Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Демократската Унија за интеграција (ДУИ) објави дека од почетокот на 2026 година се потрошени речиси 25 милиони евра за увоз на струја. „ДУИ објавува конкретни факти, имајќи ги предвид изјавите на премиерот Христијан Мицковски во однос на работата на ЕСМ. Овие податоци целосно ги демантираат тврдењата и дезинформациите кои доаѓаат од раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика. Само од почетокот на 2026 година, ЕСМ, со цел да ги ...
Во насока на подобрување на женското здравје, општина Карпош во соработка со ординацијата по гинекологија и акушерство ПЗУ „Св. Алексеј“ – Скопје, од идната среда, први април, организира бесплатни ехографски прегледи на дојки за жени до 45 годишна возраст, известуваат од Општината. „Станува збор за проект кој финансиски го поддржува локалната самоуправа, а истиот се реализира преку Програмата за еднакви можности меѓу жените и мажите за 2026 ...
„Во време на светски предизвици, одржливите и иновативни институции се најсигурното „сидро“ за економијата.“ Ова беше главната порака што беше испратена на Конференцијата на Народната банка, во соработка со Европскиот форум за европски пари и финансии (SUERF – The European Money and Finance Forum), на тема „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“. На настанот учествуваа ...
Над 46 000 денари, изнесува просечната месечна нето плата во Македонија, тврдат од државниот завод за статистика. Само во јануари, тие соопштуваат дека платата изнесува 46 617 денари, што според нив е повисока за 8,3 проценти. Ваквото зголемување потенцираат дека пред се се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности, трговија на големо и мало, поправка ...
Дури 11 возила одзеде полицијата за само два дена во државата, а приведе 25 возачи, оти возеле пијани, без возачка и со активна забрана. Санкционирани биле и 14 лица, оти непрописно ги затемниле стаклата на автомобилите, како и мотоциклисти, кои не носеле заштитен шлем и 10 пешаци за непрописно поминување по улица. „Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 25 лица, од кои две за возење под дејство на алкохол, 10 за возење без ...
Спротивно на Изборниот законик и Правилникот на Државната изборна комисија, Советот на општина Аеродром на вчерашната седница одлучи да ги намали за 50% надоместоците на членовите на избирачките одбори. Со оваа одлука 930 членови на избирачки одбори ќе добијат за 50% помали надоместоци од тоа што ги следува согласно Изборниот законик, велат од СДСМ Аеродром. „Висината на овие надоместоци е експлицитно утврдена во Правилник на ДИК и се движи ...
Во текот на изминатите два дена (23/24.03.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1177 издадени платни налози, од кои 217 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 25 лица, од кои две за возење под ...
„СДСМ и претседателот Филипче ја предупредија Владата дека намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема да има ефект, дека без системски мерки – со намалување на акцизите и цените на храната – нема да има намалување на цените и дека граѓаните ќе плаќаат поскапо. Се потврди“, велат од СДСМ. „Само еден ден по прес-конференцијата на Мицкоски, каде што промовираше една половична мерка, има ново покачување на цената на дизелот, која сега изнесува 95,5 ...
Крајната десна лента на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во Бутел утрово е непроодна оти се расипа уште еден двокатен автобус на ЈСП. Возачите во најголемиот утрински метеж беа принудени да го заобиколуваат расипаниот автобус кој стои во близина на автобуската постојка спроти поранешна Албанска амбасада. Двокатните автобуси за Скопје беа набавени во 2010 година, кога Министерството за транспорт и врски потпиша договор со кинеската ...
Службите на општина Центар со камиони и механизација исчистија дива депонија во Маџир Маало. Расчистена е површина од околу 150 квадратни метри, при што се собрани и транспортирани над 12 тони мешан отпад во депонијата „Дрисла“, известува Општината. Акцијата е дел од пошироките активности на општината за расчистување на диви депонии на повеќе локации на територијата на Центар. „Нема да дозволиме ниту еден дел од општината да биде запоставен. ...
Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа и паштунскиот, Радио Машал, ќе бидат затворени на 31 март 2026 година. „Затворањето на овие два сервиса е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме нашите ресурси. Оваа одлука е донесена со длабока благодарност за работата што ја имаат направено овие тимови и за ...
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против тројца соизвршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во првите денови од март годинава, од кругот на фабриката „Железара“, обвинетите украле различни видови кабли вредни вкупно 196.500 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. При кражбата оштетиле и кабел кој бил дел од јавна ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од улицата Хусеин Бајрам, општина Центар; – во периодот од 10.00 до 12.30 часот, корисниците од улицата Бутелски Венец, општина Шуто Оризари. Текстот Делови од Центар и Шуто Оризари денеска без струја е превземен од МАКФАКС. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во ...
Екипата на ФК Еуромилк ГЛ направи промена на тренерската позиција во пресрет на продолжението од сезоната во Третата лига Север, каде што тимот моментално ја држи лидерската позиција. Од клубот официјално соопштија дека нов шеф на стручниот штаб е Јован Трајков, кој од денеска го презема водењето на тимот. Во кратката објава, клубот му посака топло добредојде на Трајков, изразувајќи надеж дека со заеднички сили ќе се продолжи успешниот ...
