадници на Армијата, при извршување на редовни планирани активности (смена на стража) учествувало во сообраќајна незгода, односно армиското возило било удрено од цивилно возило во задниот дел. Притоа тројцата припадници се полесно повредени и се ...

Кај дел од настраданите во пожарот во Кочани се утврдени изгореници од прв и втор степен, но кај три лица имало и изгореници од четврти степен, а кај четворица се констатирани скршеници на ребра и задушување од притисок при бегање (стампедо), а повреди од евентуално срушени греди нема. Кај сите 59 жртви при идентификацијата биле користени две методи, ДНК анализа и дактилоскопија, но кај четворица било невозможно да се добијат отисоци поради што ...

Со темни дресови во знак на почит кон жртвите од катастрофалниот пожар во Кочани ќе настапат македонските фудбалери на утрешниот натпревар против Лихтенштајн во Вадуз во рамки на мундијалските квалификации. На трибините на стадионот „Рајн Парк“ се очекува над 1.000 навивачи да ја бодрат македонската репрезентација до кои преку социјалните мрежи се апелира да бидат облечени во црно и со себе од навивачки реквизити да понесат само знамиња и ...

Владата има намера целосно да забрани употреба на пиротехнички средства во затворен простор. Службите во рамки на МВР се задолжени да изготват документација со која би се направиле измени на легислативата што го уредува тоа прашање. Тоа денеска пред медиумите го посочи министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Одговарајќи на прашања на новинарите, Тошковски истакна дека веднаш со почетокот на истрагата во врска со несреќата во дискотеката ...

Како Влада апелираме и замолиме да не се шпекулира со информации дека на семејствата и пациентите им е потребна финансиска поддршка за лекување затоа што тоа не е вистина, на сите пациенти лекувањето им е и ќе им биде обезбедено од страна на државата, порача портпаролот на Владата Марија Митева на денешната прес-конференција. -Како Влада будно ја следиме и состојбата на социјалните мрежи каде најпрво морам да кажам дека сочувството, емпатијата, ...

На Клиниката за токсикологија досега проциркулирале 20 пациенти кои вдишале отровни гасови при стравичниот пожар во дискотеката во Кочани што се случи во неделата во раните утрински часови. Од нив 13 заради влошување на состојбата или заради потреба од механичка вентилација биле префрлени на други клиники, претежно на Клиниката за интензивно лекување, односно на КАРИЛ, а некои се транспортирани надвор од државата. На Токсикологија во моментов се ...

Тројца припадници на Армијата имало во возилото што се преврте на патот Штип-Кочани и сите се полесно повредени, соопшти Генералштабот на Армијата. Во возилото, како што пишува во информацијата, удрило цивилно возило. – Денеска на патниот правец Штип – Кочани во 13:00 часот, армиско воено возило „Ланд ровер дефендер“ со тројца припадници на Армијата, при извршување на редовни планирани активности (смена на стража) учествувало во сообраќајна ...

Едно лице е потешко повредено во сообраќајна незгода што се случи кај надвозникот кај Соколарци на експресниот пат Штип – Кочани, јавува МИА. Повредениот од Болницата во Кочани е префрлен во Болницата во Штип. Превртено е воено возило, но засега нема информации како дошло до несреќата. Од Армијата потврдуваат дека се случила сообраќајна незгода но повеќе детали најавуваат за подоцна. Сообраќајот се пренасочува по стариот пат Штип-Кочани и по ...

Просечната исплатена нето плата во јануари во земјава изнесува 43.050 денари и е повисока за 8,9 проценти во однос на јануари минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Зголемувањето се должи на просечната исплатена плата во секторите Уметност, забава и рекреација, Административни и помошни услужни дејности и Образование. Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е ...

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле – Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. -Сите осомничени во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, заеднички но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности, воопшто не постапиле според ...

Од издадени над 1.100 лиценци, Министерството за транспорт досега изврши контрола на 643 лиценци согласно Законот за градење и урбанистичко планирање поради што кај 97 лиценци е констатирано дека по издавањето, правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои се издадени поради што ќе се донесат решенија за одземање на лиценците, најави денеска министер за транспорт Александар Николоски. Како што појасни на ...

Црвениот крст на Северна Македонија информира дека досега се собрани 43.149.360 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани и за нивните семејства. – Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме хуманоста и солидарноста за настраданите од пожарот во Кочани. Упатуваме голема благодарност до сите кои донираа и ве информираме дека сме во фаза на подготовка за првична исплата на собраните средства за најитните потреби наменети за ...

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани, информираат од Јавното обвинителство на РСМ. Деталите за истрагата, осомничените и предложените мерки за обезбедување, како што е најавено, ќе бидат соопштени денеска напладне на прес-конференција пред зградата на ОЈО Кочани. Основниот суд во Кочани, претходно ...

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е генерално бесплатно. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулации дека се собираат пари за лекувањето, тој одговори дека нема потреба за изнесување невистини. -Генерално во 99 проценти е бесплатно лекувањето и нема потребаа никој да собира пари.Така што, нема потреба за шпекулации и за невистини. Ова е вистината која ...

Судот на правдата на Европската Унија ја казни Бугарија со 1,59 милиони евра поради доцнење од 885 дена во усогласувањето со Директивата на ЕУ за чисти и енергетски ефикасни возила во патен транспорт. Властите во Софија пред Судот тврдеа дека навременото усогласување со Директивата 2019/1161 било „објективно невозможно“, поради политичката нестабилност предизвикана од неможноста да се формира стабилна Влада, како и поради Ковид пандемијата, но ...

Новиот „Извештај за среќата во светот“ на Обединетите Нации ја рангираше Финска на првото место осма година по ред. Финците го оценуваат својот живот како особено задоволувачки со просечна оценка од 7,74 од можни 10 поени. Овој, 13-ти годишен Извештај, објавен по повод Меѓународниот ден на среќата на ОН, ги рангира најсреќните и најнесреќните земји во светот, прашувајќи ги луѓето да го оценат својот живот на скала од 0 до 10. Студијата, објавена ...

Министерството за дигитална трансформација (МДТ) апелира на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници. – Во овие најтешки моменти за македонската држава и народ од нејзиното осамостојување, како Министерство надлежно за уредување на прашањата поврзани со медиумите и медиумското работење, апелираме на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници. Недопустливи се заканите упатени кон ...

Два земјотреси со јачина од 2,7 и 2,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погодија Србија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод, пренесува телефраф.рс Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди населбата Гоч во општина Врњачка Бања во 7 часот и 18 минути, на длабочина од шест километри. Вториот земјотрес, во 7 часот и 20 минути, со јачина од 2,9 степени ја погоди истата локација на длабочина од 10 километри. ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
42%
1011
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
2.57
47%
1011
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
5.66
34%
1012
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
67%
1012
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
4.68
77%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
71%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
3.13
51%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
55%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
42%
1015
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 16ᴼ
7.72
69%
1013
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
1.54
83%
1012
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
6.17
59%
1013
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52