Гнев, револт и разочараност владеат меѓу граѓаните на Штип, по серијата убиства што во изминатите две години го потресоа источниот регион. Пронајденото безживотно тело во кочанското село Зрновци, пред само два дена, дополнително ја зголеми загриженоста и незадоволството кај анкетираните граѓани. Тие бараат построги казни за сторителите, вклучително и доживотен затвор, апелирајќи да не се намалува строгоста на казнената политика, со цел да се ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во рамки на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос. „На средбата стана збор за текот на пристапниот процес, реформската агенда на државата, како и за имплементацијата на Планот за раст. Поздравувајќи ја конструктивната и отворена соработка со Европската комисија и нејзините служби, министерот Муцунски нагласи дека ...

Опозициската партија СДСМ вели дека се потврдило она што претседателот на СДСМ, Венко Филипче го предвидел и за што предупредувал цело време, односно дека еден ден по прес – конференцијата на Христијан Мицкоски има ново покачување на цената на дизелот од 3,5 денари. „Поскапувањето не се спречи, дизелот поскапе и од ноќеска цената на дизелот ќе биде 95,5 денари за литар. За само три недели, ова е трето покачување на цената на дизелот, при што ...

Стабилизирани цените на горивата – Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за цените на нафтените деривати која ќе важи од полноќ до следниот вторник. „Со ова, се потврдува дека навремената и прецизна интервенција на државата го прекина трендот на раст на цените, кој во спротивно ќе ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. Предвидено е претседателите да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и хрватската делегација. Сиљановска-Давкова ...

На втората седница на Работната група за реформи во изборното законодавство беа усвоени записникот од конститутивната седница и Деловникот за работа, со што се постави основата за понатамошната работа. Воедно, започна детална анализа на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, кои ќе претставуваат клучен темел за идните измени на Изборниот законик. „Во текот на 2025 година, Министерството за правда подготви работна верзија на Изборниот законик, која ја ...

Цените на бензините остануваат исти, дизелот поскапува за 3,5 денари, сопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 24.3.2026 година од 00:01 часот максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките од страна на опозицијата дека власта не прави доволно за граѓаните, изјави: „Па да, ја гледав прес-конференцијата на претседателот на СДСМ вчера. Таму тој се повика на мерките коишто биле преземени за време на КОВИД кризата и пандемијата. И правеше разлика и споредба на оваа мерка со тие мерки и по што ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И.(31) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавената, како вработена во филијала на една банка во Тетово, на 03.11.2025 во службени простории на банката од 59-годишник од Тетово примила 39.000 евра кои сакал да ги стави како депозит на неговата сметка во банката, но пријавената наместо да ги уплати во рок од три дена како што кажала на сметката на ...

Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово доби нов лик. Заврши реконструкцијата и опремувањето на сите објекти во рамки на ова државно училиште во кое се реализира образовен процес во повеќе струки – машинство; електротехника; угостителство и туризам; земјоделство, рибарство и ветеринарство; и сообраќај, транспорт и складирање. Инвестицијата е во вредност од речиси 5 милиони евра, кои се обезбедени од ...

Предлозите за вицегувернери се доставени до Собранието по завршувањето на јавниот повик и во согласност со законските процедури. Во оваа фаза, постапката за избор е во надлежност на Собранието, велат од Народната банка, во реакција на прес – конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Од таму ги отфрлаат тврдењата дека се кочи изборот на вицегувернери или дека функционирањето на Народната банка е доведено во прашање. „Согласно ...

Владата вчера донесе одлука да се прогласи кризна состојба во траење од 30 дена и одлука да го намалиме данокот на додадена вредност од 18 на 10%, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на најновата одлука на Владата за намалување на ДДВ за горивата и следењето на цените во регионот. „Во текот на вчерашната седница на Владата донесовме одлука, најпрвин да прогласиме кризна состојба во траење ...