Во преполната сала на Македонска Филхармонија во средата, на 18 март се одржа долгонајавуваниот солистички концерт на Јоце Панов. Вечерта беше исполнета со бура од силни емоции, позитивна енергија и многу изненадувања. Концертот се одвиваше во динамичен и разигран ритам. Од “Ивана”, преку “Ajmo na more”, па се до најновата необјавена песна “Alkatraz” публиката ги пееше песните во еден глас. Во еден момент, Јоце се обрати на публиката и замоли ...
Претседателот на Левица, проф. Димитар Апасиев, заедно со пратеникот Амар Мециновиќ, денеска ја посетија кубанската амбасада во Софија, каде оствариле средба со амбасадорката Н.Е. Мариета Гарсија. На средбата, како што соопшти партијата, била изразена „цврста и недвосмислена солидарност со народот на Куба“. Според Левица, Куба со децении се соочува со „неправедна, незаконска, нехумана и злосторничка економска блокада“, која ја оценуваат како ...
СДСМ бара Основното јавно обвинителство (ОЈО) да отвори предмет и да го испита непостапувањето на гувернерот Трајко Славески во законскиот рок за избор на вицегувернери во Народната банка. Од партијата наведуваат дека постојат сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес. Според Законот за Народната банка, вицегувернерите ги именува Собранието исклучиво на предлог на гувернерот, а со недоставување ...
Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи засновани на меѓусебна почит и доверба, интензивен политички дијалог и конструктивна соработка во сферите од заеднички интерес. Претседателката посочи дека нов импулс во соработката, но и доказ за искреното пријателство е ...
Во Уставниот суд денеска се одржа тркалезна маса на тема „Воведување на уставна жалба“, организирана со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. На настанот воведно излагање имаа претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, како и претставници на институции, експертската и ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер. Во разговорите стана збор за соработката и реформите во областа на земјоделството и руралниот развој, спроведувањето на ИПАРД III програмата, како и за зајакнувањето ...
Денес, Владата на Република Македонија го одобри Договорот за имплементација на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, еден од најзначајните инфраструктурни зафати за модернизација на јавниот превоз и унапредување на мобилноста во главниот град, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. „БРТ претставува современ систем на јавен превоз кој функционира по принцип на метро на тркала со посебни, одвоени ленти за ...
По повод 17-ти Март, Денот на крводарителството во нашата земја, денеска во салата за состаноци на Општина Карпош, градоначалникот Сотир Лукровски им ги додели признанија на крводарители. Во присуство на Маре Кочоска, секретар на општинската организација на Црвен Крст – Карпош, првиот човек на Општина Карпош им ги врачи признанијата на Љубиша Трајковски, Игор Андреевски, Игор Стефановски , Марјан Костовски и Мирче Блажевски за мотиватори во ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје се обрати на официјалното започнување на кампањата за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотреба на мало и лесно оружје, наменета пред сè за младата популација. Кампањата е дел од проектот „Поддршка на националните власти на Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје“, кој се реализира со ...
Даваме силна подршка за реализација на БРТ за Град Скопје, објави вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил. „Владата преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии овозможува силна поддршка на Град Скопје за реализација на проектот брз автобуски превоз – БРТ. На денешната седница на Владата, ја потврдивме подготвеноста за изградба и воспоставување на еден нов современ градски сообраќаен систем преку кој ќе ја подобриме ...
На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација во чиј фокус беа традиционално пријателските билатерални односи. ...
Македонската фудбалска репрезентација продолжува со подготовките за бараж дуелот со Данска, кој е закажан за 26 март (четврток). Нашата репрезентација под водство на новиот селектор Гоце Седлоски се подготвува за првиот дуел од плеј-офот за Светското првенство кој се игра на стадионот „Паркен“ во Копенхаген. Напаѓачот Александар Трајковски, кој пред четири години го постигна историскиот гол против Италија за пласман во финалето од баражот за ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за очни болести по повод успешно реализирани трансплантации на рожница, во соработка со тим експерти од Америка. „Во рамки на посетата на експертите од САД, успешно се реализирани вкупно 16 трансплантации на рожница. Оваа посета претставува значајно продлабочување на соработката што ја воспоставивме со нив при првата посета, кога беа поставени темелите на ова ...
Во недела на 29 март Штип ќе биде домаќин на Државното првенство во Џиу Џицу, на кое се очекува учество на околу 60-тина натпреварувачи во силна конкуренција. Свое учество ќе земе и клубот домаќин Осенсеи, кој постои 17 години. Христијан Јованов од клубот за џиу џицу Осенсеи од Штип вели дека подготовки течат во најдобар ред, а градот под Исарот по осум години повторно ќе биде домаќин. Како што вели Јованов интересот за овој спорт во ...
Одбојкарите на Штип УГД подготвени и во позитивна атмосфера ќе ја започнат одбраната на Куп титулата, а во полуфинале ќе се соочат во Струмица, тоа ќе биде реприза на ланското финале. Иако струмичани се подмладени и тимот не е на ниво на кое беше изминатите сезони, сепак капитенот Ѓорги Крстевски и Стефан Алексов го делат истиот став дека не треба да се потцени противникот. ИЗЈАВА 747G5228 Ѓорги Крстевски капитен на ОК Штип УГД 00:19 ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се размислува на владина седница за ослободување на резервите на мазут за потребите за производство на струја, изјави: „Во овој момент размислуваме, но исто така добивме информација и дека оние количини коишто требало да се повлечат на крајот од минатата година кога беше прогласена кризната состојба, ...