Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска учествува на дводневниот самитот „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, на кој учествуваа претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании. Целта на самитот е да ја зајакне глобалната соработка за подобрување на образованието, технологијата и благосостојбата на децата во услови на дигитална ...
Минусни температури среде пролет – штипјани во страв за своите цвеќиња. Наместо во дворовите и терасите, многумина ги чуваат на топло – барем до Благовец. Најавените минусни утрински температури во наредните денови предизвикаа градинарите да бидат претпазливи и да не ги вадат цвеќињата од подрумите и визбите. Иако календарски веќе започна сезоната за уредување на дворовите и терасите, временските прилики годинава ги менуваат навиките. ...
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ДУИ не ја владее материјата, по тврдењата на Интегративците дека ЕСМ од почетокот на 2026 година потрошила околу 24 милиони евра за увоз на електрична енергија. „Добро што излегоа од реториката на национализам, етнополитика, на фолклор и ги интересираат реалните проблеми на граѓаните. Но, лошо е што не ја владеат материјата и тоа што го зборуваат е спротивно на вистината“, изјави Мицкоски, одговарајќи ...
17 нови лесни оклопни возила „страјкер“ денеска пристигнаа во државата. Истите се набавени од Соединетите Американски Држави, со што е збогатен капацитетот на македонската Армија. Министер за одбрана Владо Мисајловски во денешната изјава, истакна дека ова е еден од најголемите проекти на министерството за одбрана и дека покрај новопристигнатите возила, во употреба се вклучуваат и возилата кој до сега се наоѓале во гаражите. Мисајловски беше ...
Од утре дожд, студ и снег на повисоките места, пресврт на времето во екот на пролетта. Ваквите нетипични промени за месец март се како резултат на продор на многу студена воздушна маса која се очекува да пристигне од север кон југ и југоисточна Европа. Во петок се очекуваат и пообилни врнежи од дожд кои ќе бидат придружени со грмежи, на повисоките места, а се очекуваат и врнежи од снег. „Утре ќе дува умерен до засилен ветер кој што на места ...
Започна манифестацијата „Пролетни денови на училишен спорт“ во Штип, нејзино трето издание, а која се спроведува од страна на Сојузот на училишен спорт на Штип во соработка со општина Штип. Преку овој спортски настан се промовира спортот кај учиниците, вистинските здрави вредности кои треба да го трасираат патот на младите, вели градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов Секоја година оваа манифестација се надополнува со нови активности ...
Денеска (26 март) во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, вице-премиерот и министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и вршителот на должност шеф на Мисијата на Амбасадата на САД, Никол Варнс, беа промовирани новопристигнатите 17 лесни оклопни возила од типот „STRYKER“, ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на промоцијата на „Планот за професионален интегритет 2026–2028“ на Министерството за внатрешни работи, активност која се реализира во рамки на програмата на ДЦАФ за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Македонија 2021–2026. Настанот беше посветен на претставување на стратешките приоритети, институционалните обврски и конкретните мерки утврдени во новиот План, ...
Полицијата во Велес поднесе кривична пријава против Н.Џ. (34) од Велес поради злоупотреба на лични податоци и измама при добивање на кредит или друга погодност. Според информациите, на 30 септември 2025 година, во стан во Неготино, пријавениот фотографирал лична карта на едно лице и без негова согласност, во негово име аплицирал за кредит од финансиско друштво. Кредитот бил одобрен, по што осомничениот подигнал 149.000 денари. Текстот Со туѓа ...
Денес, во просториите на Кинотека на Македонија во Скопје, Првата детска амбасада во светот Меѓаши ја одбележа 15-годишнината од Програмата за мировно образование со премиерна проекција на краткиот документарен филм „Гласна тишина“. Настанот обедини ученици, наставници, професори, практичари и активист(к)и, испраќајќи силна порака дека мирот е активен и храбар избор, практика што се гради секојдневно преку разбирање, почит и ненасилна ...