Стреличарство, врзување јазли, подигање шатори и извиднички игри беа дел од активностите што вчера се реализираа во Дино паркот во Штип. Преку новата соработка помеѓу извидничкиот одред „Еквинокс“ и паркот, децата и младите добија можност за поинакво дружење и учење. Настанот привлече голем број посетители, меѓу кои деца и родители. Целта е преку вакви активности да се поттикне развојот на децата. Организаторите најавуваат дека соработката ќе ...

Угостителите во Кочани започнаа со отстранување на летните тераси. По договорот кој го склучија со општината пред два месеци имаа рок до денеска 23 Март на сопствен трошок да ги отастранат летните тераси и просторот да го вратат во правобитната состојба, односно истиот да биде целосно исчистен и прооден за пешаци. Согласно важечкиот законски пропис, угостителите по отстранувањето ќе може да побараат од надлежните да им одобрат користење на ...

Тридневна работилница во рамки на Европската Универзитетска алијанса се спроведува при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. На настанот присуствуваат студенти и универзитетски професори од 9 европски унииберзитети, кои се дел од европската алијанса. Целта е унапредување на студенстаката и академската мобилност, ректорот на универзитетот вели дека студентите и професорите имаат можност да работат нови студентски програми во областа на ...

Бодликави и виетнамски прасиња, волк, коати, лемури и лебед се новите животни кои пред Велигден ќе пристигнат во ЗОО паркот „Бриони“ во Штип. За нив веќе се подготвуваат нови живеалишта, како дел од проширувањето на капацитетите на паркот. Активностите ги реализира ЈП „Исар“, кое работи на изградба на нови кафези за овие шест видови животни. Градоначалникот Иван Јорданов, е дециден дека новитетите ќе бидат одлична можност за младите, за ...

Бисера Антоанета, наместо на суд да се докажува, се расфрла со лаги на пресови, само со СДС и Филипче е можно загрозување на јазикот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на прес – конференцијата на пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска- Стојчевска. „Загрозувањето на македонскиот јазик е можно само со СДС и Венко Филипче. Тоа до сега веќе се докажа и во пракса и сите граѓани го видоа. СДС на чело со Заев и Филипче, наместо да води државничка ...

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината. Инспекциските служби, по претходно изготвен регистар од месните и урбаните заедници, денеска започнаа со лепење на известувања за задолжително отстранување на овие возила. Согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад, сопствениците на ...

Градоначалникот на Град Скопје денеска присуствуваше на настанот организиран по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, кој се одржа во Скопската Зоолошка градина. Настанот беше реализиран во соработка со здруженијата „Видлива поддршка“ и „Трисомија 21“, при што беа засадени дрвца како симбол на животот, растот и надежта. Со оваа симболична активност се испрати порака за важноста на прифаќањето, еднаквоста и поддршката за лицата со ...

Денес градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски го потпиша договорот за изградба на нова поликлиника. Изградбата на новата поликлиника претставува историски чекор за општина Бутел, соопштија од општината. „Градоначалникот изрази огромна благодарност на премиерот Христијан Мицкоски, за посветеноста и поддршката на Владата за реализација на капиталниот проект кој граѓаните го очекуваат со децении. Новата поликлиника ќе биде изградена на ...

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска го потпиша договорот за изградба на нова поликлиника. „Предизборното ветување на градоначалникот се исполнува. Изградбата на новата поликлиника претставува историски чекор за општина Бутел“, објави градоначалникот. Тој изрази огромна благодарност на премиерот Христијан Мицкоски, за посветеноста и поддршката на Владата за реализација на капиталниот проект кој, како што вели, граѓаните ...

Вчера Општина Аеродром по трет пат пулсираше во ритамот на хуманоста и спортскиот дух. Повеќе од две илјади граѓани истрчаа километри полни љубов и разбирање, а децата уште еднаш покажаа дека овој настан е во вистинска смисла на зборот-“Трка на херои во сите бои” и храбро истрчаа во име на хуманоста, љубовта и свет еднаков за сите. Од третото издание на трката “Зегин Спектратон- Трка на херои во сите бои” која е во организација на ...

