Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Започна реконструкцијата на спортската сала при ООУ „Димитар Влахов“ во Штип која ќе се врши во неколку фази. Во 1984 година кога била изградена оваа училишна сала досега истата не била реконструирана, како што истакна градоначалникот Јорданов преку ресорното министерство за образование и преку средства од Светска банка се издвоени десет милиони денари за целосна реконструкција на оваа училишна спортска сала. „Започнуваат активностите за ...
Учениците кои отсуствуваат од настава подолго од три недели, затоа што се на болничко лекување, можат да го продолжат образованието преку онлајн вклучување во наставата во реално време во својот клас, да ги користат доставените материјали и задачи од наставникот или пак, наставникот да организира индивидуална настава во зависност од состојбата на ученикот, по прилагодена наставна програма на таквата состојба и за тоа да се користат постојни ...
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители. Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта. Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето на домашното производство и ...
Денес, директорите на Управата за јавни приходи и Фондот за здравствено осигурување одржаа заедничка прес-конференција на која го презентираа извештајот од спроведените заеднички контроли. Во ноември 2025 година извршени се заеднички контроли со Управата за јавни приходи (УЈП) во 49 ПЗУ (33% од вкупниот број договори). Контролите, како што беше истакнато, биле извршени поради зачестени претставки од осигуреници за наплата на средства за ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека решение за воздухот во Скопје е системско решение кое ќе понуди алтернативен начин за загревање на домовите на граѓаните од источниот и западниот дел на градот каде што нема мрежа за централно парно греење. Тој денес кажа дека дислокација не е проблем за Владата, но решението смета дека треба да е системско и сеопатно оти има градови во кои нема такви големи капацитети, а загадувањето е високо. „Што се ...
Денеска во просториите на Министерството за животна средина и планирање се одржа координативна средба на која покрај министерот Мухамед Хоџа, присуствуваа и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање – Ане Лашкоска, директорката на Државниот инспекторат за животна средина – Ивана Гиновска, како и одговорни лица за квалитет на воздухот во министерството. Министерот Хоџа побара од директорката Гиновска информации во врска со ...
Намалена видливост поради појава на магла од 60 – 70 метри има на планинскиот превој Стража, до 50 метри на планинскиот превој Плетвар, од 15 – 20 метри во Крушево и до 20 метри на патниот правец Бунец – Маврови Анови. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, говорејќи за економската состојба во државата, предупреди дека следната 2026 година ќе биде исклучително тешка и кризна за државата и за граѓаните, со нови поскапувања, зголемено задолжување и продлабочување на сиромаштијата. „Ќе имаме многу кризна година. Ќе следи година во која ќе треба да се задолжиме најмалку дополнителни 2 милијарди евра. И тие задолжувања ќе бидат ...
Управата за јавни приходи во врска со најавениот протест во Куманово за ретроактивно оданочување на приходи остварени во странство, известува дека постапувајќи согласно Уставот, законите и меѓународните договори што ја обврзуваат Република Северна Македонија, има обврска да обезбеди еднаква примена на законските правила за сите граѓани. „Затоа, пред сè, сакаме јасно и недвосмислено да појасниме дека согласно Законот за данок на личен доход, ...
Mozzart ја покрена кампањата за одговорно обложување. „Ајде да зборуваме за одговорноста – колку сме одговорни кон себе и колку сме одговорни кон луѓето што ги сакаме. Одговорноста е привилегија која нè прави победници, не само на теренот, туку и во животот. Постави мерка, почитувај ја, уживај во спортот, но не дозволувај да те повлече во нешто што не е игра. Играј одговорно, биди победник“, порача познатиот водител Димитар Атанасовски. Овие ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешен брифинг со медиумите изјави дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува синхронизирана и временски координирана акција за уривање на СДСМ одвнатре, токму во период кога партијата, како што рече, отвора прашања за криминал и корупција во врвот на власта. Филипче наведе дека во јавноста се активирале поранешни функционери и лица кои повеќе не се дел од СДСМ, вклучително и лица кои преминале во ЗНАМ, и оцени дека ...
Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи е нераскинлива алка во тој еден процес, истакна премиерот Христијан Мицкоски на промовирањето на новите возила за униформираната полиција. „Би сакал да им честитам на вработените во Министерството, на министерот, на луѓето коишто го водат ова Министерство, за успешно завршената набавка, за успешно ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на брифинг со новинарите остро ја критикуваше актуелната власт за, како што рече, целосна насоченост кон тендери и грижа исклучиво за сопствените интереси, наместо за потребите на граѓаните. „Што прави власта во меѓувреме? Се грижи само за своите луѓе. Видовме примери 161 тендер доделени на една компанија, во вредност од 5,3 милиони евра. Друга компанија добила договори во износ од 9 милиони евра, ...
Денеска во Министерството за европски прашања беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања, по вчерашната одлука на Собранието, со што Беким Сали ја презеде должноста од досегашниот министер Орхан Муртезани. На средбата во рамки на примопредавањето беше направен осврт на тековните активности и утврдените приоритети од европската агенда. Орхан Муртезани му посака успешен мандат на својот наследник, додека новиот ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Турција, Фатих Улусој. На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Трукије кои традиционалнo се пријателски и значајни за двата народи. На средбата се разговараше за инвестиционата политика на Владата, ставајќи фокус на планираните инфраструктурни проекти, а се отвори и прашањето за ...