Борбата за првото место во Втора лига продолжува и натаму, од коло во коло притисокот кај водечките екипи е се поголем, бидејќи само првото место води директно кон елитата. Охрид, Шкендија Арачиново, Скопје и Брегалница, а од сенка и Беласица ја водат таа борба. Викендот се играат две дерби пресметки меѓу конкурентите, а најлесна задача од нив ќе има само Скопје, бидејќи „пиратите“ од Автокоманда ќе гостуваат кај Вардар Неготино. Шкендија ...
Министерството за дигитална трансформација и Oracle потпишаа Меморандум за соработка за развој на дигиталните вештини, обука и преквалификација на граѓаните. Преку ова партнерство, граѓаните ќе имаат пристап до повеќе од 200 часа бесплатна дигитална содржина, прилагодена за сите нивоа на знаење, што ќе овозможи стекнување на нови вештини, надградување на постојните знаења и отворање нови можности за вработување, професионален развој и ...
Македонската фудбалска репрезентација е подготвена за утрешниот бараж дуел против Данска, меч кој ќе се игра на преполниот „Паркен“ во Копенхаген. Победа ќе не однесе во финалето од баражот за Светското првенство каде ќе се соочиме со подобриот од дуелот меѓу Чешка и Ирска. Досега трипати овие две репрезентации се имаат меѓусебно соочено. Првиот меѓусебен дуел меѓу Македонија и Данска беше одигра на 7 септември 1994 година во Скопје, победник ...
Одбојкарите на Штип УГД максимално подготовени ќе атакуваат на одбрана на Куп титулата и со тоа да ја освојат истата трета погодина по ред. Штипјани се подготвени за полуфиналето каде ќе се соочат со Струмица, тоа ќе биде реприза на ланското финале од Радовиш. Покрај Штип УГД и Струмица кои ќе се соочат во првиот меч од полуфиналето, во втората полуфинална пресметка силите ќе ги одмерат Работнички и Борец. Капитенот Ѓорги Крстевски истакна ...
На четири кола до крајот во Првата футсал лига веќе Проект и официјално стана нов шампион, а сега фокусот ќе биде дали Мал Ајакс од Штип и дебитантот Балкан ќе изборат опстанок во Прва лига. Балкан е во најтешка ситуација, тимот е на дното со девет бодови и има шест негатива од зоната за директен опстанок, а до крајот во игра се 12 бодови. Па веќе јасно станува оти Балкан ќе има репризно учество во елитата. Мал Ајакс е претпоследен со 10 ...
Денеска во Скопје беше промовирана Швајцарската комора на Република Северна Македонија – СвисЧам МК, како нова платформа за унапредување на економската соработка, инвестициите и деловното вмрежување меѓу двете држави. Настанот беше поддржан од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а свое поздравно обраќање имаше заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски. Во своето обраќање, заменик ...
Потпишан договорот за изградбата на Домот за стари лица во Кочани, кој се очекува да биде завршен за две и пол години. Во наредниот период се очекува да се комплетира техничката документација и да се надминат преостанатите процедури. Камен-темелникот треба да биде поставен во следните неколку недели, по што ќе започнат градежните активности. Предвидено е објектот да има капацитет за околу 150 корисници, а до крајот на годинава да биде ...
Поголеми дилетанти од СДС, Заев и Филипче нема, нека одговорат зошто ја зголемуваа акцизата три пати во нивно владеење за сега да бараат да се намали, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ. „Луѓе како Заев и Филипче, кои немаат кредибилитет и легитимитет во државата да говорат за мерки, проекти или пак да дадат совети за некоја политика, се најгласни во опозиција, а на власт кога беа повеќе крадеа него ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека се подготвува регионална иницијатива во енергетиката, оценувајќи дека заедничкиот настап на земјите од Западен Балкан е клучен за привлекување големи инвестиции. Тој посочи дека во различни фази се околу 17 инвестиции, кои треба да донесат до 5.000 нови работни места. „Што се однесува до инвестициите во енергетиката и регионалното поврзување, цениме дека тоа е иднината практично за регионот. Бидејќи ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се дискутираше за актуелните економски состојби и идните планови на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во врска со интеграцијата со европскиот енергетски пазар. Министерката ...