Под мотото „Дарувај крв – одиграј ја најхуманата улога!“, Драмски театар во соработка со Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, организира хуманитарна акција за дарување крв, со цел да се поттикне свеста за значењето на крводарителството и да се помогне во спасување човечки животи. Со само еден чин на дарување, секој поединец може да придонесе за спасување нечиј живот, да даде надеж и да биде дел од еден синџир на добрина што ја ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), по барање на Министерството за внатрешни работи, спроведе детална контрола на боледувањата кај вработени во МВР. Контролата беше реализирана во втората половина на 2025 година и опфати 80 осигурени лица, кај кои биле евидентирани вкупно 514 боледувања. Од вкупниот број боледувања 258 траеле до 7 дена, 171 траеле до 15 дена, 83 биле со траење од 30 или повеќе дена. Најчесто користени дијагнози при ...

Новиот селекторот Гоце Седлоски ги собра репрезентативците – Македонија ги започнува подготовките за бараж за Светското првенство, а првата пречека ќе биде Данска во Копенхаген. Штипјанецот Бобан Николов кој е повратник во националниот тим вели дека притисокот е кај Данска. Себастијан Херера ги сподели првите импресии како едне од новајлиите во македонската репрезентација, вели дека му е чест што е во националниот тим на Македонија. ...

На предлог на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, два нови пилоти успешно ја завршија преобуката во Шпанија за дејство со противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС со што се стекнаа со сертификат за оспособеност за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено. „Со ова, по синоќешното враќање на пилотите од Шпанија, ДЗС ќе ја пречека претстојната летна сезона на пожари на отворено со вкупно пет ...

Скандалот со блокираниот избор на вицегувернери во Народната банка отвора сериозни прашања за работењето на Трајко Славески и за состојбите во оваа клучна институција, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа прашува зошто се кочи изборот на вицегувернери и дали Трајко Славески намерно ја блокира постапката? „Мандатот на двете вицегувернерки е истечен уште од лани, изборот е законски регулиран со прецизни рокови кои се истечени а ...

СДС да одговори дали еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај нивниот нов ПР шеф Башановиќ, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Куќниот пријател на Заев и негов личен советник, Зоран Башановиќ, кој сега е шеф на центарот за лаги и манипулации на СДС, според извори од неговата матична држава, се вели дека еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле токму кај него. Српските медиуми, освен Заев, го ...

Јавното претпријатие за хуман третман на бездомни кучиња „Лајка“ ја интензивира својата мисија за општествено одговорно вклучување на граѓаните со нова програма за привремено згрижување, со цел подобрување на благосостојбата на кучињата и зголемување на стапката на вдомување. „Привременото згрижување претставува краткорочна грижа за куче од прифатилиштето, во домашни услови, сè до негово трајно вдомување. Овој модел овозможува кучињата да се ...

На четири кола до крајот екипата на Проект синоќа со победата од 2:6 над Кеги Моби во Велес и официјално стана нов шампион во Првата футсал лига на Македонија. По двете шампионски титули на Форца, сега тимот од Јосифово ја враќа шампионската титула во своите витрини и со тоа Проект ќе биде наш претставник во квалификациите за Лигата на шампионите. Проект низ овие 14 одиграни кола има толку победи со максимален ефект, а до крајот сака уште ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
72%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
3.6
43%
1014
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
81%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 19ᴼ
1.03
41%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.75
55%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 19ᴼ
1.34
46%
1012
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
4.63
46%
1018
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
31%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
52%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
4.12
41%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
8.75
56%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
46%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9791

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Злато

152465.86

Рутениум

51376.89

Паладиум

49351.40

Бакар

12.46

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Калај

52.70

Платина

66744.95

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.53

Кобалт

45.39

Сребро

2534.46