Заврши есенската полусезона во Втората футсал лига – есенски шампион е Железарец, ланскиот прволигаш со учинок од шест победи, едно реми и еден проаз собра 19 бодови и заврши како прв. Одлична есенска полусезона имаше и Каршиака, тимот е втор со 18 бодови, само бод помалку од лидерот, а пак ланскиот прволигаш Црна Река од Кавадарци заврши трет со 17 бодови. Одлична есен заокружи дебитатот Фудбал Старс од Кочани со 15 бодови, а тимот има пет ...
Работнички по четврти пат сезонава назначува нов тренер, лошите резултати и фактот што тимот од Дебар Маало е на претпоследното место со само седум бодови и сериозно е доведено во прашање задржувањето на прволигашкиот статут резултираше со тренерски промени. Младиот стратег Муарем Муарем е нов предводник на Работнички, тој доаѓа во период кога скопскиот прволигаш се раздели со неколку играчи, па сега ќе има време да бара квалитетни ...
Екипата на Овче Поле СУ од Свети Николе заврши на делба на второто место во Првата женска ракометна лига и ќе води пролетна битка да остане на второто место кое води кон баражот за влез во Суперлигата, со оглед на тоа дека непоразениот лидер Атлетик веќе прави сериозни бодона предност на врвот. Меѓутоа, тимот од Свети Николе го има најдобриот стрелец во лигата – Анастасија Сентовска оваа есен за Овче Поле СУ постигна фантастични 104 погоди на ...
Неочекуваниот пораз на Форца од штипски Мал Ајакс направи да поискусните играчи заминат од шампионот. Овој пораз Форца „скапо“ ќе го плати бидејќи може да остане без титула. Клубот од Куманово најпрво загуби со 6:1 од есенскиот шампион Проект во Гевгелија, додека пак во последното есенско коло загуби од Мал Ајакс, откако штипјани славеа со 5:6. Клубот остана без капитенот Таулант Исмаили, голманот Енсар Фера и Еркан Сефери – тројца искусни ...
Микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук предупреди дека повторно се шират лажни видеа и реклами со неговиот лик и име, во кои се промовираат различни производи. „Никогаш не сум рекламирал, не рекламирам, ниту некогаш ќе рекламирам било каков производ. Кога ќе го прочитате моето име или ќе ја видите мојата слика покрај некој производ, а во последно време и видеа, сè е тоа злоупотреба. Ако има интервју – тоа е ...
Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски оствари средба со генералниот менаџер на компанијата Интекар Глобал, Махмутхан Келеш. Средбата, која претставува продолжение на разговорите започнати минатиот месец, беше посветена на разгледување на конкретни можности за потенцијално инвестирање од минимум 20 милиони евра. Директорот Димовски ги претстави активностите и приоритетите на Владата, при што ја истакна подготвеноста за поддршка на ...
На редовната седница на Советот на Народната банка е усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за третиот квартал од 2025 година. Во Извештајот се оценува дека и во третиот квартал од 2025 година, банкарскиот сектор работи стабилно и сигурно, со висока солвентност, подобрена ликвидност и со подобар квалитет на кредитното портфолио. Стапката на адекватност на капиталот е стабилна и изнесува 19,5%, а ликвидносната позиција зајакна со ...
Советот на Град Скопје едногласно ја прифати иницијативата за дислокација на цементарницата „Усје“, поднесена од Зелен хуман град, по 13-часовна седница на која, како што соопштија од движењето, за првпат биле обединети сите политички групи во Советот околу ова прашање. Со усвоените заклучоци, Град Скопје е задолжен да се обрати до Министерството за животна средина и просторно планирање со официјално барање да се испита работењето на ...
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја поздравува Одлуката на Советот на Град Скопје за поднесување иницијатива за дислокација на тешката индустрија. „Тоа е легитимна долгорочна визија за хуман град, која ја поддржуваме како крајна цел. Сепак ДОМ како одговорна зелена партија мора да предупреди на реалноста: дислокацијата на капацитет како „Усје“ е исклучително сложена правно-финансиска операција која дури и да започне веднаш би траела со ...
СДС продолжува на дневна основа да штанца долги, бесмислени и конфузни соопштенија без никаква суштина, но ги нема збор да кажат за големите инвестиции на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Долго време зборувавме во јавноста дека Заев и Филипче имаат златни визи за Дубаи, за што и самите потврдија, но не кажуваа на кој начин ги стекнале. До душа, од Филипче имаше неуспешен обид да ја убеди јавноста дека златна виза ја ...
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 метри утрово има на планинскиот премин Ѓавато и Крушево, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. ...
Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на социјалните мрежи на која, според него, е прикажана канцеларија во неговото Министерството, а во која биле службеници од ДУИ кои биле отпуштени на 24 декември. „Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која „работеа“ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирањето на ...
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, соопшти дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат: · од 08.00 до 14.00 часот, корисниците на ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба) · од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на ул. Јуриј Гагарин бр. 57. (Општина Карпош) Текстот Утре без струја делови од Гази Баба и Карпош е ...
На седницата за пратенички прашања, пратеникот од Левица Реџеп Исмаил, повикувајќи се на податоци од меѓународни организации, сподели податоци за зголемување на смртноста поради загадениот воздух. „Според податоци на УНИЦЕФ (коишто за жал датираат од 2018 Г.) дури едно од девет новороденчиња умираат поради загадениот воздух. Според новите истражувања на меѓународни организации, дури пет илјади и петстотини предвремени смртни случаи, има ...
Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на денешната седница посветена на пратенички прашања упати две прашања до министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, а се однесуваа на минималната плата за која, како што велат од СДСМ, владата не сака да даде конкретни одговори, а е најниска во регионот, како и за високите цени за кои граѓаните не се задоволни, па дури одат и во соседни земји да пазарат. „Некако кога се зборува за минималната плата и ...