Општина Карпош започнува со реализација на проект за психолошка поддршка на онколошки пациенти со цел да им обезбеди бесплатна, стручна и континуирана поддршка на пациентите, жени и мажи, преку организирање на групни терапевтски средби. Во период од 9 месеци, со почеток од април 2026 година, ќе се реализираат групни сесии во кои учесниците ќе добијат: безбеден простор за споделување, емоционална поддршка, техники за справување со стрес и ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека Владата донесе Одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 58 од 19 март 2026 година. Согласно донесената Одлука, летното сметање на времето започнува на 29 март 2026 година во 02:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна и под контрола, и покрај случувањата на Блискиот Исток. „Стабилна, без да има одредени осцилации. Апсолутно ја имаме под контрола состојбата. Предизвици има и ќе има, но тука сме да ја следиме и да реагираме ако има потреба од тоа“, рече Мицкоски, во одговор на новинарско прашање. Премиерот денеска присуствуваше на презентацијата на 17 нови лесни оклопни ...
Општина Центар објави јавен повик за реализација на проектот „Нож и виљушка на европска чинија“, настан што ја промовира македонската кујна, но и вкусовите од европското поднебје, со посебен акцент на локалните производители на храна. „Храната е дел од нашиот културен идентитет и начин да ја споделиме домашната традиција со другите. Со проектот „Нож и виљушка на европска чинија“ ги доближуваме македонската и европската кујна до граѓаните, а ...
Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста пренос на природен гас, Номагас, се подготвува за отворање на тендерската постапка за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект претставува втората клучна точка во стратегијата за диверзификација на изворите на енергија и намалување на зависноста од еден снабдувач. Овој важен чекор за унапредување на позицијата на ...
Цените растат, платите не – Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да води Влада, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Според неа, се потврдило сѐ она што СДСМ го говорелои за што предупредувало, за жал, како што рече, на директна штета на стандардот на граѓаните. „Мерката на Мицкоски не даде ефект. Само еден ден по прес-конференцијата на Мицкоски има ново покачување на цената на дизелот, кој сега изнесува 95,5 денари за литар. ...
Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство што оклопните возила STRYKER се веќе во земјава и најави дека ќе пристигне и дополнителна количина, со што, како што рече, значително ќе се зајакне капацитетот на македонската Армија. Тој упати благодарност до војската, војниците, старешините, генералите, Министерството за одбрана, како и до Владата, но и до стратешките партнери – САД и нивната амбасада за поддршката и логистиката. „Ова за нас ...
Пет средношколци од СОУ „Димитар Мирасчиев“ изработија паметни дуксери со цел да помогнат во борбата против загадувањето. Наместо само теорија, тие засукаа ракави и направија конкретно решение. Преку заедничка работа и нов начин на размислување покажаа дека и младите имаат што да понудат. Велат, идејата е да се создадат практични производи што ќе ја штитат животната средина. Директорката Марина Варадиновска, но и професорите од таму, остана ...
Од утре ќе има врнежи, ветер и заладување. Ваквото време ќе се задржи и за време на викендот. Локално ќе има пообилни врнежи и силен ветер, информира УХМР. Утре ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот под влијание на циклонска активност, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во петок наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m2) , а ќе ...
Македонија и Мавровското езеро оваа година ќе бидат домаќини на Светско првенство во риболов на крап, едно од најзначајните натпреварувачки случувања во спортскиот риболов на глобално ниво, соопшти Македонската риболовна федерација. Како што наведуваат од Федерацијата, станува збор за историски момент за државата, бидејќи досега не oрганизирале спортски настан од вакво ниво и обем, со учество на екипи од околу 30 држави, како и присуство на ...